Злоупотреба , насилство ,манипулација , ограничување на слободата и од еден затвор одиш во друг многу пати размислував дека тука е единственото решение и само ако си го одземам животот ќе ја снема болката , зашто поинаку незнаев да погледнам на ситуацијата и не барав помош. Полека почнав да зборам со неколку блиски луѓе и истите тие ги знаеа деталите и сите лоши моменти ама помош конкретна никој не понуди . Родителите не застанаа на моја страна , ги креваа рамениците и ме оставаа сама да тонам , најлошо чуство .... Постепено се повеќе изолирана и осамена како да бев и само лажни ликови околу мене , ништо реално, ништо опипливо . Моментот дојде да размислувам дали хоризонтално или вертикално треба да ги пресечам вените на зглобовите , и каква ќе биде иднината без мене во неа , но во ќошето седи ќерка ми си игра и ме гледа со малите костенливи очиња и во нив го видов цел мој свет , во таа насмевка и тоа мало лице . Можеби е клише , можеби е веќе видено и чуено ама таа ми даде сила и за таа љубов останувам да се борам со сопствените немири . Никогаш по тоа не дозволив толку психолошки да попуштам, иако беа само мисли и размислување ( не би била храбра да направам таков чекор ) безизлезноста на дадена ситуација и големината на проблемот кај секого различно тежи . Најлошото е што стручните лица со кои разговарав за проблемот додека поминував низ овој период не ми дадоа соодветна поддршка и фидбек какви што претпоставувам треба да се дадат на лица кои вриштат за помош ,а никој не ги слуша. Здравството ни е сра*е и кадарот е несоодветен , а свесноста за конкретнава тема треба да биде подигната на многу повисоко ниво . Одамна беше ова , не е повик за помош одлично се чуствувам сега и имам поддршка и добри луѓе околу мене , туку едноставо сметав дека е нешто што требаше да го споделам во оваа тема ....
Извини, но тука мора да те корегирам. Посегнување по својот живот не значи дека тоа храбар човек може само да го направи. Не се работи тука за храброста. Таа не е во прашање.
Направи комплетна промена. Промени исхрана, книги, музика, филмови, хобија, движења во кафичи, сѐ. Ќе исчезне таа мисла за миг.
Имам еден белег , белег што ме потсетува на мојот мрачен период . Јас дури и пробав да си наштетам себе си . Период кога никој не ги слушаше моите крици за помош , дури ни оние кои ме донесоа на овој свет . Немам сериозни здравствени проблеми , не , сето она беше производ на булингот што го трпев со години наназад . Денот кога капката ја прелеа чашата .. се скарав со сите . Најдобрата другарка , моите дома , школските другарки , дечкото .. Згора на тоа , неколку дена предходно имав конфликт со една девојка која ја сметав за другарка ( а она ми забивала нож во грб цело време , многу лоши зборови ми изнакажа , дечкото со кој јас се скарав со месеци бил во паралелна врска со неа ) , други ми украдоа златен прстен што мајка ми ми го имаше поклонето за роденден , мајка ми си гледаше некои свои работи , татко ми никогаш не беше близок со мене и сестра ми , лошите оценки во училиште .. Мислев дека цел свет е против мене . Ме спаси еден другар со кој не сум во контакт повеќе . Вечно ќе му бидам благодарна за се што направил за мене . Таа ноќ кога се обидов да си ги исечам вените , зборував со него на телефон . Осетил дека не ми е добро и тргнал накај мене ( јас живеев во село , тој во град ) .. Ми дојде до прозорот од мојата соба , долго разговаравме таа ноќ . Си замина во 6 часот наутро и ме остави колку толку поведра од што бев кога дојде . Сепак , имав направено мала линија , за среќа не толку длабока но доволно за да остави трага таму , за тој период и мојот психички пад . Се извлеков од таму со помош на тој другар . Тој постојано беше околу мене , секогаш ме засмејуваше и се трудеше да ми ги оттргне тие црни мисли од глава . На крајот успеа . Се опоравив психички , помина дождот и повторно дојде сонцето . Тогаш почна убав период за мене , многу работи што ми изгледаа како крај на светот , сега ми изгледаа како предизвик и лекција . Сфатив дека дечкото не бил за мене , многу работи за него излегоа на површина ( гнасни работи ) и сфатив дека Бог ме спасил од него на време . Ново опкружување , нови луѓе , излегување и дружба со стари и нови пријатели , си поставив цел да ги поправам оценките ( во што и успеав за многу краток период ) , потоа и нов дечко ( што денес ми е сопруг ) и уште многу други убави работи се случија во период од само неколку месеци . Таа зима вечно ќе остане врежана на мојот рачен зглоб , како потсетник никогаш повеќе да не се враќам таму . Тогаш психички го допрев дното , но не повеќе ! Никогаш повеќе ! А другарот .. Не живее веќе во Мк , но знае каде живеам денес , знае и дека кога и да му затреба помош , без разлика што не сме во контакт повеќе , може секогаш да се потпре на мене . Животот му го должам нему , и ако бар нешто можам да му помогнам некогаш , со задоволство ќе му помогнам !
