Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Е не во А1 ќе оди да се расправа со ретардирани. Кога можат тие да го плукаат на секој чекор и да пробуваат да го рушат, тој ќе им оди во емисии...па нормално дека ќе оди таму кај што ќе го испочитуваат барем да ја заврши реченицата и нема да го прекинуваат со глупи прашања од типот "зошто не ни ја одблокираш сметката" ????? А оние споредби што ги правите со Хитлер се стварно смешни...мој совет-пазете што зборувате Грујо ќе ве пронајде по IP адресите па може да се најдете во Сибир(Сталин), во некој логор(Хитлер), или на Голи Оток(Тито,да да, Тито) а таму знаете што ве чека... :rofl:
    Со парите од бугетот тој не може да отвара фабрики и да не вработува, тогаш би се вратиле назад во некој друг систем...тутунарите се жалат(подбуцкани од сдсм ) а првпат откога дојде Грујо зимаат субвенции, винарите се незадоволни од винарските визби,тие не исплаќаат како треба - не од владата...владата им дава субвенции...покачени платите во здравството, покачени во образованието...мои школски кои едвај завршиле средно па изгурале и завршиле (мочан) педагошки, сега зимаат 350-400 евра плата, малку ли е тоа? А ако сакате да се споредуваме со Европа и со нивните плати-кога ќе влеземе тогаш.
     
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Зошто смешни? Споредбите си се на место. Ај прочитај убаво, ќе видеш дека Садам исто воведувал реформи и се, па со тоа не направил некое добро за земјата. Не е поентата да се каже дека и Грујо ќе прави така, пред се тој не е ни способен за такво нешто, поентата е дека реформите и новите закони не секогаш значат дека човекот прави добро за државата.
    А па за вестите, ама ич не си во право. Ако толку е способен твојот Грујо, ќе знае да се снајде и со ретардирани и со културни, со секакви... А не се фатил само за сител, ами така сите знаеме. Тоа што тој го прави е исто како наместо ти сега да одговараш во оваа тема, да си отвориш една нова тема “Тема за оние кои го сакаат Груевски“ и да не сакаш да ги земеш во предвид другите мислења, па затоа си отвораш нова тема каде би имало правило- тие што не го сакаат Груевски не смеат да коментираат тука.
    Се на се, колку и да сметам дека не си во право со тоа што го зборуваш, како и тоа дека сметам дека ти, како и многу други си заслепена од лагите на Груевски, го почитувам тоа што имаш храброст да се изјасниш овде и покрај тоа што знаеш дека ќе има многу реплики и спротивни мислења на твоите. Епа Грујо ја нема таа храброст, а премиер на Македонија е!
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    ^^Za MkSkorpionka: Оф, сирота... :(
     
    На Kika30 и Offspring им се допаѓа ова.
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    :rofl: ме насмеа со твојата одважност да не коментираш ништо него да ставиш навредлив коментар и да мислиш дека си завршила работа...
    Не коментирам веќе ќе оставам се на изборите да си увидите сами колку сте биле слепи и во заблуда за Нашиот Сакан Премиер :* :)
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.240
    Допаѓања:
    27.870
    Да да, изборите ке ме просветлат, сигурно. :x

    Инаку, он топик.. Пуштија уште една рата од ЛАНСКИОТ студентски кредит (кој патем речено требаше да биде исплатен пред 10 месеци) . Се плаши Саканиот премиер од нешто, па поткупува и студенти или?
     
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Можеби ќе победи пак, ама чисто заради тоа што луѓето и од Бранко не виделе аир до сега. Само разликата овој пат ќе биде тоа што ќе има многу малку пратеници во собрание, нема да води со голем број на гласови. Ти не си свесна колку се разочарани луѓето од Груевски, изгледа само мама, тато и твоите најблиски си ги слушаш како се фалат од него, па заклучуваш дека сите се задоволни. Ама факт е дека Грујо овој пат не ќе може да собере мнозинство во собранието, зошто од ден на ден се повеќе луѓе се освестуваат.

