1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поради кои причини луѓето полудуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од I I, 22 мај 2017.

  1. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Мој професор ова го има објаснето преку тоа што некои луѓе кои се амбициозни и имаат многу планови во животот, а сите тие амбиции кога ќе ги остварат фактички сфаќаат дека нив тоа не ги исполнува и шизнуваат (полудуваат). Друг пример е кога родител (Не дај Боже) ќе изгуби дете. Во мојот град кажуваат за една (стара е сега има 70+ год.) дека на времето еден доктор ја сакал. Не ја зел тој, и таа еве ја ден-денес оди парталава (бери кучиња, мачки улични во станот, фактички живее во смрад), а факултет има (и тоа во времето кога ретко кој имаше факултет). И имав речено порано на една "Па, зар не гледаш јас ќе полудам без тебе“,
    А, уште не сум полуден, :D:D:D
    .
    Што мислите вие, кои се причините за човек нервно да се растрои, т.е. да полуди?
     
    На LudaJakimovska и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  2. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Со првото објаснување можам да се согласам, човекот не се реализирал па шекнува. Ама од друга страна особено во денешново општество има луѓе што се пре-реализирани, толку се богати и задоволени (имаат и фамилии, и образовани, далеку се од осамени и нереализирани), уште недостига ликот на пара да им го стават, и повторно завршуваат психички пореметени. Ко некој да им го исцицал енергетскиот напојувач. Тоа е затоа што се премногу концентрирани на материјалното (работат за Мамон), а ја запоставуваат душата. Единствена амбиција на човек треба да му биде зачувување на мирот, оттаму и стабилното ментално здравје.

    За случајот со жената, можеби не е пореметена, туку бидејќи многу ги сака животните и сака да им помогне, ги прибира во нејзиниот дом. Парталавоста и негрижата за лична хигиена се сигурно знак на некакво пореметување, ама во делот со животните не се согласувам, луѓето имаат тенденција да тврдат дека секој еден што ги сака животните „малку повеќе од шо треба“ е психички болен што е само по себе болесно размислување. Не се согласувам дека домашните миленичиња треба да се облекуваат и да се дотеруваат, ама да им се помага за да се одржат во нормален живот - да.
    А генетскиот момент мислам дека е многу важен. За сечие пореметување постои различен тригер. И од волјата зависи. Има луѓе можат да пребродат многу тешки настани во животот, има луѓе шо се сопнуваат и на камче.
     
    На Srcka $, hermosa, Juccy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Покрај неспособност да се самореализираат, како што беше твојот прв пример, другото е само начин на реагирање на една личност. Колку на една личност му влијае стресот, дали е склона кон анксиозност, дали има работно место од кое е задоволна, ако да - дали тоа работно место е сепак тешко и ја оптоварува личноста психички, дали успева да ги изврши работните обврски, дали обврските не се за нивото на знаење и образование на личноста, ако не - секој пат кога оди на работа е под голем притисок. Дури и некој да има се што сака можи да е под големо ниво на стрес. Стресот сам по себе не е болест, ама ако се задржи доволно долго кај една личност можи да предизвика болест и дисфункција. Една личност која е порелаксирана, која стресот не му е секојдневие и да раскини со партнерот, и да добие отказ ќе остани на нозе, а од друга страна личност кој е склона на стрес, доколку му се случат истите ситуации, ќе реагира полошо, веројатно стресот ќе се задржи многу подолго и поинтензивно од претходно.
     
    На toogood и referentka им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Прво треба да се редефинира поимот за ментално здравје и лудило, милијарди раја веруваат во замислени ликови и во измислени колективни идентитети.
     
    На GirlLove, sjdgo и ♣ Alba Viduam ♣ им се допаѓа ова.
  5. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Ама па од пола град да бериш кучиња и мачки улични и да живееш во смрад пореметеност е како не е.
     
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Полудуваат оние луѓе, кои не знаат за мерка, кои опсесивно се закачуваат за нешто или некого.
    Се што е премногу, е штетно за умот, било да е од сферата на материјалното, било да е преголема желба за осознавање, било да е прекумерна склоност кон уживање во се и сешто.
    Може и од преголема љубов да се полуди, ако не е возвратена.

    Полудуваат оние кои имаат семејна слабост, предиспозиција, која за жал, понекогаш и самиот живот ја потврдува, низ познати ситуации, кои се наметнуваат како правило, после кое следи лудило.

