Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ццц :rofl:
    Е сеа може са реплицирам оти ми се обрати нели :lol:
    Ти дали воопшто си слушнала за барокот, што отсликувал во минатото (настанал за да се потенцира моќта и богатството на една држава-накратко)
    А изгледа не си слушнала ниту за иронија и сатира во изразувањето/пишувањето :lol:
    Последната реченица (прашање) е дали со Барокот ни ја отсликуваат сегашноста, зашто тоа воопшто не бил симбол на мизерија, сиромаштија и неразвиеност на една джава во минатото. ;)
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Епа јас не напишав дека не сакам да те читам, еве сакам, ама начинот на изразување и пишување ти е НЕРАЗБИРЛИВ зошто не користиш интерпукциски знаци, ниту пак некаде користиш голема буква и тешко ти се разбираат постовите. Па затоа за доброто на сите, почни да ги употребуваш!
     
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Диктатура
    Заборавивте да пишете :rofl: :rofl: :rofl: :lol:
     
  4. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.720
    Пол:
    Женски
    А ти дали си прочитела некаде , што воопшто чисто се сомневам за ингеренциите на Владата???
    Владата нема ингеренции да отвара фабрики, или пак сакате да не вратите во времето на Социјализмот кога државата беше таа што отвараше фабрики.Денес фабриките во Капиталистичко општество се во приватна сопственост.Владата може само да придонесе за подобри услови за работа на фабрики!!!!Како што гледам Владата на Груевски тоа и го прави.
    Така да немој другпат да кажуваш работи што немаат врска со реалноста - или така ви е стилот на говорење - нешто да се каже па макар и неиздржано.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    27.966
    A, Слободка издржано е трошењето на 1 милион евра за изборна кампања??
    Или се за љубав, се за партија е муабетов...

    пс. под отварање на фабрики, претпоставувам дека не се мисли на државата да отвара, туку да привлекува странски инвеститори кои ке отвараат...
     
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    ти воопшто не си компетентна да зборуваш за мојата писменот посебно не во темата воздржетесе од навреди ве сваќам напнати сте многу разбирливо е во вашата ситуација како што кажав и јас на ваше место би била вознемирена тоа што се сеело во минатото е одраз на сегашноста уствари и ништо не се посеало збачајно во овај случај на Бранко па да има видливи плодови па отаму доаѓа и вашата иритација претпоставувам
    не јас за ништо не сум слушнала како никако јас незнам да се издразувам и пишувам јас не сум слушнала за твојата инспирација од Барокот нееее никако :x а подобро би ти било тебе да земиш да си го проучиш значењето за интеграциите на Владата
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Еве кога толку многу сте се фатиле за фабриките, што не пишете нешто за фабриките кои се затворија во периодот од 1998-2002 година, кога Груевски беше министер за финансии? Или само што ви одговара тоа ќе пишувате? Се лошо што направил Бранко ставате на кантар, а се лошо што направил Грујо пу пу не важи.
    Крајно необјективно и пристрасно!
     
    На KuklickaSk и creshicka им се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    One Word -Asshole!! |(
     
    На enca.69 и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Под отварање на фабрики се мисли на отварање работни места, без разлика дали ке бидат од приватнот сектор, или за нив ќе се погрижи Државата/ВЛАДАТА или попросто да ти се објасни за тоа ќе придонесе коректната и стабилна надворешна политика или ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ, ноо сите многу добро знаеме до кој степен ги доведоа надворешните односи најпрво со соседите предавници па потоа и со цел свет затоа што се стремиме кон Мугабе политика изгледа.
    Ако надворешната политика ни беше во ред тоа ќе придонесеше за странски инвестиции или да ти појаснам пак ОТВАРАЊЕ ФАБРИКИ кои се од високо профитен карактер во РАЗВИЕНИТЕ земји кои ќе имаа свои претставништва на производство а тоа пак значи ОТВАРАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА и намалување на невработеноста а со тоа и сиромаштијата нели.
    И ве молам доколку не сте до толку информирани не пишувајте само колку за инает да се одбрани нешто што е погрешно.
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    27.966
    Ако се сеќаваш, во темата што ја заклучија имав јас убаво напишано за сите фабрики кои се затворија во тој период, ама никој од вмро-вците не одговори, зошто немаа што да кажат..Или може од партија им е наредено да игнорираат се што се пишува против грујо олмајти !
     
