1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Попис 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DenicijaNaPetre, 25 февруари 2021.

  1. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Како одбива да се попише, кога НЕ ме нашле дома?!

    Може во болница сум, поз на ковид?

    На одмор сум во викендица..

    НЕ МОЖАТ НИШТО ЗАКОНСКИ ако не им отвориш врата, крај на приказната
     
  2. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Што ви можат не знам, не сум платена да се замарам и не ме интересира, ќе си дознаете сами.
     
    На Pixi5 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Вака тече пописот во Белгија, погледнете го видеото

    https://twitter.com/The_Chief86/status/1375816903126622212?s=20


    Сеуште мислите дека пописот е САМО статистика??

    Излегување на попис со ваков закон е рамно на самоубиство, односно свесно играње на играта со надеж дека местенката нема да им успее.
    Да не се лажеме, ја гледате организираноста на малцинството.
    Тоа јасно кажува дека местенката е јасна и само одбивање на попис ,под овие услови е спас за МАКЕДОНЦИТЕ
     
  4. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    За последен пат, доколку попишувачот не ве најде дома, од општина знаат дека станот/куќата е населен, а нема никој, попишувачот ќе ви го попише станот/куќата врз основа на исказите на комшиите, кажав еднаш исти или слични се становите.
    Потоа, нели не им отварате, не сте дома имате корона и сл, во системот има следниве опции

    1.Ако им отворите, а ги одбиете= одбива да одговори,
    2. Ако не сте дома, во викендица сте, а знаат дека е населен (комшии/општина) или пак недајбоже имате ковид = валидна причина за непопишување на домаќинството, во забелешка причината.

    Откако ќе оздравите ако сеуште трае пописот ќе дојдат, ако не ќе ве повикаат на одредено место.

    Има и други опции ама не можам сеа да ги објаснувам.

    И госпоѓо/госпоѓице @Ева33 не го правам јас пописот, и не ме напаѓајте без причина. Плус пишувам точни факти, а можам да забележам дека вие подржувате одредена страна, што е исто сосем во ред не ме сваќајте погрешно, ама еднаш се пишува дека не сакате да ги примите, веќе прочитавме. А за другото наведете факти зошто не треба да се попишеме ќе ве прочитаст тие што треба, па секој сам ќе си одлучува.
     
    На Pixi5, WildMk, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  5. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Дома имам највеќе простор ама моите нема да ги пуштат внатре.
    Ходникот е широк околу метар и пол до кај 2 најмногу. Башка ако ме начекаат на сред полагање или предавање сигурно дека со нив ќе се замарам.
     
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски

    И јас кажувам точни информации, не измислувам ништо.

    Штета, што "нашите" ќе си ги извадат очите меѓусебе за ситна пара, е после чорба... па чорба.
     
  7. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Ќе дојдат друг ден ако не можете, само кажете им во кое време сте, тие ќе си запишат.

    И ова за сите, не мора да сте сите присутни дома, доволно е само еден член од домаќинството да ги има податоците. Пример: Мајка, татко, 2 деца, доволно е само 1 полнолетен член, другите бркајте си работа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Моите воопшто не планираат да се попишуваат. Ни дома ни пред двор. Јас не можам да влијаам на тоа.
     
    На WildMk и Kanya им се допаѓа ова.
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Свесни и совесни луѓе.
     
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Едно прашање, што мислиш дека ќе постигнеш ако не учествуваш во пописот. Од една страна, албанцине агитираат на секаде што повеќе да се попишат, ама не, ние вечно поделени на ВМРО, СДСМ ќе глумиме лудило за се. Еднаш за нешто да се соединиме вака. Има една убава поговорка, двајца се караат, третиот користи. Политиката на ВМРО за бојкот е еквивалентна на политиката за референдумот. Не отидовте да заокружите и пак ви го тртнаа. Така и со ова ќе ви го тртнат, и на крај сите македонци губиме. А зошто? Зошто сите се забегани и поделени.
     
    На ForeverYoung, Pixi5, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Напоменав дека секоја градба ќе се попишува, а вое рековте ќе бидете во викендица, е таму ќе ве попишат, (ако ве најдат) не им бегате хахаха.

    Каде е мислењето баш сакам да го прочитам?

    И кој се тие ваши и наши? Зошто ги делите на партии? Зарем членовите на одредена политичка партија не се луѓе? Зарем само вашата политичка партија е во право?

    Според мене во Македонија, партиите имаат супер агенда, ве разделија партиски, а тие лева рака десен џеб, па си се менуваат на одреден временски период. Народот се искара до раскол во најблиска фамилија, да не зборувам за поширока.
    А што добивте повеќето?

