Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    635 глас(а)
    57,5%
  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Па да ти кажам искрено не сум во смисол некој да ми го пере мозокот, но на моето семејство како партија имаат многу помогнато и задоволна сум. За останатите незнам...Секој со своите можности и определеност. :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    :D
    Ај браос!Што ми е мило вака кога ќе слушнам,моето семејство,за другите не знам....иииих да не пукнеш!Прав МАКЕДОНЕЦ и патриот,баш мисли на цел негов народ и цела негова државичка!
    Неее,ич не е испран мозкот,ич!
    Со еко гонг и лира!
     
    На Kika30, Offspring, Mygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    ^^ Добро во секој случај искрено е девојчето :) Го симпатизира зашто има некоја корист од него. Подобро да си каже како стојат работите,повеќе ценам искреност, одколку да глуми политички неопределена и да не убедува дека го симпатизира премиерот само затоа што мноооооогу добро направил за народот и државата. И во друга тема напишав, кој си има корист нека си го гласа и нека ги го симпатизира колку сака, само нека не ме убедува дека нешто многу направил премиерот, зошто нафта не пиеме :)
     
  4. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    82
    Аман луѓе кога има тема на форумов за политика или за премиер пуздер се правите,па дај ајде малце полабаво :) мислам дека за некои работи е ок,политички не сум определена пак ќе кажам како во другите теми,реално гледано колку толку има направено за разлика од претходните....гледам на темиве оној вака оној така,а ме интересира каков треба да дојде според вас?и најголемиот интелектуалец и господин да дојде како премиер мислам дека нема да може да се справи лесно со Р.М,затоа што од кога е распадната Југославија дете сум била,но доволно сум прочитала и заклучувам дека Р.М 20 години тоне и е многу назад и по култура и по се останато....па кој и да дојде на власт мислам дека нема туку така да ја извлече,како прво кај нас секој гледа да си дрпне што повеќе не само на власт туку и по фирмиве,и како може еден човек било кој што е премиер да го среди тоа брзо???и ред други работи,значи до нас граѓаните е,што ако некој се труди,а ние по старо,па сметало казна 300е,па законот за пушење сметал,па 300е ако му се фрла на некој нека прави прекршоци,а ако не ќе пази што прави затоа се донесени тие одлуки,а не за да се дрпа,во сите напредни држави е така,а тука според мене е дива лига...тоа е мое мислење...
     
  5. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Извини ама како сега што е никогаш не била!!!И ве молам доста веќе со тоа дека се труди па се труди...пак ке кажам,неможе 4 години само да се труди а ништо да не направи!Или може а? Ц ц ц ц
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    27.827
    Незнам што волку и се фрливте на Валерин. Девојчето ниту кажа некаква тајна, а и не е ни прва која се изјасни дека Груевски им донел финансиски средства.

    ВМРО се додека го има тоа гласачко тело, на кое му дава 18 000 денари месечно (кои патем речено на некого МНОГУ му менуваат) ке остане на власт, сакале ние или не.

    Дојдено е време, да на никого не му е гајле дали се од страна пропаѓа, ако тој некој живее барем малку подобро отколку пред 7 години. (финансиски подобро)



    Јас сум против оваа влада, заради работите кои претходно ги имам кажано. Но за жал ова е вистината.
     
  7. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Се извинувам однапред што ќе бидам офф топик, ама не ми е јасна една работа.

    Ниту јас не разбирам зошто и се нафрливте на Валерин што позитивниот став спрема оваа влада и премиерот го формирала поради тоа што нејзиното семејство видело аир од нив. Особено кога ги читам ставовите на повеќето форумџики во темата Бугарски пасош, каде сите оние кои се изјасниле за таквиот пасош тргнуваат од свои лични интереси, мислам дека нема потреба (а и постот би ми бил долг до недоглед) овде да ги цитирам сите такви ставови! :^) Како одеднаш во оваа тема ви се побуди смислата за општото добро на народов во државава кога на друго место вашиот став се однесува само на индвидуалната корист!
    И самиот термин сопствен став носи со себе доза на субјективност, што значи дека мислењето што некој го има како свој став автоматски не може да биде целосно објективно, па во некои случаи воопшто и не е објективно!.
    Крај краева, напаѓањето на туѓиот различен став и упорното убедување дека некој не е во право или е слеп или глуп ако не е истомисленик се коси со самиот поим за демократија и право на сопствено мислење!

