Они ги даваат, вчера некои општини праќаа пораки а некои се јавуваа да одиме да ни ги дадат да носиме и трансакциска, ние требаше утре да ги земеме. Во Струмица им дале лаптоп упатство маски средство за дезинфекција се што е потребно за пописот но им се јавија да ги вратат бидејки се одложува.
Овој Симовски вели нема одложување. Денес изјавил https://kanal5.com.mk/simovski-povi...va-na-agitaciite-za-bojkot-na-popisot/a467331
Сега на вести на Сител слушав, вика можно е да се одложи, демек никој не знаел како ќе се одвива. Ама дека ќе почни на 1 април. Ако знаат кај тераат, јас глава сечам.
Денес гледам билборд со она 'Ти си повеќе од бројка, попиши се' или како и да беше и на сликата дете кое нема ни 14 години. Вака навидум обична слика, ама зашто деца да сликаш и истакнуваш нивни слики за вакви цели? Оо еве ја најдов сликата Нели деца не смеат да се користат за политички цели?
Да обуката е платена за попишувачи мислам беше 700 денари од ден, започнува Недела и трае до 31.3 од 9ч до 15ч. Сите ќе бидете задолжени со оптрема (лаптоп и сопствен нет, заедно со придружната опрема).
Да се самоцитирам и поправам, во зависност од општината обуката за попишувачи во дел од општините ќе почне Недела, а во дел од општините во Понеделник, во секој случај ќе ви се јават и ќе ве известат точно. @Sarichkaaa да ако имате 3 дена обука 2100ден плус. Незнам дали ќе ви ги префрлат веднаш или сите заедно. Тоа ќе си прашате.
А што е со тоа да се вакцинираат попишувачите, ги прашаа ли дали сакаат да се вакцинираат. Што се случува во државава, сташна работа.
Денес ми се јавија, само ме прашаа инфо т.е број на лична карта и улица, не ми кажаа дали воопшто треба да одам. Ќе се јават ваљда повторно..
Никој не ги прашува тоа најмногу ме нервира, јас немам намера да се вакцинирам + имам прележано и имам антитела.
Да се самопопишете и попишете, не си играјте бројки. И јас може не верувам и на тој попис од 2002 година, ама мора да покажеме одговорност, мора. Дијаспората мора да се разбуди. Будали се што не отпатуваат во Австралија да повикаат на масовно попишување.
Џабе попишувачите "ќе бидат" вакцинирани ако народот не е, зашто и вакцинирани лица може да го пренесуваат вирусот. Пак некоја "мучка" спремаат, ако воопшто се одложи пописот.
И јас ова го мислев. Кога ќе вакцинираат кога в недела стига Астразенека, а пописот почнува за неколку дена. Плус, вакцинација, ревакцинација, па извесен период за да се стекне имунитет, да делува вакцината. Тотално глупава изјава. Јас ќе се попишам, но би сакала да се одложи и да падне Владата, па со други услови да се попишуваме без дијаспора и роднини да даваат податоци за други лица.
Oд дијаспората како масовно се попишуваат 90 - 10, односно ние 10% ќе испаднеме како тргнало. Ќе верглаат после па ете колку Албанци овде се родиле, па немало работа па се иселиле, па дај квоти уште. А овде, па не се сомневам дека ќе даваат матични за куп луѓе како и досега.