Да,да но обуката ќе се одвива тој период од 27 или 28 август не сум сигурен како кажаа и трае 3 дена а пописот си почнува од 5 септември.
Девојки, другарка ми се пријави за попис но таа до 31ви август ќе е вработена. Дали треба да е невработена кога ќе се спроведува пописот или треба да си невработен и кога се пријавуваш за пописот?
Од колку до колку часот се работи како попишувачи знае некој?И дали ќе се попишува и сабота и недела?
Објавен ли е некаде списокот со примени теренски попишувачи, поминаа 3 дена уште немам ништо видено ?
Кад је бал, нек је маскенбал... Граѓаните бараат локдаун за градовите во западна Македонија а лудациве од влада попис ќе си тераат. Со среќа нека им е на попишувачите во Гостивар, Тетово, Кичево, Зајас, Дебар.... ќе им треба многу среќа ЛУДАЦИ ЦРПНАТИ!!
Нели гледаш како никаде не се почитуваат протоколите народот не се замара со корона си тера како сака а ти велиш народот бара локдаун. Народот не бара локдаун народот си бара нормален живот. Искрено не гледам причина зошто не би бил одржан попис кога има соодветни протоколи донесени од нашите здравствени работници. Сигурно знаат нешто подобро за разлика од тебе. Ќе се попишам за доброто на државата, за доброто на сите. Отвори врата и ти попиши се сигурно е, Безбедно е.
What, what...!? Прво, пошто ми ја ограничуваат со сертификат слободата на движење, едвај чекам да им побарам сертификат на попишувачите( кои добар дел не се вакцинирани) кога ќе ми дојдат за попис... Некст.. 1. Прв пат во 30 години се донесе Закон без Методологија за попис. Методологија ја донесе Апостол, место Собрание 2. Закон за попис се носи една ипол год. пред попис, овие донесоа на 2 месеци пред попис. 3. Заменик-директор има право на вето на резултатите то ест ДУИ... Ако не му се свиЏа резултатот де.. 4. Конференцијата на европски статистичари никаде не предвидува попис на дијаспора за да нема двојно попишување 5. Може да се попишуваат лица без приложување документ, со усно кажување ембг 6. Отсутните лица може да ги попише нивно најблиско лице (не се знае кое) НЕ ФАЛА НА ОДНАПРЕД НАМЕСТЕН ПОПИС, ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА И ПО 20+ ПОЧИНАТИ НА ДЕН!!
Слободата на движење е ограничена поради не почитување на мерките кои беа до сега донесени од стручната фела, да беше почитувана немаше сега да бидат воведени дополнителни рестриктивни мерки. Што значи ако сега за време на пописот се почитуваат овие протоколи ќе бидеме максимално сите заштитени. Незнам со кое право ти ќе им бараш на пошишувачите да се вакцинирани кога стручната фела има мислење дека нема опасност ни за едната ни за другата страна кога тебе не ти се бара сертификат за места каде што влегува едно лице туку за повеќе. 1. Таа методологија не падна од небо и не ја донесе Апостол, туку стручната фела од таа област. 2. Тоа за година и пол е предлог како е најдобро да се донесе таков закон, но не прави разлика доколку е добро подготвен и координиран како што е нашиот. Исто така нашата држава нема попис 20 години што значи дека попис ни е потребен час поскоро и немаме време за одложување. 3. Заменикот има право на вето и треба да го има исто како што има и претседателот истото право доколку му се бендисува на потпретседателот а не е правилен. Наместо да сметаме дека со тоа ќе излезе точен попис кој го гарантираат и малцинските групи ние сметаме како некој сака да направи фалсификуван попис за да фаворизира одредена група. 4. Апсолутно неточно, за ова нема правило. Но со оглед колку народ е замина од државата во Времето на ДПМНЕ вашиот партнер на левица тоа е добар начин. 5. Да може само со кажување на ЕМБГ бидејќи податоците се вкрстуваат веднаш со базата на податоци и не постои шанса за манипулација. 6. Одговорот е ист како и на претходната точка под број 5. Ќе се попишам за доброто на државата, за доброто на сите. Отвори врата и ти попиши се безбедно е, сигурно е.
Ок е владино ботче, се разбравме... Подигни си го хонорарот.... "Отвори врата и ти попиши се безбедно е, сигурно е." " ВаЉда није могуче сите да сте IQ33!?
Пописот е безбеден ако не го пуштиш попишувачот дома, туку се попишеш на врата и ти и тој да сте со маска и да има дистанца меѓу вас.
@Ева33, ниту јас нема да се попишам. Ни за јота не го променив ставот од пред неколку месеци. Можеби ќе бидам надвор од границите во тој период. Мало морген дека сите ќе и играат на хунтата како ќе и тушне.
Не се попишувајте па после ќе излеземе малцинство и да не ве слушнам да ми кукате кога ќе треба Албански да учите за да можете да се разберете во институција, продавница и тн. ( Јас немам проблем, напротив за мене секој јазик е богатство) ама вие што сте против хунтата мислете му ја.