Се надевам дека без разлика дали сте за попис или против попис дека ќе се попишете. За да не излезе повторно да ве изиграат како за името. Сите малцинства да се попишат а нас никаде да не нема. Без разлика дали ќе го признаеме пописот да се потрудиме сите да не има во него, посебно оние што се надвор од земјата.
Се знае како се прави попис. Се попишува резидентно население, а не некои што живеат по 10-15 години во странство. Таков попис ниту една држава на прави. Ова што сака СДСМ и Заев да го спроведат е чист криминал. Плус, многу европски земји го одложија пописот поради пандемијата.
Европските земји имаат попис редовно, а не ко нас - еднаш у 100 години. Само вие слушајте го ВМРО, тие се навикнати да фрлаат пари у ветер, како оној неспроведениот попис и изгубени пари за кој никој не одговара. 8 милиони еуричи чини пописот, а процесите и подготовките одама веќе почнаа. Богати сме ние, ајде пак да пропаднат.
Ние плаќаме 20г. "вработени" поради рамковниот договор, сега ова е ништо. Со бројките кои ги имаат договорено ќе имаме поголема штета отколку да пропадне пописот. Во сите држави има позиција и опозиција каде и двете го гледаат најдоброто за државата. Само кај нас и двете страни прават се на штета на државата, само да ја зачуваат фотељата. Како што тргнало од многу демократија за некоја година нема да имаме држава. И да, нема да ни се виновни ни сдс ни дпмне, туку самите ние кои гледаме се и си траеме.
Јас сум за попис. Но, се плашам од вирусов се допазив до сега и не сакам да ризикувам, дали ќе има и какви протоколи за пописов се знае нешто?
Попис изгледа ќе има зашто слушам и оние од вмро повикуваат на масовност во случај да се одржи, за да не фигурирале во резултатите помалку Македонци од реалната бројка. Кооперативност на најако пуштена. Јас не сакам во доба на заразна болест да пречекувам луѓе дома. Ќе се попишам само ако е предвидена казна, зашто ни денар вишок не планирам да и дадам на државава, а ако е без последици, може лесно да нема никој дома.
Е тука едно не ми е јасно само: На 20.02.2021 вмро почна со собирање потписи за поништување на законот за попис на населението, кој сдс го донесе со злоупотреба на европското знаменце. Денес Мицкоски вели "Ја повикуваме дијаспората масовно да се пријави на он-лајн апликацијата!" И сега, кој за што е? А парична казна не може да има, освен ако скришно лудациве не направиле некои измени во законот.
Во рамки на дозволеното од ембаси - вмро, кога сдсм е на власт, едвај чекаат нови фабрикувани резултати од пописи, нови територијални поделби и сл. распродажби, за да соберат поени кај гласачите.
Уште не започнат пописот, веднаш наидува на турбуленции,местенки и сл. Дали ова значи дека тие што ги имаат МБ и инфо за македонска адреса на лична карта и пасош можат да убацат илјадници луѓе!? Што ако некој има еден куп копии од сите членови (роднини, блиско семејство) Изводи од Матична Книга на Родените и Умрените? Смешки живи.. Дали ова значи и тој што е жител на МК слободно може онлајн да се самопопише како иселеник во дијаспора? Системот за попис нема никаква заштита и контрола! Знаете дека бугарска ИТ компанија го уредува цел сајт и платформа за пописот?!
Омг Нека застане возот да се симнам им пробија изборни резултати, купувам домашно не се отвараше два дена, ваксајнс.мк, сега и ова. Па уште кога ќе ми текне и на онаа апликација за заразени во близина, како ли беше. Изгледа информатиката не им е јака страна. Туку, сериозно ќе си ги оставате личните податоци вака на несигурни страни, апликации. Воопшто не им верувам.
Истово ми го рекоа и други постари/хронично болни луѓе кои не одбиваат попис ама од дома не излегле од лани ова време зашто се плашат од короната и никого не примаат дома од тогаш.
„– Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 49 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијата – вели Симовски.“ Извор: https://plusinfo.mk/simovski-tri-godini-zatvor-za-ono-shto-e-se-popishe-kako-da-e-vo-stranstvo/
Изгорев дома да ми дојдат луѓе кои претходно го свртеле цел град, со маските под муцка, да ми исфрлат плунка насекаде и да си заминат. Врие пак државава, бројкиве почнаа вртоглаво да растат, ние организираме настан што може уште толку да не турне во бездна. Наместо да ја намалиме стапката на смртност во која вртоглаво водиме, ние упорно со главата во ѕид ради политика. Основно човечко право на безбедност е нарушено, па уште фрчат закани за казни и затвор ако не правиш како што ќе ти кажат. Ако дојдат пред врата со 2 маски, визир, ракавици ајде, ама да ми дојде некој со искината маска под муцка стварно нема да го пуштам.
Исто и јас не би примила. Нека ми каже што податоци му треба, ќе му испринтам ќе му потпишам со цела морална и правна одговорност и ајт нека внесува после во тоа компјутерот. Да ми седи дома нема теорија!! Стварно зашто не нпарават пристап до еден формулар, ќе си испринтаме, ќе оставиме доле во сандаче, нека си земе и ајт. И за него полесно и за нас посигурно.
Ќе постелиш чаршав на креветот каде што ќе седат, ќе отвориш прозори за да дува промаја, ќе ги натераш да соблечат чевли пред врата, ќе им дадеш влечки за низ дома. И нема да ги пушташ без асолно наместени маски. Чаршафот ќе го испериш, влечките и масата ќе ги дезинфицираш. Voila.