Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    635 глас(а)
    57,5%
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Вику моето не е жолчно напаѓање туку мислење,а твоето е очигледно пристрасно бранење на денешната политика.
     
  2. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    И не само тоа,туку треба и да си ги откупиме дворните места за да после не и плаќаме кирија на државата.Значи кога е купувана локацијата за секоја градба е палтено,ама сега треба повторно да се плати.Па ајде луѓе,цената е неверојатна,само 1 евро за квадрат.Да си го откупиш сопствениот двор??? :fubar: :worried:ilent:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Да, сето тоа за да зачекориш на твое тло! :!: Колку арен човек е!

    Да не зборувам колку лесно манипулира со простата народна маса овде. Поточно со пензионерите! Затоа што се прости и нив им продава празна слама, ги носи на бања, бесплтно во петок да се возат, појадоци на камени мост... И они ќе си речат, Арен е! Појадок ни овозможи, бесплатно да се возиме ни овозможи! Затоа што само пензионерите излегуваат на гласање, они ни ја водат државава. Затоа што јас сигурно нема да излезам да гласам, не сум видела ништо добро, они виделе и ќе си гласаат, арно им е!

    Манипулација до бол!
     
    На crazyinlove19 и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Велиш од две зла се бира помалото. Штознам мене повеќе ми личи од две зла избери го она од кое имаш поголеми бенифиции. Да, да баш така. Но тоа не значи дека е помало зло!
     
  5. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Очигледно за тебе е само она што го напишав, другото што го коментираше за мене е само твоја претпоставка (што не ја гледаш со очи, не е очигледна) со која ме напаѓаш (а немаш право, тоа си е мое мислење). И што ми се запнавте само мене, не сум само јас таа што мисли дека Груевски е ОК, или мој грев е што објаснив и зошто мислам така.
    Едно мало појаснување на julie77, оној што поддржува без да знае зошто, без да наведе аргументи, е слеп верник и пристрасен, јас наведов мои мислења и објаснување зошто мислам така. What`s the problem?

    Offspring, што се однесува до фасадите, ајварот, алиштата на балкун, лиценците за алкохол, тоа се се Европски Закони кои мора да ги транспонираме во нашето законодавство. Па нели сакате Европа, со големи можности... На Груевски не му смета да си прајме ајвар. За казните за возење, па дали знаете дека во Скопје по десет коли врват на црвено, тоа се потенцијални убијци, колку се удрени пешаци на пешачки, и ред други работи. Ма не 500, 1000 нека им наплатат, малку ќе им е. Зеле јаки коли, (вероватно дрпнале по две-три фабрики или тие или татковците на времето) па немаат кочници- да го жалам ли оти е казнет? не ми паѓа на памет.

    Знаеш по колку кошташе еден квадратен метар двор пред акцијата евро квадрат??? Сега никој со сила не те тера да го купиш. Ама тоа останува на располагање на државата, не е твој, а ти како сакаш.

    И за тоа што не се почитуваат законите секаде исто- и мене ми е многу криво, некаде едноставно не допира државата, и тоа стварно треба Премиерот да се запраша, се сложвам со тебе.

    А што треба да им даде за да е ОК. И мене да ми покачи пензија 3 пати, да ме носи бесплатно на бањи еднаш годишно, па и јас ќе им пољубоморам, ќе ми иде да се пензионирам. Па кој до сега им обрнал внимание толку? И како толку лесно одлучи дека нашите дедовци и баби се прости, проста народна маса лесна за манипулирање??? нели е греота да го кажеш тоа така.

    Држава за мерак! И јас сакам во таква да живеам! (Се зезам, еј :rofl: )
     
    На Isaak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Вику, не треба да се гледа за старците во државава. Размисли што ќе се случи со студентите кои не се во мал број кога ќе завршат факултет?! Нормално дека со факултетска диплома нема да сакаш да работиш во продавница. Каде он планира за сите тие студенти да најде работни места? Зошто се отворија толку факултети во сите градови кога он нема обезбедено работни места? Факултетската диплома изгуби од значење и тежина поради на Грујо глупостите.

    Типично за Вмро-вец (во случајов ти) е да се напаѓа опозицијата. Јас пак ќе кажам, јас не сум партиски определена, значи јас не сум заслепена ниту по Грујо, ниту по Бранко. Јас сум објективен и реален набљудувач во целата оваа ситуација.
     
