нема врска,каква партија,какви војничиња.......точно дека имаше луѓе од партија но исто така и многу луѓе се луѓе кои се пријавија замо ради пари,не се вработени ...тоа го видоа како начин да заработат..а тоа нема врска со партија
Не знам за во Скопјето, но во градовите од внатрешноста како што вие Скопјаните велите- провинции сите што учествуваа во пописот беа партиски војничиња.Јас сум од еден таков град,помал, сите се знаеме и познаваме во градот, такашто со гаранција тврдам дека тоа е така, не е дезинформација. Парите си ги заслужиле, но кои....пак тие...нивните луѓе од паријата.ДАзаклучиме сепак има врска со партијата...и тоа....ГОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕМА......
И јас потврдувам дека не беа само партиски војници на пописот,дури имаше членови од опозициската партија и од другите националности.Тимовите мораа да бидат мешани да се испочитува регуларноста. Јас уште не ги добив парите Може некој кој беше попишувач да ми одговори дали е исплатен и колку од прилика добил од ветените средства? Однапред благодарам
Тогаш фер е да нагласиш во старт дека тоа било случај во твојата околина а не генерално. Во Скопје навистина се водеше голема сметка да има разноразни луѓе и од националности, и од опозиции, и млади и стари, и невработени и пензионери и студенти. Повеќе луѓе кои ги знам а беа на пописот во Скопје а станаа попишувачи преку конкурс, ги добиа своите пари во текот на минатата недела. Но биле исплаќани различно иако некои од нив биле ист број на денови . 7000-9000 ден. но имало и со помалце. Кога почнувал пописот се зборело дека паушалот ќе бил 4000, меѓутоа со самиот факт дека пописот прекинал порано, тој паушал значително се намалил. Во секој случај соопштението е официјално дадено дека исплатата почнала на 20.12.2011год. http://www.stat.gov.mk/Aktivnosti.aspx?rbra=48 http://makstat.stat.gov.mk/popis2011/Default.aspx
фала многу исто и јас сум преку јавен конкурс и од Скопје,ама не ми ги префрлиле парите се јавив во Државен завод за статистика и ми рекоа дека постепено ќе ги исплаќаат средствата,нешто како треба до нова година,а еве уште само 3-4 дена до нг,изгледа немам среќа
Јас пред некое време наслушнав на вести дека се дало предлог да се продолжи пописот, или од 1 април до 10 април или негде во средина на јули . Бидејќи помина веќе први април, изгледа во јули. Јас не знам што планираат тие. Тој период сите се по одмори.
Да, но изгледа така ќе можат повеќе казни да пишат на тие што не се одзвале на пописот, и така се полнел буџетот. Се шегувам, но кога и да биде пописот мора да биде мин. 3 недели а не 2 за да може без нервози и стресови да се заврши и тоа со прегледни и точни податоци. И не само во државата, туку и во целиот свет кој пропаѓа...