Имаше на времето еден виц во Остен: “Не можиш ти толку малку да ме платиш, колку што можам јас малку да работам“
Системот ќе го окриват, а реалноста е дека не можат да си направат 30% на Албанците. Минатиот пат со авиони идеа и автобуси и кога видоа дека не се ни 20% прекинаа без јака причина.
Оти сте толку сигурни дека се оди кон бројката 30%? Од кај е излезена оваа претпоставка? Премногу е специфична, за да биде случајна.
Знам дека се оди на работа , ама мислев попишувачиве заради ситуацијава во моментов, ќе продолжат по 3 дена.
Сега не ги гледаш авионите и автобусите со Албанци што брзаат да се попишат?? Од тоа брзање и таа бројка на чоца сигурно паднал системот,неможе да поднесе толкав бран
Па, може секако ама јас ги попишувам само луѓето што моментално се во куќата и не се во странство. За странците може и преку апликација да се попишаат. Инаку јас сум во комшии, па така да ги знам луѓето и сите постари луге ми беа
Ќе може некој/а да ми објасни зошто некои луѓе одбиваат да се потпишат? Не сум за попис, ама не сум ни против бидејќи не ја разбирам воопшто политиката. Или не е политиката вмешана во ова? Читав од луѓе на фб дека не сакале да прифатат дека се граѓани на Северна Македонија. Останатите ми велат дека не сакале затоа што мислат дека ќе се злоупотреби се ова. На кој начин би се злоупотребил пописот? Зошто одбивате да се потпишете или обратно зошто би се потпишале во денешно време кога на некои не им дозволуваат да влезат во кафич и др. места? Дали единствената причина поради која би се потпишале е затоа што така мора?
Затоа што се знае дека пописот го местат компанија. Е сега ако пишам тука поради кои причини го местат ќе јадам бан. Ама не е можно да не знаете зошто се мести пописот, ама после пописот на многу ќе им стане јасно.
Навистина појма немам. Дали е поради тоа што сакаат да има голем процент на Албанско население? Целта е голема Албанија?