Јас на затворено се немам со блиски видено, не па да пуштам попишувачи дома што биле во 500 станови пред мене. После да земам со боца за прскање ниви да дезинфицирам дома ако не. Ќе збориш после по темине за корона како народот неодговорен бил, а ваму ок е дома да ти влага некој. Дупли стандарди малце? Дома нема никој да ми влага. Надвор на дистанца пред влез ако не ги мрзи да стојат може.
Пред неколку дена кога бев во продавница, една жена нејќеше да стави маска и се расправаше со вработената. И кај такви попишувачиве ќе влегуваат дома. А кај мене доколку никој не им отвара, од кај знаат тие дали не сакам да се попишам, или едноставно сум отсутна, па казна да ми пишат. Мали деца така нека плашат.
Да, и по маливе градови баш ќе се согласат. Во фаца ќе ти се изнасмеат. 90% во постоењето на вирусот не веруваат. Маски во маркети се фантазија, па не друго.
Абе еднаш мора да те попишат, оти мора сите жители на МК да ги попишат. Ама тоа не е твој проблем. Нивни е. Шо ако ти се изнасмеат?
Абе каква утопија? Твој дом, твои правила. Ако тебе ти е побитно 'што ќе речат комшиите', не ти е некој друг крив.
Ама по трет пат ти викам, не се секирам за мене. Знам како да го изведам процесот, ме загрижуваат тие што не знаат и оние немакурона персони. Сакам веќе да заврши ова, а со вакви ризични операции у тешко време големи се шансите да се пролонгира до недоглед. Зашо не го напраат онлајн ко за дијаспората, после со вкрстување на податоци можат да ги потврдат истите
Добро поголемиот дел од вас и излегуваат чаршија и општо на пазар и во центар на градот, знаете што се случува. Истиот тој седи во кафуле и бистри политики што и како и пописот само ќе биди најризичен и да те зарази. Дали ти сметаш дека попишувачот дека нема да биди максимално заштитен со нараквици визири итн? Па мајка му стара сега е вирусот, после шо че испадни, +15 години ако не и 20 немаме попис напраено, кои беа претходните причини?
Тие што не знаат и оние што 'не веруваат', е нивни проблем, не твој. Глуп народ има и то не можиш да го смениш. А оти не е онлајн пописот? Оти толку ни е способна владата
Ја ти викам дека они нема да прифатат да стојат надвор 4ца луѓе да попишуваат. Ме заболе за комшијата.
Ќе прифатат, ако не, ќе се обажалиш и ќе бараш да ти испратат попишувачи што се спремни надвор да те попишат.
Не знам Вајлд, од тие таквите баба ми чека за рутински преглед 3 месеци пошо болниците се преполни. Ниеден бизнис не можеш да планираш јер пол.час и карантини те надвиснуваат ко црни облаци. Не би рекол дека е нивен проблем.
Ама мојш да ги заприш? Не мојш. Еве, се расправам и онлајн и во живо и тој шо решил да е неодговорен, пак е неодговорен. Власта не казнува, народот си го лади.
Па мојш барем да не правиш попис у моменти кога има по 1000 заболени дневно, 20 години неаме попис чукнал тупанот сеа. Демек на нас обичниве смртници ќе ни смени нешто у секојдневното живеење кога ќе дознаеме колку проценти албанци има у Зајас. Пописот кај нас се знае зошто се прави, нема ни С од статистичка операција.
Секој ден буквално а особено секој викенд преполни се кафичи, ресторани, луѓето се рашетани, парковите преполни на клупи минимум по десет души собрани, автобуси преполни како градски така и меѓуградски, никаде не се почитува никакви мерки и не не е проблем само пописот за време на пандемија туку тоа што ништо од мерките не се почитува.
За било која стратегија ни треба да ја знаеме демографската слика. На ќоро прават стратегии. Пишав некаде на темава: То ко да не знајш дали да купиш еден леб, или 4, оти не знајш колку луѓе ти живеат дома.
А заштита на лични податоци? Колку е ова согласно со Закон за заштита на личните податоци? Изволте за сите комшии да слушаат лични податоци на соседите. Еден пин од картица сами во маркет го пишуваме, не го кажуваме на касиерката. Ќе седат луѓе по дворови и ходници, и ќе кажуваат јавно МБ, имот, и се по список. YEA * И не заборавај: на 2м растојание, со надвикување со се!