1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош од родители

Дискусија во 'Брак' започната од Sesil, 4 август 2017.

  1. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Помош имаме најмногу од моите. Прво: живееме во нивни стан тие куќа си направија и сега се таму а станот мене ми го дадоа уште не е на мое име ама наскоро ке биде така да стамбеното прашање ни е решено. Второ: мм работи кај моите приватен бизнис имаме и за се помага досега за ништо нема откажано што тоа е голем плус. Финансиски ни помагаат многу покрај платата на мм ни даваат и плус пари некогаш и градинка платат или кога сме заедно сп мајка ми и идеме во некоја продавница обавезно она плаќа без разлика колку и да е некогаш и по 3-4000 ама ете не дава јас да си платам. Одкај мм помош НИКАКВА. Додека живеевме заедно со нив скоро сите сметки ние ги плаќавме и за дома се купувавме, едвај го чекав денот за да се преселиме. Сега сме си сами и ни е најубаво. Кога треба навечер да излеземе со друштво децата се најчесто кај моите ретко со свекрва ми секогаш неа не и е добро па грб ја боли па нозе и така се по ред.
     
    На crazylady, iki26, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Од двете фамилии имаме поддршка . Јас бидејќи сеуште не сум со работен статус , ни помагаат и финансиски и неговите и мојте . Свекрва ми доста ни помогна околу вработувањето на сопругот . Должни сме и доживотно , исто така обезбедила посебен спрат за маж ми во куќата , да има каде да се оддели , за нели кога ќе дојде време да се жени ( не планирала дека овој ќе се жени на 17 , па кога дојдов спратот беше празен , но сепак имавме кров над глава што е и повеќе од доволно и фала и за тоа што се трудела со сите сили да обезбеди посебен спрат за да живееме сите во мир и спокој ) . Мојте секогаш купуваат ситници како за децата , така и за нас .
    Што се однесува за чување на внуци , кој како може ги чува . Па и децава се мирни , со кој да ги оставиш ќе седат , не се некои тешки и напорни за чување ( фала му на Бога и за тоа ) . Ако е свекрва ми слободна ќе ги оставам и двете со золва ми ги чуваат ( золва ми е шетачот на син ми :lol: ) а свекрва ми го чува малото . Кога се кај мојте улога на шетач има сестра ми . Мајка ми се вртка околу малото . Многу пати ги чувала нината на маж ми , на која исто не можам да и се оддолжам . Како што ми помогнале мајка ми и свекрва ми во овие 4 години , исто и таа ми помогнала за чување деца и ми се наоѓала кога требало нешто да зготвам а не сум знаела сама :D . Се радувам што имам таква среќа , да бидам опкружена со луѓе кои сакаат да помогнат кога можат и со задоволство го прават тоа . Се надевам еден ден достојно ќе им се оддолжам . Мојата почит кон нив ја имаат и повеќе од оправдано :clap:
     
    На candy.cane, Lolipop23 и iki26 им се допаѓа ова.
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Моите многу ми помагаат финансиски,дали градинка за големата ќе платат,дали ќе пуштат пари за некои сметки да се платат,или ќе испазарат за јадење за децава да има.Зависи што ни треба во моментот. Они ни нудат ние прифаќаме,кога ќе ме прашаат ви требаат пари или друго нешто,ако ми се потребни во моментот ми праќаат,не одбивам.
    Родителите од ММ ми помагаат на друг начин. Повеќе се грижат за децата (ги чуваат/причувуваат), ја земаат големата од градинка,ако не можеме ние, ќе дојдат ќе ги поиграат децава ,или ќе ги прошетаат надвор јас да исчистам дома генералка колку што се може, знае понекогаш кога ќе дојде и јадење да ни направи или донесе од дома зготврно.
    Во главно немам некој проблем со родителите од двете страни,досега имаме добар и коректен однос.
     
