1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пописот пропадна

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Masnoli01, 11 октомври 2011.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.169
    Допаѓања:
    234.968
    http://www.plusinfo.mk/vest/18604/VMRO- ... -nema-cena

    Подобро е што го прекинаа пописот, но аман и за ова да го обвинеш Бранко и да изјавиш дека во 2002 каков попис „спровел“, а пред тоа да не провереш кога всушност бил пописот. За потсетување во 2002 година пописот се спровел во април 2002, а СДСМ дојде на власт на 15 септември 2002 година :^) . Мислам дека веќе го претераа со тоа за секој нивен неуспех да го обвинуваат Бранко.
    Па и за пописот им е крив, и за овој и за оној во 2002 кога пак Вмро беше на власт.
     
    На Danilela и tanja6 им се допаѓа ова.
  2. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Не мила од Скопје сум :)
     
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Искрено во секое поле од животот во нашава земја, мора да биде вмешана политиката.. Им завидувам на оние на запад, на Шведска, каде не знаат ни кој им е претседател.. Има кој да се грижи за политиката, има луѓе на власт, а не тука кај нас од најмало до најголемо "знае" се.. Единствено ми е жал што толку пари пропаднаа во вода, што нашава мила држава има пари за фрлање, наместо да помогне и спаси нечиј живот.. Кога се работи за некоја тешка болест или слично, државата ја нема никаде и не е спремна да помогне..

    Да не бидам оф топик, тотален хаос беше пописов и добро што го прекинаа на време..
     
    На esperanca и Shana им се допаѓа ова.
  4. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    богами срамота е ова луге,да не можеме еден попис да организираме во нашава државичка..уште еднаш се докажува дека законот не важи за сите исто т.с важи само за македонците..другите се над законот.
    само некако целава работа ми е некако матна..кој знае што стои во позадина и какви договори паднале..
    или ке паднат..како бомбастично најавуваа на сител..небере у веропска унија не примиле..а премиерот однапред предвидел се.. ;) и пак продавање на лажен патриотизам а на крај пак како ке ни принесат тие одозгоре така ке си сркаме..
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381

    Мала исправка, пописот се спроведе од 1-ви до 15-ти ноември 2002, а не во април. Резултатите се обработуваа некаде од шест месеци до една година стандардно како и при секој попис.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ами мене двапати ме попишаа.
    Бог да чува, нека наима луѓе во државава, си можеме бе. :D

    Друго што освен беше многу неорганизирано, е што буквално деца попишуваа деца. Ако ви кажам кои ,фаци, попишуваа, што три чисти немаат, ќе ви се стемни. Моја генерација бе, моја, се полакомиле за пари и трк братче, на попис. И таков некој ќе знае закони, членови, права.. Па не стасувале да отидат во 100 куќи, па по саат и пол попишувале домаќинство, тоа било едно од ,подобрите, достигнати времиња. На што личи работа од 10 минути со саати да се пишува ?? :fubar: Се знае кои се основни податоци, а не колку време одам од дома до факултет. :geek:

    А најмногу ме нервира што мора ти ЛИЧНО да си таму. Е, па нема мајка ми да лаже колку години имам и каде учам. Само ако им текне па да ме вратат од некаде, за еден потпис. Плус, досаѓаат со тоа сите дома, во секое време... Бла бла бла! Нека кажат, пример, кај вас сме во 10ч, ќе бидеме дома тоа време. Нека се организираат временски по куќи. Ами нема јас две недели да седам да ги чекам.

    Не бе, јас поарно ќе ги организирав, стварно. :geek:
    Да не спомнувам за мани мани, за хартии, листови, пенкала, попишувачи....
     
  7. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Владата била решена да спроведе нов реален попис????а??Ова на сител го слушнал некој??? Демек владава ние чиста како солза а они појма немале ниту одговорност шо се дешавало па сеа ќе спроведела нов релане попис ма дајте ве молам.Владава да не си дадеа неотповилкива оставка главните во ДПК немаше никако да го стопира пописот .Туку ајде сега пошто ќе биде ептен провидно пред народот немаше логика да го остават пописот после овој голем скандал кој јас и го препишувам само и единствено на владата.Па ако сакате плукајте по мене ич мува не ме лази. Срамота за државава еден попис не знаат да спроведат нормално и без инциденцти.На секакви попишувачи им дозволија да попишуваат па оној некни и жената дома ја нападнал.Дупки имаат илјадници и овој скандал не смее д остане на ова само/.
     
