Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Milky-candy ама зошто толку се возбуди? :D Изгледа дека и тебе не ти е лесно во оваа наша Македонија што е многу нормално. Значи ок, се разбравме. Јас вака размислувам, ти поинаку. И не е битно за која партија сме, зошто на крај краева сеедно е. Еве кажа Лилит...Нема ни од двете аир :?: Од другиве уште помалку. Само ние народот можеме да се напнуваме и докажуваме и тоа изманипулирани од нивните ''трогателни говори''. Нема што повеќе да дискутирам на темава. Тоа е се од мене. А чичо Грујчо и понатаму ме гаѓа во срце. Незнам дали е тоа до неговата лажна насмевка на митинзите, и стискањето рака со пензионерите, ама дефинитивно ми е интересен и како личност кога ќе пораснам со сигурност долго ќе го паметам :rofl:
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Јас воопшто не негирам дека СДСМ се виновни за транзицијата, за стечајот на многу фирми и компании итн...Точно е тоа :!: И пак ќе се повторам дека јас од политика не сум видела корист во животот..И да дојдат СДСМ на власт, секако дека нема да вадам партиски книшки и како некој лешинар да се молам по штабовите нивни за да ми најдат работа и да ме пикнат некаде во државна администрација, а при тоа не сум компетентна за тоа...А, на изборите за нив ќе гласам и ќе ми биде драго да дојдат на власт од проста причина што изобилуваат со образован кадар(да бидеме искрени и објективни сега...) Не велам дека сјајно ќе биде со нив и ќе бидат чесни и поштени :!: , ама барем нема да гледам шупливи во мозокот вмровци, набутани на завидни функции, а немаат трето одделение завршено :@ И колку за пример - `Може ли да се спореди една Шеќеринска со една Силвана Бонева? ` - СЕКАКО ДЕКА НЕ!!! :x :)
     
    На Kika30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Што мислам...?
    Апсолутно ништо, во никој не верувам, за никој не гласам и не поддржувам.
    Кога би имала некоја корист нашава мала државичка па да гласам за премиери и партии, а вака не, тотално сум разочарана од политичкиов систем и веќе сеедно ми е кој ќе биде премиер дали е добар дали е не...
    Исто ко да не постои за мене, ме нервира само тоа што ми ја блокира цела улица кога влага или излага од дома и дремам 2 саати у кола :@
     
    На Tomcia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Премиерот на Мкд..хммм ...Премиерот има фаца како да има некои длабоки скриени намери и насмевката под мустаќ едноставно покажува дека спрема да не употреби во некоја тешко-сварлива бабина манџа и ќе не крчка пополека ..хаха Сте го гледале клипот со К-15 кога од авион ќе паднат неколку лица и ќе бидат заробени од човекојадци, па ќе ги тераат д ајадат трева итн ..итн....Епа таква ни е политиката ..хахах (упс заборавив ,незнам дали си напишав име да не ме уапсат после коментарот....) хахах Се гледа дека е нарцис Ники наш ;)
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Ни дава еден прст-ни зема цела рака.
    Другите ни земаа раце без подаден прст, овој ќе ти даде 100 денари, а ќе те укради 10 000.
     
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Владава,поточно премиеров е далеку од то шо требит навистина да е.
    Но,кој бил претходно? Ајде,помина времето од Тито.
    И ретко кој ја глеат дејноста на Груевски објективно.
    Сите сме симпатизери на некоја партија,нормално од која шо сме имале корист и така..такви сме ние,македончињава.
    Зато ќе си тапкаме во место..
    И неможам да разберам,шо очекувате од Груевски кога е светска криза?
    Очекувате една мала Македонија,индустриски неразвиена во период на светска криза да имат пари?
    Не е ваљда Никола крив шо имат светска криза и шо Македонија е опфатена од истата.Или можда е ?
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  8. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Темава е малку чувствителна и мислам дека ваквите теми не треба да се стваат на сајтов, сепак повеќето сме жени и има доста поинтересни теми на кои би дискутирале или би дебатирале. Сите на сајтов имаат свои изградени ставови и размислувања така да за темава само би се препукувале и на тоа крај би немало. Дајте некои понтересни теми на кои сите би биле сложни, од кои сите би биле задоволни, а секако дека секој со своето размислување даваат совет во одредена област.
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Сметам дека премиерот добро си ја врши работата. Не велам дека не може и подобро, но барем мислам дека до сега од постоењето на Македонија како самостојна, ова дефинитивно е најдобро владеење.

    Убаво кажано, барем овде и да се крадат пари, нешто видовме и ние обичните граѓани и имаше доста подобрувања во одделни сфери, а со оглед и на економската криза, добро е и што вака поминавме. Секогаш може и подобро, ни никаде нема идеално :). Така да јас имам позитивно мислење за нашиот премиер и мислам дека треба да и се остави време и на оваа влада да покаже што може, а после ние граѓаните да одлучиме кој треба да биде на врвот на државата.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    33
    ^^^
    gami

    Сериозна си за ова? :^)
    Велиш да се остави време на владава да покаже што знае...Нели мислиш дека повеќе од доволно време и е оставено да владава на чело со т.н. премиер Грујо и онаа маскота од претседател Џорџе? Уште колку време треба да им се даде :?: Како што може да се забележи ситуацијата во Македонија станува се понеподнослива за живеење...Или можеби твоето позитивно мислење за премиерот се темели на нешто друго??? :) Можеби субјективно гледаш на работите, заради пристрасност кон партијата...
    Поздрав!
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Наброј ми ги сферите во кои нешто се подобрило?

    Подобри односи со Европа? - Не
    Економски бум? - Не
    Здравство? - Не
    Судство? - Не
    Борба против криминал? - Не
    Богат буџет? - Не
    Вработување? (на оние без партиски книшки) - Не
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Леле што читам!! :o Боже прости им на слепилото при очи и на глувоста при уши и на главата која не мисли сама! :| Ццццц....
     
    На Kika30 и Offspring им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.588
    Допаѓања:
    121.570
    Пол:
    Женски
    Потпишувам!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Како што можев да видам ова е темата и јас си дадов мислење на неа. Мислам дека нема потреба да објаснувам или да се правдам. Немаме сите исти мислења.
     
  15. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    201
    Нашиот премиер е ниско интелигентно суштество :@ Толку за него :x :x :x
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.742
    Пол:
    Женски
    Да бил ниско интелигентно суштество немало да биде таму каде што е сега :)
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  17. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    201
    Тоа е мое мислење, да бил барем малце интелигентен немаше така наеднаш да му падне рејтингот, ќе успееше да владее барем уште еден мандат, со оглед на тоа колкава популарност уживаше. Ама се поалчи сакаше се и веднаш :geek:
     
  18. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    И да му е паднат рејтингот, пак најголемиот дел од луѓето ја подржуваат неговата работа и тоа дури двојно повеќе од другите партии во Македонија
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    ^ Да се согласувам, кутрите заслепени патриоти т.н. вмровчиња.
    Јас мислам дека дефинитивно ни треба партија со жени на чело и да ја средиме државава, тука има така добри мислења кои кога би се примениле би направиле чуда.
    Треба да основаме фемина народна партија!!!
    Офи за премиер!!!
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.742
    Пол:
    Женски
    Ах бе луѓе, кои вмровчиња, кои сдсмовчиња? Кој уште може да верува во политиката во нашава земја?
    Обичниот народ сигурно не. Се знае дека се менуваат на неколку години. Кој и да дојде пак нема да чини. Ќе си гледа само за својот џеб. Секогаш било така. И зошто расправии? Мислите ќе смените нешто? |(