1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    Овој човек всушност колумни пишувал... :o Останав без зборови од ова пишуваново... :| Каков аналитички дух само има типов... Па Латас со своите колумни може вода само да му носи на овој :up:
     
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    27.863
    Нема да ми биде коментаров баш лично за премиерот, ама бидејки нема тема Животот во Македонија ке си пишам тука, па ако се развие дискусија, може да се отвори нова тема, и да се префрлат мислењата.

    Само што си дојдов од град и неможам да разберам како може да сме дојдени до степен да луѓе во години, пензионери коишто направиле нешто битно во животот и примаат пензија (недоволна) за тоа да брцаат во канти за отпадоци барајки храна (притоа веројатно користејки го јавниот превоз кој им е бесплатен за да дојде до корпите за отпадоци блиску сендвичари за да јаде нешто).
    Која е таа држава која става интернет во автобус, производтсво 49, додека истот автобус се расипува на секоја втора станица?
    Која е таа држава која дава пари за кампањи за 3 то дете, а оние деца кои се раѓаат ослепуваат, бидејки се застарени инкубаторите,а во Гинекологиитеи никој не ти гарантира дали ке излезеш жив после пораѓај.
    Која е таа држава која ми вика Образованието е сила, Образованието е Мок, додека на мојот факултет треба да отворам чадор (внатре) кога врне, зошто прокиснува??
    Која е таа држава која им плаќа на старите бањи и бесплатен превоз, наместо истите пари да ги пренамени за намалување на партиципацијата за лекови (зошто Фондот е нели ДРЖАВЕН)?
    Која е таа држава која става Лав на мостот Гоце Делчев, а самиот мостот доколку не се реконструира за некоја година, ке паде?
    Која е таа држава, во која младите се помасовно се иселуваат?
    Која е таа држава во која високо образованите личности работат во продавници?
    Која е таа држава во која кога одиш на забар, стоматологот ти кажува дека нема доволно матерјали (или дека истите не се квалитетни)?

    Искрено, ми оди да си го скинам државјанството. Ми оди да викам и да го мавам собранието со јајца.
    И немојте да кажете опозицијата е крива. Опозицијата не е власт веке 4 години, а сега МНОЗИНСТВОТО И МОЖНОСТА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ се целосно во во рацете на владеачката партија.

    Немојте да ми кажете дека јас како млад човек треба да се борам да направам нешто. Проабав и се откажав зошто сфатив како функционираат работите.

    И на крај. Сите горе набројани работи се проблеми кои се РЕШАВААТ СО ПАРИ ОД БУЏЕТОТ НА РМ. Оној буџет за кој јас и вие месечно двоиме пари. Оној буџет од којшто парите се трошат за реклами, фалења, и глупави бронзени статуи кои по 1 месец позеленуваат од квалитет.
    Ние одамна сме закопани од сите претходни.. ама овие и плоча ни ставија.
     
    На pufi-cufi, EnnieFabulous, Bokicka и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Ех, па барем превозот нема да го плаќаат луѓето, да не се ставаат на трошок. Среќа не им бара процент од заработеното.
    Во оваа држава луѓето се плашат по едно дете да имаат,а камо ли по 2 или 3. Се чудиме зошто опаѓа наталитетот, ама никој не е будала да раѓа и да си чука глава кога ќе нема на тоа дете да му овозможи се што е потребно.
    Мене не ме збунува тоа што прокиснува, ме збунува и ме чуди, каде ли тие студенти кога ќе завршат ќе се вработат? Тие нема да сакаат да работат во колонијал или бутик, со диплома во рака, завршиле факултет, се труделе за да земаат солидна плата и да работат на убаво место. Чекам да видам дали тогаш ќе им се отворат очите на народов, па ќе престанат да излегуваат на гласање.
    Таа држава драга, е Македонија :D . Толку ми е жалосно смешно. Од што ми е жал, си правам шала на наша сметка. Толку сме прости и уназадени, ама тоа е Македонче, се ќе направи да се себе промовира. ПА така и лавот стои, за успомен и долго сеќавање, народот секогаш кога ќе застане пред него да си помисли дека тој што го постави лавот, тој што мисли дека лавот го симболизира, тој не искраде. Ашколсун :D
    За ова кажав погоре. Нема обезбедено работни места за оние со факултетска диплома, а студенти има со лопата да ги ринеш. Тек почеток е, понатаму ќе видиме уште.
    ЌЕ го скинам, кога ќе ме снема од мизеријава, а можеби и заедно ќе го скинеме.
    Ни се борам, ниту пак ме интересира. Во секој момент, секој миг, од оваа држава крева раце по некој човек. Не сме само јас или ти, само го чекам денот кога сите така ќе размислуваат, кога ќе мрднеме од мртва точка.
    Тоа ме боли најмногу, што од државни пари, од парите на цела Македонија се гради глупавиот проект Скопје 2014 за кој ќе ни се смее цел свет. Неможам да сфатам, народот НЕ СЕ СОГЛАСУВА со проектов, зошто упорно градат?! Не му треба на народот Гоце или Даме позеленет на плоштад! Му треба работа! Да се роди и трето и четврто дете, да има со што да го изгледа!
     
