1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за да ја најдеме Дениса Маркоска

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MorbGoth.666, 19 септември 2014.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Вале, да во право си, а и да ти кажам, не верувам дека некој го интересира тоа дека е млада девојка, секако ако сака да наштети, ќе го стори тоа, јас и ден денес се чудам што бидна со тоа девојчето од Португалија, ни трага ни глас од неа, а сега и нашава девојка, а и колку што прочитав таа претходно и работела со брат и, мислам на истиов брод, што значи не и е непознато местото...
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^ тоа девојчето не беше од Португалија, туку дете на британски туристи кое исчезна во Португалија.
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Постојат многу опции што би можело да и се случи ама тоа дека нема да ја најдат е сигурно. Може самата си била вплеткана во проституција, може некој ја заплеткал сега кога изчезнала, може било несреќен случај, може некој намерно ја бутнал од бродот и слично. И неможе од толкав брод и толку луѓе никој да незнае ништо. Колку што сфатив последен пат била видела на палубата после тоа биле исклучени камерите а кој ги исклучил камерите? Како баш во тој момент кога ја снемало камерите биле исклучени? Самоубиство да е не верувам, да сакала да се самоубие немало баш од бродот да се фрли и да е така зошто камерите исклучени кој ги исклучил? Многу прашања ама без одговор. Неможе никој ништо да незнае и доста сумнителна работа е ова. Жив човек неможе да изчезне туку така и притоа никој да незнае ништо за тоа. Ама тешко дека ќе се отплетка оваа работа многу тешко колку време помина најверојатно ќе си остане така, а блиските ќе се прашуваат што се случило со девојката.
     
  4. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас немам што да кажам, ме наежи темава а и Валерин го кажа од прилика истото што го мислам и јас. Само ќе кажам дека јас чисто се сомневам во тоа дека никој ништо не видел и никој ништо не знае, најмалку еден човек видел или чул нешто (не знам колку биле на бродот ама би требало ако видел еден да видат и повеќе луѓе), така да јас си стојам на ставот дека се знае БАРЕМ од прилика што се случило со девојката, само што никој нема храброст да го признае тоа. А кога ќе се ставам на нивно место, ни јас не би си го ризикувала животот и не би проговорила, што фајде кога и онака девојката веќе ја нема? Само би можела да настрадам јас, а можеби и други покрај мене кои ја знаеле информацијата.
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Сега треба да бидеш многу внимателен каде се обраќаш за работа. Дефинитивно никаде не е безбедно да работиш. Секогаш се е на ризик.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Се чудам од каде ви потреба толку многу да анализирате, филмови и сценарија да правите со толку малку информации на располагање. Демек на тој што пострашно или поневеројатно сценарио ќе измисли награда даваме. И ако сака некој да прикрие криминал, нема да дава ниту најмали информации вредни за сомнеж со кои најобичен човек може да реши случај или барем да се приближи до вистината.
     
    На Peppermint, imelda, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Bridget, се согласувам со тебе, и мене ме нервира правење од мравка слон, се изјаснив уште прв пат кога коментирав на темава дека не би се замарала зашто за се има логично објаснување, а ние луѓето сме создадени да не привлекува непознатото и да правиме хорор сценарија и да измислуваме приказни. Се залажав со онаа после работа што ја снемало и ми падна жал, кога испадна таа со швалерот. Ех си реков, веќе не им се замарам што сакаат нека зборат на вести. Ама реално, тие пред се поради семејството и блиските на девојката се должни да објават на вести, а да кажат нешто додека објавуваат мора. Е сега мене ова што го постави една феминка погоре, како имало еден куп луѓе исчезнати на брод и како тоа можело да се случи без никој да примети и слични бла бла ублажувачки факти, ми делува баш како на еден чекор кон ублажување на случајов демек као не е нешто страшно чудно или прв пат што се дешава, со цел полесно да се заташка. А дека ќе се заташка порано или подоцна, во тоа не се сомневам. Многу посериозни работи се заташкале не па ова. А и на крајот на краиштата, секогаш има некој што има корист од тоа. Девојката сигурно нема да се појави, што логички и не може приказнава посветло да се заврши.
     
  9. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.694
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Многу работи остануваат неразјаснети во врска со исчезувањето на ова девојче. Едно од нив е и зошто била будна во 03.00 часот наутро доколку во 05.30 требало да стане за работа и тоа во кујна, на нога најмалку 5 часа?
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Небаре не размислуваат сите за ова, секако не јавно, па за да ти е чудно, повеќе би ми била чудна потребата од оградување за ситуации во кои и самиот човек припаѓа, па демек сеа од каде толкава потреба за сценарија.Гледам колку прикриен криминал, исчезнала девојка, туку така, испарила од лице место, можеби и сите оние што биле исчезнати, не само девојката, биле во нешто вмешани дали бело робје, вадење органи и сл., само што секако делумно се дознале, а што имаше такви случаеви во странство, за кои се рекло дека луѓето исчезнале, мистериозно, значи кога исчезнува некој, шансите да извршил самоубиство или случајно да настрадал се минимални.Така да нормално дека ќе се помисли и на тоа, а тука нема никакво измислување на сценарија, туку согледување на она што би можело да им се случи, а што се случило на други.Барем се пишувало за исчезнување на личности, имало емисии за тоа, како што рековме претходно со мимс, а и дел од она што скоро секој слушнал за некој што исчезнал, што се случило со таа личност уствари.Мислам дека и девојкава нема извршено самоубиство, ако тргнала на брод за да заработува, за подобар живот, нема логика самоубиство да извршила.
     
