Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    По која статистика му падна рејтингот на Никола?
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    ^По секоја можна, освен по таа на Сител.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Ова е нешто во стилот на "Разумен компромис си е разумен компромис, па нема да ви објаснувам" :fubar:
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Ама Офи не претерувај, само во мал процент води на Сител :rofl:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.742
    Пол:
    Женски
    Искрено, Офспринг претеруваш. Никој не може ни културно да си каже мислење, бидејќи ти тука како стражар на темиве веднаш се расправаш. Девојчето си кажа како мисли, а ти веднаш тераш на расправии. Ако не е како твоето мислење не мора веднаш да рипаш. Не оставаш протстор за нормална, смирена дискусија.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Во економски развиените држави како Швајцарија, Белгија, Холандија итн... имам гледано анкети и 90 % од запрашаните не знаеја кој им е премиер или кој е во Парламентот или кој воопшто им е и претседател.
    Едноставно луѓето си ја гледаат својата работа, буквално не си ги замараат мозочињата со политика.
    Кај нас детенце од 5 години знае кој е Бранко, а кој Грујо, а баба ми од 78 години бистри политика секој ден. :^)

    Сите сме умни и можеби не знаеме кој е главен град на Романија или на колку степени врие водата (на тројка :^) ), ама бистриме политика ко луди, и сите имаме свое најпаметно решение на проблемот.
    Наместо масовно да НЕ ИЗЛЕЗЕМЕ на следните избори или да организираме било каков протест, ние ќе се испоубиеме меѓу себе - за кого, за што?
    За човек, за партија, за луѓе кои откако паметам за себе си се топлат во Собранието и си земаат неброени пари, додека обичниот народ си копа очи.

    Бранко или Грујо или св. Петар , мене лично ми е сосем сеедно, оваа држава одамна е појдена во пропаст, а нашиот народ е алчен и смрдлив и најмногу од се' - лицемерен.
    Секому кому ќе му се понудат пари ќе ги земе без пардон.
    И затоа не сакам ни да коментирам.
    Ако ви дојдат и ви кажат - еве ви стан, кола и плата од 50 000 ден. до крајот на животот, ама направете обичен транспарент - Грујо е мојот херој и прошетајте низ Плоштадот, вие секако нема да го сторите тоа, нели?
    Секако дека нема.
    Ќе си помислите на сите сиромашни, гладни и боси и ќе предавате лекција за морал.
    Аха, да.

    Дај ве молам, значи кога браните некој човек, во случај премиеров мил ем драг, барем бидете искрени и кажете зошто, од интерес, за пари, а не - од љубов или од почит или од вашата партиска определеност демек запишана во крвта уште од Гоце Делчев или за државата или заради некаков идеал во кој верувате.
    Барем не лажете.
     
    На pepicaa, rainlover, pink4ever и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Не, туку сакам да слушнам издржан став. Можеби Вику и кои беа други беа заслепени, ама барем кажуваа по нешто и кажуваа зошто е тоа така.
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Offspring јас незнам зошто ги цитираш моите мислења, јас си кажав што си мислам и си стојам на тоа. Не значи дека сите треба да мислат како тебе или како мене.
    Ти имаш негативно мислење за премиерот како и дел од феминките јас позитивно како и дел од феминките и тоа е тоа.
    Ниту целта ми е била да бранам некого, ниту да обвинувам, едноставно затоа е и форумот да си искажеме мислења. Јас не видов нешто погрешно во моето мислење, ниту пак реков нешто за твоето мислење. Така да мислам дека нема потреба постојано да ги негираш мислењата на другите со твоите.
     
  9. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Лом го направи новинаркава ! :)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Офспринг,дали можеби форумов е во твоја сопственост па реплицираш на секој кој не се согласува со твоето мислење? Очигледно тука треба секој да се сложува со твоето и со мислењето на уште неколку феминки,кој најверојатно се твои пријателки за да биде во право.Нема врска,изгледа со стаж сте тука,па затоа.
    Инаку,јас колку што ги пратам настани по телевизииве Канал 5,МТВ,Наша ТВ,Сител - рејтингот на Грујо е над Бранко.
    Само според статистиката на А1,рејтингот на Никола опаѓа..нормално,анкета спроведена меѓу вработените во А1.
     
  11. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    201
    Ова укажува на тоа колку ни е интелигентен премиерот |( |( |( |(
    Не коментирам веќе на темава :x :x :x
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076

    Не е тоа дека се реплицира затоа што некој не се согласува со вашето мислење туку затоа што тоа не е подражно со факти и аргументи туку лупање онака од памет од рекла казала, кога сакате да се изјасните наведете некој факт, причина што ве тера да размислувате така.
    Плус така се води дискусија со реплицирање, ако не реплицираме ништо од дискусијата.
    Затоа прекинете со тие офтопици зашто ми реплицираш итн... твое мислење твое право, поткрепи го со факти ако сакаш да биде прифатено! ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Да не се повторувам, секој има право да пишува и реплицира, само да се внимава тоа да се задржи на дискусија, а не расправање. Она што јас го забележав е дека Офспринг во ниту еден пост не ве навредила, ниту нападнала, но изгледа неможноста некој да го победиш со зборови и аргументи си го прави своето и создава нервоза кај одредени форимџики!
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Не е во моја сопственост, но исто како што коментираш ти, така коментирам и јас. Не напаѓам, сакам да прочитам издржано мислење. Макар нека е портокалово обоено, ама нека е поддржано со нешто, да се искаже став. Нешто навидум мислењата на Вику. Иако се портокалови се издржани. Или како мислењата на Боависта, Лилит, Трендафилка...
     
