1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Понижување

Дискусија во 'Врски' започната од Superiska, 22 април 2010.

  1. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    33
    Ako nekoj se ponizuva pred nekoja devojka,toa se maskite,sve pravime za da i se dopadneme na nekoja devojka,za na kraj da bides povreden,ako osetite deka nekoj decko e vljuben vo nekoja devojka,togas taa maksimalno go iskoristuva toes si poigruva so negovite custva.dali e taka?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    И вљубени девојки прават се за да му се допаднат на некој дечко и неретко доаѓаат до таа граница на понижување, и обратно.
    Според мене, кога дознаваш дека некој безрезервно е вљубен во тебе, делумно свесно, но делумно и несвесно почнуваш чудно да реагираш. Нема тука ништо ново, ништо чудно, така си е конструиран човекот.

    Можеби не сакаш да го повредиш, но несвесно го правиш тоа. Ми се случувало да знам дека некој е вљубен во мене, и самото тоа ми дава моќ да бидам послободна во односот кон тој дечко, за разлика од оној кој мене ми се допаѓа, а не знам што чувствува кон мене.
    Можеби со самото тоа што кога некој ни се става на "тацна" нам не ни е интересно, и мислиме дека можеме да си поиграме како сакаме со неговите/нејзините чувства.
    Но, како што сите знаеме - штом се реши некој да сврти грб некому и да не гледа назад, работите почнуваат да се менуваат...
     
    На eloves, JustFun, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Пак машко-женски односи, кој повеќе, кој помалку!
    Признавам дека имам се фаќано за сламка и ми било гајле дали се понижува или не. Ама откако јас останав со неизреализиран сон, кој предтоа ми беше ставен во глава од негова страна. Што кога машките ќе и го скршат срцето на девојката? А после „сфаќаат“ дека таа е таа? ДА не случајно треба да бидам мека како јагне? А неееее! Имам убава кратка, ама слатка меѓуфазна прикаска. И таа ме натера да созреам. ЈАс му се извинувам на тие машки што навистина превземааат таков ризик и „срам“. И признавам дека ние жените сме такви створења. Ама признајте и вие дека во таква ситуација сте биле едно милион пати, и сте се смееле на тоа! Па што, девојката продолжила да живее, продолжете и вие!
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е обратно,дека машките повеќе ги повредуваат женските,отколку што женските ги повредуваат машките,а и женските се такви какви што се како резултат на однесувањето на машките спрема нив.Меѓутоа не викам дека нема машки кои што се почуствителни,но повеќето се безчуствителни,но и едните и другите се повредуваат или понижуваат,па пак ке си повторам дека повеќе машките се тие што ги понижуваат женските.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Делумно се согласувам :) Ние женските кога ќе дознаеме дека некој не симпатизира, малку ни се дигаат акциите, се курчиме и се правиме незаинтересирани иако ни годи :) :wasntme: Ама не би рекла дека тоа е баш понижување. Само сакаме машкото повеќе да се потруди да не освои :)
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Јас зборував за вистинско понижување, молење пред кафиќи, ветување брда и долини, викање сите да разберат, плачки и слични мајмунлаци кои не секое машко би ги направило 8)
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Мхм.... Ова враќа доста спомени кога ќе размислам поубаво вака . . . :D :D :D
    Многу чувствителни станаа машкиве, почнува ова да ме плаши :^)
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Е такви машки навистина ме нервираат.Уште на старт има голем минус со црвено :D . На молење, лигавење, не паѓам :puke: Тоа се најчесто такви машки што ќе ти се клањаат, ќе се понижуваат пред тебе, а од кога ќе бидат одбиени ќе кажат дека и така и така не се замарале, демек само се шегувале и слично.Примеров е од искуство.
     
  9. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Епа затоа кратко и јасно - НИКОГАШ НЕ ДОКАЖУВАЈ ПРЕМНОГУ ДЕКА САКАШ НЕКОЈ/А, сите го искористуваат тоа, порано или покасно.
     
