Помош од родители

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 4 август 2017.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    120.249
    Пол:
    Женски
    Многу често слушаме дека родителите чуваат внуци, им готват на младите, им прават зимница, финансиски ги потпомагаат итн

    Треба ли родителите да ги потпомагаат децата откако тие ќе стапат во брак и ќе основаат семејство?

    Ви помагаат ли вашите родители и родителите на партнерот на било каков начин?
     
    На SummerGirl, 1209, Espadrila и 10 други им се допаѓа ова.
  2. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    21.976
    Пол:
    Женски
    Моите ми помагаат околу чување на децата, на мм родителите се починати
    Уствари помагањето е взаемно,се што им е потребно , дали за по лекари, дали нешто друго јас и мм(особено мм ) е тука за нив, бидејќи освен мене друг немаат тука- брат ми не живее во Мк
    не гледам ништо страшно ако родителите помагаат, и јас ќе остарам и секако на своите деца ќе помагам колку можам, мислам дека тоа е природно
    Јадење, готвење , финансиски не ми помагаат, бидејќи прво нема потреба, второ и да сум некогаш кнап не би барала бидејќи тие се со примања доволни за нивниот живот
    Никогаш не сум ја искористувала нивната добра воља, па да им ги туткам децава, за јас да искачам , да шетам, ја чуваат малата можеби уште една година, дур не тргне во градинка.
    И многу сум благодарна поготово на мајка ми, за децава што ми ги чува дур сум на работа, зошто и те како ми е важно тоа
     
    На eliesaab, theowndemon, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  3. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    11.136
    Пол:
    Женски
    Не.
    Со нив се гледаме преретко, дете не ни чувале досега ни еден час, оди во градинка. Финансиски никогаш не сме им побарале ништо, не се ни понудиле да дадат, а плаќаме станбен кредит.
    Готвење, зимница... Аман што беше тоа? Да се живи и здрави рестораните, инаку пропаднавме.
    Со еден збор, се гледаме за родендени, околу Нова Година и некој друг празник. Немаме блискост.
     
    На eli25, stetoskop, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.658
    Допаѓања:
    24.774
    Пол:
    Женски
    Доколку скаат родителите тогаш е во ред, во спротивно не се должни. Не гледам ништо лошо во тоа родителот, се разбира доколку има желба, да ми помогне за нешто. На пример кога би имала дете доколку се јави потреба да го причува, ако дојде на гости да се понуди нешто да зготви, доколку имам финансиски проблем а тој има средства да ми помогне... Проблем е кога децата ги злоупотребуваат родителите и гледаат да ги користат до максимум само за да имаат повеќе слободно време за уживање или повеќе средства за луксузи и непотребни работи. Пример, имам една братучедка, постојано го остава детето кај нејзината мајка на чување без некоја посебна потреба. И да не оди никаде, го носи за да се одморела дома на раат. Мајката е постара жена, се жали од здравствени проблеми и потешкоти но сепак нема срце да ја одбие. Тоа според мене не е во ред. Таа си исчувала две деца а сега на стари години принудена е да води сметка и за внучето а на сите ни е јасно колку е тешко да се чува мало дете. Да има потреба во ред, ама вака не е фер според мене.
    Моите дома ми помагаат, не би можела да се пожалам во однос на тоа. Но затоа пак и јас кога треба нешто да направам за нив, го правам тоа со задоволство. Родителите се едни, треба да ги сакаме и почитуваме додека се со нас. Еден ден и онака многу ќе ни фалат. Барем додека се крај мене не би сакала да си дозволам да ги преоптеретувам само за јас да можам да уживам. Самата сум свесна што би требало а што не би требало да побарам да сторат за мене.
     
    На Puffy2019, eliesaab, Jas! и 8 други им се допаѓа ова.
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    30.947
    Пол:
    Женски
    Финансиски немам помош од никој. Ниту од моја страна ниту од на мм. Од на мм страната тие ни бараат пари, но тоа е друга приказна. Сами заработуваме и добро стоиме сега за сега. Живееме нормален живот. За чување деца помош од на мм родителите исто никаква, ако треба да одам некаде неодложно ја оставам кај мајка ми на кратко. Претежно ја носам со мене скоро секаде. Готвење и слични работи во домаќинството си се одделив скроз, иако живееме во иста куќа, различно спратови и скроз башка.
     
