1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поранешна девојка на другар

Дискусија во 'Разделби' започната од AnaKarenina, 23 декември 2015.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Темава ја отварам за да прокоментираме околу тоа какви ни се односите со поранешните девојки на другарите. Мислам дека сите сме се сретнале со вакви ситуации - кога сме се зближиле со девојките на другарите, сме излегувале во парови, па и сами сме се гледале на кафе и женски муабет. Арно ама, после некој период тие раскинуваат, а јас во ваков случај секогаш се чувствувам како меѓу два огна. Од една страна го имам другарот што го познавам со години, а од друга страна неговата девојка, која иако е бивша, мене ми станала мила и сме се дружеле. Нај awkward ситуација ми е кога другарот ќе најде нова девојка која е бесно љубоморна на бившата, па постојано пазам да не кажам нешто што не треба во нејзино присуство, да не ми се испушти нешто пред неа, или да не спомнам некоја интересна случка од порано кога била и бившата со нас. Знам дека некои девојки се опуштени за тоа, што би рекла една: Де бе, па и јас сум имала други пред него. Ама има и такви што се лутат, дури мислам дека им пречи што имам контакт со нив, на пример ако ги имам на фејсбук, или ако некогаш се видиме на кафе. Некогаш ми е многу непријатно кога во мое присуство ги вреѓаат бившите, или кога ме распрашуваат за нив, какви биле, зошто се карале со моиве другари и слично. Секогаш избегнувам да одговарам на такви прашања, зашто не сакам да предизвикам некој проблем.

    Како сте реагирале вие во вакви ситуации? Дали одржувате контакт со бившите на вашите другари? Дали некогаш сте имале проблем со сегашната девојка заради дружба со бившата?

    Не сум сигурна дали има ваква тема, не знам ни дали ја отворив во соодветна категорија, ама ако нешто сум утнала, Реин нека преземе мерки :)
     
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Еве јас да прокоментирам на темава, иако не станува збор за другар туку за заедничко друштво од кои 90% се во брак, што и ситуацијата е малку по безвезна овде.
    Имаме големо друштво, веќе кажав, сите мажени освен неколку.. другарот на мажот ми имаше долга врска проследена со секојдневни планови за брак, девојката ја прифативме, ни доаѓаше по дома, вардеше понекогаш и деца, разговаравме се дружевме, си помагавме.. нејзе ја сметавме веќе и за негова жена.

    На крај по сплет на околности раскинаа тие двајца.
    Девојката наместо да остане барем на едно "здраво" со нас во име и почит на долгогодишната дружба и сите наши проживеани маки и радости, таа "утре" имаше нов дечко што ја водеше за рака, и како капак на се не сакаше ниту да не погледне сите нас а пак камоли нешто повеќе.

    Ова навистина не го оправдував од нејзина страна, и не само јас туку и останатите, новиот дечко не и бранеше едно здраво но таа едноставно одлучи така да биде, одеше пред нас со крената и свртена глава.

    Во врска со поставената тема ќе го искажам својот став дека се раководам по принцип дека оној кој што ме почитува и сме се нашле на иста брановита должина, ни под разно не би го повредила за ваква ситуација, овде никој на никого не е крив, работите во животот се менуваат но искрената дружба останува секогаш, сум имала и вакви ситуации и сум останувала во истата дружба нормално на поинаков начин од тоа што било зад нас.
    Може навидум додека целава работа е сеуште "тазе" да се оддалечиме и да не ни биде сеедно и нормално нели, но подоцна работите доаѓаат на свое место.. се со време.
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Јас имам баѓи пријатели кои се бивши на моите пријателки. Најинтересно е што оние најдобрите другари шо ми се, некогаш биле со некоја моја другарка. Потоа јас им кажувам и на другарките, а и на бившите нивни, дека јас немам причина да прекинам убаво пријателство ради нивни недоразбирања. Држам дистанца меѓу нив, не ги спомнувам нивните бивши партнери и се обидувам да не прам непријатности.
    До сега другарките не ми се лутеле за тоа, нити пак другарите. И другарките мои до скоро беа доста блиски со бившите мои, па и не ми смета. Ми нема смисла да престанат тие да се дружат, а главна причина за то да сум јас. А да не бев јас и тие да се дружеа зар би престанале? Сфаќам пријателство, блискост и се тоа, па и „ги мразам тие што ти ги мразиш“ ама ова ми е апсурдно.
    Најдобриот другар, шо си го сакам како брат, беше со една од моите две најдобри другарки и сакаше да го прекини нашето пријателство само зошто сум се дружела со бившата негова и неа да не ми се лутела. Му реков дека шо е меѓу мене и него одлучваме ние, ете уште ми е како помало братче. Другарка ми не се лути. Знај дека зборам со него многу често и дека нашиот однос не е сменат. Едино со еден ми се смена односот, ама тоа е веќе друга приказна, која реално никој да не седнеше и да ни соли памет дека лошо било ние дури и „здраво“ да велиме зошто тој е бивш на другарка, немаше да прекини пријателството. Сега сме едино на здраво. Криво ми е, ама ете.
    Летово другарка ми најмногу се дружеше со бившиот мој, и требаше јас за врат да ја фатам? Шо било поминало, ако има пријателство - нека остани.
     
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Јас ќе го коментирам ова од лично искуство !!
    Јас се најдов во ваква ситуација , со бившиот завршивме , и сакав да му се одмаздам и почнав да му се пуштам на неговиот најдобар другар (знам мн незрело ова) и бидна работата , као не ми смета , и на почетокот супер потоа почнаа љубоморните испитувањата за бившиот зошто сме завршиле , зошто сме се скарале , како ми било со него бла бла бла
    Ова е неуспешно ! Значи кој сака нека каже дека може да е обратно но џабе е
    Кога тогаш ќе му дојде крајот и ова е само губење време !