1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Попис 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DenicijaNaPetre, 25 февруари 2021.

  1. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Да почнеме од мене :)

    Јас немам ништо против, па дури сметам дека е неопходен.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Попис треба да има,ама не на ваков начин како што е договорен со СДС и ДУИ.
    Да се потпишат сите што се моментално во Македонија а за останатите треба да се направи некој друг метод.
     
    На PaLaVa, Veta, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Против попис сум спроведен од влада која од некои си причини, се реши за попис во време на корона. Пописот треба да се одложи.
     
    На PaLaVa, 5.11, Veta и 5 други им се допаѓа ова.
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.281
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Машки
    Против. Бидеќи ќе биде изведен на нелигимитен начин. И онака 20 години немаше попис, можеше да се одложи за година две .
     
    На PaLaVa, 5.11, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Дали некој од вас некогаш бил попишувач?
     
  6. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Ја сум за попис. Мислам дека од која било влада да се спроведе, во кое било време, секако нема да биде многу точен и реален. Бројките ќе бидат наместени да одговараат на сите.
     
    На poi и DenicijaNaPetre им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    11.280
    Треба да има попис, и требаше да има досега, но не верувам дека ќе биде точен. Ни претходно не било точно. Пример за едно село каде живеат пола Македонци, а пола Роми, отворам податоци од попис и испаѓа дека има пола Македонци, а пола Срби, Роми никаде на пописот не фигурираат. На многу места има потфрлања. Кој како сака се пишува. И не се сложувам да даваат матични кој за кого ќе стигне, ниту да се попишуваат некои што со години не стапнале во Македонија.
     
    На Rama, Осе и poi им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Мора да има попис.
    Што побрзо, тоа подобро.
     
    На jarec6, Cosmic Girl, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    Попис кога е договорено колку проценти треба да излезе албанско население дека живее тука??? НЕ!!!
    Не дека некој не прашува, но ова ќе бид еуште еден пораз за македонците, со сета почит кон албанското население, но ова е политичка местенка.
    Реалноста е дека се многу помалку од она што треба за да важи рамковен, кој би паднал во вода ако се потврди реалноста...
     
    На oblace1, Victorian, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Кој ти рече дека е договорено такво нешто?

    Ако е договорено, ќе го запрат, како што направија во 2011та.
    Тогаш беше договрено и не им излегуваше есапот, па испадна пу-пу не важи.
     
    Последна измена: 26 февруари 2021
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    А тебе кој ти рече дека не е договорено?
    Кој систем во оваа држава фунционира, за нормален човек да биде уверен дека се ќе биде легитимно и по прописи?
     
    На Victorian, SugarHoney, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Оти па да не верувам?
    И тогаш верував дека е валиден и сите пописи наназад.

    За да тврдиш нешто, треба да имаш валидно сознание дека е така, а ако знаеш тогаш треба да пријавиш и објавиш по медиуми.

    Секој од нас може да си мисли што сака, но без докази е само верување, не факт.
     
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    10.652
    Пол:
    Женски
    Треба да има попис, ама електронски, прво да се направи база на податоци со информациите на сите граѓани пример матичен број, број на лична карта, адреса, име и презиме, брачен статус. Во оној период кога треба да е пописот, секој граѓанин да треба да се најави на страната и да ги внесе својте лични податоци кои инаку ќе бидат веќе во системот, ако се точни ќе биде успешно генериран налог, ако не се ќе покаже каде е грешката. После тоа период да има одреден период каде што секој граѓанин што немал компјутер, не бил писмен, не бил во можност да се попише, или било која друга причина да се пријави во општина и на општинско ниво да се направат списоци кој после тоа ќе бидат обработени и секаде каде што имало одреден проблем пописот се ќе одвива рачно со помош на попишувачи.. После пописот податоците се споредуваат со другите бази на податоци, пример со базата на податоци во кој што се запишуваат умрените, нели ако некој е во таа база и се попишал веднаш избриши го итн., што сепак е грешка во системот бидејки можат да направат системот да биде веднаш поврзан со другите бази на податоци и ако се случи умрен човек да се попишува да се генерира соодветна пораката на екран.. Во однос на Ромите некој што ги спомна погоре, голем дел од нив се фантоми луѓе, немаат документи лични, не може попшиувач да попише луѓе што немаат ни лична карта, тоа е исто голем проблем што треба државата да го среди.
     
    Последна измена: 26 февруари 2021
    На Dandra, Victorian, princess5 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    36.003
    Валидно сознание е дека албанската дијаспора тогаш масовно допатува за да се попише и цели фамилии беа попишувани како да живеат тука иако се во западна Европа на пример.
    Ова го знам како факт, не рекла казала, оти работев тогаш во таква средина.
    Се разбира дека и сега истото ќе го направат, ако треба и 2 пати ќе попишат некого, само за бројката од рамковен да не е помала.
    Материјален доказ за ова во раце, се разбира, немам, ниту ми е гајле да го имам. Јас не доаѓам назад за попис, меѓу другото...
     
    На Victorian, Роберт 7, Stressed Out и 3 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ама по пропис е така


    1. Лица
    Со Пописот се опфаќаат:
    - државјаните на Република Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија, без оглед на тоа дали во моментот на Пописот се наоѓаат во земјата или во странство;
    - странските државјани кои се присутни во Република Северна Македонија со одобрение за престој;
    - странците со поднесено барање за признавање на право на азил, признато право на азил поради супсидијарна заштита и со признат статус на бегалец и
    - лицата без државјанство кои во моментот на спроведувањето на Пописот ќе се затекнат во Република Северна Македонија.​
     
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    36.003
    Ноуп, живеалиште и престојувалиште имале порано, сега се на "траен" престој во 'швицарска' и работат, изнајмуваат стан и плаќаат даноци таму. По која основа да се бројат како жители на мк? Ниту па се одјавиле кога заминале. Тоа административците го знаат дека е масовна појава, но така им одговара..иначр ни под разно нема да се 30%како што тврдат дека се...
     
    На Rama, orevokrsacka и Ева33 им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ами така ако гледаш и македонци има шо се со живеалиште и тука и во странство.
    Башка, пола држава чека на парите што им ги испраќаат гастербајтери.
    Тука ги трошат, тука даноци плаќаат на тие пари.
     
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    36.003
    Абе дејче, по која логика мене, маж ми и ќерка ми да не бројат за жители?
    Македонка сум, но не сум жител. Ниту гласам. Како и зошто јас да одлучувам за вас кои таму сте ај не 24/7 ама слично.
    Никогаш не сум гласала откако се отселив. А државјанството ќе го задржев да можев. Но не плаќам данок таму, туку овде, а и тие исто, верувај ми. Врска нема што пратените пари се трошат во мк. Мислиш тие влезени се низ платен систем? Мало сутра ..
     
    На riba79, Veta, Peperutce1115 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ако имате македонско државјанство ќе ве попишат и ќе стоите во збирот на единки кои се со државјанство, ама не живеат тука.
     
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    36.003
    Да ама овие не планираат да кажат дека живеат на друго место. Сакаат да се бројат како процент од вкупен број. Специјално фаќаат авиони борците за права...
    Македонија сопствената македонска дијаспора ниту ја тинтра некако ниту пак на дијаспората и е гајле, ако ги исклучиме оние со ' знамето шо го продадовте, а јас дадов 5 долари ' од к15..
     
    На Rama, Tanjamm, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.