1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пописот пропадна

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Masnoli01, 11 октомври 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Пописот пропадна, бидејќи со методологијата по која требаше да се спроведе, Албанците ќе излезеа помалку одошто на минатиот попис, многу помалку. Така што, кој сака нека е на место на Грујо, освен да се договораат од сега, да без попис ги стават Албанците, колку што им душа сака процентуално, ем они мирни, ем ЕУ мирна, ем САД и ќе имаме совршени пописи, и ќе имаме опозиција која што не ќе јаде трици, кога и она да беше на местово сега, не ќе знаеше што да направи, за да ги направи браќата колку што они си сакаат.
     
    На kate21, TeddyGrey, Rozich и 3 други им се допаѓа ова.
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Како може да ги стават колку што им душа сака процентуално??? Ке сакаат 30 % и ?? не е возможно тоа да се деси, никако! Тоа е кршење на сите правила и закони кои постојат во државава.
     
  3. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    јас не верувам дека албанците ќе излезеа повеќе од 20% (ни толку) затоа што многу од муслиманите порано се запишуваа како албанци, ама слушнав информација дека годинава многу се запишале како торбеши, турци и бошњаци.. кај една моја другарка дома и попишувачите не сакале да и попишат како турци :^) .. секако одма пријавија неправилности..
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еее јас кога зборував дека Албанците не мразат, вие ограничена ме правевте :) Нема цивилизиран или нецивилизиран, сите заедно работат сложно за своите интереси. Многу им е гајле на нив за нас. :)
    Ако, после Хашките случаи, после ова, пак правете ме ограничена, мило ми е оти сум таква :) Подобро ограничена со причина да бидам, отколку либерте а поим да немам зошто, ете така, оти е интересно и кул.
    Хе хе.
     
    На Lacrimosa, Shana, Mermaid и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Аххх бре Македонијо! Попиш(с)али смо се сви! :$
     
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Да ти се попишам (на српски) во пописот. И онака не бев попишана.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Си мислев како ли ќе го оправдат ова, кога тие испаднаа со образложение "Бранко е крив" како не ми текна |(
     
    На AIT, enca.69 и Shana им се допаѓа ова.
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Братучетка беше вклучена во процесот и рече дека пописот бил фарса. Живеам во етнички мешана средина каде двајцата попишувачи беа од различна националност. Уште при подготвителните предавања, албанците правеле проблеми зошто немало двојазична обука ги напуштиле часовите.
    На формуларите биле потребни потписи од двајцата членови и кога братучетката не сакала да се потпише на нерегуларно потполнет формулар, и претеле дека нема жива за излезе од куќата и сл. Пријавувала но одговорниот кревал раменици, вчера дури и поднел оставка бидејки неможел да гледа што се случува. Си разговарале на албански, попишувале со фотокопии од документи и сл.
    Најискрено, мило ми е што го прекинаа пописот.

    Политика е ку*ва, опростите што псујем....

    Ракче, ти ке да си од источна Македонија. Дали сум во право?

    :D :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Aха гарантирам дека вака ќе испаднеше.
    Какви нерегуларности се пробувале да се вршат на пописов само.
    Во етничките средини на неколку попишувачи биле напаѓани и уценувани да потпишат лица албанци кои никаде не постојат ни лична карта ни ништо нема а тие викаат пиши го и Трпе албанец и Трајанка и Трајче и Петранка. Немаме лични карти ама ти пиши ги. Биле одзимани листови и потпишувани сосила. Биле бркани потпишувачите. Во западнава Македонија ако не ги послушаш може пиштол да ти извадат.
    Лудница ќе испаднеше пописов да се довршеше. Ни одблиску не ќе беше точен.
    Не бре во оваа средина моментално нема услови за попис. Ние сме неадрталци.
    Ние не знаеме да живееме во оваа етничка средина сеуште.
    Лакомост за пари какви само потпишувачи биле избирани. А и многу потпишувачи не ни биле обучени.
    Штета една голема што отидоа 14 милиони јабана, тоа се пари, многу пари.
     