    Конкретно за мене, јас немам многу аир видено од оваа влада (па дури и ич), ама па од претходната на дотичниот Б.Ц. имам видено голем зијан! Моите родители останаа без работа и рмбаа на нива за да извадат некој денар за своите деца! Имаше и местенки на партиски послушници кои и средното си го имаа платено за да имаат некакво школо на тапија :!: .

    И сега што? Треба ли да добијам одеднаш амнезија за ова мое искуство и искуството на моето семејство, за да се согласам со ставот на оние што одма ќе ми "укажат" дека не размислувам правилно? :^)

    Радо би сакала да има трета опција за која би можела да гласам, која ако ништо друго, покрај тоа што ќе краде за себе (затоа што таа балканска жичка тешко дека некогаш ќе се искорени), ќе даде и на народецот за еден пристоен живот!
     
    На Valerin и baguf4e им се допаѓа ова.
  8. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    82
    Се согласувам со stella83,кога се искажува мислење за политика секогаш се јавува некој попаметен да те оправи на добар пат да те изведе :) не може човек да се изјасни веднаш остри напади и забелешки...затоа ние пустите сме далеку од демократија...ма за нас треба некоја диктатура само така ќе биде добро за сите,со ,,демократијава'' кај нас граѓанска војна ќе избие...извинете за офф топик
     
  9. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Со оглед дека од ко сум родена па се' досега немам аир видено од ниту една влада, па Бога ми ни земјава нема видено, тешко да имам некое позитивно мислење за било кој премиер досега. Што се однесува до сегашниов премиер, воопшто не ми се допаѓа. Пред се', чувствувам одбивност кога ќе го видам физички, значи антипатичен ми е и ми нема фаца за политичар. Друго, искрено, мислам дека се' што прави е вон контрола, пред се' Скопје 2014, законот против пушење во јавни објекти, откупување на дворните места и мн. мн. други бесмислени закони. Мислам дека ова неговово се граничи со диктатура и мислам дека ова што тој го спроведува е се' освен демократија. Воопшто не ми се бендисува политиката што тој ја води. :shake:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Ама види со кои зборови ми се обратува :?: . Која е она да пишува за мене и моето семејство? Ниту ја 'рчнав ниту пак и пререков било што што НЕА ЛИЧНО би можело да ја навреди.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Валерин,што се возбудуваш?!
    Девојката употреби преостри зборови,за тоа не ја оправдувам,НО никој своеволно не го чепна твоето семејство,ти сама си кажа,е сега кога си кажала треба и да бидеш подготвена на вакво нешто.
    Не е во ред да мислиш дека таквото однесување на владеачката партија е добро,затоа што и не е.Секој треба да се вработи според своите квалификации,способности,исполнувајќи одредени критериуми,а не со партија,а плус и се зголемува вработеноста на луѓе кои зависат од буџетот,па затоа на сметка на тоа платите каснат,а буџетот е празен,а тие пари вака или така сепак доаѓаат од џебот на останатите граѓани.Па извини,ама јас како граѓанин одбивам моите пари од данок,да се даваат на кадар кој е одвишок,а уште и вработен со партиска книша.Па сакам и јас,штом е така,ем парички,ем малку работа,ем седат по цел ден по скали и пијат кафиња од што немаат место по канцелариите.Наместо тоа има многу подобри начини за трошење на тие пари,како на пример инвестиции кои ќе ја живнат економијата и ќе се отворат нови работни места.
    Лошо е да мислиш дека тоа е исправно.Партијата не те прави човек,ниту квалитетен кадар,треба да се потрудиш за истото.
     