    На SunFlower94, enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Знам Кукличке дека ти тогаш ги напиша сите фабрики затворени во тој период, па дури и бројот на лица кои останаа без работа тогаш, ама како ни тогаш, така ни сега никој нема да одговори, зошто не им одговара :)
     
  12. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    95
    дефинитивно негативно мислење :)
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па и ова е еден вид дуел на докажување и спротиставување на различни мислења, а знаеме како реагираат на тоа посебно кога ќе ом се сервира непријатната вистина од погрешнатата политика а им завршиле напамет научените партиски наслушнати тези во одбрана на симпатизерот.
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Задоволни сме од вашите исцрпни одговори и останавме без коментари :rock:
    А уште позадоволни одговори можете да добиете од 400.000 стечајци што Господинот Бранко Црвенковски ги остави на улица :clap: верувам дека некој од нив би ви дал позадоволителни одговори од нашите :hai:
     
    На Dgirlll, Lux, slobodka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Доволна за одговор е состојбата во цела Македонија, со образованието, здравството, инфраструктурата, дипломатските односи, состојбата на обичните граѓани, сточарите, лозарите, тутунарите, земјоделците, млекопроизводителите... Многу се бигами :tmi:
    Што мислиш колкава ќе излезе оваа оваа бројка ако се собере :o OMG
     
  16. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Боже мили Миме, ај прво информирај се што значи приватизација, што е Социјализам, што е Капитализам, што е транзиција, па потоа пишувај за затварање на фабрики и за оставање на луѓето на улица...ЗНачи тој процес мораше да започне тогаш, таа приватизација, продавање на фирми кои можат успешно да работат, а затворање на оние што се неефикасни, а притоа да им се обезбеди помош на отпуштените лица преку обуки за преквалификации, т.е. за конкурирање на други работни места, или за отворање на сопствени мали бизниси. Тоа било логичен чекор, бидејќи Социјализмот, т.е. државната сопственост се покажала доста неефикасна(доказ за тоа ти е и зашеметувачката хиперинфлација од тоа време, која изнесувала некаде околу 1600%). Башка, биле притиснати и од сите странски влади од развиените земји, кои веќе биле успешно приватизирани.
    Но, грешката не е во самиот чин на транзиција, туку во тоа што таа не се одвивала правилно. Поголем број од фабриките биле продадени на бивши комунистички директори, преку поткупи и манипулации. Тука е крива СДСМ. Но, нека не се заборави дека во периодот од 1998 - 2002, ВМРО продолжила со ваквата политика, значи воопшто не биле поинакви од овие првиве. Капак на сето тоа е што наместо да инвестираат во бизнис инкубатори и организации за подршка на отпуштените стечајци, за овие да развијат иницијатива и да се обидат на друг начин да егзистираат, тие воопшто не донирале пари во вакви институции. Најинтересно е тоа што пак странските влади инвестирале и биле отворени неколку вакви институции, само со странски донации, без владино учество или пак со минимално владино учество.
    И што се случило? Во 2002 година, странските влади престанале да ги финансираат овие институции за поддршка. Нивното објаснување било тоа дека, кога ниту самата влада не донира средства за подршка на институциите, значи дека земјата нема потреба од вакви институции. Што секако, не било точно, туку на владата и одговарало странци да инвестираат, но некако не им се отварал џебот за и тие да инвестираат.
    И сега, додека Грујо беше на власт, значи последниве два мандати, наместо да инвестира во вакви институции, да создава поволна клима за развој на нови претпријатија, тој почна да гради споменици и триумфални капии. Јас искрено не знам со кој памет го прави тој ова, мислам, логично е дека прво треба да се среди она што е важно, значи има приоритети, а тоа е високата невработеност, неразвиеноста на пазарот, лошата инфраструктура...Кога овие работи ќе бидат на задоволително ниво, нека гради споменици, мене тоа нема да ми пречи.

