Кинески сој, британски сој, тие не можат едни вакцини да нарачаат не пак да разграничат нешто. Еден совет: Престанете да се гледате тв и да читате глупости поврзани со вирусот, и онака медиумите оружје за сеење страв и контрола. Вирусот е тука и не оди нигде и мора да живееме со него. И да беше толку страшен политичарите први ќе се скриеа во некои дупки за да се спасат. Што се однесува до пописот и другите случувања во државата пилотот одамна го напуштил авионот: so buckle up its gonna be a bumpy ride.
Mi pustija poraka za v petok da pojdam. Jas sum bo 10h chasot, a drugar mi vo 12. Ne znam so da se spremam, so testiranje bi bilo.. ima nekoj ideja?
Блиска моја пријателка утре е на тестирање. Ако сакате ќе ја прашам како поминала на тестирање, и што се се барало на тестирањето.
На нет пишува проверка на познавање на општи работи од статистиката и проверка на познавање на работа со компјутер. Ова го најдов на веб страната на општина Прилеп иако не сум од таму. @Ева33 може и мене да ми пишеш.
Опасност има од секој вирус не само од овој. Сега во зависност од состојбата на организамот за некој е опасен за друг не е. И целата фама и хистерија предизвикана со тоа колку мртви и заразени има секој ден е само за да се заплаши населението. Дали некои води евиденција колку здрави луѓе кои чекале за операција, преглед или било каков друг третман, умреле во овој период што трае вирусот и поради тој вирус тие биле оставени на страна на милост и не милост? Дали некој ќе сноси одговорност за тоа? Кој ќе им ги покрие кредитите на тие кои останаа без работа, кој ќе им однесе храна и кој ќе ги облече нивните деца? Колку самоубиства се случиле поради тоа? Ова е најголемата превара во историјата на човештвото. Додека едни дојдоа до питачки стап, други станаа уште побогати. Извинете на долгиот пост, ама револтот си го прави своето. Лонг стори шорт: Сакате да пуштите некој дома пуштете, ако не сакате никој не може да ве натера. Чувајте се и правете тоа што мислите дека е најдобро за вас и вашите најблиски.
Немам намера при здрав разум да дозволам некој да ме зафркава. Ако може полициски час да има и да ме тера некој да носам маска кај што нема жив човек, тогаш може и пописот да се одложи. Ама не смее да се одложи оти црпнатиот треба да го испорача ветеното. Ќе видите дека овој попис ќе биде на штета на македонското население, слушајте ми збор. 20 години немаше попис а сега во најголем ек на пандемија им текна дека мора да има. Работата е да се прогура во матното, на сличен начин како што и дојдоа на власт. Не знам само со која смелост попишувачите се пријавуваат да влегуваат кај секого. И да е за пари, ми потребале ако си го ризикувам здравјето.
Со соодветна заштита (ракавици, маска, визир, дезинфекција) - не е страшно. Плус, сигурен сум дека нема 100% по дома да се влегува. Ќе биде во двор, во влез, ходник и слично. Инаку,што се однесува до тестирањето, многу ми е чудно што истото ќе биде во вид на проверка од статистика и слично. Јас сум пријавен, утре ќе одам на тестирање. Не е океј да не' повикаат од ден за ден, без да знаат конкретно да кажат ШТО тоа ќе не тестираат. Мислам, не дека ќе учам или нешто ако знам, ама барем психички ќе си бидам подготвен, да знам што ме очекува. Мислам, може ќе им текне историја (лупам) да прашуваат, години. датуми, бројки...
И јас сум утре на тестирање, на страната пишеше дека статистика тестирање и нешто компјутери, а ништо не кажаја прее на телефон, незнам дали да читнам нешто незнам што да очекувам искрено и баш ми е глупо
Здраво Дали би сакал некој кој бил веќе на тестирање за сподели искуство за да знам дали треба да прочитам нешто. Ви благодарам однапред.
И јас сум утре за тестирање но мене ме пријавија од работа за инструктор. Верувам дека инструкторите треба односно мора да знаат статистика за да можат соодветно да ги обучат попишувачите и задолжените за регион. За попишувачите следува обука по закон, затоа верувам дека испитувањето би се состоело од проверка на знаење за работа на компјутер особено ексел, бидејќи програмата за попис е статистичка SPSS, а најблиску до неа е ексел. Ама каснат и тоа многу. Да не имав должност од работа воопшто не би се пријавила.
Би сакала да те прашам што треба да се спремиме за статистика како инструктор и јас се пријавив за тоа
И на улица ноќно време не е страшно со маска да прошетам ама ете, полициски требало. Баш пострашно е дома да ми дојде некој. Нема секој дворови/тераси ниту пак има потреба од такви глупости и импровизации кога културно може да се одложи.
јас сметам дека ако веќе се чекало досега за попис, може уште малку. сите пристојни држави ги одложиле пописите, вака повеќе делува како туркање агенда. а инаку, ако можат да се попишат од странство преку интернет, зошто не можеме и ние? зошто да ми влегуваат дома или на врата контакт или сл. луѓе кои можеби ќе ми ја шират заразата на вирусот ковид-19? да не сакаат да ми ги бројат и глувците по дома?
Во ред си е, апсолутно ја сфаќам револтираноста. Во право сте. Но, ние можеме до утре да дебатираме, да се пречкаме или што и да е - пописот ќе си се случи. Веројатно нив не им е важно кој што мисли и дали ќе сака да се попише или не. Оние кои нема да сакаат - ќе ги казнат. Како - не знам, веројатно е пропишано по закон. Тоа е... Хаос систем, да не речам лудило. А реков. Ова не е држава, јас цело време го кажувам тоа. Ова е wanna-be-држава.
Ова си го имаа објавено, правниците секако се покомпетентни да дискутираат. Ама секако на место си е. А што ќе ме казнат, ќе видиме тоа. Да не треба 24/7 да ги чекам нив дома?
https://m.mkd.mk/makedonija/politik...g2ROGuV68Ph-lRVxM9GAxKH9UKgwxYEbZWQWqrgeRTZSc За тие кои уште мислат дека на политичарите им е гајле за вас.