  8. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Во европската држава во која живеам во моментов пред неколку месеци се одржа попис. Ден пред пописот на вести кажаа за да знаат луѓето. Дојде еден човек не попиша 10 минути работа. И толку....нешто повеќе од тоа, без драми без политика. Пописот е за статистички цели а не за добивање или губење на поени на политичарите. Од тоа што се случува во Македонија во моментов гледам дека сме многу далеку од ЕУ.
    :(
     
    На esperanca и julie77 им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Па нормало дека ќе пропадне,кога и на обичен лаик му станува јасно колку неправилности има.Што да се прави кога Грујо златниот нема поим што е попис .Е не може господине да организирате таков попис како што налагаат правилата,кога Вие не игравте по нив.И ова мора да го кажам.На тестирањето за пописот до мене седеше едно младо дете,од мене се препиша.и тој знаеше дека ќе го викаат. :?: Значи се е фарса.Второ попишувачите кои беа кај мене беа апла :devil: Жената и така и така,мажот кој беше патем речено албанец потполно не писмен.100 пати ме праша дали имам сестра ,многу сум му личела на некоја жена од неговото село :D , не знаеше да :x напише за децава што школо имаат завршено.Иако му кажав дека се уште во основно...не со вакви луѓе дефинитивно нема да не биде. :swear:
     
  10. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Пописот пропадна што пропадна, парите се потрошија што се потрошија, но остана прашањето, дали попишувачите кои беа избрани на јавен конкурс од редовите на невработени лица ќе земат некој денар? За оние попишувачи од администрација кои не ни знаеја дека треба да попишуваат ич и да не прашувам :^)
    Тоа ти е карма каша секаде, во секоја пора од нашето општество
     
  11. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Aбе не може попишувачи да бидат лица вработени во администрација....попишувачи требаше да бидат лица кои се во заводот невратботени,ама они викаат дека ставале попишувачи од администрацијуа вработени зашто на заводот имало малку невработени пффффффффф хахахааа лелее приказни за пред спиење.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Па што сакаш писмен ли да биде :rofl: , кај има писмени албанци, на прсти можат да се избројат тие што се демек професори по факултетиве па и тоа е сомнително, па уште се бунеа протестираа дека немале доволно попишувачи од албанска националност, ова беше наместено токму од нив, знаеја дека нема да им успее попишувањето со фотокопии од лични карти па ај готово е ако не е по нивно. Сите ја обвинуваат владата, ок ама вистинскиот проблем се албанците кои го кочат процесот, а да не им се дадеа толкави права од Рамковниот кој им го смести Бранко со претходните фалсификат избори кој немаше муда да ги прекине туку повеќе му одговараше да им ја подаде државата и да им отстапи нереален процент, сега ќе беше поинаку. Знам дека беше тоа нереален процент бидејќи директно бев вмешана во пописите, ама тогаш имаше ред и организираност бидејќи албанците не смееја да писнат како што поставуваат толку барања сега. Немаше да ја завземат пола држава и да условуваат да не им беше Рамковниот.
    Ама нема враќање на времето пред Рамковниот, сега најверојатно намерата им е да се одложи пописот наредното лето кога сите нивни што биле на "печалба" ќе се вратат во мк. А како добро им легна ова на опозицијата, работа за која тие ги влечат конците од минатото сега им стана главно оружје за одбрана ама и за напад да си продолжат со какање во нивни стил.
    Избегнавме уште еден нереален процент, тоа требаше да го направат и на претходните избори бидејќи тие беа клучен момент и главна причина за состојбава денес.
    п.с. а што не му кажа дека имаш сестра, чисто онака да видиш како ќе реагира, може бил заљубен у таа некоја па ќе те испогушкаше, избакнуваше може и некоја лира ќе паднеше. :lol:
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мене ми скисна севкупното лицемерно играње фудбал на политичката елита и префрлање на топката, криви биле СДСМ за нерегуларниот попис од 2002 год. тврди ВМРО, овие враќаат криви се ВМРО за сегашниот неуспех, ДПА ги обвинува ДУИ и обратното. Фактот кој се надевам на сите ни е кристално јасен е дека реакцијата на сите ќе беше и ќе биде подеднаква бидејќи меѓузависноста нивна за удобното сместување гзови во фотелји успат треба да го направи и овој „минорен„ зафат со „ускладена„ слика на населението. Видете во било каква рамка и портокалова и сина сликата ќе е иста ;) . Никој не може да ме увери во спротивното.

    Понатаму дали како граѓанин на РМ чувствувам срам поради неуспехот во некои пошироки светски рамки? Воопшто не, бидејќи и ЕУ и САД доволно фалсификати матат во сопствените кујни за сопствени цели, само што разликата е во нивната подолгорочна и пософистицирана постапка на рециклирање на доказите за тие постапки.

    И за крај, прашањата на образецот беа со заокружување на една од понудените опции или со дополнување на одговор кој вие го давате, така да наликуваа на тест од нижите одделенија од основно и според мене не бара не знам колкава и колку сложена обука на попишувачите. Во нашиот случај дома и двајцата попишувачи беа љубезни и добро си ја завршија работата и ги попишаа и отсутните во моментот членови на моето семејство. Ова чисто онака како информација дека не сите ангажирани попишувачи се без исклучок неписмени насилници. Што не го негира постоењето на таквите во секој случај. Ама далеку е ова од вистината дека тоа е причината на неуспехот на пописот во целост.
     