Немој бе мало си младо си уште. Не си помислуваш дека имаш уште многу убави работи да доживееш? Тоа е само лош период не лош живот.За се има решение во животот. Се ќе биде добро Никој да не помислува на самоубиство. Какви луѓе има болни, сакати, се борат за живот и сакаат да живеат а вие здрави прави сакате да се откажете од се и да заминете. Не може така.
Мило ми е за тебе, и браво за другарот. Секоја чест. И уште ми е помило за твојата благодарност кон него. Не си го заборавила, во комплет со лошиот период. Твојата ситуација и постапката на другарот ми ја повраќаат надежта во човештвото и човештината. Ова е најпозитивниот текст што го прочитав денес на форумов, па и не само денес.
Ако имаш можност консултирај се со психолог, ако не окупирај се со работи што би те исцрпувале во моментот и да спиеш повеќе. Ко на пример почни да работиш нешто, задавај си некои кратко рочни цели и постигнувај си ги. Животот ни е еден, пробај живеј го на максимум и помалце нервози, верувај ме.
И никогаш нема да го заборавам . Како што реков , долго разговаравме таа ноќ и многу ми олесни по разговорот со него . Иако знаеше се што ми се случуваше тој период , сепак тоа не му изгледаше толку трагично како на мене во тој момент ( кога гледам од денешна перспектива , навистина не е до таа мера трагично но тогаш мојот мозок поинаку го перцепираше сето тоа ) , па преку разговор ми ги отвори очите и ми помогна да го надминам сето тоа и на некој начин да " пораснам " во позрела , посилна и постабилна личност . Денес , иако не сме во контакт , тој секогаш има место во моето срце како другар и брат . Криво ми е многу што не сме во контакт повеќе , но околностите си го направија своето . Можеби еден ден , повторно ќе се зближиме . Бог знае што шкртнал таму горе за нашата дружба , но ваквите луѓе се паметат и се чуваат во срцето доживотно .
http://www.nms.org.mk/прирачници-за-ментално-здравје-за-мла/ Психијатриска болница Бардовци 023095609 - зборење со дежурен психијатар https://egal.mk/servisi/psiholog/ Нудат бесплатни услуги https://www.razgovor.mk/ исто бесплатно
Јас едвај чекав да наполниш 18 години затоа што до 18 не 3-4 туку 34 пати во денот помислував на самоубиство, сакав само да умрам, не ми се живееше. На 18 се запишав на факултет, конечно далеку од сето она што не можев да го избегнам и од тогаш конечно живеев живот. Не знам повеќе за тебе, мислам каде живееш и слично, но доколку запишеш факултет и одиш во студентски или стан под кирија и работа паралелно ќе ти биде супер. Едвај чекам да прочитам да ти е убаво, едвај! Јас сега секој ден сакам да живеам, сакам и ти да дојдеш до тој ден од кога ќе почнеш да сакаш само да живееш, нема да помислуваш да не си тука, туку ќе стануваш се посреќна и поисполнета. Нека биде 18ката или матурата пресвртот
Помислувам понекогаш. Кога сум анксиозна и под стрес доста почесто ми се случува. А кога не сум под стрес имам желба да ме нема, не ми е гајле дали ќе ме удри кола или ќе се сруши светот. Сакам да успеам во животот и да имам сѐ за кое сум сонувала, ама тоа ми се чини некако далечно, секогаш си мислам дека ќе умрам млада и нема да ги дочекам тие мигови. Константно живеам со желбата да заспијам и веќе да не се разбудам, или одеднаш да ме стегне срце и да ме нема. Два пати се борев со желбата да се самоубијам. Првиот пат дечко ми ме примети дека не сум добра, ми зборуваше, ме тешеше, што сѐ не кажа за да легнам во кревет и да оставам сѐ што сум работела. Вториот си се натерав себе си да размислувам за настаните што би се случувале утредента, што кога ќе ме најдат, како ќе се чувствуваат? Си ја замислив болката што би ја чувствувале. Мртва ладна легав цела ноќ и само солзи ми течеа. Себична сум со тоа што го сакам, знам дека многу луѓе ќе повредам и дека нивниот живот ќе згасне со мојот. Ама не можам да се натерам себе си да си го сакам живот, иако навидум не ми фали ништо, имам сѐ што сакам, би требало да сум среќна. Ама ете, јас сум индиферентна кон сѐ. Не ми е страв дека некогаш ќе ја изгубам битката, страв ми е за тие што ќе страдаат заради мене. И страв ми е дека некогаш ќе станам толку себична што ќе им ја одземам ќерката, сестрата, девојката што ја сакаат.
@Peony15 си разговарала некогаш со стручно лице? За ова твоето има спас, само треба стручно лице да го најде коренот, од каде ти доаѓа ова сето. Имаш свесност за работите, затоа мислам дека е лесно решливо, ама мораш да почнеш од негде.
Исто се чувтвувам веќе половина година... Баш кога помислив дека престанаа таквите мисли, оп, ете ги повторно.
I jaas premnogu cesto pomisluvam na samoubistvo. Se cuvstvuvam beskorisen, osamen, poradi problemi vo semejstvoto i mislam deka ne vredi da se zivee poveke.
Zivotot za nekoi e majka, sa nekoi makeja. Vo mojot slucaj makeja. Ednostavno mislam deka poveke ne vredi da se zivee, tesko deka nekogash ke go promenam mislenjeto. Cel zivot trpam po neshto, dosta bese.