Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    635 глас(а)
    57,5%
  1. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Да секако,се труди тој колку може повеќе да се обезбеди себеси,а што се труди за народот?Никако не се сложувам со неговата политика на владеење .А и се чудам како можат тие две третини да гласаат за него?И што сега ако гласаат две третини значи дека тие се во право? :^)
    Па луѓето што сеуште му веруваат станале како овци,ги води кој како сака.Не разбирам како може толку слепо да му се верува... :x
     
    На BoaVista и Danilela им се допаѓа ова.
  2. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Па сигурно има нешто што било пресудно тие две третини од народот да гласаат за него.Самото тоа што е толку време на власт кажува се.Луѓето гледаат што досега постигнал,за разлика од други политичари кои даваат само празни ветувања.Откако премиерот е на власт,Македонија постигна напредок во сите сфери и тоа е неоспорен факт.Тоа е мојот став.
     
    На baguf4e и viku им се допаѓа ова.
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хммм без везе се расправаме само за оваа тема...тие што си гласале за Грујо си велат дека сигурно има нешто пресудно зошто гласале,ние пак што не сме гласале за него,еве например јас,си велиме дека и кај нас има нешто пресудно за тоа што сме гласале за другите ;) а тоа што толку време е на власт немора да значи дека е добар,може да значи дека луѓето се заслепени-посебно младите морам да кажам...но нема везе гледам веќе ау ау гужви почнале некои и да се освестуваат :D а тоа за напредок што знам,јас повеќе би кажала дека сме во загуба!
     
  4. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Добро е секој може да изнајде причини и за и против,како и да е сeкој има различно мислење ;)
     
  5. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Elygj, политиката секогаш е со две лица, и секој гледа од своја појдовна точка. Јас на пример, не се сметам за слеп верник, баш напротив, многу добро знам да критикувам и тоа аргументирано, а за овца пак никогаш не сум се сметала. Не реков дека е безгрешен, ама пак не излегла и некоја афера за него, па да кажеме дека ДЕБЕЛО ЌАРИЛ. Аргументи, девојче, аргументи ти фалат. Мислам дека на некое мислење, па да речам и ДОЛЖНА СИ да го аргументираш. Има и кај Груевски некои грешки, ама во глобала мислам дека се враќаат некои работи на прав пат. Мое мислење е тоа. АРГУМЕНТ- висок процент на фискализација, градење на станови со малку посолидни услови за плаќање, повисоки(без споредба) субвенции за земјоделството, Во време на светска криза никаква промена на плати и пензии а пред кризата покачувања на истите, Закони за: јавна чистота, градење, лустрација....

    Зошто да гласам за Бранко???
     
  6. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    вику не кажав дека слепо му веруваш,ниту пак дека си од оние што следат како овци.А ако збориме за аргументи,во мојот прв пост во оваа тема ги изнесов моите аргументи и еве сега це ги копирам
    1.Никола Груевски нема харизма и став за да биде лидер(според мене)
    2.Како и секој политичар ветува ама не остварува со тоа што многу ме нервира неговата препотентност и самоувереност со која дава изјави а уствари е како ден јасно дека тоа што го збори не држи вода
    3.Тој е магистер по економија а води катастофална економска политика.Упорно се тврди дека буџетот нема проблеми а буџетската сметка е празна веќе подолго време и има застој во исплатите од трезорска сметка.А како нема да има кога нема капитални инвестиции?Најголем дел од ставките во буџетот се наменети за тековни расходи.Значи пензии кои ,да,се зголемени,ама затоа што на тој начин се придобиваат гласовите на пензионерите како стабилно гласачко тело.И плати за државната администрација,која во најголем процент е вработена со посредство на една партија(без да се дискутира за соодветна стручност и образование).Па како може да се вложуваат огромни суми во проекти какви што се споменици,,статуи.скопје 2014 во земја со загрижувачки процент на невработеност,наместо да се пренасочат средствата во инвестиции кои ќе имаат поврат?Сите вработувања се по партиска линија и после демек намален е бројот на невработени
    4.Точно е дека се отворија дисперзирани студии во речиси секој град,ама мислам дека квалитетот не може да се спореди со квалитетот на Универзитетот Кирил и Методиј.Има некои поволности за студирање и најголем дел од матурантите се запишуваат на факултет и автоматски не влегуваат во и онака големата бројка на невработени
    5.Се градат социјални станови а се даваат на лица кои се вработени во кабинети на министри :tmi: Што да се каже???
    6.Многу е јасно дека ЕУ воопшто не е негова цел.А укинивањето на визниот режим можеше да се случи во мандатот на било кој премиер,зашто не зависи од него
    7:Не гледам никаква борба против криминал и корупција.Не верувам во некакви си акции кога е многу јасно со каква пзоадина се
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Го гласаат неговите полтрони...Сите што добиле работни места и се уценети со гласовите.Ај молим те немој да сме другите слепи и глуви...провиден е и он и неговите колку прават,што прават и како си полнат џебови. |(
     
    На BoaVista, Bokicka, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    1. Се сложвам за харизмата, така е! Малкууу можда е романтична неговата „р“ :lol: !