    На eli25, Jas!, elimkd и 7 други им се допаѓа ова.
  6. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    63.760
    Пол:
    Женски
    Помош за дете сум имала секогаш од двете страни едно внуче е и ми се наоѓале иако јас ја носев во градинка .Ако родителот не му се најди тогаш кој но сепак без злоупотребување никој на никого не му е слуга .Околу зимници мајка редовно ни помага и јас на неа ,а за финансискиот дел задолжени сме јас и мм се сами сме постигнале во животот и си се гордеам со тоа .
     
    На Jas!, ph.orhideja, Sesil и 4 други им се допаѓа ова.
  7. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    5.608
    Ubavo e da imas od nekogo posebno od roditelite bilokakva pomosh. Jas ja nemav nitu id negovite nitu od moite. Dete retko prichuvuvale, samo koga bilo neophodno(na pr lezev vo bolnica i nemase koj da go chuva), pari nikogash ne mi davale.Kolku sum imala tolku. No na pr na bratmi pomagaat do denes demek vo ista kuka ziveat i ne mozat da ne pomognat. Sekoja pomosh koga ti e dadena ti dava i obvrska deka treba da im ja vratis po starost. Taka sto podobro e nikoj da ne mi pomaga za sa ne me zadolzuva i vechno da se osekam dolzna.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    53.831
    Пол:
    Женски
    Јас сум за помош, да па затоа се родителите. Не за џабе викаат внуците се сакаат повеќе и од своите деца. Моиве израснаа кај бабите и дедовците. А тука се и за секаква помош, се наоѓаат, посебно од материјална страна стварно помагаат и едните и другите.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.993
    Допаѓања:
    32.171
    Пол:
    Женски
    Тенка е линијата меѓу помагање и апсолутно искористување на родителите во секој поглед, па осудување ако не дадат куќа, ако не дадат стан, ако не дадат кола, ако не чуваат деца и сл.

    За мене не е помагање ако мажот се тупне со жената и детето под ист покрив со родителите а притоа и двајцата невработени па уште и дете донесат на овој свет, а родителиве уште едно семејство имаат на свој грб за ранење.

    Сосема во ред ми е да пратат тегла ајвар, или на ручек да ме викнат во недела попладне, па и дете да ми причуваат еднаш- два пати во неделата ако сакам да со сопругот да излезам и да функционирам како секој нормален млад пар, или на работа ако имам заглавено до покасно, па ете и од градинка или школо да го земат ако им е во близина ама се друго ми е класична експлоатација од новопечениот пар кој сака да си игра семејство.

    Родителите ќе ги чувам и пазам на старост макар и банка да не ми остават, не зошто осеќам должност да ги чувам ами зашто ми се мене мама и тато и животот ќе го дадам за нив а не зошто ми оставиле станови и пари на сметка.
     
    На Paka, Jason123, eli25 и 15 други им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    46.100
    Пол:
    Женски
    Ми помагаат и моите и на маж ми неговите.Многу.Грев е да се пожалам од родителите.Колку можат ни помагаат на секаков начин.
    Порано,додека децата ми беа помали многу повеќе,но и сега помагаат,не толку околу децата,но со зимница,ручек за викенд,чување ако некаде треба да одиме.Никогаш не ме одбиле за ништо што е поврзано со помош.Не сум ни помислила дека им се натурам,баш напротив,секогаш се среќни кога може да ни се најдат.

    Јас факултет завршив со мали деца, баш затоа што имав помош и безрезервна поддршка од родителите.Млади стапивме во брак и помошта ни беше неопходна.Секогаш ќе им бидам благодарна,знаев дека децата ми се згрижени за јас да можам целосно да се реализирам на секое поле.

    Многу им должам и фала им.
     
    На bittersweet, eli25, tina-63 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.274
    Пол:
    Женски
    Од татко ми не можам да се пожалам. Многу ми помага околу децата. Ги чува кога има потреба, понекогаш ни готви, финансиски помагаше кога не работев. Сега нема потреба. Мајка ми не дочека да ме омажи. А многу сакаше да чува внучиња. Од родителите на мм ретко имаме помош. За јадење помагаат. Свекрвата секогаш праќа зимница. Финансиски не помагаат. Не дека немаат пари, туку така им одговара. А за чување деца, нема шанси. Никогаш не дошле да ги чуваат децава. Кога и да ги викне маж ми секогаш викаат дека не можат. Не е баш така. Не сакаат да чуваат внуци. А тоа дека не можат им е само изговор. И кога ќе појдеме кај нив никогаш не си поиграле со децава. А другите внуци може да ги чуваат. Ама кругот се врти. :devil:
     
