Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,5%
  2. Негативно

    635 глас(а)
    57,5%
  1. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Знам,малечка сум за вакви теми ама... Морам :)
    Груевски си е ептен човек на место,си ја знае работата и е нај асален до сега од сите.
    Пробува да поправи некои работи ама тешко оди со нашава земјичка поточно со народот.
    Засега лоша работа нема направено,во се е коректен па понатаму ќе видиме :)
    Ко старо-мало сум си :D :lol:
     
  2. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Согласувам се :)
     
  3. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Луѓе јас знам дека преку ноќ ке може да се смени нешто, ама нашиот премиер со години владее :puke:
    А ние тонеме се подлабоко и подлабоко :worried:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  4. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    хахах, да да, тоа е :y:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Дајте бре луѓе пола од темава е да се согласувам. Ако имате да пишете нешто пишете или барем образложете зашто се согласувате. Барем да има што да се прочита. |(
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Богами, малечка си стварно да коментираш за политика, тука си во право :!: Викаш, Грујо е човек на место и нема до сега лоша работа направена....Аииии, па ти све си знаела, ставарно мало си ама како старо размислуваш :clap: Ај, пошто си толку упатена во политика, кажи ги добрите дела на Грујо, што ги има направено за државава, еве поконкретно, кажи ти и твоето семејство какви поволности сте осетиле, откако грујо дојде на власт...??? :lol:
     
  7. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Не дека другите направија нешто посебно за Македонијава, ама па овој стварно не укопа! Во период кога толку многу семејства умираат од глад, сака да остварува веќе пропаднати проекти. Ојдовме во пропаст ние.
     
  8. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Значи во РМ, грујо е на врвот :!: Он само крева слушалка и кажува во која институција што да се прави :!: Кој да се вработи, кој да се отпушти од работа, кој да изеде ќотек, кој што да изјави пред новинари и тако даље.............. И, пак ќе повторам, нашиот претседател Џорџе :lol: е само едно теленце, кое нема грам искуство во политика , професорче на факултет и обична марионета во рацете на големите босови кај нас..Тоа е суштината на моменталната ситуација :!:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека на сите ни е јасно тоа. Претседателот никаде го нема. Не знам кога сум слушнала дека направил нешто или бил негде. Се знае кој ги влече конците.
     
  10. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Никој политичар не е иделан и светец тоа е факт непобитен.Сите се борат за моќ,пари,влијание,контрола,а не дека многу ги интересира нешто многу за нас.Во политиката се парите и перењето пари.Одтука поминуваат сите тендери за фирми,јавни набавки со еден збор се живо и диво.Но кога би го споредувала Груевски со Црвенковски тоа е како да споредуваш небо и земја.Кои поволности?Ќе почнам само со едно ја реновираа комплетно целата школа и ја опремија со компјутери,интернет и спортска сала.15 години цигла никој не фрли во таа школа само собираа пари.Втора работа ,отворија универзитет во Штип и дисперзирани студии во сите градови во Источна Македонија.Каков таков универзитет од година во година е се подобар и подобар со многу поквалитетни услови за студирање.Универзитет не се прави за 2 години па така ние неможеме да очекуваме којзнае каков универзитет во Штип за само 2 години но со тек на време ќе биде работата.Тоа многу значи за Источна Македонија зашто сега нема пола студенти што неможат да се запишат во Скопје да одат да студираат во Бугарија и Битола туку ќе си останат во својот роден крај и таму ќе се вртат парите,а не да полнат џебови на скопјани.Неправда којашто редно време беше да се исправи.Како голем плус е целосна компјутеризација,реновирање на школите,спортски сали и слично што во времето на Бранко небеше денар фрлено сите пари си ги ставаа во џебовите.Еве кај нас почнаа и се предвидени да се реновираат голем дел од патиштата.Се поврати Дојран коешто во времето на Сдсм беше во колапс.Денеска повторно се враќа туризмот,сјајот на Дорјан,а најважно туристите ;) .Сдсм денар нема фрлено во здравството и очекувате за еден ден сите болници да се реновираат.Па здравстовот и медицината е една од најскапите гранки и е потребно континуитет за да се развива.Не е тоа сипи написе.Има многу работи да набројам коишто ги сметам за позитивни.Но има и негативни како и во секоја област во животот.Но барем делата на Груевски ги гледам колку толку на дело за разлика од Бранко којшто неговите дела останаа само во тетратки и во неговите преполни џебови.
     