    На EnnieFabulous, Miss-Independent, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.238
    Допаѓања:
    27.863
    ^^ Многу ме погоди сликата со дедото, Македонец, што брца по канта за отпадоци... Ееее до кое дереџе дојдовме.

    За 2014.. Нема да престанат, па макар крај на свет е. затоа што во прашање се големи пари.

    Глупав народ. Глупав народ. Место сите на бунт, ние си ќутиме.
     
  5. Unknown69

    Unknown69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Негативно мислење бидејќи денар не видовме од кога е тој премиер полни каси со пари а плата нема 3 месеци каде се парите?
     
  6. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Негативно мислење,само тоа ке кажам кажаа веке девојките над мене.
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ахх се воздржував да не коментирам на темава ама неможам да издржам :D
    Како некој може да го подржува овој човек,со се цела негова влада.. сварно не ми е јасно дали е до мене или човеков е феномен па со една реченица може да го подведе народов?Добро бе луѓе толку ли сме прости?Ќе каже една реченица и ајдее сите по него,ко Исус да е.Работава како ќе каже стопанот и ајдеее сите телиња по него :rofl: Јес да сум сватила и ја дека Национализмот го пали народов ама до толку да се слепи не сум сватила.
    Нема да имаме привилегии ко членка на ЕУ,Не ни треба ЕУ на нас,Ќе си ја загрозиме државата и националниот индентитет ако влеземе Името не го даваме Подобро без ЕУ него во ЕУ со друго име>> Е од вакви коментари ми се повраќа :puke: Дали сте свесни дека без Европската Унија ќе пропаднеме ко држава , ќе не нема ??? Демек ние многу силни сме биле , а да дуванат некои од соседниве држави што само чекаат ко волци ќе не распарчат..толку ни е векот.Како може со тоа да се загрозува националниот индентитет ,кога всушност европската унија е најголем гарант и негов овозможувач???Па ние да сме биле во еу Грците сега мало сутра дека би смееле да се подјебаваат ! Не го менуваме името?Oк не го менуваме сеа , ќе се правиме луди дур не пропаднеме скроз и на крај ние ќе молиме сами да го смениме. Наречете ме предавник или како и да сакате ама кога ќе гледаме за во иднината и нема да се врќаме во минатото тогаш ќе успееме ;) Не го менуваме за ништо на светот..епа немораме и така и така никој Македонија не не вика , кај сите сме си БЈРМ ;)
    И што е најлошо мислењава ни ги наметнува г-динот Премиер кој на комеморација иде во бело одело , кој не организира протести против Бранко Црвенковски затоашто е зафатен со доброто на државата |( И кој ќе продужи да си игра на картава на национализмот се дур гледа дека тоа ќе му ја продолжи власта ,бидејќе изгледа дека Македонија вечно ќе се пали на тоа ,за жал :fubar:
    И да...Јес да темата е за Премиерот сепак мора да кажам за нашиот ни ценет министер Миле Јанакиески ,кога ќе научи да зборува литературно македонски ,тогаш да размисли и да искочи на тв да ми зборува за национален индентитет :hai:
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.835
    Допаѓања:
    202.886
    Пол:
    Женски
    Една работа не ми е јасна: зошто интелектуалците толку многу се плашат од премиеров? :^)
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Затоашто на Премиеров изгледа идол му бил Хитлер и сега многу сака да спроведува диктатура , па кој и да му застане на пат -кини корни ]:) Или дрога садел или крадел или шпион бил или нешто петто може да му намести очигледно :rofl:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.835
    Допаѓања:
    202.886
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е само тоа Мисс... може има и нешто друго тука....
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Изгледа потешко им оди да разговараат со самобендисан квази диктатор, отколку со други интелектуалци, затоа...
     
