1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. SatiranaGirl

    SatiranaGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    4
    Единствено најдобар е, се најдобро мислам за него :*
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    А на што се должи оваа восхитеност од него? :) Ако не е тајна, мислам...
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Браво !!!
     
    На Ma4u64ence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Единствено нели да направиме култ од неговата личност и секоја полна месечина да му принесуваме жртва девица, три овни и еден млад лав...Дури ни во античко време олкава заслепеност не се наоѓа лесно од лидерот олмајти.
    Што би рекла Лилит од лепакот за плакати ќе да е овој хај ефект.
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Која дрскост од ваша страна, не можете да прифатите ниедно милење што е спротивно на вашето. Ама премногу ми е мило што Грујо сеуште е премиер, пукнете си од мака што Рада никој не ја сака :lol: Сепак народот го избра подобриот, и никогаш нема да се помирите со тој факт - ама факт е дека мнозинството го избра него, па сега плачете си и препукувајте се на форум кој е подобар. Со тоа нема да и донесете на Шеќерка поени, жалам :rock:
     
    На liliput22, mime87 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Тоа што некој мисли за премиерот дека е најдобар, го сака и сл. не значи дека е фанатик по него или дека прави култ од неговата личност...Тоа што вие не можете да ја разберете таа почит кон истиот е можеби заради вашата заслепеност кон друга личност???
    ...И btw одамна се заврши лепењето на плакати, изветреана е можноста за ефект... ;)
     
    На liliput22 и maja8 им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    ^
    Не разбирам.
    И уште еднаш ќе прашам :
    Зошто мислите дека ако некој е против Никола, автоматски е комуњар?
     
    На lolyta777, Phyramide, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    А бре луге како може да идеализирате човек кој додека училиштата ни се распаѓаат-тој носи компјутери во истите, а патем кажано освен за фб децата не ги користат за ништо (и тоа оние кои досега не завршиле во канта)? Додека лугето од село немаат асален пат или чиста вода за пиење тој им клава бежичен интернет? Додека економијата се бори да опстане, а невработеноста е 33 % тој троши милиони и милиони за споменици? Додека на болниците им паѓаат крововите, тој сечи ленти за игралишта и гради триумфални капии? И ред други ПРОСТИ примери кои ги гледаме секој ден. Да расчистиме јас апсолутно не сум подржувач на опозицијата, ама смешно ми е кога некој не ја гледа реалната слика на Груевски. Или јас живеам во друга држава од вас или не носам црвени наочари...Трето нема :worried:ilent:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Колку што и мене ми е јасно зошто мислите ако некој го сака Грујо е болен фанатик по него???
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Маја ако не си запознаена, Грујо изгуби од Рада, со дури 10% во центар, а целосната разлика беше помала од 2 %,па сега види ти дали народот го сака Грујо :)
    Инаку едит: Маченце во целост се согласувам со тебе, „неможеш да ставаш интернет во село каде нема вода“, тоа е најголемата грешка на оваа влада.
     
  11. liliput22

    liliput22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    исто и јас! напред Грујоо :D :D :D
     
    На vikica.s му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Реално гледано немам право на глас но овде можам да кажам што мислам....Зошто само по Груевски плукате?! Шеќеринска во својата кампања го правеше истото но не постигна резултат..ќе разберам ако некоја партија која до сега не била на власт ветува нешто и зботува за сегашната дека не чинела,но СДСМ имаа свое 5 минути или поточно години,зопто тие не изградија казнализација и водовот,не ги нградија патиштата во селата!?!??! Ама не тие незнаат за работа,знааат да плукаат по тој што работи...секоја реклама секој митинг и м помина во плукање на владата,што е жално и искрено не ветува мн!

    Да спомнам дека во Прилеп сите училипта до едно беа реновирани внатрешно и надворешно,па се донесоа компијутери и се изградиај игралишта...полека и во здравството почнаа реформи,неможе се наеднаш!

    Искрено нормално е што си пикаат и малку пари в џеб,затоа се политичари!
    Си вработија луѓе од својата партија,што е многу нормално! Луѓе кои вечно ќе им бидат благодарни и ќе ги гласаат...ЗАТОА И ПОБЕДИЈА! Мислам дека нема АКТИВЕН член на ВМРО-ДПМНЕ што не е вработен!
    Тоа е нивната политика!

