Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Вчера имаше лидерска средба. И на една маса беа седнати мојег до мојега. И кога ги видов сите тие фаци (т.н. лидери на партииве во Македонија), без исклучок, си реков: Со овие фаци ниту стигнавме, ниту ќе стигнеме некаде. Само ќе тонеме. Ги гледав сите тие преваранти, смешни, подлизурковци, „интелектуалци“ на масата и се запрашав: Дали тоа ни е капацитетот на државата?

    Е ако е тоа, подобро да се селам, да си барам ново место под Сонцето.
    (Инаку, на масата беше и премиерот, нели.)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.627
    Јас девојки не сум активен во оваа тема, прв пост ми е ова, па само едно ќе кажам :D ..... Грујо како почнал со законите, уште малце и Р ќе ја забранат за употреба !!!! :rofl: :rofl: :rofl:
    :rock:
     
    На BoaVista, julie77, esperanca и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Кај премиерот не ми пречи најмногу лошиот вкус за облекување кој го има :D ,ми пречи неговата селективна политика.Мачка очи со тоа одобрувам за 50,а 5000 луѓе се надвор од „проектите и реформите„(овде читај „сите задоволни од реформите кои ги спроведува„ :D ) и секогаш има оправдување,ама се знае кој се брани и правда-оној кој е виновен.Тој што си ја брка работата совесно и не е за едни мајка,за др.маќеа-нема што да се правда,не остава простор да го нападнеш најпрво,бидејќи ќе немаш аргументи.Ама баш секаде и за одобрени субвенции за земјоделство,исплати на побарувања кон стопанството и поединци и др.нема ист аршин за сите,се‘ се одобрува на мал дел луѓе(читај „нивни симпатизери„) останатите-мнозинството,се аут,па после како да сум задоволна од политика на јасна дискриминација и нееднаквост?!
    За казните и диктаторството има уште еден огромен минус,па после ќе го правдаат некои,не бил човекот таков,добар си бил тој,тие околу него не чинеле,ајдете ви се молам.Се знае дека без неговото „Амин„ ништо не поминува,како успевате да ја префрлате неговата вина на др.а него да го гледате како наивен и добродушен,не знам навистина?!Дечко ми е нивни активен член и еднаш му реков дека му посакувам на премиерот и неговите потомци тие да се тие кои во иднина ќе изостанат надвор од сите поволности,а да се во иста нерамноправна и бедна полозба како најголемиот број луѓе кои ги довел самиот тој во истата со неговата стерилна политика,па ми рече дека сум злобничка,јас си мислам дека сум праведна ;) .
    Се мислев дали да се изјаснувам на оваа тема,веднаш ќе те гледаат како опозиција,а јас не сум политички обоена, гледам реално и објективно да ги напаѓам и бранам сите според заслугите,и за екс-премиерот би се изјаснила што не ми се допаѓа/ло.
     
  4. noli

    noli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Нашиот премиер си прави само на него што му одговара, си донесува закони кои на него и неговата компанија му одговараат, а за народот апсолутно не му е гајле дали има да јаде и да пие и каде да спие....
    Ние народот живееме за него и компанијата, од наши пари им се преполни џебовите си имаат по 5-6 стана и автомобили, а можеби и повеке : :?:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Нашиов премиер е лопатар! :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    25
    za zalenje e covekot,toj samo si zamisluva deka e premier,drugi gi vlecat koncite ,za zal.inaku kako go vodat nema uste mnogu da izdrzi,ama se nafatiraa dobro :worried:
     
    На DivineChaos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    После сите сувопарни, одвратни лица од претходната влада, еден голем позитивен лик заедно со неговиот тим...тоа го мислам за премиерот
     
    На plavusaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Нека се врати сдсм па може ќе се отвореа границите некогаш, може и ќе направеа план за изградба на некоја фонтана на пример да ни заличи државата, ќе направеа некои реформи во здравството и образованието...па ние само требаше да почекаме ќе му текнеше нив кај и да е! Што убаво си работев во времето на сдсм неосигурана, на црно,кај му текна сега нон стоп инспекции да пуштат зошто ми е мене осигурување? И срамота оваа влада да ги апси криминалците како Велија па коа е таа да му го крати лагодниот живот на него и на неговата тајфа??? И да стварно не разговара со луѓе кои се против неговите ставови и кои го мразат на пример Борјан и оној загубениот Младен...па не му се дораснати ни до колена (а сите знаеме колку ни е висок нашиот Премиер)!
    И за сите оние што упорно го употребуваат зборот диктатура како по навика...прочитајте малце литература за познати диктатори и тогаш споредувајте! Да беше диктатор таквите како новинарите од а1 што му дремат пред влада одамна ќе ги немаше...дури и премногу е мек за мој вкус :D
     
    На Stam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    789
    Како и секој друг политичар .. :)
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Па што ако се границите отворени? Гледам цела Европа ја видовме, дома не се прибравме од шетање. Што ако се границите отворени кога народот нема пари да патува? Во врска со Борјан и Младен, ќе ти кажам дека Груевски се загуби и изгуби во интервјуто се исплетка во сопствените лаги и контрадикторности. Ти ако си му верувала во тоа што го кажувал, јас незнам како да ти помогнам. Ако веруваш дека не врши влијание врз судството, ни тука неможам да ти помогнам, само ќе те посоветувам малку повеќе да истражуваш, па потоа да пишеш вакви работи.

