Дали треба некаде да пријавам дека во моментов не сме со живеалиште на адресата која ја имаме на л.к.? Или...како да се попишеме?
@Erina98 А ти што мислиш? Дека реални бројки од пописот што ќе се добијат ќе ги презентираат пред граѓаните? Пак ќе си ги наместат по нивно да бидат. Заев мора да го испорача она што им го ветил на оние од Мала Речица, инаку ќе ја изгуби власта. Затоа и се брза работата да се заврши што поскоро.
Ова е статистичка операција и бројките ќе бидат реално прикажани. Заев, Мала Речица едно те исто сите Вмровци и послушници на десниот Апашиев. Ова е статистичка операција а не политичка. Имајќи во предвид колку сме од Албанска националност несомнено е дека ќе излеземе повеќе од минатиот попис но тоа не значи дека е местено. Ќе земам само еден пример МАКЕДНОСКО СЕМЕЈСТВО 1 ДЕТЕ. АЛБАНСКО СЕМЕЈСТВО( РУРАЛНА СРЕДИНА) 4 ДЕЦА сега ти сметај сама.
Ние сме исти случај. Ни кажаа дека ако дојдат да те попишат а не живееш таму (а тие незнаат, нели), оставале лист со нивни тел број за да се јавиш кога би дошол на таа адреса. Ангажирај некој од бившите комшии да ѕирка дали има закачено лифче.
Прво ниту ги поддржувам ВМРО, а уште помалку Апасиев. Во Македонија се е наместено. Од обичен тендер па се до вакви крупни работи. И тоа нема врска со тоа кој е моментално на власт. Сите се иста приказна. Па никаде не кажав дека нема да испаднете повеќе од претходниот попис, а ќе наместат да бидат повеќе од 30 % затоа што тоа е ветено и мора да го испорача Заев.
Ќе се попишеш на местото каде што си живееш моментално. Јас и сопругот имаме различни адреси на лична карта и живееме на сосема трета адреса. Се попишавме таму каде што си живееме сега.
Кого и што подржувач се гледа по твоите коментари секое друго твое кажување е излишно. Сигурно сме 30% ако не и нешто плус барем според мене но да оставиме пописот да покаже.
Значи ако некој се сомнева во моменталната власт, по автоматизам на нештата е за опозицијата? Можев и јас за тебе да кажам дека си приврзаник и поддржувач на ДУИ, ама ниту е тоа моја работа ниту пак се мешам во тоа. Ако ги гледаме реалните резултати кои ќе се добијат на пописот нема шанси да сте повеќе од 30%. Со овие фингираните може и повеќе да излезете.
Ако е ова само статистичка операција, зошто тогаш Албанците и албанските партии го бојкотираа пописот во 2011 год, м? Дека Албанците беа околу 17% колку што реално сте домицилни овде. Тие приказни од 25% па семејство со 4 деца кажувајте ги во Мала Речица. Затоа некои луѓе повикуваат на бојкот, бидејќи со Заев како што се раздаде се национално спремен е да лажира и бројки на попис. Да не бидам погрешно разбрана не поддржувам бојкот, јас лично ќе се попишам, бидејќи пописот е должност а не право.
Мислам дека сме околку 32% но ајде да не шпекулираме се додека не излезат резулати од пописот, бидејќи некои како тебе само тоа сакаат да го слушнат за да почнат анти кампања за пописот.
Абе какви 32%, на попис можи и 50% да излезите. Ќе се чекал пописот да се видело Како можи тој точен ќе биди, а пред време се знае се. Не бевте ни 25%, ама магично излеговте толку. Ајде на форум да не се правиме како од Марс паднати сега, сите сме свесни и знаеме шо се случува, па уште и силење многу.
Зошто мислиш дека водам анти кампања против пописот? Едноставно не верувам во процесот и тоа е сосема легитимно. Како што ти не веруваш дека не ја поддржувам опозицијата, така и јас имам право да не верувам во процесот. И за тоа имам сосема доволен број на аргументи, за да го одбранам своето мислење.
Те чекав да ме цитираш. Како бе да имаме доверба, ти гледаш дека се' е местено, однапред планирано, искеширано, се' е криминал, нема правда, нема демократија? Кај живееш, во кој фантастичен свет? Државата не е на ова дереџе од таквите како мене.