Ајде да пробаме да се ставиме во кожа на девојката. Велиш дека е сирак, со еден родител. Нормално е да не сака да живее со неговите на куп, но јас мислам дека не е дека она не ја сака мајка му или татко му, или дека е лоша но треба да се разбере девојката. Јас мислам дека таа си го носи комплксот на сирак во себе и потсвесно се плаши дека тоа ќе и биде рибано на нос кога ќе живеат во заедница. Плус , таа е помината само со еден член на семејството ( како што разбрав нема брат/сестра?) и сега од неа се очекува наеднаш да влезе во калабалак. Плус ќе и биде тешко кога че го гледа тој однос помеѓу детето и родителот, оној кој она го изгубила. Нејизниот живот не и бил песна. Потполно сум на страната на девојката. А дечкото ако ја сака треба да ја разбере и да се оделат сами да жиеат, зашто инаку од почеток е промашена работата.
Хммм ова повеќе ми изгледа како некој натпревар меѓу дечково и неговиот брат Можно е нели пошто едниов ќе се жени, да остане на другиот да се грижи за родителите, па потоа и со неговата жена тие да бидат оние кои ќе се грижат за старите, или па кој прв тој подобриот спрат да го земе Мене на таков ми изгледа проблемот. Мислам дека никој не го притиска реално толку, колку тој самиот. А таа гледа дека не е чисто од љубов понудата за брак, па си се држи на стенд бај зашто не го осеќа моментот за прав. Мислам, ај да се земеме зашто така сите викаат. НЕ! Тој ако сака таа да му биде жена ќе мора да и ги изнесе правите причини поради кои сака да бидат во брак, а тоа да не биде семејството, домот, годините, комшиите... Јас би го советувала да си седне сам со себе и да си расчисти што всушност ТОЈ сака. Значи не е еден ден свадбата и готово, да си размисли што носи бракот и кои се обврски се тоа, да се преиспита колку е спремен и дали навистина ТАА е таа со која сака да го помине животот, а не некоја што може да му побегне, па да остане сам. Едно е да се плаши да остане сам, а друго да се плаши дека ќе остане без неа. Од што всушност се плаши? Кога ќе расчисти со себе, тогаш треба да излезе со предлог за брак или без, искрено пред неа. А таа ако навистина искрено го сака, ќе гледа да направи компромис или некој план за заедничка иднина што на двајцата ќе им одговара.
Јас кога ги прочитав вашите мислења сметам дека сте во право. Не треба да има притисок не посебно на таа тема. Не еден ден свадбата и потоа ете бидна и што понатаму? Најверојатно тој самиот себеси се притиска поради годините или пак испитува ситуација да види дали таа има сериозни намери со него. Можеби не му дава некој знаци. Не знам еве и со другарки кога ќе разговараме имаат долги врски по 5 години па сеуште не знаат дали ТОЈ е вистинскиот за нив. Во животот се може да се случи и да настане голем пресврт па тој човек или ти тотално да се смените. Затоа јас мислам дека тој повеќе се плаши да не остане без неа а и да не остане сам значи и девете заедно е сега како ќе одлучи тој не знам но битно знаам дека се сеуште во врска и таа не го прифатила предлогот за брак.
Milicka13 sto bidna so drugarot? I jas sum vo nekoja slicna sostojba kako devojkata, mojov nesto zagrean e za brak, a mene me nervira faktot sto ke treba da odam da zivejam vo kuka so 10 luge....
Ти ова му го кажа на дечко ти? Ако тебе сега те нервира тоа што ќе треба да живееш во заедницата, замисли како ќе ти биде кога стварно ќе живееш со нив. Разговарај со него и кажи му дека не сакаш да живееш во заедница. Разгледајте кои ви се можностите и постапете според тоа.