    На milky-candy и Mygirl им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Aма повоторно не сум разбрана. Значи јас не реков дека моите родители седат во канцеларија по цел ден и како стоки (прости на израз) ја зимаат платичката секој месец во ќеш по 40-50 илјади...Еј значи се има своја граница!!! Таман работа. Да имаа таква плата јас сигурно немаше овде да седам за на некој практично ''да солам'' памет. Само зборот ми беше, откако дојдоа ВМРО на власт моите родители добија вработување. И можеби погрешно се изразив кога реков ИМ ПОМОГНА (изгледа како којзнае со колкави приходи да се моите родители) :?: Значи јас лично сум задоволна, како и моето семејство. Не сум лошо настроена кон мојата држава, напротив ја сакам и да, моето семејство е составено од патриоти! А сите оние кои играат улога на неопределени невинашчиња е многу јасно дека не се бидејки сите кога ќе дојде време за избори излегуваат да гласаат. |( Така да не мислам да глумам и да се правам наудрена. Си го кажав моето мислење и не очекував контра реакција поготово не волку бурна како нејзината.
    Бидејки секоја партија има свои подржувачи, па многу е јасно дека кога ке се смени власта на ''чело'' ќе дојдат оние кои гласале за неа и дел од нив ке имаат подобро вработување без разлика дали тоа ќе биде СДСМ, ВМРО, ДУИ или незнам таму која партија.
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850

    Валерин, разбрав што сакаш да кажеш, ама чим ВМРО не им помогнале лично, туку така добиле работа, па откаде знаеш дека тоа не е игра на судбината? Можеби тоа што добиле работа нема врска со тоа кој е на власт...Доколку е вистина тоа што го тврдиш, мене повеќе ми изгледа како случајност...Еве, размисли малку - Што е со стечајците кои секој ден штрајкуваат? Дали тие виделе подобрување? А со сточарите кои што дури примија и закани и тепање за да бидат заплашени и да не зборуваат? Што е со ветениот бесплатен превоз за студенти? И уште многу, многу други работи...Значи, во ГЛОБАЛА гледано, власта ама баш во никоја смисла не ја унапреди државава...И искрено, мене повеќе ми смета што гледам така млади лица, способни да расудуваат со здрав памет, стануваат политички определени... Ај барем некои од нив да направиле нешто за државата, ок е, ама нема ниту еден таков политичар или партија во државава. И наместо ние сега, млади и способни, да се бориме против ваквата ситуација, ние се почесто стануваме предмет на манипулација самите...Епа не благодарам! Се дури во државава се води ваква политика, јас нема партиски да се определам. Конкретно за тебе, не дозволувај уште така млада да си ги затвориш видиците... Па си се запнала ВМРО биле многу добри, па сте биле дома патриоти...И јас си ја сакам земјата, ама не ја сакам ситуацијата во која се наоѓа. И ако заминувањето во странство значи шанса за подобар живот - воопшто нема да размислувам дали да одам или не...Кажав и ќе повторам- си ја сакам Македонија, ама се сакам себеси повеќе. Па ако сега сакаш да ме наречеш предавник и непатриот, повели. Искрено, не ми е ни грижа што ќе помислиш ти и другите “патриоти“ за мене, ако јас најдам среќа во животот, вашите мислења ни најмалку нема да ми ја попречат таа среќа... Поздрав
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Можеби е игра на судбината Лилит. Но, искрено секојпат кога ќе дојде ВМРО на власт некако (незнам поради која причина) се чувствувам посигурно. И секогаш кога токму тие се на власт моите дома се вработуваат.
    Не ги затворам погледите. И не сум се фатила за ВМРО како слеп за стап, само велам дека ми се допаѓаат како луѓе. А општо земено за нашава државичка фала богу никој жив од досегашниве не се потрудил да стори нешто конкретно за подобрување на стандардите и потребите на народот. Владата знае да прави проекти за тоа како би изгледало Скопје 2014 додека народов размислува како утре ќе го набави лебот...
    Но, не би навлегувала во тоа. Точно е дека секој се бори првенствено за себе и своите потреби, како што кажа и ти самата дека ако ти се пружи прилика би заминала од земјава. Во денешно време ''патриотите'' ѓинат. И факт е дека во овие времиња не ставаш апсолутно ништо на прво место освен самата ти. Мене тоа ми е кристално јасно. И немам причина зошто да те обвинувам или судам јас или некој друг од овде.
     