    Најдобра заштита е да се тежи да се биде нормален, поточно умерен во се.

    Звучи здодевно можеби, но благотворно е секако.
     
    На Inaa Ina, Nate- princeza, La Stilla и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Поради комплекси кои ги имаат самите со себе! Полни со омраза, нервозни и полудуваат. Обично таквите луѓе се оние кои не знаат да шират љубов, не се смеат воопшто. А јас седам што подалеку од такви. :D
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас имам забележано дека нервно попуштаат емотивни луѓе, но слаби, не научиле да ги држат емоциите под контрола (на тоа се работи уште во детството).
    Понекогаш е генетски, шета низ фамилијата, но многу ретко блиски роднини патат од истото.

    Темава е малку невкусно поставена, ај што се ставени на тапет болни делови од туѓи животи, испаѓа секој кому му се случило нешто многу лошо или претрпел некаква загуба е потенцијален лудак (facepalm), што нема врска.
     
    На La Stilla, Need for Speed, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Луѓето полудуваат најмногу поради другите луѓе...:|
     
    На hermosa, KittyAgnes, sasaSasa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Тоа секако :)
     
    На Gosh и Juccy им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека луѓето го губат својот разум кога ќе се опседнат со нешто.
     
    На KittyAgnes, Rama, zokystanoevsky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    od genetski nasleden gen ludilo ili niska inteligencija
     
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Разочарување, губење близок, комплекси и зависност, според мене едни од најголемите причини.
     
    На Nate- princeza, Need for Speed и Rama им се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Блиска личност е во контакт со психијатриски пациенти ( работно место ) и како што вели : " најчести пациенти покрај корисници на алкохол и дрога се многу интелигентни луѓе " . Професори , бизнисмени , судии ... На секој може да му се случи во одреден миг да попушти со нервите и да заврши на психијатриска терапија :| . Самиот живот е многу брз и стресен , па оттаму почнува се .
     
    На Nate- princeza, GirlLove, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа.Ете Гош пишала, да не се повторува истото бидејќи е слагам.
    јас имам одлепено ради човек, буквално мозоков ми го направи кашичка и почннав многу лошо да размислувам, да се однесувам, станав човек без емоции, се зафркавав со сите...
    Покрај влијание од некој човек, може и да се влијанието од целото опшество, пример да сменам сега земја на живеење, да одам пример во земјине што се позатуцани, не да ќе полудим, друга култура друг меналитет итн.
    И стилот на живот може да го полуди човек.Пример консумација на алкохол или наркотици, тие како влијаат на мозокот ехе..
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.738
    хахаха Се плашам тоа искрено да не ми се случи... некако премногу се трудам на кариерно поле да успеам .. и имам се посветено премногуу.. што е најтраѓично среќата на тоа поле не ми игра баш најдобро.. Во МК се знае само со врски или си роб.. а шансите за настрана никако не ми се отвараат со милион обиди. Некако неможам а да се откажам од амбициите и цело време седам барам начини и учам.. Башка околината плус си додава на своето. Сите блиски фатија пат за настрана немам со кого да излегувам и со тие што изгледувам држам дистанца бидејќи имаат друг стил на живот кој јас не би сакала да го живеам а и тешко е со нив да се разговара на опште тема.. освен пиње забави и .... нема. Што викаат Show Me Your Friends and I'll Show You Your Future. Зимам за Македонски стандард солидна плата и повторно неможе да се издржи крај со крај.. тешко за тие со минимална плата.. И ваквите мисли дека би требала ако останам овде и понатаму да имам потомство кое ке биде осудено на овој живот ме убиваа... Блиските се плашат да не се разболам ама ете ...
     
