Ajde pisete nekoja informacija za ovoj vid na bolka.Ima li nekoj sovet kako da se ublazi bolkata bez operativen zafat ? [mod-kirilica:b9q54k15][/mod-kirilica:b9q54k15]
Навистина е супер оваа коњска маст. Ја препорачувам и на бремени девојки како мене, за смалување на отоци, за опуштање на нозете, за масажа, навистина релаксира, а и мириса преубаво на ментол. Јас ја земав од зегин, на регина, германска е, околу 130 денари 250мл. Ја препорачувам истата.
Добар е кремот на Реџина тој што е на база на див костен и винова лоза многи ги опушта и одмара нозете,а исто така многу добар е гелот на доктор Тајс на база на див костен и невен не само што ги опушта и одмара грчевите во нозете туку и ги ублажува отоците. Ако имате искуство со некои други ефикасни креми гелови масти за овој проблем пишете.
Јас имам наследни предиспозиции за попуштени вени. Баба ми ги има. Вика дека и се од периодот кога забременила,па од тежината попуштиле. Татко ми и јас имаме вени со типично слаби ѕидови, премногу се познаваат вака кога е топло времето. А, пред извесно време почувствував и болка во вената. Ми помина после неколку секунди држење на мраз на неа. Како може да се превенира попуштањето на вените? Знам дека има разни гелови за разладување и намалување на болка при ширење на вените,ама мене ме интересира како да се спречи попуштањето?
И јас имам слушнато дека помага, ја немам користено. Инаку и јас го имам истиот проблем со вени и капилари, што ли немам пробано, ништо не помага долготрајно. Сега од втората бременост се зголеми бројот на капиларите, а и жешкото време си го прави своето. Ефект има вит. ц помага и пешачењето, како и туширање на нозете со ладна вода, ама се е краткотрајно.
Сте слушнале ли за Вендоксин Кпапките??? Дали некој ги има користено и дали помагаат за проширените вени, и дали треба долг временски период да се користат за подобри резултати, и колку чинат истите. Ако имате инфирмации пишете.
Пред некој ден доктор ми кажа дека мешавина од семки од тиква,сонгоглед и лен во малтекс , делувало превентивно против попуштање на вените.
Здраво , ги купив вендоксин капките од Зегин 1100 денари беа , ги користам веке скоро месец дена . Требало минимум 3 месеци за да имаш ефект , но јас и со месец дена приметувам разлика од претходно , на пример болките ми се намалија , нозете не ми се ладни како порано , сепак е рано но мислам дека се добри и нормално треба долго и упорно користење . Кога ги купив кога видов колку е мало шишенцето се разочарав ама пуста мака ке те натера се да пробаш , сеедно што е мало , се пие по 3 мали лажички на ден и се изненадив колку малку се троши ,еве за месец дена и уште не ми е дотрошено . Значи драги феминки , ние со овој проблем вени и капилари имаме слаба циркулација и нежни крвни садови а решение за тоа е , треба да се движиме , вежбање , јога , масажи секој ден со крем див костен и невен најмногу ги препорачувам но и внесување секојденевно витамин ц таблета и аспирин тоа ја помага циркулацијта . Значи само со мачкање кремче ништо не правиме , мора и витамини и масажа. А вендоксин какпите искрено ви ги препорачувам , на природна база се од билки што се баш за подобра циркулација . Срекно на сите
мајка ми има попустени вени и бабас ми исто им е наслено ама и се појавија на 27 години во бременост со брат ми
Дедо ми има,мајка ми,претпоставувам и јас Дедо ми ги пие тие Вендоксин-од рекламата,ама не редовно-заборава човекот па нема никаков ефект. Околу 1200ден се,во Зегин мислам најефтини му ги купив еднаш. Мајка ми по препорака од интернист,пие Ентан,исто нешто природно.Една на ден капсула,околу 400ден,исто најефтини во Зегин. Ги пие 3 месеци,па пауза еден месец,ако има потреба пак ќе ги пие.
Феминки и јас го имам истиот проблем досега сум пробала многу работи... последно што земав се таблети Аварикон околу 250 ден се, 2 пати на ден се земаат по првиот месец осетив подобрување от типот тешки нозе барем наутро можев да станам без болка,која ппретходно беше многу голема со самото станување од кревет значи многу ме болеа нозете,од масти имам предлог Ербавен гел најдобро ја освежува,лади а со тоа и смалува болка во ногата.Исто така можам да ви предложам и еден природен лек кој го правам и ми помага многу го нанесувам навечер за спиење засто е многу мрсен,вака 250гр.свинска маст врие убаво и се става 50 цветчиња невен и тие малку да провријат,потоа се трга на страна и по 24 часа се цеди пробајте многу помага за болка како и за отекување во овие жешки денови поздрав
За сите оние кои страдаат од проширени (попуштени/варикозни) вени, а кои слушнале и истовремено размислуваат за спрејот и крем LIVARIZ (Ливариз) кој е достапен преку SKY SHOP -Скопје, да ве известам дека го користам веќе осма недела а "резултатот" е смешен. Значи кремот и спрејот во износ од 2700 денари ( купив два пакета зашто првиот се потроши уште третата недела што значи вкупна инвестиција од 5400 денари што воопшто не е малку за ваква глупост од "лек") ГАРАНТИРАНО треба во рок од шест недели да ви ги повлече вените. https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater и https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =1&theater. Моите вени си останаа во истата состојба во која беа и пред третманот, така што ви препорачувам да не се лажете по овој производ. Хајлат: кога го купував од SKY SHOP, плавата девојка што работи таму дури ми рече дека на нејзината колешка скроз и се повлекле вените, колку безобразна лага. Мислам дека не треба да се појаснува дека од вакви осетливи работи не се прави профит...