  15. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Ок, тоа си е твое мислење, јас кажав што имам да кажам, ти си доволно возрасна за сама да пресудиш.
    Оф топик, не сум Лилит :)
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Валерин,вака размислуваат и дечињата на сдсмовчињата и ситуацијата не се менува,туку се врти во круг.Кога сдсм ќе дојдат на власт,твоите пак ќе бидат отпуштени,на нивно место ќе дојде некој од сдмс и така натака.А ти како млад човек еден ден треба да го смениш тоа,а нема да го смениш ако продолжиш вака да размислуваш.
    Се задоволувате со трошки,тоа не чини.
     
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Утка, сакав да и пишам на Лилит. Извини.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Епа тоа е бе девојче лошото,префрлување на топката и викање јебига и тоа е тоа...коа од тебе и сите нас зависи.Кои се тие партии без нас обичните луѓе?!
    Сувишно е да се дискутира повеќе...
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    ^^^
    За Valerin

    Јас не глумам лудило од типот - "не сум јас партиски определена, ама ги почитувам вмро зошто му помогнаа на моето семејство, а за другите не знам :wasntme: " или патриот сум јас и не сакам име да мењаме...итн... " ЈАС СУМ СДСМ-ОВСКО ДЕТЕ И ВО МОИТЕ ВЕНИ ТЕЧЕ СИНА КРВ...НЕ МИ ПОМОГНАЛА НИШТО ПАРТИЈАТА СДСМ, НИТУ ПАК СУМ НИВНИ АКТИВИСТ, НИТУ СЕ МОЛАМ ЗА НЕШТО...ЕДИНСТВЕНО СУМ НИВНИ ГОЛЕМ СИМПАТИЗЕР... " И МОИТЕ ИЗЈАВИ ПРОТИВ ВЛАСТА НЕ СЕ ТЕМЕЛАТ НА МОЈАТА СИНА ОБОЕНОСТ ТУКУ НА МОЈАТА ОБЈЕКТИВНОСТ И НА ОНА ШТО СЕКОЈДНЕВНО ГО ГЛЕДАМ ПРЕД МОИВЕ ОЧИ...ДАЛИ СУМ СЕГА ЈАСНА?
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Милки Кенди,симпатизер?!
    Хах...да не беа сакатите од СДСМ,Македонија денес ќе имаше солиден живот и стандард,а ако не и ќе беше членка на ЕУ.Ама затоа што биле многу паметни,воспоставиле саката приватизација на фирми кои во времето на Југославија биле алфа и омега за трговија и многу повеќе од тоа,а потоа после оваа успешна приватизација само за малкумина(во комисијата за приватизација бил и ценетиот Шуклев,кој солидно се обогати своевремено и сега ги држи за наслабиот дел голем број на богаташи во државава,па затоа сите му молчат и не можат да го срушат,иако се знае дека прима мито за оценки и така фраерски владее и владее и владее),од овие фирми останаа еден куп луѓе на технолошки вишок,еден куп стечајци,регистрирање на фирми со еден телефакс и кој како проработи,си ја уништи својата фирма потоа,ги користеа само за инстант обогатување,што како што знаеме ваквото однесување е надвор од законот.Е тек потоа,на господата им текна дека е време сериозно да пристапат,па почнаа со пререгистрација на фирми и воведување на други режими за трговија и слично,малце посериозни,ама за жал 10 или 12 години подоцна откако многу возови заминаа,а тие покрадоа.Околу стотина милијарди долари беа дрпнати,ситница!
    Ниедните!
     
    На slobodka, baguf4e и stella83 им се допаѓа ова.