    На JuLleE, julie77 и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Девојчиња, многу лесно етикетирате, и уште полесно се нервирате. Нема потреба! Единствено решение ви е да го смените на избори. Ви посакувам успех. Можда сте сепак во право??? Кој знае! ;)
     
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Е се изначитав. :puke: Секој си го брани и ќе си го брани оној кој му помогнал. За едните тоа е Бранко, а за другите Грујо. Тешко на тие што не добиле од никој помош и што живеат на работ на сиромаштијата. :x
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Во право си, тешко на тие верувај, многу тешко :x :x
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aј да не бидам офф-топик,ама за мене исто го*но се сите со извинување :lol: никогаш не сум интересирала за политика
     
  11. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Ни Бранко ни Грујо. :^) Ни еден од нив не направил ништо за мене а и за многу други луге и потполно се согласувам со неса.
     
  12. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Се сложвам со тебе. Ама некогаш не е пресудно дали сум добила нешто од некој. Можда треба да се спомне дали сум изгубила од некој нешто. А сум изгубила, целата наша фамилија изгубила. Тоа никогаш нема да му го простам на „виновникот“.

    Ете, си ја кажав и маката! Кај да ја испратам мојата етикета за вас сега? (се однесува до тие што ме етикетираа!)
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Се изначитав. Нема многу да навлегувам во темата, затоа што многу од вас кажаа тоа што јас самата би го пишала овде.
    Само една работа да ви кажам, Николче смрди на популизам, и Николче е поткован, знае како да настапува, има платена агенција која се грижи за тоа. Абе не ми треба мене политичар да ме труе и јас ко слепец да кимам со главата небаре ме хипнотизирале. Имам своја глава, и свој мозок, и колку толку мислам дека знам рационално да ги согледувам нештата. Ми треба влада која ќе понуди подобри можности на луѓето од оваа држава - т.е. подобри услови за живот, не ми треба да ме замара некој секојдневно со тоа кој е подобар од кој, дали старите или новите ја ус*але, дали Бранко со извинење прднал прв или Николче. Каква практична вредност имам јас од тоа? Џабе зборови кога не се поткрепени со дела.
    На времето видов еден добар филм, се одвиваше во некое африканско селце, каде некој локален селанец правеше кампања на локални избори. И на насобраната толпа им рече „Вие сега сите ќе гласате за мене. А после, кога ќе победам на изборите, снаоѓајте се кој како што знае!“ И сите урлаа „така еееее“. Нека си мисли кој што сака, ама мене филмов многу ми личи на ситуацијата во една државичка на Балканот :|
     
    На julie77, nesa, elygj и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Како прво Офспринг живееш во капиталистича европска држава не живееш во Бурунди па да миеш автомобил на улица и сета вода да му иде на некој друг пред двор,Како второ никој не ти брани ништо во двор да правиш така да не измислувај работи.Ајварот,ракијата е забранета да се прави на улица,а не во двор.Во зграда неможеш да ставаш алишта,теписони коишто му ја покриваат терасата ,сонцето на другиот тоа се нормални културни работи,а пошто овој народ е максимално прост и некултурен не ме ни чуди зашто размислуваш така.Тоа што селективно се спроведуваат законите тоа е зашто некој трет наредува од страна не ние.Како прво овие закони се многу позитивни зашто кога тогаш овој народ мора да се научи на некои КУЛТУРНИ НОРМИ во животот да не плука по улица,да не фрла ѓубре,да не паркира кајшто му текне.Како прво знаеш ли како впечаток добива и што кажува еден Британец кога доаѓа во Македонија?Дека државата и градовите ни се многу нечисти.За тоа срце не ти е крива владата на Грујо крива си ти,јас,другарка ти,сите ние.Јас глава сечам дека ти 100 пати до сега си фрлила хартија на улица или цигара тоа никој неможе да ме убеди,а доаѓаш и критикуваш.Па зашто да не те казнат?Извини пола паркови,училишта во државата се реновираа па за 5 дена сите беа скршени и испишани со глупости.И за тоа Груевски ти е крив?Бранко крадел ама крадел и народот!Ајде де од што крадел затоа и останаа 300 000 невработени и куп пропаднати фабрики.Браво за размислувањето.Како трето толку многу ја збориш таа Европа ,а критикуваш еден закон за алкохол.Па тој закон не го измисливме ние тоа го има секаде.А зашто да не би биле Париз?Сите се воодушевувате како во Европа се гради,а кога кај нас се гради нешто сите плукаат .Подобро нешто да се гради отколку ништо како во времето на Бранко кајшто се створија сите олигарси во Македонија.
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Isaak па кога веќе останале куп пропаднати фабрики,зошто господинот премиер не отвори некоја нова???Затоа што му е подобро да прави лавови,бикови и шмизли и да пере пари преку нив :lol: ај за другото и да не зборувам...
     