    На julie77, XMaN и Abeja им се допаѓа ова.
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Колку што знам според законот било дека требало да попишуваат тие од администрација - плус многу од нив не ни сакаа да го сторат тоа, и викаа да им се отстапи место на невработените, но морало, инаку ќе биле казнети.

    Инаку да, не го оправдувам тоа.

    И сметам дека тие избраните попишувачи треба прво да се тестираат, а не да се зима било кој, па од тие двајца попишувачи едниот да ја врши работата, а другиот неписмен да дреме |(
     
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Јас сум од редот на администрацијата која беше избрана да биде попишувач, НО ниту сакав да одам да попишувам, ниту пак некој ме извести за такво нешто, а што е најинтересно ниту мојата институција не знаеше кои од вработените треба да си ја извршат граѓанската должност кон државата и да одат да попишуваат. Во насока на организацијата на пописот сум тотално разочарана, прво како што реков ние не бевме известени на ниеден начин, а кога разбравме од вујни тетки и стрини дека по случаен пат сме избрани, не знаевем каде да се обратиме за посетување на обуки(не знаеја да ни кажат од статистика), второ, во петокот на 30 септември (се чека критичниот момент) ние сеуште немавме пар, ниту пак материјали да подигнеме, ниту овластувања готови ништо. Не знам дали има потреба уште да пишувам на оваа тема, ама тоа ти е, кога ќе си се наместат некои особи на некоја си функција а немаат појма од животот, се дешава циркус. Гладен народ за пари само тоа можам да кажам, се изнапикаа на функции а не знаат која е одговорноста што се носи со функцијата што ја има.
     
    На zlatapetkova му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    И сега??? Толку? Пописот пропадна, кажаа што кажаа-си се оправадаа (како и секогаш не чуствуваат одговорност за настанот) наместо да се признае дека не беа способни, квалификувани и обучени да го завршат ова. А кои беа проблемите? Кој гарантира дека нема да се повторат? E ова сериозна работа е, не се предизборни анкети :fubar: Пописот истовремено се оддржува и во Албанија и Србија па ги нема овие циркузи. Бруки, си ииграат со угледот на Р.М.
    Грешката-ничија, одговорноста исто така ничија и се се сведува на било што било, ништо страшно (секое чудо за три дена, ќе заборави народот), ќе подигнеме уште некој споменик и ќе простат :x
     
    На esperanca и Shana им се допаѓа ова.
  17. sneska80

    sneska80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Јас бев попишувач.Невработена сум одев на обука.Инаку ке се сложам со се сто имате претходно кажано дека нисто не беше организирано.Пописот почна а нас материјалот не ни беше поделен не ни беше кажано со кој ке одиме на терен кој е наш реон ништо.Прашав на 1 со една пријателка оти не сме викната а бевме на обука ни викаат чекајте има време овоа е прв ден само што почна пописот.Смешно стварно.Од вториот ден тргнав партнерката ми беше од друга националнот,тоа мислам не е важно добро се сложувавме она не одела на обука и објаснивме со инструкторката и супер се снајде.Инаку имасе полно сто не знаат не се писмени а вршеа попис еве на мојата улица децата што беа за срамота сами си заокружуваат нисто не прасуваат брзаат и цело мало вика не озбилни не културни ама сто се може.Јас супер поминав озбилно си ја свтив работата и немасе проблеми со луѓето.Само ми е мака да не не ни ги датат парите и така сум невработена одев десет дена и детето го измалтретирав од кај едната баба па кај другата го носев за чување и пак без пари да остаснам а си реков ке земам некоја пара ке ми се исплати скоро цел ден бев на терен а при тоа и луѓето беа задоволни од нас.
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    ^^^Еве ви пример :worried: Срамота бе, вака ли се организира попис :tmi:
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Мора да ви ги дадат парите, е сега постои можност да скратат поради неуспехот, имате мислам одреден паушал, кај инструкторите е 3000 ден кај попишувачите не знам колку и плус по 3 или 6 денари мислам дека беше по ливче. Сите вие имате склучено договори за попишување и се имате потпишано при подигање и предавање на пописниот материјал. Неуспехот на пописот е од други причини, а за сработеното се плаќа, нели и трансакциони сметки ви побараа. Знам за луѓе кои како тебе сериозно си ја сфатиле работата и доста работа завршија, плаќале за бензин, карти за автобус, трошеле од своето време. Тоа мора да се плати, прочитај си го договорот, не си сама во ова па да може некој да те изигра.

    А некој ги спомна пописите во Србија, па во Србија и денес да попишуваат се ќе биде во најдобар ред зашто не ги заебаа нив со Рамковен договор, можеби им го земаа Косово но тоа што е нивно е строго нивно.
     
  20. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Sneska8o ти сигурно си од оние партиски војничиња на владејашката партија,затоа што само тие беа одбрани во пописот. Многу ми е жал за детето што си го измалтретирала и него,но време беше да согледате дека и вашата партија не мисли за сите членови исто. Со надеж дека ти помогнале си останала извисена. Уште и парите да не ви ги дадат,ептен е ПАРТИЈАТА за вас.