    Кукличка, ако сака и бонус рата нека пушти, бадијала ќе му е :lol:
     
    На KuklickaSk и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Епа добро тогаш, штом не може да не вработува, со парите од буџетот нека гради споменици и нека се задолжува, а после на избори нека го гласат шмизлата, бикот и лавовите.
    А ова за подбуцнувањето, фала што не просветливте, па јас незнаев дека Бранко е толку моќен за да може да подбуцне пола држава да се крене на нозе.
    Да, да СДСМ ги подбуцнал тутунарите, лозарите, градинарите, лекарите, универзитетските професори...
    Само заборави да напишеш дека можеби и ние форумџиките кои пишуваме дека не сме задоволни од Груевски сме подбуцнати од СДСМ. Мислам логиката ви е боли глава. Ако кажеш дека не си задоволен од Грујо одма си подбуцнат од Бранко, и по дефолт си сдсмовец, предавник и треба да бидеш истребен. :x Ноу комент!
     
    На DivineChaos, Mistery и Theodora им се допаѓа ова.
  8. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    МКСкорпионка, да имаш барем основни познавања од областа на економијата, ќе знаеш дека во време на инфлација нормално е платите да растат...Инаку ќе неможе да се прехрани народот ако платите стојат. Тоа е нормално покачување, всушност не е реално покачување, бидејќи во исто време растат и платите и цените, така да исто ти се фаќа, стандардот е ист, па дури и полош, бидејќи цените побрзо растат. А Грујо наш паметен, во време на светска рецесија, тој успеа да постигне инфлација- контраефект на рецесијата, но исто толку лоша како и неа, дури и полоша, зошто се лажат луѓето бре, платите им се зголемувале...
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    единствен политичар кој ја заслужува мојата почит повеќе не коментирам
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    :lol: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • hahahahaha.jpg
      hahahahaha.jpg
      Големина на фајлот:
      115 KB
      Прегледи:
      93
    На julie77, irenna, Mygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Абе Лудо кај го најде ова? Се убив од смеење :rofl:
    Најјаки ми се овие две:
    1. Директно вклучување на поставување на камен темелник во клозет во Сарамзалино од страна на премиерот :rofl:
    2. Премиерот ја обвини опозицијата за свинскиот грип :rofl:
    :clap: :rofl: :rofl:
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Се извинувам, ама ова морав, во контекст на мислењето од лудото :lol:

    Временска прогноза на МТВ1.

    За утре се очекуваат врнежи од снег низ целата територија на Република Македонија, премиерот Никола Груевски го обвини Бранко Црвенковски за тоа. Бранко Црвенковски демантираше и рече: Господине Груевски, вие имате патолошки страв од мене, со тоа само ми докажувате дека сум способен да ја водам државава иако велите дека сум веќе истрошен политичар. Ве повикувам на Тв дуел да го решиме ова. Премиерот вети реформи на ниските температури. Рече дека ќе даде се од себе времето да биде топло и дека редовно прави разумни компромиси согласно законот и уставот на Р.М. за да не дојде до невреме.
     