    На Lovely93, Valerin и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
     
  13. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    наместо да се препираме тука,најдобро би било сите да се помолиме Дениза да се вратит здрава и жива...пошо на друг начин не мојт да помогниме. Не ја сфатив од почеток потребата за отварање ваква тема..нит го познаваме девојчето,нит знајме каков живот имала (за понатака да разгледвиме можности) ниту реално мојт на некој начин да допринесиме во истрагата... Поддршка од мене комплетна за фамилијата,најискрено се надевам ке се вратит жива и здрава ;(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^^^
    Пошто ти очигледно страшно добро ја разбираш психологијата на човекот, впрочем како и многу други тука, плус си била на брод си работела, знаеш како е, па затоа заклучи дека нема логика самоубиство да е. Кога читаш за можни криминални дејствија, прочитај малку и за психичката состојба на многу работници, колку часа во денот работат, колку напорна им е работата, во што спијат, колку слобода имаат, под каков притисок се. И дали нема логика да некој психички попушти, можеби надополни со алкохол или дрога и направи нешто што не треба. Тие бродови збираат луѓе колку еден град во Македонија, од толку луѓе нема да се најде некој депресивен или штознам каков па сам да си пресуди? Не сакам и јас да претпоставувам, ама сите директно на бело робје и вадење органи отидовте оти според ваша логика друго нема смисла да е.
     
    На sajonaramucaca и Abeja им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Не е баш така, не станува збор за многу голем брод.

    Accommodating just over 110 guests, the 59 cabins are attractively designed for comfort and convenience...

    www.serenissima-cruises.com/serenissima/

    Denisa was last seen smoking a cigarette on the open deck with several other Macedonian crew members around 2:30 A.M. There was a video camera on the ship; however, there was no recording.

    The available information is to the contrary - that she was happy, popular, and a good employee, according to her friends and family. Denisa looked forward to continue her job, sailing in the Caribbean.

    www.cruiselawnews.com/

    Со душа чекала да ги види Карибите, но решила да си пресуди сама на себе од преголема возбуда. :x
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Јас само би κажала деκа нема утеха за семејството на девојκата. Овој случај ќе се затвоρи κаκо несρеќен случај,убиство или самоубиатво. Истρагата нема сигуρно да е од пρеголеми ρазмеρи,тоа на сите ни е јасно. Тешκо на девојκата κоја си настρадала на овој или оној начин и нејзините ρодители κој не ни знаат што точно се случило со нивното дете. Ваκви случаи имало и пρед тоа и ниκому ништо на неκој начин. Вистинта веρојатно ќе остане вечна мистеρија. Ова нешто ми налиκува со случајот -Малезисκиот авион. Цел свет се вκлучи во потρагата на авионот и ништо не се отκρи. Таκа и за Дениса испаѓа-ни тρага,ни глас, ни доκаз. Што не е ниκаκо логично. Значи деκа нешто се κρие и се κρие вистината. Ужасна тρагедија.Жално за еден млад човечκи живот.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Ах бе мила, скроз погрешно си ме сфатила. :lol: Јас те спомнав бидејќи ти го имаше поставено и така дознав за тоа, инаку воопшто не алудирав на тебе во постот, туку дека и ова што го напишале може да има задна намера, а целта да е да сфати народот дека не е ни прв случај ни ништо чудно. Немаше врска со тебе. :*
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Добра е темата. Добро е и што се дискутира од различни аспекти, се разгледуваат разни сценарија. Од каде да знаеме дека барем индиректно нема да помогне!? Можеби некоја наша претпоставка би помогнала да се сврти вниманието на друга насока, на којашто не се размислувало порано. Не ретко идеите доаѓаат од најнеочекуваните места.

    Јас искрено се надевам не само дека е жива и здрава (тоа не е доволно), туку и дека надежта не ја напуштила, бидејќи жив човек со многу надеж и малку храброст може многу да постигне. Dum spiro spero, рекле. Жив пример за тоа се милиони сведоштва на луѓе коишто се спасиле од разни војни со жртви од огромни размери. На верниците останува да се помолат, а на сите останати, да се надеваат.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Гордана, ти ли си?

    Не верувам дека некој од форумов со своите претпоставки би можел да помогне од проста причина што Јанкуловска, министерот за надворешни и нивните тимови не читаат Фемина, а уште помалку верувам дека некој член на форумов е компетентен за истрага па да му светне некоја нова идеја и да го реши случајот, а и да има таков, сигурно нема тука јавно да пишува теории.

    Ние сигурно нема да го најдеме и спасиме девојчето туку темава е повеќе дискусија за настанот, да се обрне внимание и наши тралала претпоставки што се случило, инаку се согласувам со тебе дека е добра темава.
     
    На Summerlover и duffi им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    ^ Само да се контрало. |( Инаку за тоа дека сум те потсетила на Гордана, само ќе ти заблагодарам на комплиментот бидејќи како форумски лик навистина ја почитувам.

    Јас нема да се согласам со тоа дека не постојат никакви шанси да не читаат Фемина. Како што ние се информираме за нивните активности, така и тие веројатно си имаат начин на којшто се информираат за нашите мислења, потреби и тн.

    Покрај тоа, и тие се обични луѓе на крајот на краиштата како сите нас и не можеш да знаеш од каде се информираат за било што. И тие имаат исти потреби како нас и тие се луѓе. Слободно време можеби во просек имаат многу помалку, но верувам дека ги интересираат слични теми како и сите нас.

    И не реков дека ќе помогнеме во таа директна Супермен/Поаро смисла и тоа мошне убаво го појаснив. Ама кому му се расправа, едвај ќе чека погрешно да те сфати.
     
    На Gordana10 и Someonespecial им се допаѓа ова.