Ама едно е да имаш мисли, друго е да имаш состојба депресија со дијагноза од доктор. Јас имав ППД ,да не беше терапијата не сакам да помислам како ке завршев зашто бев на работ. Тоа не се само мисли туку тешка состојба и верувај не сакаш да се најдеш таму.
Бев ,многу. И цело време бев убедена дека мајка ми и маж ми сакаат да ми го земат бебето. Се осеќав како да немам никој. Како сите да се против мене. Ама тоа не се само мисли. Кај мене тоа беше толку вистински да,стварно сакав да се фрлам од тераса. И кога видов каде терам побарав помош од доктор .
Па не дека не сум била во тешка состојба. Тинејџер бев, редовно се повредував со остри предмети, се мразев себеси, го мразев животот. И не беше тоа од бес, ко ете тинејџер, што знае тинејџер што е мака. Ама знаев, откако мајка ми се парализира по мозочен удар, а јас уште дете бев. Чудо ме спаси. Не викам дека не треба апчиња, секако дека треба да се побара помош и да се добие соодветна терапија, само ете кажав од мое искуство дека без апче го надминав тоа и не е нешто невозможно.
Здравјето, особено психичкото е премногу индивидуално за да кажеш дека ако можело за тебе може и за другите. Да, може за многу да функционира, ама за одредени може и да не фукнционира. Така да, мора да земеш во предвид дека ова е премногу индивидуално за да кажеш некому дека и без или и со помош може. На таа тема, да, апчиња не се магично решение ако притоа нема работа на себе. Тешко е, ама кога еден ден ќе се навратите на тие моменти, ќе ви биде мило што толку сте работеле на себе, а притоа сте биле пример и за другите дека сте го надминале тоа за и тие да најдат утеха.
Секако дека е индивидуално. На некои луѓе, за жал, ниту апчиња ниту совети не им помагаат. Тешко е да се надмине, секој си го знае својот пат, челична волја треба.
Затоа е овде форумот за сите нив за да се чувствуваат дека можат да се обратат во секое време и дека не се сами. Комбинација од сите овие работи и те како ќе им помогне
За тебе може за некој не.. Не е во ред да ги подценувсш менталните состојби. Најверојатно ти не си имала некоја тешка депресија па затоа лесно си поминала
Тој што помислува на ова и прави обиди повеќе пати треба да прими антипсихотична инекција и да биде хоспитализиран на болничко лекување во затворен простор. Тоа е клиничкиот протоколот. Е сега праксата секако е друга и лица со овие проблеми сами нема да земаат терапија за која секако не може инстантно да делува во ургентна ситуација. Воедно и целта на овие дискусии и теми треба да биде разбивање на старите и запуштени норми во едно општество како и зголемување на медицинската писменост, грижа и совест што да се прави во вакви ситуации а тоа може да се однесува и за фамилии што дома имаат некој со ваков проблем.
Ко прво, не потценив ништо, само кажав од искуство свое. Затоа што Е возможно и без апче да се помине. Точно, не за секој, ама е. Ко второ, знам јас што сум имала и што сум поминала, ни вие не треба моето да го потценувате, не? Ко трето, не се напнувајте и на оваа тема.
Немој ни да посегнеш по себе.Тоа е замка на лукавиот,да се осеќаш лошо . Бог ти го дал животот и тоа има смисла со причина си тука и немој да се откажеш.И јас така се чувствувам понекогаш,но не е добро човек да се самоубие
Никој не е бескорисен. Со причина си жив. Има убави работи кои се пред тебе, само треба да си силен и да имаш верба за да стигнеш до нив. Поразговарај со некој, секогаш има некој со дупло потежок живот од тебе и сепак сака да живее, од него ќе научиш да не се предаваш. Ако сакаш ќе ти пишам, мене ми е заклучено сандачето за пораки.
Се обидов не успеав и повторно би се обидел и онака се е умрено во мене само што срцето уште ми чука. Ако не си среќен џабе е да си жив..
и јас сум така извесно време ... многу ме притискаат некои работи .. т.е. имам брз кредит од мкеш и сум во каснење .. со инкасатори дома па му платив 20000 па уште 25000 останаа ама не даваат да се договориме и дома со полиција и извршител и многу ме напнаа.. немам од каде и веќе сум исцрпена .. не можам да најдам никакво решение освен ова .. мн е тешко за ваков обид ама кога веќе немам излез ..