    Работни места, на не толку добри позиции(зборувам за мнозинството), и секои следни избори стрес да не ве избркаат/заменат на полошо место подалеку од дома и да не набројувам други варијанти сега. Плус останавте без најблиска фамилија.
    Луѓе па тие не ви дадоа живот, ни Заев, Груевски, Мицковски, Црвенковски.... не се божества не ќе ви го земат животот. Во одреден момент сте имале исти ставови и идеи пр. Носење странски инвестиции и вработувања, супер. Сте станале член и после 100 маки некако сте се вработиле, супер ве поддржувам иако јас не го бирам тој начин. Ама кога прават глупости, а се што прават е глупост и грешка не казнувате. Кај вас е гласот, вие ги избирате, украде пари, затвори 10 000раб места, чао тути. Ама, заборавив дека вие мора да сте за нив. Не смее да се гласа за другата партија, било која. Тоа е рамно на смртен грев. Т.е. е смртен грев, предавник, од една во друга партија (сарказам).

    ЈБГ заборавам дека е Македонија, а Албанците, си имаат они национална свест и не се криви, овие "нашите" се криви и тоа сите.
     
    На Pixi5, WildMk и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  12. blackhorse20

    blackhorse20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    107
    Ако сакаат да испаднат Албанците доминантни, и со регуларно одржан попис ќе го направат тоа. Кој ќе знае таму што ќе се случува кога ќе обработуваат податоци. Избриши, 2ката, пиши 30 дека се и готова работа. Кој ќе провери од нас?
    Језда не е туку така ама ако сакаат да мамат, нема никој да ги спречи.
     
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    И тогаш зошто има болка да се попишеш? Времето од 15 минути да не ти го украде. Наместо да дремеш на форум, фино лепо ќе се попишеш. Целосно индолентно однесување и инфантилност. Нема поента, навистина нема. Ако решиле газот на шпони да продаваат и со него и без него ќе го дадат. Ама попис мора да има. Мислам која држава нема? Се ние леви за нешто.
     
    На princess5, christinnn и Kanya им се допаѓа ова.
  14. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Јас сама ништо не можам да сторам. Никој и ништо не сум, нит пак некој фактор.

    Со легитимирање на попис скроен по фалична методологија, кој единствен во свет брои дијаспора, легитимираме озаконување на дисторзирана слика на населението во државата, во никој случај не може да има позитивни ефекти во развојот на државата.

    Пописот треба да се ПРЕКИНЕ од две причини :
    1. ЗДРАВСТВЕНИ (како и во најголем дел во Европа)
    2. ПОПИСНИОТ ЗАКОН, односно методологијата и начинот на спроведување. Да се донесе нов закон, со методологија според Еуростат, со фингерпринт, без попис на дијаспората.

    Ако добар дел од македонците не се попишат, ништо од цел овој циркус.
    Слично нешто како што направија албанците пред 10 години, и ниту закани имаше за нив, ниту казни.

    Нека се одложи за некое подобро време,
    Нека се смени законот за попис, да биде како што треба, по сите стандарди, па колки сме-толку сме..

    Без финти, дубари, договори на проценти и сл.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Не ти е тебе ради пандемија, ама нејсе.
     
    На Bratot, Pixi5, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Истото го пишав неколку страни поназат со други зборови, ама за мнозинство Македонци да не го слушаат лидерот на политичката партија е смртен грев и ќе горат во пеколот во 9ти круг заедно со Луцифер.
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Твоја перцепција
     
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    попис треба да има, но сега бе? со 1300 заболени на ден?

    Еве на пример ние сите дома сме заразени и треба да отварам на попишувачи?

    факт е дека не е право време. нека се намалат бројките, да се вакцинира бар 50% од населението, да е постабилно малку и во ред, у најголем пик на пандемија е страшно и само покажува дека кур ги боли властиве за народот.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kanya

    Kanya Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Кога ќе то дојде попишувачот, кажи му 100 матични измислени, па ќе ти каже дека не е валиден. Пописот не може да се намести преку платформата 100%, можат да го наместат тие "нашите" и "вашите".
    Оставете порака дека сте заболени, кога ќе оздравите ќе ве посетат/повикаат, не се грижете. Ако не сакате на врата имате број/контакт со некој од соседите. А соседите ваши 100% сум сигурна дека знаат дека сте заболени ако веќе сте.
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Мојата перцепција е што да не излезеа ВМРО со став, ќе ќутевте и ќе се попишевте. Во случајов ќе си ја обавам должноста како академски граѓанин. Еве нека се попише и дијаспората, што ќутат патриотите од Острелија. Носи маица со краци, кога треба нешто да придонесе, го нема. Самите се ништиме, не ни требаат надворешни фактори, ниту пак трети лица. Во крвта ние да се предаваме и да одиме контра на сами себе. Е од тоа си патиме. Од несоединување.
     
    На Pixi5, deskarada, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.