    За ГРуевски имам прекрасно мислење,ме фасцинира,изобилува со шарм и лепота,кога на митингот дојде и се поздрави бев на седмо небо! (и тоа им е дел од политиката,градоначалникот на прилеп премногу често го гледаме по градот со сите застанува на сите им пушта рака,застанува на 2-3 реда муабет ) ОТКАКО ЗНАМ ЗА МЕНЕ ОД МНОГУ МАЛЕЧКА СУМ ЗАЉУБЕНА ВО НЕГО,ПАМТАМ ДЕКА СЕ ПРЕЕТСТАВУВАВ КАКО НЕГОВА ЖЕНА! :lol:

    И како пто погоре прочитав Прилеп навистина од сељачки град стана ЕВРОПСКИ И ЧИСТ ГРАД! (е сега што нашата култура е премнофу ниско,па правиме се за да уништиме нешто изградено е друга прикаска)


    ЌЕ прокоментирам и за казните...убаво си кажа Груевски во Јади Бурек...кога ќе појдеме во друга држава знаеме да ги почитуваме законите да не фрламе и валкаме на околу,а во Македонија може...епа извни братче откако ќе си ја платиш газната која убаво ќе те удри по џебот од утре друга песна ќе пееш..ке си го држиш книжето во раце до наредната канта,која е на неколку чекори !!
     
    На Rozich, LilBaby и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    А СДСМ кога беше на власт? Да не направи нешто да не изгради само тоа ќе прашам?
     
  14. ZAK-MA

    ZAK-MA Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    ili ne sakate da i poglednete na vistinata vo oci??
    Covek sto si go saka narodot i zemjata ne moze da pogresi.So vreme i do vas ke doprat reformite i bi sakala da bidete iskreni i realno (dokolku sakate da ziveete vo ovaa mala zemja na gord narod ) da gi poglednete vrednostite koi zad sebe gi ostava ovoj covek..So tebe sme Nikola samo napred...
     
    На vikica.s и Squirrel им се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Токму мојата незаслепеност од ничија личност ми дава можност да ги напаѓам сите на политичка сцена кои тоа го заслужиле и што сум го направила и на форумов сум искажала кои се негативностите и на другите т.е.најголемата опозициона партија, а вака сувопарно искажана почит на неаргументиран начин ми е примитивизам и ми асоцира на култ кон личноста.

    И Зак-Ма на кои реформи мислиш конкретно само немој тоа да бидат спектакуларните бесплатни учебници, компјутери и превоз или грдосијата од проект Скопје 2014 бидејќи тоа и не се реформи информирајте се пред да употребувате извесни изрази за опфатот на истите.
     
    На lolyta777, JuLleE, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Боже, Боже кои шупливи муабети се водат од страна на поединки на форумов, односно на темава, не ми е доволно ни три пати да се плеснам по чело за интелигенцијата и способноста за зрела аргументирана дебата на истите.

    Повторно го гледам оној момент на - шалалалалааа пукнете си трт мрт, нашите победија, а ваааааашите нееее!
    И тука се кезиш и правиш со прстето на нос некое гесто кое го правевме, хух, во градинка?! :^)

    Премиерот на РМ? Немам впечаток дека е репрезентативен како најбитен политички фактор на република Македонија. Немам впечаток дека со неговото владеење се подобрија многу битни сегменти на животот во Македонија.
    Се додека не видам задоволувачки резултати и народ кој ќе престане да се занимава со политика - бидејќи токму тоа го прават задоволни жители на една развиена европска држава чијашто влада им дава можности за солиден живот, се до тогаш нема да го сменам ова мислење за него.

    Мој впечаток и мое мислење. И не, не сум комуњар и нема да си пукнам од мака што Рада никој не ја сака :)
    (пошто, да ви шепнам, ни јас не ја сакам) ;)
     
    На lolyta777, girl1985 и Theodora им се допаѓа ова.
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Горан Михајловски -

    На избори или добиваш или губиш. Трето нема. Затоа овие од СДСМ ми се смешни кога си се тешат дека изгубиле, ама победиле. Оти добиле по­ве­ќе пратеници од минатиот пат.
    Тие што гласаа за нив, веројатно гласале затоа што сакаат СДСМ да прави вла­да, а не за да си го зголемат бројот на пратеници во опозиција.
    А бе така е. Народот е во право дури и кога греши, што би рекол Бранко.
    Тоа е исто како што се тешиме кога игра фудбал репрезентацијата на Ма­ке­до­ни­ја. Демек, добро сме играле, ама сме изгубиле. Што е исто како да сме победиле.
    Е така сега ги мавтосува и Бранко. Изгубиле, ама исто како да победиле. И никој од таму уште нема мадиња да го потсети дека овие избори ги ба­ра­ше токму Бранко. И ги изгуби. И уште не си оди...
     