    На Annath, Phyramide и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Во врска со вчерашната протестна акција за да се спречи преместувањето на споменикот на К. П. Мисирков, ќе пишам само една изјава која многу ме насмеа а и со која се согласувам.

    :D

    Што би се рекло, кога не би било тажно, би било навистина смешно!
     
    На crazyinlove19, Offspring, Kika30 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Wooow, не ми се верува дека 48% гласале позитивно!!! Абе луѓе кај ви се очите, ушите, паметот? Па човекот повеќе ми личи на маскота, или на кловн најмен за забава на мали деца! Да, да, на мали деца. А вие не сте мали деца, зар сеуште се заслепени од неговите “залагања“ за државата? Како не гледате дека само глупост до глупост реди. Ај малку да ве освестам за политиката на нашиот драг господин Премиер:
    1. Постојано зборува дека економијата била во пораст; и сите како слепи овци УРА за премиерот. А дали некој од вас го почувствувал тоа подобрување? Јас сигурно не. Напротив, во последниве три години кај мене дома е таква криза, каква што никогаш до сега не сум осетила. Алооо, па си немав купено фармерки од пред нова година! Дури сега некако собраа сили мајка ми и татко ми, па се покажа некое подобрување на финасиите дома, но по нивна заслуга, НЕ по на господинот Премиер. Ако чекавме на него, досега ќе не немаше. А тој упорно убедува во неговите извештаи за подобрување на економијата. Порака што јас ја добивам од него е: „Луѓе, остајте тоа што вие немате леб да јадете. Па нели гледате дека извештаите покажуваат пораст на благосостојбата? Пазете, ова се извештаи од стручни лица“. Најтрагично е што повеќето како слеп за стап како намерно да не сакаат да ја видат реалноста, па го величат нашиот најмил Премиер!
    2. Аман со тие глупавите споменици што ги изнареде по цело Скопје! Ќе рече некој, во сите развиени држави има споменици. Да, но исто така има и место во студентски дом за секој студент, добри услови за живеење во истите, а не како кај нас, лебарки ми шетаат по собата. Што уште не изнакупив, за да се ослободам од нив, ги немаше некое време, но еве сега пак се вратиле.Па у пм нека иде се :devil: Во мојата скромна студентска соба, во фиоката на бирото најдов потпис, име на некој студент и година на потпишувањето. Името не е важно, ама годината - 1974!!! Луѓето од глад умираат, он споменици ќе ми правел. ГЛУП!
    3. Друга забелешка за спомениците; Македонија не е Скопје! А што е со другите градови? Кога веќе решил да прави споменици, па мајка му стара, нека го прошири видикот малку надвор од Скопје!
    4. Повеќе ленти има исечено отколку што понудил реални решенија за некои проблеми. Постојано е тој на некои отварања, свечености. Па добро бе човек, нели ти се смачи од лажните насмевки? Да почне да ти расте носот по 1 милиметар за секоја лага, ќе те прогласат за прв човек кој допрел до најдалечната планета во универзумот.
    5.Стипендијата уште не ми е доплатена...Ами новата кога? За две години? Кога веќе ќе завршам?
    6. Моравме со цимерката да си ставеме интернет што се плаќа, бидејќи „бесплатниот“ на владата е блокиран за скоро сите постоечки страни. Единствено можеш да пристапиш на google, yahoo, hotmail и странициве на факултетите. А бавен е како желка. Ако сакаш да спуштиш документ од 2 килобајти, пушти го д се симнува пред да си легнеш, кога ќе станеш напиј се кафе, појадувај, поучи малку...и таман за тоа време ќе го имаш документот :^)
    Има уште толку многу да пишувам за господинот Груевски и неговите лаги, замки, сплетки... Ама ако продолжам ќе им го поминам рејтингот на сите форумџики, па дури и Хипица и нејзините 7000 и кусур мислења, а мошне веројатно е и да го блокирам форумов.
    И за крај, една интересна сликичка:
    [​IMG]
    Уште еднаш потврдено мислењето дека сликата вреди 1000 зборови :D
     