  10. medena.kiss

    medena.kiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Знаете како викаат дека КОГА НЕКОЈ КЕ ДОЗНАЕ ДЕКА Е САКАН СТАНУВА СУРОВ.....сепак ние женските не го правиме тоа намерно,не сме единствените.....такви се и машките...сите сме исти.... :?: и вистина е тоа што викаат дека немој на некој да му дадеш до знаење дека го сакаш ПРЕМНОГУ.....
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Зошто мора некој некого да понижува? Зошто па некој да трпи понижување? Да се разбереме, јавното искажување на емоции не е понижување, зарем ако ми ја баци раката додека пиеме кафе у Рамстор, се понижил? :^)
    Се е ствар на компромис, сакам да сум со тебе, ти сакаш да си со мене , се сакаме и крај.
    Работите од типот, молење, правење сцени во јавност, плачки и други мајмунлаци ми се безвезе.
    Дечко ми ме нервира кога во јазвост ќе запне да исправаме криви Дрини. Ај фино лепо јас и ти на само , па ќе се покараме малку, па ќе се извикаме малку еден на друг ама барем ќе се разбереме , а не публика околу нас да собираме.
    А ова без разлика дали го прави девојката или дечкото ми е апсолутно невкусно и детски.
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.659
    Допаѓања:
    121.709
    Понижување ми е кога знаеш дека не те сака,а ти упорно си со него,неа.Се понижуваш самиот себе,паѓаш ниско.Дозволуваш со самото тоа-понижување!Ова е најстрашното понижување,кон самиот себе.
    Инаку,мене ми се случуваат некои испади,-не урлам и не тепам :!: :lol: но знам да си го напрчам фино-лепо носето,и да не му правам муабет ,додека он си збори,па после мрчи дека виделе сите што му правам :^) :lol: Потоа на ова се смеам,но денес научив поретко да го применувам, и тоа е едно од нештато кои навистина ме радуваат.Знаев и да му се развикам пред сестра ми,мајка ми, :(
    Избувлива сум,премногу.
    А,во минатото се има случувано некој да ме моли да излеземе,тогаш кога ние беа интересни додворувањата кои се почесто изумираат денес, за жал,имало неколку дечковци кои навистина не ги доживував за потенцијални љубови,кои ме молеа и молеа,ми звонеа дома,еден дури и ми велеше дека ќе се откаже од цигарите ако излезам со него,ми доаѓаше пред куќа,клекнуваше на колена :| и навистина изгледаа очајно,нетипично за машко.Но,сепак и машките знаат да сакаат па некогаш и тие се понижуваат за љубов.Но сепак-се со граница.
    Никој не може да трпи понижување на личноста :worried: Страшна работа.
    Од грешките се учи.Ако силно си се понижил за нешто,толку силно што дури и не сепреознаваш дека си ти,памет за другпат.Навистина љубовта не тера да правиме луди работи.Докажано.
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    За жал, кога некому ќе покажеш дека чувствуваш нешто а него, се се руши и пропаѓа.
    Тој некој станува суров, истото важи и за машките и за женските.
    Покажувањето љубов не го сметам за понижување, туку упорно да си со некој што не те сака, да го молиш, да се уништуваш себеси заради него, да му дозволуваш се.
    Пред се, треба да се почитуваме себеси, за и другите да не сакаат и почитуват! :!:
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не го прават тоа девојките само,туку и момчињата.Зборувам од лично искуство.
    Да се понижиш е нешто најгадното,најбедното а сепак знаеш дека нема да има позитивно од тоа на крајот.
    Еднаш се понижив,два пати,ама трет пат повеке нема да има.Да,не е срамно да си ги искажеш чуствата,срамота е да ја молеш дотичнатата личност да сте заедно,да не те остава...Кај ми бил паметот.Си ветив на крајот на претходната врска дека нема да се понижам пак себеси а јас го правев тоа. |(
     
