Крпите ги перам во машина, на 60 степени. Главата од џогерот ја киснам во средство за флеки. Некогаш и во солна киселина. Ама малку ставам. И жешка вода. Така стои еден саат. После го плакнам со вода. А сунѓерестите крпи ги перам на рака. Еве ја темата за перење на облеката https://forum.femina.mk/threads/Одржување-на-вашата-облека-перење-и-пеглање.9632/page-5
А дали имаш ставено на 90 степени вреќичка за перење? Јас досега главата на џогерот ја ставав на 60 степени, ставена во вреќичка, но сакам да почнам да ги перам на 90, па не знаев дали ќе издржат.
И јас ги перам на 60 степени, се мислев да почнам на 90, демек да бидат похигиенски, па затоа прашав, да видам како практикуваат другите.
Ми се појави мувла од кондензација под аспиратот во кујна, може да му шприцнам од Саво или со нешто друго да поминам?
Дали е можно машината за алишта да ми прави флеки на алиштата? Селектирани се по боја и не ги мешам , и обавезно некое парче ќе ми излези со флеки кои не се перат. Еден куп алишта на малите им уништив. И чаре некое, што да напрам, фала