    На Rozich и LilBaby им се допаѓа ова.
  18. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Не планирав да водам дискусија за Грујо ама по што гледам дека мене ме цитираше ај да ти одговорам. Не не изградија ништо, затоа и ги изгубија изборите. Затоа и живееме вака мизерно како што живееме. Оти досега не се најде асална власт да ја извади оваа државичка на прав пат, сите се ставаат прво себе и своите интереси, а потоа народот и државата.Ама факт е дека јас и моите, а во глобала и сите останати секоја година живееме се посиромашно. Значи јас не го измислив ова ами сите анализи го покажуваат. A морам да те пофалам за начинот на дискусија...очигледно убаво си ги совладала нивото на премиерот, ако немаш аргументи удри на спомени и прашања, што тоа направи Бранко. Е затоа си го заслужуваме ова во кое живееме денес. Ајт нека ни е со среќа.
     
    На JuLleE и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Абе, изборите завршија веќе одамна. Кој победи победи, ваљда со право победил, како што и кој загубил загубил, ваљда и тие загубиле со право. Ама, овие игриве во врска со резултатите се интересни само на денот кога се соопштуваат резултатите и ајде ден потоа, дур да се извиди човек со сите пријатели, кои знае дека се закоравени левичари или десничари па секој од нив по малку да го чепнеш во раната, пошто секако загуба имаат и двеве страни :) едниве загубија на пат кон целта да, ама добија повеќе одошто имаа.. другиве ја добија целта, ама загубија од тоа што имаа претходно.
    Па време веќе не е за сецирање на опозицијата, особено не БЦ. Дали ќе си замине или не, веќе е најмалку битно прашање.
    Што се однесува до мене, ако СДСМ си го сакаат нека си векува со партијата како лидер.. ама сега прашањево е за владава, која треба да се официјализира, конечно да се оформи и колку владава укапирала дека нешто не и штима во работењето, пошто загубата во пратенички места... треба да ги рачунате дури и во минус од оние тројца од дијаспората, кои немаше да ги имаат ако не гласаше дијаспората... пак и смешно дури беше што толку малку гласаа и со толку малку гласачи се обезбедија плус тројца пратеници во парламентот.
    Така да сега е работата колку премиерот ќе ја разбере пораката и колку ќе продолжи да си игра на истата мелодија на која играше и претходно, пред овие избори... пошто очигледно таа мелодија му доведе минус во парламентот.
    Во право сте дека не доликува зборот сељак, ниту за градоначалникот на Охрид, нити за премиерот... убаво звучи да „народен човек“ и за двајцата и им прилега.
    Всушност, убава е таа стратегија на Грујо да шета меѓу народот... тоа дури и СДСМ го разбраа, пак и го практикуваа во изминатиов период. А, видовме дека дури и неговата неумешност да се изразува и да настапува на дуели и не е некој Бог ти знае каков проблем.
    Но, тоа народен човек, не значи само да те има меѓу народот и да говориш со јазикот на кој ќе те разбере народот, туку многу побитно е да и ти да го чуеш што ти говори народот. Е, тука мене ме плаши дека Грујо и не само Грујо, а целиот негов тим има проблеми со слушањето, или поточно со разбирање на пораката. Па, ако премиерот нешто не разбира, би требало да има тим кој ќе е доволно храбар да му појде и да му каже дека греши, пак и тој да не се однесува ко љутко и да си прифати кога греши и да промени нешто. Ама изгледа во овој дел :x слабо стојат.
    Баталете БЦ сега. Сега ВМРО се на власт и тоа повторно. Па сега битно е што ќе направат со овој мандат, за доколку наскоро се свикаат други вонредни избори да не испадне дека конечно СДСМ, после сите маки да стаса до тронот. Пошто... овој народот, ако не го слушаш што кажува и си тераш по свое, колку и да е закржлавен и бавен во реакциите на крајот ќе те казни, како што ги казни СДСМ повеќепати до сега :)
    А, во отсуство на трета ВИСТИНСКА опција, а не ова фијаско од малечки кое што го видовме на изборите, несакањето да биде Грујо на власт ќе ги натера дури и оние против СДСМ што се, да решат да гласаат за нив само бидејќи Грујо не им е опција. Тука имате и прилично добар дел неопределени гласачи во државата. А, да не збориме за оние кои гласале за ВМРО, од проста причина што нејќеле да дојде СДСМ на власт. Незадоволството од ВМРО е дури и кај неговото членство. :) Приметливо е и тоа. Ако не беше, немаше да настане оној одлив на гласови во четирине десничарски партии.
    Така да, или ќе се опамети и ќе престане да се чешка за тоа што прави БЦ одспротива и ќе направи се’ што е потребно за да го задоволи народов и така без да се прашува што прави БЦ ќе го набрка... или БЦ ќе му го земе местото дур овој се прашува. Трето нема. А, како ми мириса :) лошо е.
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Затоа што во ниту еден твој коментар не прочитав зошто го сакаш КАКО ПОЛИТИЧАР, туку само дека свршаваш на него и се правиш утоп во гаќите кога ќе го видиш на ТВ.
     
    На vesni4kaaa, Theodora, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.