  16. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Интересно е дека секогаш ке поткажете нешто, (најчесто за плоштадот) и после ја завршувате реченицата со „за другото да не ни зборувам“. Зборувајте, без пардон, Ве молам. Не е на одмет.
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ќе реагирам само на тој дел кој ме испровоцира така малку. Драга Исаак, зошто да не би биле Париз? Затоа што веројатно и не сме. Точка. Понатаму не елаборирам, не ми се објаснува ама веројатно ќе разбереш. Или со друг пример објаснето - и јас сакам да изгледам како Кармен Електра (бог да чува не ни знам зашто на неа ми текна ама ај) ама не можам и не сакам. А и да ми се присака, прво ќе се измијам па после ќе ставам силикони, ме разбираш :)
    И повторно истото „ама Бранко ова ама Бранко она“ оф леле, дајте бе луѓе аргументирајте малку, аман веќе и од тој Бранко :|
    Толку од мене на оваа тема, отидов јас :)
     
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Вику не ми е ова прв пост за оваа тема,земи прочитај ги мислењата...а и несакам да се повторувам и да ја полнам темата безвезе.Се е кажано и elygj кажа и boavista имаат доста аргументи и имам ставено дека ми се допаѓа нема сега да земам да го пишувам пак тоа.Само пак ке кажам дека е прозирен.Груевски е прозирен а народот слеп.Ама ке му дојде крајот...Ете толку!
     
  19. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    И јас бе од преѓе барам аргументи, нешто слабо ми стојте на таа тема. Ај, можда тебе ќе те послушаат.
     
  20. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Чекај малку успори кај леташ?Што си мислите вие дека Европа нема проблеми во здравство,економија,образование.Уклучи телевизор и види што се случува во Франција и таа Европа што толку ја обичате :) .А што не си се запрашаш малку кој ја створи таа сиромаштија и невработеност?На Ирска и требаа 20 години да почне да напредува ти мислиш дека за 3 дена оп цуп сите среќни,богати,задоволни.Извини за резултати се потребни години,за реформи се потребни години тоа не е сипи написе.Сведоци сме на катастрофално здраство?Кој го направи тоа катастрофално здравство?16 години денар се нема фрлено во болница,денар ;) .Кај идеа тие пари?И како што гледаш пола болници во Македонија се реновираат не измислувај работи.Дали перат пари или не мене тоа не ме интересира важно гледам дека се реновираат.Типичен пример е кај јас што живеам за 5 месеци добивам комплетно реновирана болница со нови кревети,апарати,климатизирани соби,ново болничко комбе,нови тоалети ;) тоа што на никој во 16 години не му текнало да го направи.Болницата во Прилеп се распаѓаше отиди сега и види ја каква е :) .Како во хотел да си.Ние сме живееле во централизирано општество 60 години значи само Скопје се градело,развивало додека другите што им останувало од колачот.Јас не гледам ништо лошо да се отвараат нови факултети ,универзитети по другите градови.Бар тие студенти нема да одат во Скопје и секогаш да останат таму.Тоа е централизација.Порано сите студенти студирале во Скопје и останувале во Скопје,затоа Скопје од 200 000 жители стана 500 000 жители.Јас незнам што на некој толку му пречи да се отвараат факултети,болници,универзитети,сали,игралишта?Зар подобро ви беше кога ништо не се правеше?Како викаат рани куче да те лае.Јас сум сигурна дека барем 500 пати во животот си манипулирала,си била дволична со некој и си лажела.Сигурна сум,а очекуваш од некој што води 2 милиони народ да е безгрешен.Не сфаќам кај е поентата?