    И за крај, еве на што налетав на јутуб. Мошне интересно.
    http://www.youtube.com/watch?v=kuNvsVaZ ... re=related
     
    На BoaVista и DivineChaos им се допаѓа ова.
  11. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    ајде малку објективно-пред пола саат премиерот беше на интервју во сител кај талевска каде ги исчешлаа сите можни теми од здравство до образование до уса критиките....и тој се си кажа така фино така позитивно и богами ме збуни во која држава живеам јас???неќе да е дотолку се суперски ....зошто оо зошто практикува гостување само кај неговите новинарчиња и телевизиски куќи каде се пере од чорапа .....е неќе да е во ред...
     
    На DivineChaos му/ѝ се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Значи едни застануваат во одбрана други го напаѓаат премиерот, тоа е нормално неможе сите да мислиме исто. Меѓутоа неговата работа не е ниту за навреда ниту за пофалба, донесе некои реформи во здравство , образование и сл. но исто така одобри и некои проекти кои се апсолутно непотребни како Скопје 2014. Наместо да го трупаме плоштадот со разни глупави објекти и споменици тие пари можеше фино лепо да се вложат во нешто друго што би било попрофитабилно.
    Човекот се труди можеби да постигне нешто, но на сите нам треба да ни биде јасно дека секој политичар за време на својот мандат се труди да ја оствари програмата на неговата партија, и нормално дека за нечии интереси повеќе се залага. Неможе да речеме дека не работи ништо, тој се труди но ништо неможе да донесе резултати преку ноќ, земјата подолго време стагнира и било кој да е на власт неможе за еден мандат да ги реши сите проблеми.
    Некому одговара неговата работа, зашто на овој или оној начин му било помогнато, на друг не му се допаѓа тоа зашто бил оштетен, но така е во секоја држава неможе сите граѓани да бидат задоволни од работата на мандатарите. И во САД не се сите задоволни од Обама, тоа е сосем нормално и очекувано но сепак секој си има свој став и треба да се почитува и да се дискутира а не лично да се сфаќа сето тоа па после да преминува и во лични навреди. Затоа девојки по опуштено :hai:
     
  13. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Аман веќе со тоа се трудел, па се трудел. Па колку време ќе се труди?!? Нели е веќе време да видиме некој резултат од тоа трудење? И да се согласувам дека работите не можат да се сменат преку ноќ, ама човеќот е на власт веќе 4-5 години имаше време да се докаже и покаже, ама ништо од тоа.
     
    На DivineChaos и tanja6 им се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Offspring Точно е дека различни очи различно гледаат затоа не се чудам кога некој вели дека Груевски се изгубил во интервјуто.Али нека. Друго-не треба кој знае колку да истражувам за да најдам вакви видеа, ќе ти најдам од сите партии, само кажи против кој сакаш...ти гледам си се потрудила бааѓи...како дозна за ју туб???? а за тоа дека немаме пари да шетаме-точно, никогаш не сме ни имале, но нема да се однесувам како да сум имала лагоден и убав живот па сега дошол премиерот и ми го уништил. Гледам дека се труди да мрдне нешто од мртва точка, и го почитувам тоа...колку ќе успее во тоа не знам-ќе видиме! Сакаме се преку ноќ.... И на крај краева на вестите на Сител прифати предвремени избори...ако е народот незадоволен ќе има шанса да го смени...(ако не се извлече опозицијатаа од изборите затоа што нивното барање за избори го сметам за чист блеф)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Аааа, јасно ми е, од вестите на Сител...
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Се додека не остане труден :rofl: :rofl: :rofl:
    Точно дека нема некои воочливи резултати, јас лично не сум осетила никаква придобивка ниту кога беше на власт опозицијата ниту сегашнава влада. Моите работат по цел ден и да се здрави и живи кој и да дојде, платата никој не им ја менува, тоа е што е.
    Неможам да разберам какви промени сакате да има, ништо неможе од небо да ни падне, ниту паднало нити ќе падне. Се си бара работа, време и трпение.
    Проблемот не е само во политичарите, проблемот е и во народот како широка маса која ги избира тие кои ќе ја водат државата, никој никого не тера со сила да гласа за некој, имаш програма земи пролистај еден ден и види дали ти се допаѓа. Ако не има и други помали политички партии не се само ВМРО и СДСМ, разгледај добро и гласај за оној кој е најблиску до твоите побарувања.
    Грујо не е максимално посветен на својата работа и тоа е точно, но неможе да речеме дека ништо не направил ниту пак не се труди да направи, а и на крај краева џабе му е нему фотељата и титулата премиер кога други влечат потези, или во најмала рака постојано го контролираат или му вршат притисок.
    Лошата состојба во економијата не дозволува да се направат ригорозни проблеми на било кое поле, немаме добра стапка на БДП, ниту пак имаме голем процент на вработени лица, туку кај нас се поголем е бројот на лицата кои секојдневно остануваат без работа и се терет на државата. Зголемениот број на социјално загрозени лица автоматски влече големи суми од буџетот, кои на никој начин повторно не се акумулираат во истиот, туку остануваат празнини кои многу тешко се пополнуваат затоа што поголем е бројот на невработени одколку на вработените.
    Без долгорочни извори на средства нормално е дека и буџетот на државната каса ќе биде лош, а со самото тоа автоматски се ограничува можноста за релевантни промени.
    Исто како да сакаш да го реновираш станот а имаш плата од 12.000 денари и едвај врзуваш крај со крај, а реновирањето е неизбежно и нормално ќе почнеш полека. За да после еден извесен период почнат да се забележуваат разлики, епа и во државава е скоро иста ситуацијата нема доволно финансии и секако сеуште опшеството не е доволно стабилно за да издржи такви нагли промени.
    Секако апсурдно би било тука да зборувам како буџетот не е доволен а секој ден никнува по некој споменик за кој се плаќаат суми од кои човек би добил вртоглавица, залудно се трошат средства за кампањи кои не резултираат со ништо, туку напротив служат за реклама и потсмев и ред други работи.
     
