За попишувачи пријавени повеќето бевме 20-30 годишни. Дека ќе се вакцинирам на оваа возраст, притоа да заземам место на некој кој има многу поголема потреба од вакцина, мало морген.
Ммммммммм, сакам! Со Астра Зенека со рок на траење до утре, денес да се вакцинирам! Јас ќе се вакцинирам само ако е Спутник или кинеска. Друго не турам у тело. И сега да беше услов да си вакциниран - ќе откажев. Ем поради тоа шо сметам дека други имаат приоритети да бидат заштитени.
Се согласувам целосно со одложувањето, добро што им текна. И тие 2 мозочни клетки што ги имаа нашите политичари ги искористија овој пат правилно во корист на народот. Да се надеваме дека до септември се ќе биде во ред, пандемијата дајбоже целосно ако не и делумно да исчезне и да се вратиме во нормала. Во однос на вакцините никој не смее никого на сила да го обврзува да се вакцинира. Ако веќе мора, потребно е да има избор кој која вакцина сака да ја прими. А во однос на попишувачите и пописот во Септември, за жал Македонина има над 20% невработено активно население, а ако пандемијата е очигледно намалена можно е да влезат и од државна администрација како и во предходните пописи. Што значи попишувачи секогаш ќе има.
Конечно една светла точка. За огромно неверување, најчовечки, најнеочекувано и најдемократски "лидериве" за првпат ја погодија. И тоа саглам! Од тие пари и алчност си патиме, ама денес изгледа победи човечноста. П.С. Од друга страна, никој НЕ СМЕЕ да се дрзне некого да условува, особено кога е во прашање сопственото здравје! Прво, колку дрско звучи она "да се вакцинираат попишувачите", wait, што се попишувачите? Стока? Збориме за луѓе - нечии деца, сопруги, сопрузи, татковци, мајки... Крајно некултурно! Второ, ќе ги исплашат ако ги условуваат "или вакцина или ќе си седиш дома"?! Бре, мајката, што збориш? За сопственото здравје сама ќе си одлучувам, а вакцина тогаш кога ќе сметам дека е вистински момент и ако така сметам!
Дали добро разбрав? Попис ќе спроведуваат само вакцинирани попишувачи а оние кои нема да сакаат да се вакцинираат нема да спроведуваат попис?
@WildMk @Bratot @JuLleE @monibejbi @Ahoy На апарати Аууу, што ви се случи денес луѓе? Колку казна ќе платам за непопишување во Април?
Мислам рекоа ќе имало конкурс и да се вакцинирани ... е сега што со тие што веќе биле одбрани некажаа на Тв...може тие си имаат инфо...
Станавме сабајле рано, кафе, доручек, па обврски, работа едно друго, тренинг, после ручек, па чил тајм, на форум пример, после пак кафе, па вечера и така... вие добри? На апарати не сме, за тоа сме благодарни, фала Богу. И не досаѓај без врска, фала. Никаде не се изјаснив дека поддржувам попис сега.
А ти шо опинаш олку си од страна на ВМРО или? Тој стопанот не го откажа пописо само го одложи, нешто во смисла демек еве дејстував некако, ама затоа после тивко ќе се скрие. А вие лека полека ќе си се попишете или ќе си попиете казна. Не знам шо се радуваш, кога пописот треба во секоја земја да се помини.
Абе колку сте ... да не речам шо... то чудо едно. Ако има попис и ако одбиеш да се попишеш, законот вика ќе те репнат казна. То што е одложен пописот, не значи дека ќе ви дозволат да не се попишете. Или цел муабет ви е само за инает?
1. Dali za vreme na popis postoi opcijata gragjaninot sam da odi da se popishe vo instituciite, ili e zadolzhitelno da dochekuva nepoznati doma? 2. Neli e popisot vo digitalno doba zaostanata praksa, drzhavata da sobira lichni podatoci preku lugje koi odat od vrata na vrata? Isto kako vo tursko.
Пописот е одложен за во месец септември, така да ништо посебно не се случи и не е укинат шо е најбитно, а за плаќање на казна ако продолжиш да изиграваш вака дворски шут и тогаш пак ќе платиш казна.
Ако не се одржи оваа година пописот рачунајте следен 2030-2031 би бил. Не е случајно баш 2021ва избрана. Што мислите зошто пописот кој беше откажан во 2011 не се одржа 2013та на пример?
Pa i vo samiot dokument pisuvashe taka, demek da ima edinica napred, iako bi trebalo na sekoj 10 god..
1. Само ако има оправдана причина. Пример: болни лица, лица кои не знаат одреден јазик, заразени лица со ковид 19, лица кои зборуваат на знаковен јазик и сл. Или пак ако не ве затекнале дома од почетокот до крајот на пописот. Сите предходно набројани се попишуваат по истекот на пописот во закажано време или откако ќе оздрават, само и само доколку во немаат семејство/ нема кој да даде валидни и точни податоци за нив. 2. Иако е дигитална ера, пописот во МКД за 2021 беше/е планирано да се спроведува со комбиниран модел и електронски. Ако прашањето ви беше зошто вие сами не се самопопишувате електронски тоа е така заради следниве причини: - Постојат над 200 000 пензионери кои во најголемиот процент не знаат да користат современа технологија/ и да имаат помош не смеат одговорите да бидат пристрасни, затоа ви доаѓаат непознати лица - Постојат над 100 000 семејства кои немаат воопшто или пак имаат слаба технолохија која не овозможува пристап до платформата - Истотака голем е и бројот на семејства кои немаат или пак имаат слаб приклучок на електрична енергија и интернет И многу други фактори и примери. Како овие лица ќе се самопопишат? Веќе напоменав дека лицата што доаѓаат да ве попишат се непознати за да нема пристрасност во поставувањето и одговарањето на прашањата. Што значи реалноста и ситуацијата на терен е сосем различна од онаа што ја знаете во вашето опкружување. И да дозволат да се самопопишува населението во мкд, голем број ќе се откажат или ќе одговорат погрешно, затоа што не се само вообичаени прашања од тип, име презиме, националност, религија и сл. Има и други покомплексни прашања. Ако не верувате, добар дел од дијаспората не го довршија самопопишувањето или наидоа на проблем. Затоа имаше обуки за државните и реонските инструктори како и за попишувачите. Иако за последните не се завршија до крај.
1. Во 2011 таа опција мислам важеше само ако не ве затекнале попишувачите дома. 2. Да, ама вака има посебен шмек, особено за попишувачите ако ги послужат со кафе, локум, торти разни и кисела вода. Е сега се случуваат и забуни, ѕвонат на врата отвораш и ти вели: „Госпожа хеланки три за петсто„ - „Да. повелете лична карта, синот е у Швајцарија...„
Да, се случи. Заев доби шут карта. Еден добар професорски, џентлменски, државнички шамар. ВМРО-ДПМНЕ се врати на голема врата. Се што им беше побарано го добија. Тоа само ти ја покажува моменталната слабост на Муртинецов и власта која е пред паѓање. Пред неколку месеци Заев и Пендаровски не ни помислуваа да ги викаат на средби претставниците од ВМРО, а пред неколку дена коленичеа пред нив. Ауфидерзен...