Па ваЉда зашо живееме во Македонија каде што пописот ќе биде штелувана политичка алатка,(хартија трпи се, пиши-бриши, и слично), а не во држава каде што е статистичка операција
Дали отиде на тестирањето? Се надевам не сум единствен случај, со пари се може да се купи, но не и здравјето.
ама ако пописот е на корумпуран и нетранспарентен начин, како ќе се верува во веродостојноста? и плус, независно од повиците за бојкот, има луѓе кои заради страв од вирусот нема да отвораат врата и ќе останат непопишани. џабе се закануваат со казни, не можат да го казнат секој трет а и нема како да се докаже, овие велат не отвораа ниту се одзваа на поканите, од друга страна ќе речат никој не дојде ниту ми се прати покана. од сосема друг аспект, ќе има вакво сценарио: еден етникум не отвора врата друг етникум ги попишува покрај семејството од истиот дом и роднините од странство, и умрени поколенија и роднини од околни држави. и после некој етникум вештачки ќе се зголеми за минумум 80%. како ќе се знае што е точно? или да се спремаме за повторно смена на име, овојпат и територии по принципот: - западна македонија = голема албанија - централна и источна македонија = голема бугарија со тоа што пола скопје и куманово ќе сакаат да одат во србија а граничните градови од типот битола и гевгелија може да бидат завземени од грција која ионака ги смета и нив за свои „неослободени“ подрачја.
Па ако 'не те нашле' или 'не си примил известување', нахнадно ќе те попишат. А за попишувањето на живи/умрени, луѓе со постојано живеалиште во МК и/или надвор од МК ќе се прави cross referencing со други датотеки во државава. А за казнување, баш можат и секој трет да го казнат, ако има основа... се разбира. Така ако гледаш, за ништо не можеш да си сигурен. Генерално, паранојата не помага баш.
Пописот у севернава е политичка и договорена работа за која на зоќето му треба само излезеност за потврда. Ако не сте го научиле тоа од референдумот, Господ на помош нека ви е. Зошто ако некој навистина сака попис заради оптимизација на развој, тогаш не смее да „силува„, се додека не се исполнат услови дека се опфаќа реален примерок. Вака ги подгрева сомнежите за коалициски фалсификат и злоупотреба за туѓи агенди. * П. С- Не сум дома, не ме барајте да ме попишете
Најосновните, да нема ризик за здравјето на моите најблиски и моето лично здравје. А сега, кога сме во екот на третиот бран, со по 700,800+ заболени на ден, секој ден по 20 починати, попис-НЕ БЛАГОДАРАМ Македонија е единствена земја каде "нашиве" со сила сакаат да го протуркаат пописот, а сите останати држави ги одложија за наредна година. ВаЉда многу сме организовани и спремни, за разлика од Германија, Франција, Србија и др.. Се е под контрола кај нас
И другите држави "исто можат" така да се заштитат, ама будали па тие, не знаат да менаџираат ко нашиве, го немаат фиЌо да им каже и објасни како треба.
Ако не сум дома, како ќе ме попишат? Според кој закон? А, ако отворам врата, и не сакам да се попишам, тоа е веќе друга песна. За тоа си има закон. Не ширите дезинформации.
А каде и како ќе ме најдат? Потерница ќе ми отворат или? Еве, во Берово ќе бидам, имам викендица таму, со семејството ќе одмориме некоја недела, (рецимо 3,4 недели) Пак ќе кажам, не ширите дезинформации,