1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пописот пропадна

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Masnoli01, 11 октомври 2011.

  1. Irida

    Irida Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    963
    Попишувачите не се сеуште исплатени, но мислам дека за брзо време ќе бидат (барем според моите информации)
     
  2. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    попис

    девојки,дали некоја од вас беше попишувач или инструктор во пописот?дали ви пуштиле пари,,или како ке се плаќа?знаете ли?
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Па нели им дадовте трансакциска сметка, како може да ви платат, освен да ви префрлат пари на сметката :D (тоа околу начинот на исплата) а за плаќање, почекај или прашај во твојата општина, уште нема префрлено мислам, некако не им се брза.
     
  4. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ок тоа,али зборот ми беше дали на делови ќе ги исплаќќат парите..или сите одеднаш?и по колку пари ќе плаќаат?
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Офф ова жалосно е ама ме насмеа, па како кој знае колку пари ќе дадат па уште на делови, таман работа 5 пати по 500 да даваат, јас мислам дека само паушалот треба да биде околу 3 илјади ама не знам, се до кога не ви префрлат нема да знаете со сигурност, со оглед дека пропадна се. Добро ќе биде некој вработен во општина да објасни тука ако има информации, би требало да има некој со поблиски информации.
     
  6. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Има некоја информација за исплатата на парите од пописот? Или другата година :)
     
  7. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Добро шо не отидов,другари ми кажуваа дека било комплицирано у П.М,плус секакви луѓе,а згора на тоа ни договор не потпишуеле. Парите ќе им ги исплателе наредна година ова време им рекле. Инаку,другарче беше,и му се нашло некое старо деденце со цвикерчиња да потпишуе,и другарчево на првово му рекло:
    -Пиши проблем со видот:има
    -Што,што,деца што пишувате таму?
    -Пиши и проблем со слухот...
    Шала на страна,ни обука имало,никаква сериозност во работата,не е чудо што пропадна.
     
  8. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Ако има некој уште некоја информација кога ке бидат исплатени парите на попишувачите нека пише ;)
    се уште не се исплатени :@
    се јавиви во државен завод за статистика,рекоа као до нова година ќе бидат исплатени :^) така викаа и дека во ноември ќе бидат исплатени :swear:
     
  9. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Дали некој има проверено дали се исплатени парите? Добив информација дека до 14-ти декември треба да бидат,ама незнам колку е точна информацијата.
     
  10. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    нема уште ништо исплатено барем кај мене
     
  11. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Kако може да ви исплатат пари на незавршена работа...Тоа само во наша Македонија го има...и после немало пари,сиромаштија.......па како ќе има кога сите пари се трошат за вакви глупи работи.. споменици,пропаднат попис и што уште нема да не пречека....
     
  12. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    На официјалната страна на Државниот завод за статистика денес објавиле дека е започната постапката на исплата на парите од пописот, ако ве интересира можете таму да прочитате.поздрав
     
  13. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Исплатата навистина започна, но оние кои учествуваа во пописот нека не очекуваат којзнае колку пари. Не е според договорите што ги потпишавме. :@
    Пријатна вечер
     
  14. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    парите ке бидат исплатени според сработеното,,значи колку денови,колку ефективни пописници и ,,,веродостојност...итн........што значи секој ке си добие за сработеното,бидејќи имаше попишувачи кои веќе беа при крај со пописниот реон,не се криви отие што се се прекина...
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Не е грешка на попишувачите што пописот пропадна. Тие си ја вршеле работата, губеле време, биле таму и нормално дека ќе бидат платени.
    Ако на газдата кошулите не му се продадат незначи дека шивачите треба да останат неисплатени. Тие си работеле за она за што биле повикани.
     
  16. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Во право сте, но јас не го добив ниту предвидениот паушал од 4000 ден. Ниту пак се пресметани дневниците. Кој знае како пресметувале :envy: Во буџетот си имаше предвидено средства, а каде и во чиј џеб завршиле- тоа не знам.
     
  17. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Јас уште не сум ги добила парите,трансакциската сметка ми е празна :envy: а како сто разбрав од она што го прочитав на страната на државниот завод за статистика,договрите не важат во однос на оној паушал од 4000 денари.Никој нема да го добие тој паушал затоа што пописот завршил пред време ? :envy:
    Зар попишувачите се виновни што беше прекинат пописот.Дури и оние кои го завршија својот поисен круг пред време нема да добијат паушал :devil:
     
  18. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Овде не станува збор ни за шивачи, ни за кошули ,туку за народни пари , пари од грбот на сите нас. Затоа треба да се размисли како ќе се трошат тие пари. А што се однесува до попишувачите , сите тие се партиски војничиња такашто партијата ќе му најде друга работа.
     
  19. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    А колку е исплатено кај тебе ако не е тајна.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Од каде оваа (дез-)информација, а?! Не зборете од на памет! Познавам повеќе луѓе кои учествуваа на пописот, не се членови ниту на една партија и тешко дека некој ќе им најде друга работа. Парите навистина си ги заслужиле, секој ден трошеа на автобус, гевреци и јогурт, се работело од сабајле до зори! Друго е прашањето дали ќе ги употреби податоците од досега сработеното државата или не, а ако сака може, ама нема. Инаку пописот велат пропадна најмногу од технички причини а не од политички кои се само фасада/маска за вистинските причини: организација, координација и менаџирање 0 - нула!!!
     
    На jessica24 му/ѝ се допаѓа ова.