  17. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    А дали знаете дека и Садам Хусеин вовел многу реформи за време на своето владеење, пред да го дознаат тоа што навистина е тој? Неговата партија вовела реформи во образованието, кампањи за искоренување на неписменоста, поголеми права за жените...А во меѓу време вршел тортури врз дел од својот народ. Потоа почнал масовно да ги бомбардира, да ги убива со хемиско оружје, фрлајќи им отровни гасови...А светот не се замарал за тоа. Е, кога Садам се сврте да тероризира и малку подалеку, не само со соседната Иран и својот народ, дури тогаш почнаа да го бркаат...
    Може примеров е малку посериозен и пострашен, ама суштината е тоа. И него во првите години на владеење го сакале. Поентата ми е дека не секој што труби дека донел вакви реформи, со такви и такви закони, такви и такви акти, прави добро за државата...
     
    На Annath и Offspring им се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    И Хитљер сакал да биде некој. Ама кај е сега? Сам себе го убиел! Не иде!

    Ете толку ќе кажам :) А не знам зошто секогаш на овој скеч ми текнува?! :|

    БоаВиста, секогаш ме смееш кога реагираш за трудењето :D Ама јас потполно те разбирам.
    Знаеш во средно имав една другарка бубалица. Учеше, абе се утепуваше од учење. И пак 2ки, 3ки.
    И мајка и стално викаше - абе ставете и 5ка, па она се труди!
    Горе, доле иста е поентава со трудењето - ама инаку да, и мене ме нервира ова како „аргумент“ - ама барем се труди. Барем нешто се гради!
    Е*ате градбите! Е*ате трудењето без резултати! Цел свет ни се смее |(
     
    На julie77, BoaVista, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    NO COMMENT за Грујо :x :x :x
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не се согласувам како лицата кои остануваат без работа се на терет на Грујо и неговиот буџет,нивниот работодавец во најдобар случај им исплаќа нешто како отпремнина во висина од 40-50% од платата во период од 12-14 месеци најмногу :!: .Па потоа се оставени сами на себе!А многу дури и без никави средства остануваат кога ќе бидат опуштени!
    И како лошата состојба не дозволува да се прават промени?Да остават статус кво,ништо да не се прави,бидејќи не мозе да се направи ништо :^) !
    Социјално загрозените категории не влечат голем дел од буџет,најпрво нив им исплаќаат смешно мали суми од 1000-3000 ден.месечно.И на многу им ги укинаа имале приходи-од продавање на пластични шишиња,копање на канали,поседување автомобил(некоја рѓосана лименка за в музеј од после војната) и сл.како да е мозно да се презивее само со сумата која тие великодушно им ја дале.
    Оние што влечат се паразитската армија буџетари,чиј просек е 19.000 ден.месечно,а се 40% од сите вработени :!: !А стопанството кое го полни буџетот,ни 6.000 нема реален просек во текстилна,преработувачка на храна и др.индустриски гранки кои се малкуте од оние кои успеваат да опстојат на нашиот пазар.
    Долгорочни извори на средства од што-од заеми како досега?И на др.тема пишував-кој ќе ги враќа нив-ние,идните генерации,како-не знам навистина.Стопанство не се финансира од заеми за исплата на плати,пензии,социјала,тоа се активира за само да создава приходи,тука е стерилноста на сите наши политичари!!!