    На zhap4e, Rozich, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Па вака драги мои, предходниот попис СДСМ за да биде мир во земјата изнапиша еден куп Албанци кои не постојат е сега тоа излезе на виделина. Според тој попис рамковниот беше и еден куп вработувања сега треба да одговараат. Ај шо им даде Бране државјанства преку ноќ па и на пописот им помогна. Треба Бране да им стане народен херој на Албанците.
    Кај им се на Албанците гласовите на изборите нигде ги нема. Демек немало излезеност.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  11. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Голем срам за Македонија.
    Оваа наша државичка само паѓа од срам во поголем срам.
    Еден попис не можат да спроведат.
    Ами така ќе е, кога Грујо наш им даде преголеми права на албаницте.
    Господине Премиере кога не знаевте да ги сопрете на време, сега што сакаат тоа си прават со државата.
    Заедно со нив ја избрукавте до 101 и назад.
    Цела Европа ни се смее. :x
     
  12. Arbresha

    Arbresha Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Море изгледа не се во прашање албанците,кујзнае колку македонци се запишани как
    о грци и бугари па за тоа овој попис беше поништен од грујо:)))
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    Вакви невкусни шеги не го менуваат фактот дека некому му гори под нозе.
     
  14. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    на минатиот попис ова го знам од сигурни извори, наводно се што е муслиманско во западна Македонија било запишано како албанец, а еден македонец со муслиманска вероисповест кажа на тв дека тој веќе бил запишан како албанец уште пред да го попишат.

    Порано или подоцна сите злодела против македонското население ќе излезат на површина, без разлика дали се од албанци или од нашите соседи.

    Трпение, спасение и само живи били па доживели!
     
  15. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Имам многу близок член од фамилијата кој беше координатор и доволно ми беше да слушам со се што се бил пречекан. Срамота.

    Знам дека не ми е место во темата, ама морам и ова да го спомнам.

    Ние веќе им дадовме сите права на Албанците.
    И да излезеа помалку од 20% ништо немаше да се смени.
    Кај може Груевски да му писне на Амети или на Тачи.
    Еден ден, ќе бидеме странци во сопствената држава.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Аман бе! Остајте го Бране на раат да кулира!
    На децава се некој друг им е крив!? Кога еднаш ќе признаат вина?? Гвујо да не не им даде ништо на Албанциве, м?! :^) За греота!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    драги мои оставете го и Бране и Грујо настрана од ова а зошто?
    Па затоа што повеќе од јасно е кој го спречи пописот Албанците се разбира нивниот страв за малиот процент кој ќе испадне како албански државјани беше над све голем број немаат воопшто Албанско државјанство не поседуваат затоа и не смеат да се попишат како албанци се разбира (ако даваат точни податоци)пописот не е само во 1 2 3 или 4 града беше во целата држава а на вестите слушнавме како поминувале пописниците во Кичево,Гостивар,Тетово и како биле пречекани таму пописниците така да не е све до организацијата најголем удел има и соработката на граѓаните нели?но со прашањата веќе еднаш се изјаснав што претерваја претерваја како да не беше попис на населението ова туку како да беше нешто повеќе можеби затоа наиде и на отпор од луѓето е сега за тоа и тие нека му ја мислат но повеќе од јасно е кој ја играше улогата главна за да пропадне пописот сепак страмота е толку пари се вложија и све пропадна :x
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Ова многу ме изненади. Толку разговори, договори и преговори за пописот, почна, и застана.
    Не ми се верува дека не им биле договорени работите како што треба за ваква голема работа.
    И не можам да разберам зошто, па не дека преку ноќ нешто е сменето, бројките се тие што се.

    Преку такво ми е од пописи, избори, и милион други работи што ги фрлаат во бунар парите на даночните обврзници.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    А што беше важно колку квадрати ми е кујната и дали имам клима?
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Во цел нормален свет пописот претставува СТАТИСТИЧКА операција ама пошо ние сме посебни кај нас претставува ПОЛИТИЧКА операција . И ете така де ние останавме без попис , од сите знаеме зошто |( . Останавме без есап ама кога ќе си подразмислиш боље вака него со изфорисирани цифри кои немаат врска од врска .
    Што се смени ?
    Еее многу работи пред 10 години минатиот попис јавна тајна е дека многу македонски муслимнани се пишаа од некоја икс причина како Албанци за да овие добијат 25 % и ете така на овој или на оној начин добија што сакаа . Со се што им беше гарантирано со проклетиот Рамковен .
    НО времињата се сменија многу пилиња прелетаа во евроските земји , умре времето кога правеа по 10 деца па така да бројот полека но сигурно им се намалува. ;)

    Да ја корегирам Батерфлај не дека за џабе е работава нас ни оди во прилог да бидне пописот , тие сега се помалку а со наши проценки ги има сила 18 % а со оваа радосна вест пропаѓаат вработувањата и многубројните привилегии кои сега ги имаат . Се тоа паѓа во вода . Ќе има вработувања но не по Етничка основа .
    Знам случаи кај што земаат плати седејќи дома и се водат како вработени .