Пописот целосно ќе се прекине и досегашното пребројување нема да важи, бидејќи се попишувале луѓе само со фотокопија од лична карта и лица кои повеќе од една година биле надвор од Македонија. Овој заклучок произлегол од средбата на владините коалициони партнери, за која се јави потреба откако Државната пописна комисија (ДПК) се самораспушти, немоќни да спроведат статистичка операција според Законто за попис и препораките на Евростат, пренесоа некои медиуми. Според неофицијални информации, Владата ќе достави до Собранието предлог за донесување закон за прекин на пописот, кој ќе биде ставен на дневен ред кога ќе одлучи претседателот на Законодавниот дом. - Владата е решена во Македонија да се спроведе реален попис и нема да дозволи да има било какво прекршување на пописната методологија - брифираат владини извори, според кои, ако се дозволело да продолжи пописот како и досега, етничките заедници би можеле да не го достигнат процентот од минатиот попис. Засега, коалиционите партнери не договориле датум за нов попис. И сега нека ми каже некој: ШТО БЕШЕ ОВА?!
ПОПИСОТ ПРОПАДНА Добро, не пропаднал светот... Не мора со толку големи букви насловот... Уште вести не сум гледала... Ма да не се никаков репер тие што ќе кажат во врска со пописов... Битно, нешто се крчка!
ПОПИСОТ ПРОПАДНА Како и се друго во нашава Македонија, ништо на функционира како што треба.Посебно оние работи што се поврзани со администрација. Тоа кажува колку сме ние назад со времето. Администрација-катастрофа.Башка политичкиве случувања во владејачката партија заедно со коалиционите партнери посебно Албанците . Се на се очекувана работа.
ПОПИСОТ ПРОПАДНА аУ чудо големо еј нешто ново ви е ова? мене не ме чуди ама ич,ма ако сакаат очите нека си ги извадат,прво нека проверат кој што и како беа на листата на попишувачите па нека се крева прашина ...
Ке пропадне, кога неписмењаци го водат. Друго не ни очекував. Кај нас повеќе ги интересираше од кај и` е вазната на мајка ми и колку било убаво кафенцето, отколку за документите. Врвот: Мене со 20 години ме декларираа како малолетник. Па уште откако спомнав дека не сум, 10 минути прави математики дали навистина не сум. Бруки.
Леле, незнаев за воа, ама се абе, како може така, џабе патот епа сега пак наново шо да им правам, мора попис да се направи. Биваше ли до толку да бидат...
Колку што знам ова е друга тема...едно е оставка на комисијата каде што изјавија дека пописот продолжува а друго е тоа што владата реши пописот да прекине. Не знам така мислам....... како и да е!
Добро е што пропадна пописот , тоа е за наше добро. Подобро да нема попис, отколку да има и да испадне дека има повеќе македонци во државава. Баш ми е мило што отккао се откриени неправилности , решија да го прекинат. Албанците не престојувале подолго од 12 месеци во земјава како што налага законот, а се попишале. И после ОП... кај све им дадовме, уште и државата ќе ни ја земат. Епа нема!
Како да не пропадне кога се попишува и живо и мртво и планирани деца во иднина. Ова сепак е голем минус за нашава државичка - не можеме една едноставна статистичка операција да извршиме како што треба, а што останува за посериозни работи...
Па и се очекуваше... Списокот со примени беше објавен на ден пред пописот. Обука за попишувачи имаше следниот ден кој разбра разбра другите немора да се обучат. Потоа немаа пописен материјал, чекаа попишувачи од другите националности за да почнат, потоа го проширија списокот. За на крај да не ги викнат тие што се на списокот туку некои сосема други. Потоа слушав ромиве се откажаа вчера и ред други работи. Кратко кажано живи глупости.
Знаете ли колку чинел овој попис во обид? Ни помалку ни повеќе туку точно 14 милиони евра народски пари Добро бе нели сме способни да направиме и еден обичен попис? Една обична статистичка операција? Срам за државата, само заради тоталната неспособност на одговорните за организација на пописот отидоа во јок уште неколку милиончиња.
^^ Машала, машала.. Очекувајте деновиве данок за дишење да има - мора да се покријат некако овие пари
Нисам се попишла! Ако,сакам што пропадна. Ок,начин за перење пари,пропаднати народни пари.Но сепак тотално неполитички од старт се знаеше дека некој ќе сака да изрежира фалсификат.Албанците се плашат од реалноста зошто во спротивно нема да го вкусат рамковниот,а од друга страна,ако се попишат повеќе од 25 проценти,за некое време ќе имаат и легитимно право да отцепат територија и да се деси Косово два.Оп федерација,оп Илирида! И оди не биди националист кога они се во прашање!Оди па биди! Значи,обучени или необучени попишувачите (ало,не е некоја философија да му ебам матер! Не бара студирање на факултет за да научат како се попишува!) тотално нема врска со фалсификат од овој тип. Реков сто илјади пати,не сум партиски определена,така што у случајов сдсм ла*на јадат.Нема врска со политика,а може да има,откако браќава ќе се упишат над 25,е тогаш би се чешале! Ќе одите и у Охрид со пасош или ако не,ќе транзитирате низ Илирида!
Останав непопишана,а баш се напнував какви одговори да им дадам на нивните глупи прашања Толку сме способни и организирани,и пописот ни избега
Ама зошто сте се фатиле за спобност и органзираност?! Ајде дефинирајте како поинаку?! Им испраќаш таму албанец и не го извршува пописот како што треба зошто и тој е засегнат,нашиот ќе ќути за да не изеде ќотек! Ако не со полиција на врата и трет неутрален член од Берово у Тетово?! Или пак малцинствата да одат директно да се попишат во завод за статистика ради релевантни податоци и безбедност на попишувачите?! Секако дека нема да сакаат,ќе бидат дискриминирани.Епа како да не си,кога не се однесуваш ко човек?! Најпаметни се сите.
Еве јас да споделам некои информации како еден од попишувачите кои беа на терен и работеа изминативе 10 дена. Прва работа е тоа што немавме обука каква што треба, зошто ни инструкторите не беа oбучени баш најдобро. Втора работа е што на многу места каде што има претежно албанско население, попишувачите беа приморани да ги попишат сите за кои се дадени фотокопии итн. Трета работа, имаше многу неписмени попишувачи пошто условот за пријавување беше да си невработен и се пријавил и кој знае што треба да прави и кој незнае. Зинаа сите за парите, па кога видоа колку работа има, пола и повеке од неписмените се откажаа- тоа беше плус проблем. Сите бевме таму по случаен избор. Јас сум пресреќна што пописов го прекинаа, зошто резултатите ќе беа Страшни за сите нас. Мислам дека многу паметно изиграа, и како што кажаа: "Во однос на средствата, сакаме да истакнеме дека нема сума на средства со кои може да се купи необјективен попис, а средствата кои се потрошени се минорни во споредба со можноста да се реализира необјективен попис од кој не би имал корист никој."