ццццц .. да не ти се верува ама така е кога има човек мака се ќе проба,не ми се верува што кажуваш за таа глупачата срам да им е.Во право си од нашата мака заработуваат дебело барем малку да имаш корист бре.
Според коментарите што ги прочитав, мислам ниедна нема толку големи проблеми како мен . Јас имам генетска предиспонираност на „страшни“ вени уште од 13 години. Татко ми имаше многу. Каде не појдов, не креми, капки, ластици, хулахопки, трансфузиолошки испитувања, доплери СВЕ ама баш СВЕ пробав. До бременоста и некако одржував состојба, но на пороѓајот толку многу провокации ми ставија што немаше вена на нозете што не ми испука. Неможев да се движам две недели после пороѓај додека не ми ја разложија цела крв за да не дојде до згрутчување од излеаната крв. Едвај спасив глава. Татко ми вршеше сушење (вбризгување пења) во вените, и ефектот е краткотраен, 2-3 години. Ако факторот на појава е од физичка активност па вената попуштила тогаш по вадење на вената немора да се појават други. НО, ако е генетски НЕМА СПАС. Хирурзите ќе ви препорачаат да ја отклоните целата површинска вена (со игла со кука вршат извлекување внатрешно на вената низ мали резови) затоа можат да останат дупчиња. Но, по операцијата морате да лежите барем 1 месец, како не би дошло до појава на емболија (летање тромб во белите дробови) и за жал смрт. Не е голем процентот на смртност од ваков вид на операции но треба да сте внимателни и да почитувате се што ќе ви каже докторот. Наводно со операцијата организмот има центри кои испраќаат инфомација до мозокот дека е отстранета вена и по некое време организмот создава (попушта) друга (доколку факторот е генетски). Во поново време е откриен ласерот. Вакво отстранување на вени се прави во РЕМЕДИКА. интервенцијата на една нога е 600 евра. Се прави во 1 час, под локална анестезија и после си одите дома, другиот ден животот си тече нормално.Треба да пешачите 20-30 мин секој ден. После тоа мора да нисите 2 недели целосен ластик-чорапа на целата нога, што значи интервенцијата ќе ве чини околу 700 евра за една нога. Најновите истражувања покажуваат дека со ласерот нема ефект на повторно враќање на вените, затоа што вената останува во организмот, не се отсртанува па организмот не испраќа информација дека вената ја нема. Значи со мали резови се внесува ласер, како игла кој термички ја атрофира вената, на неколку места. Таа останува внатре и организмот преку крвта полека ја исфрла од организмот. Лошото е во тоа што со ваков ласер може да се третираат претежно прави вени не со кривини . За тие што имаат вени а не биле бремени еден совет: Кога ќе дознаете дека сте бремени за да немате несакани ефекти како кај мене на пороѓајот, консултирајте се со Трансфузиолог кој најверојатно ќе ви препорача да примате ФРАХЕПАН вакцини, кои многу болат кога ќе ве боцнат, но ќе ве заштитат при пороѓајот. Е многу долг одговор, но се надевам на некој од вас помогнав
Daniela Mag стварно си се намачила мислам сите си имаме мака со овие веништава некој поголема некој помала,кај сите различно добро што пиша баш таа тема ме плаши бременост и пораѓај.Малку ме исплаши кога почна да пишуваш за пораѓајот јас имам 27 год и многу се плашам како ќе биде.Се уште не сум бремена ама кога ќе останам секако дека ќе се консултирам со трансфузиолог,како тебе матичниот гинеколог не те пратил на трансфузиолог ти не му ја посочи ситуацијата за вените. П.С Ех да имаме по 700 евра сите да си ја решиме маката. мило ми е што пиша се читаме.
Мене од мојата 17 година ми се појави мала вена на листот од левата нога....искрено не и обракав некое внимае таа полека растеше,незнам дали од неа почнав да добивам грчење на таа нога или тоа е нешто друго.Сега кога имав голем проблем не осетив ништо,но откако мина тоа добив страшна болка во ногата и таа ми се поду....
И мене исто ми се појави вена баш на истото место, и понекогаш ми се грчи таму ногата. Од што може да е тоа?