    Јасно ли ти е сега и тебе, и на сите други што се чудат зошто ни сметаат спомениците?
    Не се самите споменици тоа што смета, туку смета тоа што се правени во погрешно време, кога земјата сеуште е неразвиена и кога постои толку висока невработеност. Не знам дали знаеш, но нашата земја според светски експерти е рангирана како земја во транзиција, што е најлош можен ранг, веќе 20 години поминаа откако е почната транзицијата. Инаку, ако не знаеш, постојат три типа на земји во однос на нивниот развој, а тоа се: земји во транзиција, потоа земји во развој и на крај развиени земји.
    Македонија уште не е ниту земја во развој, а тој ќе прави глупави проекти како Скопје 2014.
     
    На Annath, lolyta777, SunFlower94 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Ќе си кажам, предизборно, јас лично и опширно што мислам за Премиерот :rofl: . Па ми е гајле кој ќе ме плука 8) Сите сМе исти :emo:
    Мислењето за Премиерот, не баш најсјајно(не се колнам дека и тој нема маани), ама секако позитивно! Зошто? Затоа еднаш во нашево 20 и кусур годишно постоење се најде еден, каков таков, да им се спротивстави на Бранко и Љупчо, еден кој имаше визија.Не мора да признаете, орден за тоа не даваат, ама еднаш бидете објективни и ценете ги работите малце од подалеку. Ми се блуја од секси Бране и Бране школа, што ве научи тој? Што направи тој? Ајде, во ред, Груевски ја измеша работата, се изгуби на пола пат, ама од Бранко освен „шо“, „више“ и „ајде на избори“ секоја втора година, јас искрено во моиве 23 речиси години не виодв и не чув ништо.
    Упорно СДСМ се вадат на финта, кога тие биле на власт, нафтата била 20 денари, да ама забораваат дека тогаш 10 000 денари беа баш 10 000 денари, дека со една црвена 20 денарка(ако воопшто некој ја памти) џебот на некому му беше полн, и заборавате дека тогаш Марката беше пара, а не сегашното Евро кое богами, не вреди ни три леба!Уствари, да, заборавате, затоа што во тоа време, времето на Бране ваш, живееја само одредени фамилии, кои продолжија да живеат и во времето на Љупчо, кои крадеа се живо и диво од Зик, од Центро промет, од Тутунските комбинати, Мермер, од секаде само затоа што тие беа богати, познати фамилии, на место, а ние другите бевме само останатите жители во селата. Па што, ним им беше доволно, ете кај мене, од околу 700 фамилии живееја 15, на нивоУ, ценети, преценети |( Е па, драги мои, не чини Грујо, дека со неговата политика го изедначи општеството, сите сме едно, речиси сите со слични примања, и за жал( а на мое големо задоволство) некој кој на времето беше цар сега е ист ко мене! Ете затоа не ви одговара! Додека татко ми се трудеше и се убиваше од работа за да не одгледа и направи луѓе, некој си играше шукшуле и потценуваше, само затоа што Бранко им даде зелен картон за тоа. Ами тешко било некако сега да се работи, а? Земјподелие, сточари, што не, сега работат, ги нема веќе Зик и сличните, и пак ради Бранко, не ради мене! Сиромаштија немаше ли тогаш? Или вие ценетите не ја гледавте, ја вретевте главата пред останатиот јаден народ? Не чини политиката на Премиерот затоа што конечно имаме храброст да кажеме дека сме од село, и дека работиме со земја, и дека сме горди на тоа. А ако јас добро се сеќавам, кога бев средно, се зафркаваа со нас, и не сакаа ни да не дружат нас селаните, оти ние чунки со комбата идевме :@