  15. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Имав таков случај. Дечкото беше буквално опседнат со мене не ме оставаше на мира едно добри 2 години. Ме чекаше секој ден после настава пред училиштето,не следеше со другарките до дома,еднаш дури додека бев сама дома вратата ми беше отклучена ми влезе дома :fubar: Ме молеше секој ден да бидеме заедно,клечеше на колена буквално,се понижуваше.Најпрво пробав со добро да го отргнам му кажував дека јас не чувствувам исто дека не го сакам и дека не ми се допаѓа а тој упорно ме убедуваше дека ако започнеме врска ќе го засакам :^) Откако видов дека не се откажува ми пукна филмот почнав со лошо му зборував се и сешто го пцуев пак не се откажуваше. После пробав да го игнорирам ама не тој беше решен :D Откако се фативме со сегашниот дечко му раскажав се го заплаши малку и од тогаш фала богу престана. Јас мислам дека колку и да сакам некој никогаш нема да се понижувам на тој начин,да молам некој да биде со мене или да не ме остава.
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Тотално е погрешно да се генерализира дека само девојките си играат со момчињата.... бидејќи и обратната ситуација е честа појава.
    Впрочем, нема врска тука машко-женско. До човекот е. Ако немаш осет за ништо живо околу тебе, ќе си играш. Тоа е тоа.

    А и до некаде, ако некој си поигрува со нас, самите си сме криви затоа што сме го дозволиле тоа. Зошто по ѓаволите да удоволувам некому само за да ме засака?! Ма ајт у п.м.!!! :swear:
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Точно е хипи дека и девојките тоа го прават. Ете јас знам да биам таква. Се трудам тоа да го променам ама посилно е од мене. Не е дојдено до тој степен пред друштво да го навредувам или омаловажувам, ама штом некој ми покаже дека ме сака знам да возвратам на многу суров начин. Ете и јас го сакам ама понекогаш не можам да се контролирам. Се случувало за ситници да ме моли со денови, да го терам да ми заврши некоја работа а притоа да му каам ‘Ај оди земи го тоа место мене и без тоа немаш попаметна работа во животот‘, или да му кажам ‘Кај те најдов тебе таков неамбициозен и неперпективен, како бе можеш да лежиш по цел ден да не правиш ништо’’. Ми се случило на неколку пати и да го навредам во друштво да му кажам простак, неписмен, сељак, додека спиеше еднаш на чело му напишав дека е глуп, и кога стана другари дојда негови се изгазија од смеење. И цела среќа што се контролирам најмногу што можам инаку не знам до каде можам да одам со ова. Порано мсилев дека е од пубертетот тоа, ама на 22 години сигурно не е пубертет. Затоа уште кога почнувам со некој нешто го опоменувам да не ми покажува никакви чувства, ’’те сакам’’ строго е забранет во мое присуство. Јас знам во фаца да му плеснам дека во моментот се гледам со друг дека не ми значи и слично.

    И секогаш таквите како мене никакви личности налетуваат на добри луѓе. Сите мои бивши биле добри со мене, а јас и од најцврстите каратери успевам да направам папучари.
     
  18. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Понижена да...сакам да сум....само во сексот....
     
  19. Bella93

    Bella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    А што ако знаете дека ве сака а сепак сака да се направи дека е некој ФРАЕР, па ве понижува на секој начин...? најчесто пред неговите другари, се прави силен на зборови и не сака да ги искаже чувствата употребувајќи ги зборовите: Па знаеш дека те сакам, зошто морам да ти го кажувам тоа ? или... се однесува како мало дете и не сфаќа ништо сериозно ( а е на 18-19 години ) ..???!?!?!
     
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ако се однесува како мало дете и не сфаќа ништо сериозно, зошто мислиш дека воопшто те сака? Прајте си некогаш риелити чек, едно е да мислиш нешто, сосема друго е колку тоа е вистина.