    На candy.cane, gjoker4e, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Blaze si vi stom imate roditeli koi vi pomagaat jas od moite nemam nikakva pomos tatko mi e pocinat pred 12 god majka mi e invalida taka da gi imame samo svekrvata I svekorot sto ni pomagaat drug nikoj dusata mi place da imam I jas roditeli kako vas ama nemam
     
    На SummerGirl и WildMk им се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    8.791
    Пол:
    Женски
    Најубаво е човек сам да си има, ама некогаш не стигнува,ама како што вели мајка ми, и да имате ке ве помагам и тогаш, за вас живееме.
    Од моите родители имаме секаква помош, почнувајки од пари, правење зимници, купување храна, за син ми секој месец обавезно се купува по нешто облека,играчки...
    Да напоменам дека ништо од ова никогаш не сум побарала. Дури и кога сме при крај со парите никогаш не им кажувам. Ама мајка ми ја знае ситуацијата, само мм работи, кредит, трошоци околу проширување на работата на мм и некогаш не стигнува, и покрај тоа што мм да речеме е со солидни примања. Не дека кај моите извираат пари ама ете се нервираат ако немаме.
    Во однос на чување на син ми, го причувува мајка ми кога има потреба на саат-два, никогаш не сум побарала повеќе да го чува а и немам намера. Мајка ми е со нежно здравје и ми треба до мене уште многу години. А сите знаеме за мали деца колку енергија треба. Поради што сакав син ми да си го чувам додека порасне за градинка напуштив и работа, овде градинките се катастрофа. Татко ми кажа дека кога ке решам да го пратам во градинка тој ке ја плаќа, што секако не доаѓа во предвид.
    Во однос на родителите на мм помош никаква, а имаат доста поголеми примања и од моите ама ни не сакаме. Пред да се земеме мм еднаш зема заем од нив и секоја недела го прашуваа кога ке ги врати.Од нив ни не сакаме помош само не ми е јасно во 3,4 месеци кога го видат синот и внукот зарем не им е мерак некогаш барем 500ден да речат еве од кејф, ама различни карактери. Уште кога се јавуваат на мм пуштаат сигнал да не трошат .
     
    На SummerGirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Не сакам никого да навредам со постот и нема да спорам дека не е вистина се што овде кажувате значи зборувам генерално ..општо да нема забуни ама стварно не ми е јасен феноменот во последно време овде на фемина на постовите како баш сите до еден родители од страна на мажот не чинат и никогаш не даваат/не помагаат / се мешаат итн а родителите од женска страна се нај нај добри на свет нема нешто што ќе речат не.
    Еве стварно не ми е јасно дали стварно е виситина или.
    Зворувам општо така оти имам прочитано вакви еден куп жени како почнуваат со свекорот и свекрвата дека ич ич ништо не помагаат те почитуваат не ова не она ама баш се негатино за разлика од сопствените родители кои што се секогаш до вас ама за било било што год
    Стварно не ми е јасен феноменот или па до мене е не знам :)
     
    На crazylady, Milobebence, Bubce38 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    И јас ко тебе мислев до скоро. Исто читав и се чудев.
    Сега се чудам кога некој се фали од родителите на сопругот.
     
    На crazylady, toogood, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Искрено ние имаме помош и од една и од друга страна...неможам да се пожалам...татко ми знае да ја чува, да ја пресоблече, да ја прошета..кога може помага и финансиски..додека свекор ми и свекрвата ни го средија станот...и кога можат и тие ќе ни помогнат за сметки или за малово..Никогаш ништо не ни преговарале ни вака ни така да биде.. Нормално и они си имаат некој мани ко и ние ама битно имам разбирање и почит спрема нив.Грев е да се пожалам
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    8.791
    Пол:
    Женски
    vitamina Подобро да се чудиш отколку на своја кожа да осетиш. Јас имам искуство и со моите баба и дедо т.е родители на татко ми. Кога бевме мали моите беа со мали приходи а баба ми и дедо ми доста големи примања, секојдневно се носеа кесиња полни храна, и знаеш понекогаш како ни подаваа остатоци храна по една банана или јаболко? Преку прозор!! Како некои сирачиња само да не откачат, или кога брат ми ги виде бомбоните на баба ми и едвај и измоли еден, а тој само пет години. Детенце, се расплака сакаше повеќе и баба ми се изнервира му ги фрли пред нозе и замисли таа се расплака и му вика на брат ми ,,На земи се, и излавај,". И сега имам тахикардии кога помислам а пак сега ги разбирам како им било на моите.
    И да, свекрвата и свекорот снаата не ја помагаат, си го помагаат синот! Човек додека не осети на своја кожа се му е нереално и невистинито.
    Ништо лично против тебе, само кажувам дека ете има секакви, за жал повеќето се од кај мажот. Ете и јас до сега не сум слушнала некој да се разведени поради мешање на родителите на невестата ама имам бројно случаи кои се разведени поради свекрвата. Сакале или нејќеле тоа е реалноста
     