    2. Мислам дека поприлично од ветуваното или остварил или е во процес! (пр. становите за армијата. Маж ми е воено лице, и конечно ќе успееме да добиеме стан и поволни услови да го отплатиме. Како да му го заборавам тоа на човекот. Ми дава воља за живот, ми го решава станбеното прашање)

    3. За изјавите, некако ми се на место, можда различни очекувања имаме ние, и различни приоритети, што е сосема ОК.

    4. Нема капитални инвестиции, да, тоа е. Ама инвестира во земјоделието, а ние сме земјоделска земја и тоа треба да ни е приоритет. Немаме море, немаме нафта, имаме испустена, со години пљачкана индустрија, треба векови за да се опраи, само земјоделие му е мајката! А и постојано е во релација со бизнис заедниците, и консултира нивни мислења, поприлично се потруди во времето на кризата малите и средни претпријатија да не пропаднат. Не е супер-ама се труди човекот.

    5. За капиталните расходи, празен буџет можда си во право, ама се наоѓаат начини да не сети криза народот којшто дирекно зависи од буџетот, а притоа се има предвид да се одбери најбезболен начин(пр. не се задолживме во ММФ и СБ).

    6. За статуите и јас лично не се сложвам дека баш сега требаше да се ставаат и не се чекаше некој поповолен момент- ама тоа е. Иначе секако дека ни требаа национални обележја, а за вкусот тоа е прашање на вкус! Само не требаше да се ставаат во време на криза, и јас не оправдувам али...

    7. За партиските вработувања- па тоа не го измисли Никола, и тој е така вработен :D . Ехехехехеј, кој стигна влезе во администрација, снаодливи се луѓето! Секоја партија си го вработува членството и тоа не е ништо ново, имам примери од сите партии, сигурно и ти имаш.

    8. За дисперзираните студии- јас мислам дека сепак е ОК. Барем му се дава можност на луѓето. Ќе видиме како ќе се рефлектира тоа понатаму, мислам уште е рано. Али сепак добро е да им се даде можност и на тие што немаат пари за СК.

    9. За социјалните станови немаше ниту една афера, штом немало на А1 секако е ОК. Имаме пријатели кои добија стан за млади брачни парови, потполно наивно, си го добија луѓето, воопшто не се дури и ВМРОвци.

    10. Незнам зошто мислиш дека не е Европски насроен, јасно е треба да го смениме идентитетот, и јас тука потполно го поддржувам, дури и некако горда сум кога се спротивставува на таа идеја. Па до кога ќе веднеме кичма???

    11. А за мито и корупција- наведи ми барем еден пример за уапсен за мито пред оваа Влада, еве не се сеќавам на ниту еден. А јас за сега ќе спомнам само за случајот со патарините, па метастазата, па корумпирани професори, па градоначалникот на Аеродром (бившиот), доктори...