    На Danilela, Mygirl и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Верувам дека имаш лични причини да го браниш премиерот и неговата партија поради обезбедено вработување или др.бенефиции за тебе или твоето семејство,што до некаде и го разбирам.Ама тоа треба да го правиш аргументирано,а не само со емотивна поттик да рецитираш нешта кои очигледно не ти се баш јасни.
    Прво,немаш појма од тоа како се води макроекономска политика и колку е неопходна интервенција на дрзавата во стопанството.Макроекономијата ги има за предмет на проучување националното производство,цените и надворешната трговија,преку следните компоненти-БДП,стапка на невработеност,инфлација и нето извоз.Нејзини цели се-максимизирање на производство,висока стапка на вработеност,стабилно ниво на цени и рамнотеза на трговскиот и платен биланс,а нејзини елементи се-во фискалната политика-јавни расходи и оданочување,во монетарна-контрола на паричната маса и каматна стапка на централна банка,во економските односи со странство-девизна контрола,во политиката на доход-насоки за распределба на доходите,контрола на тековите на платите итн.
    Мора да постои интервенција и контрола на стопанските активности ,преку закони и др.прописи и др.тела и агенции,алокација на ресурсите,интервенција во распределба на доходот,обезбедување економска стабилизација .Владата учествува и во националниот производ преку системот на јавни приходи и расходи,таа одзема и троши голем дел од националниот производ.Исто има обврска да води антимонополска политика.Светската криза која го зафати светот во 1929год.посочи дека пазарот не е способен самостојно да ги отстрани цикличните флуктуации во производството,вработеноста и цените,потребна е и интервенција тоа го прават и најразвиените земји,сите се борат против рецесијата,невработеноста,а според тебе на нашите не им е тоа работа?!Што им е работа да гледаат во плафон,дури не почнат вестите на Сител за нивните „постигнувања„?Ако толку сакаш да му помогнеш на премиерот барем потковај се со знаење да го одбраниш како што треба,најпрво така што ќе научиш подобро кои одговорности ги има.Не сакав ова да изгледа како некое предавање,само сакав да ја посочам некомпатибилноста и нестручноста за дискусија за еконмските параметри на управување во една земја.
    И не потценувај никој факултет-Педагошки не е мочан,тие луѓе утре ќе ги учат и воспитуваат и твоите деца.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Постои некој воопшто подобар политичар кој може да го замени Грујо во неговата работа и да тргниме напред?(значи да појаснам, не зборувам дека Грујо е добар, туку дека сите се лоши!)
    А, Бранко со неговите изјави "Не сакам да се кандидирам за премиер, ама морам државава да ја извадам од сиромаштија", како па ние сме виделе аир кога тој беше на власт.
    Навистина не знам зошто мислат дека сме Британија за да функционираме со двопартиски систем.
    Уствари не, сега некои други ќе настапат не со тактиката "раздели, па владеј", туку со "нека се разделат сами, па ќе владееме"
    Ех Македонијо, џабе што си бисер балкански, кога секој те напика во анус.
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Економијата е мојата струка само не сакам да вршам предавања на тема економија, и не сакам да слушам за економија од некој кој се информира преку гугл. И моите забелешки беа за споредбите на оваа со претходната влада али ти очигледно трчајќи да препишеш, си се изгубила во суштината на муабетот.
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас сум дипломиран економист не сум презела ништо од Гугл,а ти како за економист по струка ја показа твојата (НЕ)стручност!
     
  17. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Премиерот Груевски не може преку ноќ да поправи се што се уништувало 20, 30 години уназад... Ако има избори сега пак, ке гласам за него а би гласала уште милион пати на сите следни избори.
     
  18. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Економијата и она што се предава е bollocks , да не навлегувам многу многу е религија ок?! се сведува на верба и еден куп глупости , едните се про слободен маркет , другите контрола итн . Реалноста е дека е сведено на верба и согласност на стадо овци кои прифаќаат на кој начин да бидат молзени и стрижени од страна на пастирот кој дава предлози . Jesus use your brains please -.-
     
  19. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Уште еден fail.

    Пример : БУГАРИЈА ... иста структурна корупција, доаѓаше од ист систем комунизам, во 97 98 имаа плати 30 марки празни продавници и беше пред револуција жените им ги купуваа за две червени а баба ми доби цакум пакум преглед за една ролка и вегета, 13 години покасно личат на ебан дубаи споредба со нас.

    Грујо имаше пет години , пет години се повеќе од доволно за да се покажат резултати .
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ооо па по мои сознанија и на Гујо му е економијата струка.

    Со вакви економисти како госпоѓицава Шкорпионка и премиерот, блазе си му на светот. Море коа поарно ќе размислам блазе си му на светот со вакви стручни лица :)

    Ама е убав овој свет, од толку расцутена економија, саде пчеливе се збрлавија незнаејќи од кое цвеќенце попрво да цицаат полен за правење мед.
    :)