    На crazyinlove19, pufi-cufi, nena2010 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    И јас не можам да се почудам, кои членки на овој форум спаѓаат во тие 48% што гласале за маскотана, т.н. премиер на македонија(намерно пишав македонија со мала буква....) Секој има право на свое мислење и свој избор, ама не можам ова да го сфатам. Имате ли очи бре луѓе? Знаете ли дека фамилијата на грујо и неговите најблиски соработници дека се станати милионери, со пари од нашите џебови? Обична и просечна македонска жена, прави тенџере со грав и планира да има доволно за два дена да ручаат од истиот, на поголемото дете му ги чува алиштата и обувките и играчките за наредното дете да ги носи(за да не купува повторно) итн......................А, една сопруга на владин функционер оди со приватен лет во Монте Карло, прави шопинг со златна кредитна картичка, руча во ексклузивен ресторан и се враќа во македонија што побрзо бидејќи има закажано козметички третмани во Силуете, сауна и масажа со вулкански камења, ноќно пливање во Плаза итн....Тоа се пари од нашите џебови, од тие проклети даноци што ги плаќаме и го полниме буџетот... :@ Прочитајте во актуелни политички настани, каков линк има објавено едно девојче...Колку тежи богатството на фамилијата на премиерот? А ако згусне нешто овде, некој рат да пукне во мкд, тие први ќе избегаат зашто повеќето од нив имаат двојни државјанства и двојни пасоши... ;)
     
    На julie77 и Offspring им се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    ^ Секоја чест :clap: А ние ќе правиме куќи на Симс за да избегаме од реалноста. Каков грав бре?! Грав е луксуз, пред некој ден јадев леб маргарин и сол. Како јадев така солзи ми капеа! СРАМОТА!!!
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Само останува надежта дека тркалото се врти и дека се ќе се врати и плати тродупло!!Ова го кажувам за оние лопови и диктатори :devil: (ем шуто ем боде)
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.706
    Допаѓања:
    162.284
    Да бидам искрена и директна,порилично примитивни постови видов на темава.
    Гледам јас тука некои сестри од чие брашно леб месат и се поприлично себични и ништо поарни од оние што ги оштетиле со лошо изведената,апашка приватизација!Ама знаеш кога е по твој грб осеќаш како боли,па ќе плачеш,ќе викаш,а сега си заштитен вид со црвена книшка,па удобно ти е.
    Со задоволство ќе ти дојдам во станчето кое не е бесплатно,ами кај мало,па и испаѓа поскапо од стан во кисела вода,а ти напентарена ко богиња на Олимп,до америчка амбасада,а прекутрупа соживот ќе градиш.!

    Се однесувате како заведени,без став право да ви кажам и простете на искреноста,таква сум си остра на јазик.
    СДСМ користат гужва,овие се затечени,ама сам себе го убијал тоа е.
    Ни едните,ни другите...сините се најдоа во време на приватизација,наполнија мевот,зашлапаа,да не речам укакаа,уште спијат на парите,имаа среќа што да кажам,под импресија една неуспешна творевина,можда Тито Петковски го прелажа народот,овие црвениве трошат пари ко луди,а па уште лапаат поише,пари даваме,пари нема,ај мајката!Овие што заебаа,заебаа,овие што не оправат?!Култура за 4 години ќе ми прават?!Инспиративно делуваат само на мрзеливите,па се напикаа во државни инситутции,да бе порасна вработеноста,шо ти е на тебе?!Криви се сините за стечајците,програмата и преродбата не ги преродува стечајците,само лавовите и остали умрени ликови,стечајците уште се живи,како да ги преродиме?!
    Трулеж!И први и втори!До народот е,пак ќе речам,а тек името ако го спомнам...и еу.
     
    На BoaVista, Offspring и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Гуевски :D ,а? Го подржуваш, а?
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.706
    Допаѓања:
    162.284
    Среќа што е малолетна.
     
    На enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Да да среќа што е малолетна иначе нема волку фина да бидам со неа :) иако секој има право на свое мислење тука, ама вакви апсурди кога ќе прочитам косата ми се крева :envy: