Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    635 глас(а)
    57,5%
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Ако Грујо е толку чист и чесен човек, нема да паѓа на провокациите од страна на Б.Ц. Јас да сум на негово место, да ја имам комплетно целосната власт во државава на тие провокации ќе одговорам само ова "Кучињата лаат, караванот си врви". Ама, не рекле џабе старите, Кој си ја има мувата на капата, тој си ја ишка :)
     
    На crazyinlove19, BoaVista и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Точно!Иако мислам дека Бранко и воопшто не го провоцира,туку овој цело време за него зборува.4 години само го напаѓа,го обвинува,само он му е во уста-а ништо не превзема.Џабе празни ветувања и ТРУД!!!Еј човекот 4 години на власт и сеуште се труди.За 4 години ништо да не се направи и луѓето пак на колена му паѓаат,е не ми оди во глава и не ми оди...ц ц ц ц :x
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.817
    за тоа со транзицијата, кој е крив, ке кажам само секој со своето. Моите ги изгубија работните места заради фирми во стечај во 1999/2000 . Тогаш не е СДСМ на власт.


    За премиерот се имам изјаснето порано. Не го почитувam
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Премиерот имал карактер...кажа Мирка Велинова и остана пак жива |( ...Ова е гаф на векот! :D :D
    Инаку во државава владее тортура.
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Премиерот во нашата држава е најдобар за пензионерите. Ајде оди кажи им на баба ми и дедо ми нешто лошо за него, ќе те здробат.
    Секој први, без ниту ден доцнење пензијата пристигнува, постојано им ја накачува , дали за 200-500 ден. на старите луѓе им значат и тоа како.
    Секој петок се возат бесплатно во ЈСП, оди па размини се и низа други предности.
    Пензионерите се како бубрежиња во лој и нормално - повторно ќе го изгласаат.
    Јас како млад човек немам видено ништо убаво од ниту еден премиер на РМ.

    Некој ми се дрзнува и ми вика - не прашувај што може да стори државата за тебе, туку што можеш да сториш ти за државата. |(
    Па драги изамериканизирани другарчиња и паметосолачи, јас со моите скоро 25 години сторив доволно. Не сум прекршила ниту еден закон, редовно си плаќам данок, работев во држ. администрација година и пол, а земав дури 7 плати за мојот труд, без ниту еден ден стаж. |(
    Завршив факултет со добар просек, завршив додипломски исто на држ. Универзитет кого го удостоив со стипендија која редовно ја подмирував, си плаќам казни, си чекам на ред на шалтери и не се бунтувам, мирно и скромно чекам убави времиња кога конечно мојот труд ќе се исплати , чисто да видам како МОЈАТА ДРЖАВА планира да ми врати за мојата посветеност кон неа...
    Чекам... и чекам... |(
     
    На RedWine, marama, Kika30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Мирка Велинова се врти како вејка на ветрот. Жена која порано многу ја почитував но и многу ме разочара. Барем за неа мислев дека има сопствено јас, очигледно го нема |(

    Малку сум офф топик, знам, простете. Своето мислење за премиерот го изнесов погоре.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Аха , уште вака да беше, што не ги прикажат вучјаците што го душкаат секој што ќе се приближи до улицата, кога ќе ги извадат од тоа кафезите страв и трепет се. Во неговата зграда има два кафичи, порано таму беше убаво за седење, сега ако не те знаат кој си одма ти доаѓаат специјалци да те идентификуваат.
    Пола улици во Ск се блокираат за он да помине.

    А ова вака за лажење народ не е лошо, ама барем некое ташниче да држеше, ливче, пенкалце....ваљда не иде така празен на работа, со рацете во џебови :emo: ;)
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    За „навреда“ на премиерот, разбирај за изразување на сопствено мислење на глас, да се плаќа казна. Секој нека си извлече заклучок каков сака |(
     
  9. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Јадни му деца. За леб ќе пропитаат. 400ЕВРА се тоа, бе еееееј. Па три крави малку му се. Ај па ко ќе ја продај марихуаната ќе се извај од калта.

    Иначе, има Закон за навреда. Тој Закон ја штити личноста на секој еден член на државава. Пошто, логично, премиерот е член на државава и еднаков пред законот- логично има право да го тужи. Јас мислам малку му е. Кога мене би ме увредил така јавно, башка и кога би била на функција, би барала појќе.
    А вие шо мислите, на Груевски му дошло до парите на некој си сељак таму??? Нека го научи на култура малку! Не го жалете, има тој пари. Не живее само од кравите! За 400 евра нема да пропита, ќе преживее. А ако сепак не можете да спиете поради тоа- ај да отвориме еден доброволен фонд :lol: !

    Девојчиња, секој што мислиме тоа си е наша работа, ама тука чоеков си е крив. Факат!
     
  10. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Вику како си сигурна дека човекот има пари и дека одгледувал марихуана?Напротив,мислам дека тој е само жртва зашто се осмелил јавно на проговори,да ги побара своите права и да го искаже своето незадоволство.
    А за тоа навредите оваа власт претера.Се некој нив ги навредува.Па колку само такви случаи имаше кога премиерот или некој друг бил навреден,те од новинари те од обични луѓе?Аман бе,коку лесно се навредуваат.А да не случајно се обидуваат да ги контролираат мислењата изнесени во јавност и да ја ограничат слободата на мислење и изразување?
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  11. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Слободата на мислење и изразување не значи и слобода на вреѓање, клеветење и сл. Само сакав да кажам дека секој што ќе слушне невистина, псуење и клеветење има право да се брани, а има Закон со кој може да се заштити. Груевски го искористил тоа право, и така треба. А судот ќе одлучи дали има кршење на Законот или не. Стави се на место на увредена. Нема да ти е криво? Нема да се браниш против тоа? Ако власта затвораше се што збора против него- А1 досега ќе беше затворена- ама е поприлично силна телевизија. Значи не мешајте слобода на говор со увреда.
    Инаку јас не мислам дека е жртва тој Душко(ли се викаше). Сите се сложија дека имало марихуана, битката е дали е дива или одгледувана. Каква и да е- зошто не ја исчистил од нивата. На село се живее од земјоделие, нивата му требала- зошто ја оставил со дива марихуана на неа? Ти што би направила ако видиш дека во твојата нива дивее марихуана?

    Само мислам дека ништо не е толку наивно! И тој Душко не е толку за жалење како што сака да изгледа на ТВ.
     
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Па да,секоја приказна има 2 страни.Да кажеме и дека имало марихуана на неговата нива.А што со марихуаната во Битолскиот затвор и други објекти каде што била пронајдена,кој за таму ќе одговара?
    И не ми е цел да го жалиме тој човек,туку да надвладее правдата.А за тоа увреди,клеветење и не знам што,па дај те молам,кој човек не кажал нешто лошо за било кој политичар.А тие толку се чувствителни што одма се повикуваат на законот :x И мислам дека го тужат за плакатите што ги лепел како пародија на програмата на ВМРО
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Точно е дека постои кривично дело навреда, но проблемот овде е тоа што не се почитува начелото РАМНОПРАВНОСТ НА СТРАНКИТЕ ПРЕД СУДОТ. Премиерот во постапка пред судот не е премиер, тој е обична странка, како секој човек. Дали ќе го осудеа Душко или пак Фрчковски (кој го треба да плати скоро 30 илјади евра за клевета на премиерот), ако ме навредеше или клеветеше мене или тебе или било кој друг од форумот? Одговорот е повеќе од јасен. А и што навреда изрекол млекарот Душко? Тоа што се изјаснил дека преродбата во 100 чекори е лага во 100 чекори? Па луѓето секојдневно зборуваат против оној или овој политичар, ама досега никој не беше казнет за навреда.
    Пишуваш ,,некој си сељак'', епа драга моја Вику, тој сељак е рамноправен граѓанин на оваа држава, кој ги има сите права кои му се загарантирани со Уставот. За изречениот збор сељак и ти можеш да бидеш тужена за кривично дело навреда. Жалосно е кога читам некои кој во одбрана на партиските бои, газат преку живи луѓе.
    И за крај само ќе ти порачам да не се радуваш толку многу на туѓа несреќа, какви се времињата денес истото може да се случи и на тебе и на мене и на било кој друг човек.
     
    На Phyramide и anima им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас се извинувам Вику, ама да не би било тажно би било екстремно смешно што во една држава премиерот има време да се занимава со, да цитирам „некој си сељак“ и да ги молзи од него на суд последните пари за само лично изнесено мислење. Фуј! Одвратно! Му притребале на Гујо тие пари а? Малку ги има? Или боли кога ќе ти го смачка некој јавно егото па сега ајде да се праам фраер да види народот дека не може и не смее никој него да го навредува! За памет на секој нареден што ќе сака да си го произнесе своето мислење против владата. Фашизам еееј!
    Уште еднаш ФУЈ! Само за пример. Сите сте сведоци или барем сте чуле за огромните масовни демонстрации и протести во Франција. Ги видовте ли слоганите и цртежите на студентите каде Саркози е исмејуван и навистина навредуван на секаков можен начин. Ама некако не чув дека Саркози гњури по толпите и бара жртви од кои ќе може да цица пари на суд за навреда.
    Ах Вику, Вику, дај малце потрезно и пообјективно размислување :x
     
    На Bokicka, julie77 и BoaVista им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Додека бев во држ. администрација вработените си се имаа поделено во табори - власт, опозиција и среќниците од Рамковен договор.
    Јас како кутар неутрален хонорарец немаше едно време со кој кафе да се напијам, зашто очи ќе си ископаа. Кога зборуваа за партијата, како хипнотизирани, како Премиерот да е Бог, со таква стравопочит и љубов кон него, лично не сум верувала дека некој дотолку може да е заслепен и да верува во идеали, се додека не се уверив дека тој идеал нормално се крепи со еден убав, дебел чек секој месец.

    Јас не ја поседувам таа моќ на слепо обожување и гзолижење, не умеам да се упикам, немам партиска книшка, немам богови пред кои се поклонувам, освен на самата себе. Затоа сум си одбрала друга работа надвор од администрацијата.

    Поклониците на драгиот Премиер се всушност таму, СОНЧОГЛЕДИ, кои ако утре се смени власта, ќе го сменат погледот на другата страна. Се' е од корист, се е за пари.

    Се' додека има слепци кои се продаваат евтино, на власт ќе доаѓаат луѓе кои ја убиваат секоја жива мисла и не претопуваат во безлична маса.
    И ова не се важи само за овој премиер, туку за секој досега.
    За некого е мајка, за некого - маќеа.

    Зборот ми е дека тие што го бранат, конечно сфатив зошто го прават тоа. Од корист. Кристално јасно.
    И јас да имам секој месец 50 000 плата и слободен викенд и јас ќе урлам БРАВО за премиерот.
     
    На Bokicka, LivingGlam, Kika30 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    БоаВиста, знаеш, јас сум навистина толерантен човек, и навистина ми е сеедно кој на каков Бог му се клања, кој за која партија гласал, или каква боја му се гаќите. Ако му одговара - молам!
    Ама нека не ме убедува некој дека тревата е розева! Па не сум слепа - пу пу, гледам, и некои работи се толку очигледни што не се ни дискутабилни веќе мајкому стара.
    И ако веќе некој има полза од оваа сегашна власт, абе да имаше г’з и м*да да си признаеше - „Па знаеш мене не ми одговара (или ми одговара, сеедно) нивната политика ама јас од нив голем аир имам видено, затоа и ги гласам“ Ова ќе ми биде милион пати посимпатично отколку тоа некој да ме убедува во нешто што не можам да го видам макар и ставила 4 пара розови очила.
    И во последно време алергична сум кога ќе сретнам некој од партискиве војничиња, и ако им кажам дека не се согласувам со политиката на Гујо, веќе не ми прават муабет. Господе Боже си велам, уште за нешто да се поделевме ние Македонците?! За партија еј! :fubar:
     
    На Trendafilka и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    тука мора да надополнам...која глетка на споменици, на г.зовите од лавовите на мостот?? Баш делува непријатно(инаку не сум од Скопје, ама посмешно нешто, извинете, немам видено). Џабе ти ебесплатен интернет , ако немаш пари за лап топ да го користиш...најмногу ме иритира тоа што мислам дека никогаш не било вака, во смисла , немало ваква поделеност на населението. сега да ти е страв да си искажеш мислење, да ти е страв да се бориш за твое право..луѓето се толку фрустрирани, живеат во страв кој ден извршители на врата ќе им тропнат, или ќе ги иселат од дома или ќе ги избркаат од работа и ред други работа...ситуацијата ми е ...општа депресија. :|
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    сега и на оној дечконо што го имитираше Груевски(има на А1 телевизија сајтот клип за тоа) :D кога ќе му пронајдат и него сега канабис во нивата и ќе го притворат... :wasntme: :geek:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Демократија=0
    Слобода на мислење и изразување на народот-исто така 0
    Или ако евентуално најдеш малку храброст да прозбориш-е тогаш имаш добра можност да си заработиш ТУЖБА.
    А само кога ќе ми текне на кампањата ОСЛОБОДИ ГО СРЦЕТО????Е ослободи го де,и ќе летнеш зад решетки.
    Морав да редактирам,за да не бидам оффтопик.За премиерот мислам само дека е добар оратор.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Чепкав по блогови и налетав на едно мошне интересно мислење па решив да го споделам.

    Во контекст на темава имам да ставам уште 2 мислења од истиот автор на кој моментално му го расчепкувам блогот.

     
    На Annath, Kika30, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.