Не сте вие виновни, ама чудно ќе беше една работа на интернет да направеа како што треба, без паѓање. Колку се само неписмени... Од купувам домашно, до првиот обид за попис. Жива катастрофа се.
Ништо не правиме вака, можеби 45 мин му седев на луѓето у двор и чекав да се оправи системот но ништо. Среќа што ми се соседи иначе преку глава ќе им дојдев Јас за денеска немам намера да излезам на терен више.
Еве сега кажаа на вести дека проблемот бил надминат ама чисто сумњнам и не ми се излегува пак без друг да ми потврди хахаха.
Кај нас попишувачот пред зграда на столче и масичка си седи, ништо ризично. Му кажав инфо за фамилијата, не бевме во никаков директен контакт, на растојание, со маски.
Од планина ли сте бе луѓе? Каков примитивизам не сакале да се попишат... Што ке постигнете, зошто не сакате да се попишете? Немој само да се вадите на епидемијата. На работа не сте во ризик, на веселби, собиранки, кафани, одмори, маркети, ама 5, 10мин ако поседите со некој заштитени и на дистанца сте, е тогаш ке се заразите сигурно. Бог да чува сте. А да, ако одбиеш да се попишеш ти поднесуваат прекршочна пријава и казната е 300 евра.
Јас седам под кирија, личната и документите ми се уште кај моите. Да им отворам тука кога ќе дојдат, или можат моите да ме попишат?
Што ви се врти во тоа главата, ни вие не знаете. Пази да не им го накршиш, нека ти лупнат казна, па ставај после смајлиња со цвикери.
Ќе ставам, ти ич да не се секираш Аман на форумов врие од особи кои не прифаќаат туѓо мислење ,ај олабавете малку, без нервози.
Ќе сносиш правни последеци тогаш. Ти како граѓанин на Р.С.М ги уживаш сите права воедно и обврски а твоја законска обврска е да се попишеш. Да сум на функција на тебе и на тие како тебе што не ја исполнуваат својата законска обврска би им ги одзела и правата па нека се мислат за даље.