Некои настапуваат како портпароли на влада.Овде треба да се каже дали сте за попис или против.И толку!
Сум за попис, но не сега за време на пандемија, каде и многу други далеку постабилни и по организирани држави ги одложија пописите. Плус, попис за време на оваа влада-НЕ! Целата "операција" попис ја сведоа на етничко пребројување во кое процентите однапред ги договориле, на штета на Македонците, се за МИР У КУЌИ( влада)
И овој попис ќе го саботираат браќата, или пак не овој пат може им се ветија брда и долини и од 20% магично ќе се претворат во 50%
Од 2002ра немаме попис направено. Едни сме ние до толку за грев. Мора да има попис. На ќоро прават стратегии и распределуват буџети. То ко да не знајш дали да купиш 1 леб или 4, оти не знајш колку луѓе ти живеат дома.
За брзо сеа ќе ни стаат локдаун, со изговор дека бројките од заболени со Ковид растат, а се со цел успешно спроведен попис. Башка доаѓа и Велигден...... Бројките заболени со Ковид ќе растат, а накај средина на мај ќе опаѓаат.... ПРОТИВ попис !!!
Дали некој знае во врска со пријавувањето за попишувач, реонски... Како ќе се одвива тоа? Во кој период од денот? Наутро, пладне, попладне... Има ли некаде таква информација?
На страната на Државниот завод за статистика ќе си отвориш, до утре 28.02.2021 трае огласот. Треба да се пријавиш електронски, па потоа до 01.03.2021 треба документи да поднесеш или документите ќе треба да ги однесеш кога ќе закажат тестирање. Инаку пописот ќе се одвива од 08 до 20 часот. Треба да си невработен.
Попис треба да се направи, ама чекаа во ек на пандемија да прават? Чекавме над 18 години, мислам дека уште една година да се почека, нема да е проблем.
Јас ја пополнив пријавата денес. Е сега не ми е јасно дали морам до утре да ги доставам потребните документи, шо реално и не е возможно бидејќи дипломата за средно ми е на факс во Скопје. Прашање ми е дали да чекам допрва датум за тестирање и да ги доставам тогаш или? И плус изјавите за тоа дека сум невработена и за познавање на работа со компјутер треба да се заверени на нотар или искуцани на ворд само?
Не не треба сега, прво заради пандемијава второ и птиците на гранка знаат дека наместено ќе биде. Кажаа на вести дека и починати ќе се попишуваат ако починале брзо пред пописот.. ама новородени не... логика упм..
Здраво, дали некој знае од каде да се симнат изјавата за работен однос и изјавата за познавањето од работа со персонален компјутер?
Јас ги потполнив своеволно како што разбрав дека би требало да е, а тоа е... Јас (и пишуваш име и презиме), град, па улица и број и на крајот матичен број, и најпосле кажуваш дека не си вработен и имаш познавање со компјутер (јас одделно ги напишав) и на крајот потпис.
Го напишав во ворд, па го испечатив и потоа под напишаното каде што напишав Потпис се потпишав своерачно со налив.