    На pepicaa и viku им се допаѓа ова.
  11. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Кој умрел во Македонија од глад?Ајде наброј ми еден?Само еден?Во Македонија статистички идат се подебели и подебели луѓе.Дали е тоа од што гладуваат?
     
  12. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Многу е чудно давате некои мислења,а воопошто не сте запознаени или не познавате.Македонија не е претседателска држава туку парламентарна држава.Разликата е огромна и неспоредлива.Влијанието на претседателот е сведено на миниум,парламентот е тој што одлучува за сите важни одлуки.Америка е претседателска држава и затоа кај нив претедателските избори се најважни и најдолги.
     
  13. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Убаво некој претходно рече дека ова ќе прејде во препукување. Јас не се разбирам баш во политика, ама знаеш колку социјални случаи има?
     
  14. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Има социјални случаи ама никој не умрел од глад тоа е факт.Секаде има социјални случаи,сиромашни но тука никој не умрел од глад.И тие циганчиња овдека што просат па јадат по 4-5 сендвичи дневно.
     
  15. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Добро, со тоа дека се умира од глад сакав уствари да кажам за социјалните случаи -.-
     
  16. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Како прво на оваа тема не се прави споредба што направил Бранко, а што грујо...Тука грујо го коментираме како премиер :!: Друга работа, сите тие спортски сали, компјутери и сл. се само рекламна кампања на владата, да се замачкаат очите на луѓето :!: Кај се видело во селска општина, кај што немаат канализација им поставиле интернет дома и спортска сала им направиле..Леееее, бре алал да им е...А, ова за дисперзираните универзитети, кога веќе спомна, помина веќе подолго време од кога се отворени, ама јас не гледам во Скопје да е намален бројот на студенти дојдени од другите градови(може се работи за некоја незначителана бројка..)..А, за здравството, подобро да не се коментира :tmi: Во тотален колапс е... Во 21 век жени умираат на пораѓај :!: Да отиде некој на операција, без да му џитне едно 2-3 илјади евра на хирургот, незнам колку квалитетна услуга ќе добие тој(добро сега чест на исклучоците..) Ренгентски апарати, апарати за компјутерска томографија и оние за дијализа, се стари колку дедо Ное... :!: Само за крај ќе дадам еден заклучок за мојот пост - политиката во мкд е навлезена длабоко во сите државни сектори(судство, здравство, образование....)
     
  17. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Малку ли има направено бе луге??? Или мош Бранко или Љупчо имат нешто повеке направено. Ако ништо друго бар е објективен, кај се видело Бранко да отпушти некој припадник на СДСМ ако е направил некоа грешка или прекршок. Баш напротив, штите ги криминалците само затоа шо се од неговата партија како Зоран Заев на пр.Груевски има затворено не еден туку повеке „вмровци“ и тоа јаки активисти ради прекршоци. Второ ја стварно не глеам кој толку умира од глад, социјални случаеви секаде има и секогаш ке ги има, не можат сите да бидат директори мора некој да биде и чистач а стандардо на една држава не се мене така лесно. Баш знам за случаеви коа Груески лично е дал клуч на семејство бездомници од нов стан солидно опремен и работа со осигурувања и сите др ку*отресини. Не може 100% од народо да биде задоволен ке има и некои шо например ке го мразат ако загубиле работа поради него, како едно девојче шо беше пишало прееска. Ама повекето слушат маабети и клеветат дека прал пари.. без никакви докази или аргументи. „Јас мислам дека он пере пари“...глупости..коа ке се докаже дека пере тугај може да се зборе.
     
  18. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    80
    Она погоре што го напишав за Isaak, и на тебе би ти го одговорила :!: Ама , кај тебе само една реплика ќе додадам - тие вмровци што грујо ги затворил, не биле послушни партиски војници, ете затоа :!:
     
  19. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    ако ти не глеаш, не значи дека ги нема. не ни е на сите животот мед и млеко.
     
  20. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    62
    Значи ако не се прае ништо, не е добар премиеро, ако се прае, мачка очи. Шо има он да се замара со народо да мачка очи. Ако е таков како шо го праете до сеа ке искрадел милјарди и милјарди...Секако истера два мандата, и ке си се повлече и ке си се ладка...А не топрв да мачка очи.