    На eli25, Lolipop23, kuc и 3 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.815
    Допаѓања:
    12.312
    Пол:
    Женски
    pomos okolu zimnici vejke i e banalno zamaranje,finansiski - ne sme vejke deca gospod ni dal race da zarabotime,e sega i mene baba mi mi davala pari od penzijata pa taka e i so nasite roditeli,davaat pari na vnuceto od penzijata. a okolu cuvanje deca ke se slozam so povejke komentari pred mene. ne e toa pomos tuku pominuvanje i posvetuvanje vreme so vnuceto. pa zamislete vie sinot/kjerkata da se omazi/ozeni i ti vnuceto da ne go vidis? jas i da ne im e potrebna takva pomos bi go cuvala.
     
    На eli25, Jas! и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.449
    Помош имам од двете страни.
    Од кај ММ страната повеќе се задолжени за малата, бидејки моите се во друг град. Ја земаат од градинка, некогаш ручек ни прават и слични работи.
    Моите главно финансиски повеќе ни помагаат. Кога одам таму обавезно ни даваат пари ( дали да платиме градинка, некоја дупка/сметка да покриеме, ќе испазарат се што треба за дома кај нас за јадење:супи, тестенини, овошје зеленчук, месо, домашни јајца, ....) и дома претоварени одиме. Засега добро функционираме
     
    На Jas!, Lolipop23, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    6.123
    Пол:
    Женски
    Ми помагаат и едните и другите. Грев е да се пожалам, Финансиски не баш, а тоа сега ми треба ама ај. Важно никогаш не ме одбиле за деца чување кога треба, за дома нешто да се сработи и слично. Мора да се помагаме ако не родителот кој. Утре и јас ќе им помагам кога ќе снеможат, доста е некој да ти донесе јадење кога си стар и лекови. Плус нашите најблиски мои и на мм не се во нашиов град, родителите на нас ќе чекаат.
     
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    25.447
    Никој во ништо не ми помага. Од како се родени сум со децава 24/7. Се крстам само на мм кога е слободен да поучам или да отидам до факултет, ама претежно и учењето ми е ноќе кога спијат. Не само што не ми помагаат моите туку не се ни јавуваат да прашаат како сме, како се децата. Доаѓаат само за родендени на децава и толку.

    Јас знам неколку пати годишно да отидам кај мајка ми ама и тоа не е доволно за децата да научат што е баба. Кога ќе го прашаат син ми за баба/дедо тој се чуди и ќе истресе некоја "зелена". За финансии ќе ја спомнам само золва ми. Знае да прати облека, играчки, обувки, а понекогаш и пари за децава. Штета што ни е далеку и не може да помогне и за чување.
     
    На Nine25, eliesaab, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    31.570
    Пол:
    Женски
    Помош од моите родители имам уште од првиот ден како се роди синко уште во болница кога останавме секој ден доаѓаа да не посетат се породив во друг град,за помош од родителите на мм немам никаква дури и на шала мм кога ќе им рече ќе ви го оставиме да го чувате се вадат од далеку како демек неможеле требале да чуваат од на жолвите некое детенце и така. Само едно знам дека утре кога ќе дојдат 5те минути на синко нема ич да ги ферма а тие ќе молат да го видат.
     
    На Sesil и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.274
    Пол:
    Женски
    @TutiFuti исто е и кај мене. И моите свекор и свекрва се вадат со далечината само за да не ги чуваат децава. Дури и кога биле болни не ни прашуваа како се. Не знам како може да не се интересираат за внучињата. Доаѓаат само за родендени. Знам во што е проблемот. Свекрва ми не смее да команда кај мене и затоа не доаѓа.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    31.570
    Пол:
    Женски
    Што е тоа командење?
    Јас уште од првиот ден и кажав кај и е местото и на моитр исто тука сме само јас и мм и доволно е тоа.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.274
    Пол:
    Женски
    Мислев на тоа дека не може да наредува кај мене. Има дојдено само кога се породив со поголемиот син и ми правеше проблеми. Не и реков ништо, туку му се пожалив на маж ми. Најверојатно се налутила и оттогаш доаѓа само за родендени. А некогаш ни тогаш е доаѓа. Не може она да ми кажува како да ги воспитувам децата.

    Свекрвите се лутат ако не се согласуваш со нив и тогаш ги фаќа инает. Затоа не чуваат внуци.
     
  20. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.128
    Допаѓања:
    31.570
    Пол:
    Женски
    Да де исто и јас не дозволувам за командење затоа и така пишав што е тоа .
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.