Мислеше на Годрана Јанкуловска, а не на Гордана10. Освен ако Гордана10 не е Гордана Јанкуловска Барем јас така сфатив. Така да не ми се верува дека некои од надлежните би имале време да читкаат по форуми и да ги интересира јавното мислење оти ако ги интересираше и ако се грижеа за мислењето на граѓаните нема да бевме на вакво ниво сега.
Јас пак мислев ради сличниот став со Гордето на темава... Битно иронијата е присутна. Човек не смее поинакво мислење да има.
^ Уште во втората реченица кажала за Јанкуловска Инаку, се согласувам со напишаното на Пирана и цитирањето не значи дека не го почитува твоето мислење
Пронајдено е мртво, женско тело во Егејско Море. Се шпекулира дека се работи за Дениса. http://kanal77.com.mk/mk/vesti/crnastra ... -more.html
Не би рекла дека девојка кога 2 години по ред идела да работи на исто место тукутака да падне, или дека ја снемало. А вистина ли е дека телефонот го нашле на палуба без сим картица? Бидејки јас па читав дека телефонот и бил во соба. Не ми е јасно, можеби се само шпекулации. Според мене е грабната девојкава и некаде пратена да се проституира (не дај боже) only my opinion Само за самоубиство не помислувам, зошто би се убивала кога отишла пари да заработува? Можам само да замислам како им е на родителите
Никогаш неможеш да знаеш како некој се чувствува или што тој има на ум па колку и да мислам другите дека личноста е позитивна и ведра. Јас искрено мислам дека се работи за самоубиство од причина што таа на мајка си, и рекла дека нема да има интернет одреден период а на бродот интернет има 24/7. Во смисла, мајка и да се навикни некој период без неа. Сепак ова е моја теорија и мисла, немора да значи дека е така ама сепак држи вода.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/174061 ... o-i-Denisa Претпоставувам дека е Дениса, но дури ќе се знае после 4-5 дена кога ќе се обработат ДНК анализите од некој нејзин роднина.
Луѓе, дали има некоја вест за резултатите од ДНК? Јас колку што знам за ДНК резултат потребни се 72 часа. До кога во пекол ќе живеат родителите на Дениса? До кога ќе се чуваат во неизвесност?
Многу ми е жал за девојкава,но стварно нема смисла темава.Како ние на форомув би можеле да помогнеме за нејзино пронаогање
^ Добра поента seasopraime! Веројтано идејата била дека понекоја-понекој можеби случајно биле во близина, слушнале нешто за нејзе и сл. па демек да споделат, иако мислам дека темата е повеќе нездравата потреба за фаќање сеир, шириње гласини и спекулацији бидејќи тоа понекому му дава чувство на важност - демек еве колку сме ние паметни, чувство на (бескорисно) исполнето време и сл. Слична прикаска се темите за убиствата во Ѓ.П., Србија, железарското езеро... оваа барем не ја поврзаа со политика и етнички односи. Имено ако нешто навистина некој знае тогаш треба да ја контактира полицијата, МНР или семејството а не низ форуми да открива работи кои можеби некој може дури и да ги злоупотреби.
А зошто нема смисла темава? Па тука сме за да коментираме и да споделуваме мислења, како што го правиме тоа и во реалниот живот со нашите блиски и пријателите. Никој овде не рече дека ние тука ја разрешаваме мистеријата. Секој има свој став и за секој настан луѓето коментираат. Така е и на форумов. Мене баш ми е мило што имам каде да го изнесам својот став околу некоја тема што можеби немам храброст во реалноста. Или пак да прочитам реални мислења од повеќе луѓе, што можеби нема да ми се случи во секојдневието. И он топик, јас мислам дека веќе се се знае но сеуште не сакаат да го изнесат тоа во јавноста. А можеби никогаш и нема... веројатно родителите имаат право да го бараат тоа ако се работи за нешто што не треба секој да го знае. Јас сепак мислам дека девојката си била вмешана во нешто. Никој не паѓа од брод туку така, па уште и во долна облека (ако било телото нејзино). Како и да е, тоа е мојот став.
конечно добиена днк анализата, телото е на Дениса дефинитивно, жално и трагично, само Бог знае што и се случило
http://www.utrinski.mk/?ItemID=56D01FA3 ... 786E&arc=1 Нека почива во мир. Бог да им даде сила на нејзиното семејство во овие тешки мигови. А од нас надеж дека надлежните ќе го пронајдат виновникот за ова недело.
Тешко на оној којшто го нема. Ептен се потресов. Гладна, болна, во опасност, за се ќе имаше чаре....Нека почива во мир.
Искрено не сум баш сигурна дека им верувам на медиумите. Можеби нема буквално никакви информации стигнато до нив, но најлесно им беше да кажат дека од некои извори е најголема веројатноста дека телото било нејзино. А дури и да е нејзино, Грците нешто кријат и никој нема да ме разубеди во тоа. Па можеби и нашиве знаат, па кријат. Можеби на родителите не им се кажува за да се спречи бурна реакција, а можеби и тие знаат но никој не сака сигурно цела јавност да чуе дека покојната ќерка им била (карикирам) вмешана во илегален или валкан бизнис (проституција, дрога, што и да е). Дека е несреќа не верувам, може грешам но тоа е мојот став. Лесна ѝ земја.