Денеска го завршив мојот круг и го вратив лаптопот во општина. бидејќи имам обврски околу факултет не земав нов и се раздолжив со лаптопот. Искрено задоволен сум од излезноста барем јас во мојот круг од 100тина куќи имав 90% успешно попишани куќи и 10тина кои правеа проблем но што е тоа е. Баш бев во куќи на албанци , турци , босанци и секакви други националности. Луѓето сите се попишаа дури и роднините што работат во странство и сите. Македонците сме ужас, одбивања мислиш сум дошол да ги колам а не да ги прашам 10 прашања и 15 минути работа. Колку ќе биде успешно ќе видиме за некој месец , се надевам дека тие што бојкотираат ќе се свестат пред да бидат казнети за џабе и да придонесат да испаднеме во низок процент (не само споредбено со албанците ама и со ромите , босанците , турците и други).
Јас како што сфатив, и тие кои одбиваат на крај ќе ги најдат по матичен. Некоја база на податоци и од нив ќе има. Денес фатив на МТВ 2 Мерсиха Смаиловиќ на кампања повикува Бошњаците да се попишуваат, оти од тоа зависи се, и пари од буџет, и вработувања итн. Какви се тие агитирања? Кој ги дозволил во ек на попис треба да одговара. Какви се тие закани од Роми, Турци, Албанци дека нема да признаат попис. Што фајде од ваков попис. Прашање е дали сме попишани како што треба. Мене не ме ни праша, јас ми кажав дека сме Македонци, и ми вели „знам“. Па тоа ли е одговор? „Знам“. Може да ме кликне како сака. Ако ЕУ инсистира, ќе се признае, ама прашање е колку ќе испаднат Македонците. Јас едвај чекав да се попишам, сакам да се попишам. И со тој бојкот, нели се свесни дека ќе си одземат права. Сега и субвенции за вработување во приватен сектор ќе се делат по етнички клуч.
Не се замарајте со проценти, тие се одамна договорени. Никаква корист од бојкот, сите ќе бидат попишани на овој или оној начин.
Офф ич не знам. Да смениш податоци на веќе даден исказ е кривично дело мислам. А, попишувачот, па и некој од повисоките горе, може мислам во секое време да направи "edit или измени" на било кој податок.
A ти сериозно се сомневаш дека нешто е сменето? Јави се во Државен завод за статистика. Пописот ќе биде округло па на ќош. Отприлика ќе имаме некои податоци. И што има Мерсиха да повикува да се попишуваат Бошњаците? Па нормално дека ќе се попишат, нема да ги скокнат сигурно. Абе ајде, какви пропаганди прават, ууффффф. Проценти, проценти. Погледнете програми на било кое министерство, ќе видите дека за македонските средини или конкретно за Македонци, одат 40% или 50%, другото оди за малцинствата.
Мене ме исто интересираше зошто некој би одбивал и повикувал да се бојкотира пописот. Не добив логичен одговор, напротив добив чувство дека луѓето што бојкотираат не знаат ни самите зошто, ете да се инаетат само. А тој инает далеку ги однесе досега Кај нас дојде една Албанка млада, фина и културна, се помина во најдобар ред.
Кај нас пописот помина супер. Дојде девојка која беше со маска и кога виде дека сум бремена сама рече дека нема да влегува дома иако имаме тераса (во зграда живееме) туку дека ќе седи пред врата и така завршивме работа за 5 мин. И јас носев маска секако не е во ред па и ние да ги ставаме во ризик попишувачите и да не носиме маска за време на пописот. Девојката беше прекултурна рече нема да ви допирам ништо документи ќе ми кажувате матични броеви, на дистанца седеше цело време и најкултурно завршимве работа.
Не дека сменила туку дека уште тука пиша државјанство рсм и кажа дека не може поинаку а други ми кажаа дека може само македонско да пишат... Затоа прашувам. Инаку чим можат така лесно едит да си направат... Ни се е*а
Кај државјанството може да се штиклира само една опција од двете понудени и тоа: Државјанство само на РСМ и државјанство на РСМ и на друга држава. А за бришење, може да се избрише, но само со претходно наведена белешка зошто го бришеш записот и од ново да одиш сите да ги попишеш. А во базата на ДЗС стои и стариот и новиот запис.
Кај нас поминаа. Фини, културни млади луѓе. Ние во зградата се договоривме надвор да излегуваме, да не влегуваат тие дома кај нас. Секако сме мала зграда, па вака беше најдобро за сите. Се заврши многу брзо.
@СуперДевојка и јас истото се прашувам. Овде читам на форумов дека и да одбијам да ме попише, по матичен број веќе има податоци за тебе. Дали тоа значи дека ако не дојде, ќе те регистриаат со тоа што имаат во систем? Јас ова сакам да прашам, може некои од членовите што се попишувачи знаат: 1. Дали попишувачот мора да остави известување на секое домаќинство посебно дека поминал и не те затекнал дома? 2. Што мора да е наведено на тоа ливче? Датум и време кога пак ќе дојде? Што ако нема таков податок туку има контакт број на кој никој не одговара? 3. Дали ако се работи за стамбена зграда смее да остави едно ливче, едно вакво известување кое се однесува на сите станари?