    На viku му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.838
    Допаѓања:
    202.889
    Пол:
    Женски
    Знаеш зошто е така? Затоа што тие луѓе што не бистрат политика имаат пристоен живот, не мора некои луксузи, ама барем живеат и не му се мислат што ќе јадат утре. И кај нас беше така едно време, во времето на Тито. Не ме сфаќајте погрешно, не сум јас некој југо-носталгичар, туку зборот ми беше дека тогаш најголем дел од населението си имаше пристоен живот, си имаа платичка со која што си живееја пристојно, можеа еден одмор во годината да истераат, и никому не му беше гајле за политичарите. Не дека и тогаш немало сиромаштија, имало, но за разлика од денес, била помала. Имало фабрики, луѓето си работеле. Татко ми на времето работеше во Застава, гигант беше таа фабрика во Југославија - му текна ли некогаш да бистри за политика? Тешко. Си го гледаше животот и семејството. Сакам да кажам, си знаела власта како треба. Не дека не краделе, ниту дека во западноевропските земји не се краде, ама со усул било, е и ќе биде.
    Е сега тоа, што имало репресии ако си против партиското едноумие (чинам дека тогаш беше еднопартиски систем), не чинело, ама ниедно општествено уредување не е совршено. Зборот ми беше, кога човек е задоволен, нема зошто да му ја мисли за политиката, има кој да го тера тоа, нели? Ама кај нас, бидејќи е се' наопаку, се мислиме за платите, дали ќе дадат овој месец или не, ако дадат, колку ќе биде, дали ќе можеме да го истераме месецот... итн... и нормално дека сите ќе станат „политичари“, јаки на зборови, а на дело никаде.
    А тоа каков народ сме, тоа е друга приказна. Отсекогаш сме биле такви, и мислам дека лек за нас нема. Себични, лицемерни и спремни за нечесни игри, само да му наштетиме на другиот, по секоја цена. Затоа и не можеме да направиме нешто за да ја смениме ситуацијава во која се наоѓаме. А власта (кој сака нека е на власт) тоа го знае, и го користи во свои цели.

    А за премиерот - само ќе речам, како за сите, така и за него, „дај му на човека власт, па ќе видиш каков е“ - мислам дека тоа доволно кажува. И не само за него, туку за сите оние што се сменија на власт. Слатка е фотелјата и паричките, а народот кој го е**. Мене тоа ме боли најмногу, што никој не се грижи за народот, и да испоцркаме сите, уво нема да ги боли. Кога ќе згусти - а може да згусти било кога - се знае кој прв ќе збрише од државава - не за џабе се префрлаат сите оние пари и се купуваат станови во Чешка или кај и да е.
     
    На Offspring, d.Darla, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Ем си реков барем денеска нема да бистрам политика,нема годинава да ја заокружам со коментари за луѓе кои по сите пишани и непишани правила,по сите морални норми би требало да се грижат за просперитетот на својата татковина,за добар живот на граѓаните и толку успешно НЕ го прават тоа.

    Има една стара:Нема некој кој ќе ги брцне рацете во медот ,а да не лижне!
    Дај боже навистина да беше така,да лижнеше само чунки кај нас не само што лижнаа ами и прстите почнаа да ги јадат од што им се заслади.Ако де,крв нека им се стори,само да им текнеше дека и обичните смртници се гладни,боси,чекаат некој да се сети на нив како дете што чека пакетче од Д.Мраз.
    Ееее Цацко да јаде,а на другарите да не даде.Епа вие баш такви се,не само што не даваат на другарите туку и бутаат златни резерви во банки,сефови,под перници да не случајно занема,другарчињата нека се снаоѓаат сами,а па овие обичните смртници нив ќе им дадат ама строго само пред избори и тоа пенкалце,запалка,некое капче или маичка еми сеа колку се има,како така луѓето и да вее и да дува излегуваат да си гласаат,заслужиле.

    Арно си праи човекот,ќе плаќал он за социјални случаи,тутунари,млекари...како па да не.Ќе си направи споменици бре,оти од мал му било желба еден ден да пишуваат за него во учебникот по историја.И така и ќе биде,ама ми се чини дека ќе биде во оној учебник за 3 одд што е,оти како напредува младинава овие малку поголемите генерации разликуваат што е бајка,а што реалност.Само уште Главниот да ја уочи таа разлика и ми се чини дека конечно државава ќе направи еден чекор напред...не кон бездна како што било до сега,ами кон поарно.

    Нека му е Среќна Новава,белки ќе даде Господ да се разбуди од длабокиот зимски сон.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Ова го гледав пред некое време, незнам само како не му е срам толку да лаже. Па добро бре, народов при очи слепи се, при уши глуви се! Колку треба да си глуп за да неможеш да сфатиш дека лаже и исто толку глуп за да продолжиш после ова да му се клањаш! Видела жабата го потковуваат коњот, па и таа ги дигнала нозете. |(
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    ^^ Сигурно сега и новинарката на Б92 ја прогласиле за предавник и државен непријател бр 1, зошто нели му противречи на премиерот и не и течат лиги за преродбата во 100 чекори :) :)
     
    На dan1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Хаха :rofl: :D :D ме изнасмеа :lol: :lol: потполно си во право :clap:
     
  20. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Приватизацијата секако ќе се случеше како логична последица на одделувањето на Македонија од Југославија и следење на светките теркови на пазарна економија. Значи, порано или подоцна ќе кукавме по приватизацијата, прашање е само кој бил на власт тогаш, па му ја префламе топката.
    Да, се обогатија многумина, како што се богатат и денес и во иднина. Жив човек- ќе седне на фотелја, ќе се обиде да приграби за себе и фамилијата. Нема љутиш.