    Не чини за тие 60 денари субвенции, ниту за добиената цена на тутунот која пред 10 години беше едвај 40 денари, ама ние бевме задоволни, пошто и онака беа пари, боље ишта него ништа, и за тоа што заборавивме како изгледа сончоглед и тиква, и Парле ни беше крив што мораше да увезуваме тони и тони од Србија и подалеку! Убаво ви беше кога регистрација на автомобили беше шпанско село, еднаш на пет години, кога немаше полиција ни за лек, кога законот беше само поим за учебник по Граѓанско општество, ама нели, се возеа само 101 и Фиќо, па немаше со што да се фалите пред полицијата? Ама сега болат казните, е болат, мене не ме казниле, ама гледам да го поштувам редот и законот, а не да бафтам со години во безредие и хаос.
    И веќе искрено, преку к*р ми е од муабети за спомениците, како само тоа да беше приоритет дасе реши во државата, па цела кампања Бране Великиот со тоа се занимава. Арно ама сите сте сликани по еднаш, дали пред шмизлата или Лавот, сите сте отишле по странција да видите камења и споменици, фонтани и патчиња, ама тука бодат очи. Ќе се оддадеме од пари да отидеме по Грчките камења, а тука ако знаете Трескавец кај е, па јас што! Ете ви ги спомениците! Гледајте! Само не трујте дека се од пари на народот, зошто мене лично не ми скратија ни денар од приходите! Ако некој ги изгубил сопствените амбиции, или сака да си се шета по цел ден низ Скопје, нека повели, ама нека не ми продава пуфки дека во МК нема работа. Има купишта обработлива површина, нека повелат да садат тутун, бавчи, има за сите по нешто! И пари ќе има!
    И да, некој спомна дека учебниците одсекогаш му биле бесплатни :o Па како тоа јас и брат ми цел живот се одадовме од пари за книги кои чекав со недели да ми стасаат, а плус моите потрошија добра сума на пари за превоз, а сега децата се ослободени и од тоа? Дајте ви се молам, можда живеевме на различна планета тогаш, вие Скопје, ние во провинциите ;(
    Нашава земја е толку мала, ама во неа живее еден толку гнасен народ тоа чудо едно. Предрасудите партиски јас не ги измислив, ниту ги измислија Груевски и фамилијата, туку беа дел од животниот стандард кога Господ на СДСМ шеташе по земја, и ги туркаше луѓето, некој нагоре, некој под земја, па така сега останавме да се колиме меѓу себе, заради сите горенаведени причини и последици!

    Да не заборавам, од саканиот ни Бранко, многу култура стекнав, па за добар речник да не правам муабет! :wasntme: :puke: А сега утре пазете, оти Бранко прво ќе е**, па после ќе дојде Заев да јаде што останало! А Шеќеринска ќе се надева дека ќе и останат коските!
    И ако некој се пронајде во постов, пошто пологично ми беше да зборувам во втото лице, нека се замисли дали можда некој освен вас е во право!
     
    На Mermaid, miljkovic, Dgirlll и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Негативно...тој дефинитивно не треба да биди премиер во Република Македонија тој не знае да зборува нема речник..одвај завршил факултет и тоа во прилеп затоашто во скопје немало шанса..мислам дека ни еден политичар од македонија не заслужува да биди премиер сите се кој од кој
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    ^Епа дај тебе да те стаиме ако не, не за друго туку зашто никој не заслужува |(
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Своите економски познавања тој ги покажа и докажа уште како министер за финансии.


    А факултетот во Прилеп , не е факултет???
    Форумџикиве што се на факултет во ПП нека не се бунат , ем немора да учат, камо ли да научат, а имаат шанса да бидат премиер/ки :)