Да ти каже искусен песимист, секако ќе умреш, сакал - не сакал, направи нешто лудо, качи се на планина и викај, изеди 2 хамбургера, извади сѐ што имаш од тебе, едноставно истроши се, ќе ти се разбистри умот и ќе сфатиш дека животот е многу често одвратен, но дека има моменти за кои вреди да се живее.
Hi znaci imam 14 godini i sakam da se ubijam. Oti utre imam isprasvanje na uciliste za plus minus. I deka mnogu mie tesko na uciliste
Што кецар бев во средно. На полагање ќе ме стаеа. Па жива и здрава сум. Не треба да се цениш според оценките во школо.
Гимназија бев. Што има везе на крај краева за школото. К*р да те боли за се. Немој со вакви суицидални мисли.
Аман бе девојче за една оценка ќе се утепуваш. Ако сакаш, ќе научиш. Не оди утре во школо и цел ден учи. И ќе бидне.
Неможам да ти пишам порака, ама сакам да ти кажам. Колку и да ти е тешко во моментов, ќе помине верувај. Не смееш со вакви мисли.Сваќам дека ти е тешко во моментот, но не вреди. Ти праќам гушки
врска нема испрашувањето со животот. Да знаеш само какви проблеми постојат во животот ова смешно ќе ти е. И да, и јас на тие години сакав да се самоубијам, едноставно така ми текна. Деца берете умот уште од сега
Никој не сака да оди на училиште. Ама никој. Еден куп има што се плашат од испрашување. Јас бев една од нив. Да знајш дека за се' има решение. Дури и за единици.
@Jova201 испрашувањето професорите го прават стресно, верувај на сите им е страв ако ви се први испрашувања. Школото не треба да биде место за демотивација и многу ми е жал што дел од наставниот кадар знае да го направи таков. Јас имав два три предмети за кои не сакав воопшто да одам на часови заради односот од професорите, а особено кога беа испрашувањата. Но, од сегашен апсект, знам дека навистина не вреди да се нервираш за нешто што е многу минливо и кое нема ни да ти значи за неколку години. И да не знаеш на испрашување, што има врска? Во школо се оди за да се научи. Еден минус е само обична една црка во тефтер која не те дефинира никако. Кој што сака нека ти каже, ти води се според следното: од едно уво нека ти влезе од друго нека ти излезе. Тоа што е битно е ти да гледаш да учиш за себе и да го дадеш својот максимум, тоа што ќе помисли некој друг е ептен небитно. На крајот на краиштата твојата иднина е само твоја, во нејзе нема место ниту за твоите професори ниту за другите ученици. За останатите од класот, ако има такви што викаат дека знаат сѐ, големи се шансите да лажат. Така што, да се споредуваш си нив е непотребно. Дури и ако навистина знаат сѐ, повторно тоа тебе не треба ништо да ти значи. Како што кажав и претходно, гледај го само својот пат без да се споредуваш со другите. Секако, оценките во средно најлесно се поправаат, тоа што е битно е да излезеш со некакво знаење од таму и да учиш онака како што тебе ти одговара и колку ти лично можеш. Ако имаш проблем со учењето на предметите побарај помош. Не оставај така, размисли дали некој предмет ти е поголем предизвик и посвети се повеќе, користи интернет или побарај помош од некој што знае повеќе или пак посетувај дополнителни часови. На крај, тоа што не сакаш да одиш во школо мислам дека ти е најмногу до твојата ниска самодоверба. За тоа можеш да се обратиш на психолог, не верувам дека тука би можеле да ти помогнеме. Дали имате школски психолог што е пристапен? Можеш да пробаш таму. Тоа што мислиш дека си најгрда и ти е срам од себе е нешто кое што е сериозно и мораш да побараш стручно лице со кое што би го решила проблемот. Дали твоите родители ти даваат поддршка? Дали можеш да им се довериш на нив? Исто така, не знам дали имаш друштво таму, но и да немаш тоа е во ред и не е вечно. А и имај предвид дека многу друштва се менуваат во средно. Извини ако ти напишав многу долг текст, се надевам дека дочита до тука.