    П.С. Вчера ја читав темата, и не запазив кој какво мислење напишал на почетокот и кој какви аргументи дал. Ги читав само како мислења и не запамтив дека си пишала и што, па затоа те прашав пак, извини за тоа.
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Гласав против Груевски од повеќе причини. Прво, затоа што на никаков начин не сум почувствувала подобрување, ниту од економски аспект, ниту од било кој друг аспект. Ужасно ме неривраат нашминканите извештаи за економски раст и инвестициски бум, нашминканите рејтинзи и такви слични ставри. Подобрување нема, не се осеќа меѓу луѓето. Подбрување има само на хартија(само на извештаите кои власта ги сервира пред народот), на провладините реклами, медиуми и дневни весници. Исто така ужасно ме нервира диктаторската политика која ја води владеачката партија. Најискрено, денес мене ми е страв да кажам еден збор против Груевски пред било кого. Зошто? Затоа што веднаш после тоа следуваат репресивни мерки(или ќе го изгубиш работното место, или пак ќе те обелажат како сдсмовец, што не мора да значи дека сум). Или пак не дај Боже може да заработиш и кривична пријава, како млекарот Душко. Значи демократските права на човекот се сведени на минимум. Демократија, речиси и нема.
    Читам некои од вас наведуваат дека се трудел. За жал трудењето не е доволно. Треба да се покаже на дело, не е малку време на власт, изминаа веќе четири години, а човекот уште се труди? :fubar:
    За корупција ве молам немојте ни па почнувате да пишувате. Се борел со коруција |( Како па да не. Апсеше полицајци и цариници, ги држеа по два месеца во притвор, ги пуштија, а некој од нив и вратија на работа. Тоа ли е борба со корупција? Не, тоа е како и се друго што прави оваа власт - РЕКЛАМА!
    Сведоци сме на третманот на оваа власт и кон лозарите, кон бранителите од 2001,кон стечајците и кон сите обични луѓе. Па затоа,сите оние кои имаат лични бенифити од оваа власт нека не поштедат со убедувањето колку многу оваа власт остварува. Пред некој ден кажуваа на вести колку се задолжил Груевски за остварување на проектот Скопје 2014. Жалосно е што тој ќе си оди од власт кога тогаш, но тие долгови народот ќе ги враќа со години и години.
    И за крај најчудната ствар што ме нервира кај Груевски е што е опседнат со Црвенковски. Јас не верувам дека било каде во светот постои власт која и покрај тоа што во свои раце ја има целокупната власт во државата(и на централно и на локално ниво) прави реклами против опозицијата и за се нешто ја обвинува опозицијата :o А плус тоа и праќа и лажни жртви на транзицијата да и протестираат :lol: Ова повеќе на хумористична приказна ми личи :lol:
     
    На crazyinlove19, Offspring и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Вику ај наведи ми еден пример од тие уапсените за корупција кој е правосилно осуден? НЕМА! Не е поентата во апсењето, апсењето е само реклама, впрочем и затоа се одвива како во филм.Случајно сведок бев на апсењето на еден царинар од мојот град, кога истрчаа 10тина специјалци со маски на лицата, со пушки, отстрана новинари, ќе си помислиш дека Бин Ладен го апсат или некој фил снимаат. Прашањето е колку од тие уапсените се и осудени?
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    За жал денеска има се помалку народ кој зависи од буџетот. Сега ова е обратно пропорционално- буџетот зависи од народот. Со законите кој ги донесе Груевски- парично да те казнат за се нешто и даноците кои секојдневно ги плаќаме, буџетот се полни и тоа како. И како тоа не сме се задолжиле?
    http://www.time.mk/read/e0e1f1db1d/77616202ff/index.html
    http://www.time.mk/read/e0e1f1db1d/95db691377/index.html
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101310852133&id=10&setIzdanie=22106
     
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Вику не е проблем што не си ги запамтила моите претходни мислења,ок е.Ама никако не можам да се сложам дека премиерот барем се труди.Абе не се труди ништо освен што упорно ги наметнува своите арогантни и неиздржани мислења.
    Што се однесува до задолжувањто мислам дека подобро ќе беше уште проано да се направ аранжман со ММФ наместо да се задолжува на домашниот пазар,т.е да се издаваат записи зашто тоа допринесе и за поскапување на креидите за населението и стопанството.
    Партиските вработувања скогаш ги имало,во право си,но јас сум против партиски вработувања воопшто а не само против тие што се вработени од БМРО,зашто пак ќе кажам не сум партиски определена.
    Афера засоцијалните станови имаше ,мсилам дека и претходно имав напишано .Баш кога беше актуелно доделување имаше на ТВ дека стан добил вработен во кабинет на министер,само не ми текнува точно кој.
    И пак тврдам дека е очигледно оти целта на политиката на Груевски воопшто не е ЕУ.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Се труди, се труди, се труди..... До кога ќе се труди? Ај да се трудел месец, два, па и година дена, ама четири години да се труди и ништо да не направи и пак јавно да си кажувате дека ќе го гласате, мислам стварно ми е без веза. Велиш 2/3 од македонија го гласа, ГРЕШКА СИ. 2/3 од македонија го ГЛАСАШЕ затоа што мислеше дека ќе направи нешто, али се покажа дека е ист па можеби и бетер од претходните. А за овие 2/3, ќе видиме на наредни избори колку ќе го глассат.
     
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Во кои сфери сме постигнале напредок? Во економијата? Со толкава невработеност и сиромаштија? Во образованието? Со отварањето на факултети на секое ќоше, со проблемите во учебниците и слични ствари? Во здравството? Хмммм овде не би сакала ни да коментирам, сведоци сме на катастрофалното здравство. Или пак можеби се приближивме кон ЕУ? Јас стварно незнам каде гледате напредок!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    :clap: браво бе BoaVista жими се да му излезеш на груевски ренде ке го направиш хахахахах :clap: :clap: :clap:
     
  16. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Сепак мислам дека објективната стварност е сосема различна од онаа која ние тука ја опишуваме како је гледаме. Сите си имаме своја призма низ која ги примаме информациите. За да одлучиш за кој ќе гласаш треба да ги имаш голем процент од фактите предвид, па да имаш врз основа на што ќе одлучиш. Ако знам што добивам од Груевски, а што од Црвенковски секако, секако дека нема да го изберам поголемото зло (гледано од моја призма). Пак ќе речам- од две зла се бира помалото. Тоа е политиката!
     
