Зошто е избришан постот од модератор дека девојкава е малцинство и никој ништо не и може? Јас пратив скринови у ДЗС и бараат линк. Молам да ми вратите мои постови. Нејзините нека ги нема.
Специјални единици да не кршат врата? Само глупости да се пишувало, нафта пијат луѓево по форумот па многу ќе се преплашат. Не сум должна нив да ги чекам, нема да сум дома. Па макар и 10 пати дошле, не сум дома. И? Ако е опасно невакциниран да пие кафе на отворено, опасно е и да ми влегуваат по дома којзнае какви типови што оделе од куќа на куќа со денови.
Еве како реонски попишувач што почнува од утре да искоментирам нешто. Вакциниран сум со две дози од кои втората е примена на 24 јули. Се пријавив чисто да земам денар плус бидејќи сум студент и немам испити во оваа сесија па зошто да не? Обично попишувачите во 80% се млади луѓе што се пријавиле за да земат некој денар плус, од ДЗС е кажано дека ќе инсистираме попишувањето да биде во двор/тераса доколку е можно а доколку не е имаме калчинки за обувките кога влегуваме во нечиј дом и според протоколот се носи КН95 маска , дистанца од минимум 2 метри и задолжително во просторија која има прозори кои треба да бидат отворени за време на попишувањето. Мислите па на нас многу ни е мило дома да ви влегуваме во сред пандемија , да се расправаме со секакви луѓе или пак во најлош случај да молиме некого? Во апликацијата си има поле забелешки и да штиклираш во случаи кога тој објект не е попишан (во кои спаѓа и одбиен попис). Откако ќе го направиме тоа понатаму си бркаат инструкторите заедно со надлежни од ДЗС. Не гледам апсолутно една причина зошто би одбиле да бидете попишани.
Баш сега кога дојде време за пописот да си искоментираме,да си споделиме мислење, совет, не можеме зашто имаме тужибабиииииии
mene me interesira ..nie sto sme sega nadvor od mk anemame tugo drzavjanstvo samo makedonsko ..kako ke ne popisaat ili treba da se vrakam
stom ke popisuvas .. nie sto sme nadvor od mk a osven mk pasos drug nemame ..so so nas?.. da se vrakame li treba?
Не, во вашето домаќинство т.е куќа ако има друго полнолетно лице (мајка/татко) ќе ве попише со вашите матични броеви.
So ako se pisam nacionalno bugarin Drzavanstvo bg i mk Dali gubam prava vo mk Ili dokaz e drzavanstvoto??
Која агенда? Единствена агенда која ќе ја исполните ако не се попишете е таа на албанците. Не ви требаат други од страна да ве уништат, сами ќе се уништите и ќе станете малцинство во сопствената држава Ама... ок. Терајте вие високи политики
Кога знаеш дека утакмицата е наместена, по тебе најдобро е да излезеш да играш иако знаеш дека ќе изгубиш во секој случај?
Епа тогаш повикот на бојкот е погрешен! Видовме со бојкот аир за другото па сега и за попис. Всушност колку повеќе "непишани" толку поголеми шанси за манипулирање со бројки имаат ама на кој да му текне ... Посебно кога може да си се напишеме тоа што сме односно МАКЕДОНЦИ а не граѓани на нешто ,тогаш дефинитивно мора да се попишеме ! И плус колку повеќе пишани Македонци толку појасно ќе им биде дека северна никој не ја сака .
Кај нас вчера дојде попишувач. Млад дечко, се претстави, праша дали имаме малку слободно време да се изврши попис. Ние немаме двор во зградата, терасата зафатена беше, самиот предложи да стои пред врата со компјутерот во раце. Побара матични броеви, јас своеволно му дадов лични карти да си препише. Имаше општи прашања за зградата и за станот, брачна состојба, кога последно сме се преселувале од еден град во друг, дали сме живееле во странство и сл. За образование и работен статус податоците беа превземени од МВР, само праша за потврда. За државјанство опциите беа дали имаме само на РСМ или РСМ и друга држава. Етничка и религиозна припадност, мајчин јазик самиот се изјаснуваш. За етничка припадност македонец стоеше, а не граѓанин на РСМ. Пред да ми ги врати личните карти, ги испрска со дезинфекционо средство. Се вкупно 5 минути траеше. Јас здравствено загрозена од него не се осетив. Повеќе страв ми е во Кам на каса кога чекам, него од дечково што на 2 метри стоеше од мене со соодветно ставена КН95 маска. П. С. Политики не ме интересираат.
Ни падна системот од сабајле , кочеше све живо и диво и не можевме да работиме на раат. Паузиравме па се опраи и еве сега пак падна и сеа ќе чекаме да видиме што ќе направат и дали ќе продолжиме денеска. Срамота е пред луѓето ги држиш во двор 1 саат пошто ти вади порака сервер ерор на секои 3 минути.