    На Kija94, Sesil и vitamina им се допаѓа ова.
  10. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Мене искрено никогаш ама никогаш не ме двојат...свекрва ми е мн разбрана...башка мешана со луѓе и со модерни сфаќања...башка и поради нејзино лошо искуство со нејзината свекрва несака да се понаша како таа кога дошла невеста и да прајт тортури врз мене...ама имам другарки кои имаат мн проблеми од свекрви а знам и пример кога родителите на невестата се понашаат ко идиоти
     
  11. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Деца сеуште немам така да не знам дали би помагале. За јадење, сметки, зимници немам помош од никој бидејќи сами сме со маж ми, така да и тоа јас си го завршувам сама.
    Од финансиска гледна точка пак немам никаква помош( едните се многу имотни, другите не толку, ама ете не милуваат да дадат, а јас пак не очекувам, ниту барам), а богами и научивме сами да се снаоѓаме. Прво ни беше многу тешко, дека млади, ненаучени на макотрпна работа, ама со тек на време и на тоа се научивме.
    Сега можам да кажам и дека сум благодарна што не помагаат, затоа што научивме сами да се бориме. Сепак тие нема да бидат вечно со нас да ни помагаат.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Точно така , нема да бидат секогаш тука . Затоа мора да се учиме сами да се бориме . Олеснителна околност кај вас е што за сега немате дечиња со сопругот , па можете да фаќате и друга работа покрај онаа првенствена што ви е . Можете да се фокусирате на кариерите и да се унапредувате до ниво кое ќе ви дозволи поголеми примања , а со тоа и проширување на семејството . Нас иако ни помагаат , освен за да ги причуваат малку децата , јас ништо немам друго побарано . Е сега , свекрва ми и маж ми имаат друг однос и он ако имаме потреба финансиска ќе побара некој денар од неа , па нејзино право е дали ќе му даде или не . А она е дарежлива и секогаш му дава пари . Мојте пак , кога и да појдеме на едно кафе , дома се враќаме натоварени . Кога со храна , кога со нешто облека , баба ми знае често да им даде пари на децата " да им купиме нешто " , а веројатно така ни вели само за да не не навреди нас . Исто сме и ние во ситуација слична на членката погоре , само маж ми е вработен , јас не сум . Иако е неговата плата голема , сепак не стига покрај кредитот и плус давачки за комуналии и ситници . Затоа понекогаш и сме навистина во тесно , но сега почна маж ми и нешто приватно да фаќа за да не бараме веќе од никој , што велиш сами да се избориме . Но јас сакам еден ден да им се оддолжам на сите кои ми помогнале во овие 5 години . Се надевам дека достојно ќе им се оддолжам и ќе им ги оправдам жртвите што ги направиле своевремено .
     
    На Sandrin4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Првите 2-3 години ни помагаа финансиски и моите, и неговите.
    Многу малку приходи имавме, и да не беа парите од нив, ќе немаше сметки да платиме...
     
  14. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Да во право си, кај нас олеснителна околност е што сме сами, без дечиња, да ги имавме едниот секако ке требаше само од сабајле да работи, додека работат и градинките. Всушност затоа и уште не сме се обиделе за бебенце, бидејќи сакаме сите коцки да се на свое место кога ќе се случи тоа, а имаме уште време, млади сме, 26 имаме, така е кога брзаш да се омажиш :D
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Немаме помош ми од едни, ни од други. Како што читам по темиве и како што гледам ситуации по познати, подобро не може ни да биде. Колку имаме- толку имаме, фала Богу доста е.
     
    На Ouravanture, TeddyGrey и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.442
    На почеток бевме сами. Беше страшно тешко. Додуша и јас со постродилна депресија и не сакав никој да видам. Ама сега...

    Морам да кажам дека многу ни помагаат. Прво, свекрва ми. Жената ни даде стан под хипотека за да може да градиме. Станот кој го наследи одма го даде на маж ми и му рече што сакаш прави. Купува за дете се. Вчера видела топлинки и ја сликаше цела продавница и ми рече само кажи кои. Одма ги купи оти ние сме у минус. Кога маж ми беше на пат А јас со болно дете, само и ѕвонев и реков дојди. Без збор се појави на врата за 15 мин.
    Моите пак се во друг град. Досега не ми требало ништо од нив, ама откако сме у минус, на 2 недели идат и ми носат полн багажник храна домашна, носат јуфки, сукано, секаков зеленчук, а и 60 кила месо ќе стигнат за некоја недела.
    Фала им, ептен помагаат. Ќе се оддолжам некогаш.
     
    На referentka, Dalia93, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.