  17. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    А зошто Вику политиката ја сфаќаш како избор меѓу Груевски и Црвенковски?
    Па целта на темата е баш објективно да се дискутира за работата на премиерот и јас така и ги пишувам моите мислења
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Ок е те разбираме...Пристрасна си затоа што членската книшка од партијата на Николче ти овозможила работно место.Ама да ми кажуваш овде некакви си квази факти дека имало напредок во државава ни напатена...нема логика никаква. :^) Само што имаме голем процент на луѓе со краток ум тука па можат да им перат мозок. :worried: Ама на другите интелегентни,свесни и разумни луѓе нееее.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Ова се вика етикетирање (не ме знаеш, колку ти е лесно да го кажеш тоа!?!?!) Па ти да не си со членска на другата опција која едвај чека да ја пикнат некаде на работа? Што пристрасност виде пак во моето последно мислење што си го цитирала? Тоа е само мое мислење, нема потреба ти да одлучуваш која сум и што сум. Нели смеам да кажам што мислам и да го бранам својот став (зошто мислам така), зошто имаш потреба така жолчно да ме напаѓаш???
    Во право си elygj, некако таков правец зеде дискусијава, можда и јас сум крива, можда јас ја насочив, sorry! Ама кај нас нели само е тој изборот, 100 год само тие две партии се. Без да сакаш од нив избираш, или пак ниедна. Што знам! Зборуваш за Премиерот, па имаш потреба од споредба (во однос на кој е подобар или полош) и отиде муабетот.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Каде напредок? Каде? Јас назадок гледам не напредок! Го обра од народот последното што им остана!

    -Прво, со кој памет :fubar: може да ти забрани во дворот ајвар да си правиш? По глуп закон здравје.

    -Нема шанси да те запрат со кола а да не си платиш казна! И тоа по 500 евра една казна :fubar:

    -Несмееш тепих во двор да си переш еј!

    -Несмееш колата да си ја миеш оти водата течела по улиците! Оти улиците ни се "многу убави" па водата ќе ги грди. Сите до една асфалтирани светат. Мераци.

    -Мораш куќата да си ја фасадираш оти ќе ти ја земат еј :fubar: Дека градовиве ни се како Париз па куќа без фасада грдо ќе личи! Си ја правел цел живот, цигла по цигла од устата си двоел за да ја направиш и на крај да ти ја земе оти фасада немаш!

    -Закон за забрана за пушење на јавни места! Одете видете дали во Тетово се почитува! Или на Албанците неможат да им писнат, овде удри по народот!

    -Полагање за кола околу 400 евра! Ова не било никогаш :fubar:

    -Несмееш саксија да си ставиш на балкон да не падне и да удри некој! Несмееш алишта да си спружиш на балкон оти не личеле убаво! Епа ај да земеме и дозвола да побараме и да прднеме, може и за тоа казна ќе платиме! :fubar:

    -Забрана за продажба на алкохол после 19 часот. За да продаваш алкохол околу 20 000 денари треба да си обезбедиш лиценца. А ако те фатат да продаваш алкохол без лиценца ќе ти лупне казна од 1000 евра!

    Кога било ова?! Кога? Не само што нема напредок велам и назадок има! Крајно сум револтирана и штракам како ненормална по тастатурата! Барем ај што краде, притиска од сите страни, краде и те држи стиснат да неможеш да мрднеш! Не велам дека другиве се нешто поарни да се разбереме, партиски не сум определена! И Бранко крадеше, ама не се замараше дали и народот краде! Еден куп не легални ствари се правеа во негово време, немаше вакви ригорозни казни. Крадеше он, ама крадеше и народот. А овој?! Краде ко ненормален па налет го стега народот да неможе да мрдне и последното за преживување што му остана им го зема. Кажете ми каде е напредокот?! Оти јас не го гледам, каде е? Невработеноста? Учевниците? Бебињата што умираат во Велес?! И сето друго што Боависта го наброја да не се повторувам?! Каде е?!
    Ако имам печатни грешки извинете оти ко будала пишувам!
     
    На crazyinlove19 и BoaVista им се допаѓа ова.