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    7.731
    Пол:
    Женски
    Сакав да објаснам некои работи околу тоа луд-нормален, пошто во многу други теми се начнува тоа прашање- што е нормално, што не е? кога треба да одиме на психолог/психијатар? Никаде не ми идеше да пишам, некако не одговараше на темите. Бидејќи овде се збори за причини кои предизвикуваат психички проблеми, мислам дека е соодветно да се збори за ова.
    Што е полудување? Кога е проблемот болест или психичко растројство?
    Како ќе одговориш на прашањето каде е границата меѓу нормално, здраво и ненормално, болно? Еден куп има прирачници за дијагностика во кои има критериуми ама дали само ако ги исполнуваш тие критериуми значи дека си болен. Дали отсуството на симптомите значи дека си здрав, нормален? Критерумот за тоа што е нормално а што не е зависи од средината и времето во кое живееме. И културно е условен. Она што е ненормално за некој во земјава, во друга земја да речеме од далечен исток е сосема ок. И низ вековите овој критериум се поместувал. Психички болен е оној што така го оценила средината (зошто неговото однесување не е општествено прифатливо и пожелно) или оној што веќе воопшто не успева да функционира во секојдневниот живот заради психичкиот проблем па решил да бара лек. Дали ова точно? А што е со оние што имаат некаква мака, од психичка природа, ама живеат со неа, никогаш не побарале психолошка помош и не посетиле стручно лице, одат на работа, имаат семејство се дружат, прават општествено прифатливи работи и средината, а и тие самите, не се сметаат за психички болни. Значи ли тоа дека се психички здрави и немаат потреба од одење на психолог? Работите не се црно бели. Многу нијанси сиво има измеѓу.
    Сите грешиме што човечката психа ја гледаме како да гледаме прекидач- ќе притисне нешто па од светло станува темно, и ти си полуден, имаш психичка болест. Од здрав си станал нездрав.
    Менталното здравје е променлива категориј и се наоѓа на еден континуум. Сите сме на некој дел од спектарот здравје-болест. Цел живот одиме натаму наваму по него и речиси никогаш не сме во крајната позиција на спектарот. Секогаш има нешто што ни е сосема во ред, а истовремено имаме и нешто што не ни функционира ко што треба, или бар нешто на што треба да обрнеме внимание. Не викам дека сите сме помалку луди, туку дека сите сме со некакви тенденции. Прво никој не се раѓа како табула раса. Тоа е мит. Сите носиме нешто од своите предци и имаме некоја почетна, стартна позиција од која ни трга развојот. Но, тоа е само почетокот. Потоа е клучна улогата на средината (мислам на се она надвор од човекот од семејство и културата во која се наоѓа па се до физичките услови), која влијае врз психичкиот развој и е битна да за да се изгради детето во психички здрава возрасна личност. И подоцна како возрасни, менталното здравје треба да се одржува. Никогаш не е дадено такво здраво за готово па оп да ти се испушти од раце. На него се работи, се негува од најрана возраст и тоа треба да трае и кога сме веќе возрасни. Стрес има секогаш во животот, неминовен дел е од него и тоа мора да се прифати како факт. Нема бегање од него. И позитивните работи како празници, годишни одмори, свадби се стрес. Не само негативните. Не значи дека стресот ако се случи, тогаш мора тоа да не извади од здравје и да не однесе во болест. Треба да се прифати дека со неможе да го избегнеш стресот, само можеш да научиш да живееш со него. А секогаш имаме начини како да се справиме, да се носиме со него, зошто не сме само предмети што само трпат надворешни влијанија. Навреме треба да се реагира и да не се дозволи да се трпи, да се игнорира проблемот или да се оставиш така и да не поработиш на себе. Затоа не е табу да се побара совет и проценка од психолог и кога сме „здрави“. Затоа потребна е ментална хигиена. Затоа потребно да одвоиш време и енергија за да се одржиш психички, а за тоа треба претходно да се информираш и да осознаеш како да го направиш тоа.
    За да дојде до психички проблем значи треба да се во игра влезени многу фактори. Причината никогаш не е е само една и едноставна, туку се секогаш повеќе причини и се комплексни. Така да и одговорот на тоа што стои зад психичките пореметувања не е така едноставен и универзален.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Калатеа

    Калатеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    5.861
    Дефиницијата за луд е многу поопширна од напишаното.
    За секоја дијагноза, односно болест има одредена причина што медицински се поткрепува дополнително, темелно се истражуваат причините низ разговори, тестови со пациентот.
    Има разлика од шизофренија, опсесивно однесување, манија, borderline personality disorder, и многу други, и не треба да се ставаат сите во иста корпа.
    Главно или е генетски наследена мутација, поголема траума или низа на помали трауми од детство или голем стрес односно голема траума во повозрасните години.
     
    На android и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Женски
    Полудувам кога треба да завршам нешто во многу кратко време.Исто така кога некој ќе ти се залепи за тебе (во буквална смисла).(facepalm)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Еден периодот полудував зашто не ми веруваа луѓето коа им објаснував за нешто. Ама после сфатив дека е џабе и вистина да кажеш. Па сеа мајтап си играм. Ако приметам дека некој не ми верува ќе му докажам дека е у право што не ми верува. :D
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.