Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Масноли, за спасувањето на државава од војна, на адреса кај Ќирца ќе треба да се обратите, не кај Бране.... благодарение на дипломатските игри на Киро и неговите врски со Белград.
    И СДСМ не го зеде мандатот де на првите избори. Експертска влада беше првата влада на државата Кљусев инаку, не БЦ, таа влада ја формираше државата, додека други се тетеравеа и се држеа за скутарето на Белград.
    Бранко можеше приватизацијата не да ја направи за да обогати свои луѓе, да тие си останат тајкуни и магнати.. ене го еден таков коштаплер со владата сегашна седи и векува во парламентот и ваквите на сметка на работниците.. но да приватизација мораше да има, газдите да си се обогатат, а работниците да си останат без работа... но што, треба да речам, ах те разбирам тебе БЦ тешко ти беше тогаш во тие времиња, маки мачеше земјава наша напатена, сосема во ред е што фамилиите на моите братучеди и братучетки ги остави без леб, тоа мораше така да биде.. пошто, да бидам искрена ама не ми звучи ама ни малку различно од објаснувањето на протокаловите дека „ситуацијата во Македонија, цените што растат, а платите ко да ни се скусуваат дури со разно-разните мерки на владата за штедење џоа мити... е резултат на светска економска криза!“.
    Веќе кажав што имав за Грујо, на некоја од претходните страни, ама за БЦ :) ќе се потрудам да се воздржам и да не се расплинувам во постов сегашени идни за неговата политика на глупоштини и идиотштини во текот на неговото владеење и невладеење, а за кои гледам многумина го величаат и му се клањаат, сеедно вие не живеевте во тоа време, вашите родители изгледа не биле засегнати а? Е ако не биле ве разбирам зашто барате да му се клањаме на БЦ... али не очекувај дека некој кој во моментов и на мој грб зима пензија за ништо дека ќе му се клањам... пари грдни земаат за тоа што го работат, никој мене нема да дојде да ми се клања за секој проект што ќе го направам и се што било кој ќе направи, не па да се клањам на некој што е обезбеден до смрт да клати врата и зима пензија во случајов.
     
    На kate21 и stella83 им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Дали е можно до толку да не ја сфаќаш поентата на она што го напишав. Ај нека ти биде ќефот..Бранко е никаков, апаш, ја искраде државата, ама после дојде Грујо и цвеќињата расцветеа, птиците пак слободно пеат и сите уживаме во благодетите кои се само по негова заслуга.Алал да му е ми го спаси животот! (смајлиштогогушкаГрујо). :drunk:[/quote]
    А дали е можно и ти толку да не ја сфаќаш поентата на тоа што го напишав јас.Јас реков дека сега ситуацијата е многу подобра отколку кога Бране беше на власт.Не реков дека е се супер и розово па затоа те молам не ми продавај ирнија и сарказам.Реков дека е ПОДОБРО од порано тоа ти е комператив а не суперлатив.И ќе те замолам да не ме цитираш веќе ако не ти се допаѓа сегашната власт напиши си го тоа во сопствен пост а не да ме убедуваш дека моето мислење е погрешно.
     
  3. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    А дали е можно и ти толку да не ја сфаќаш поентата на тоа што го напишав јас.Јас реков дека сега ситуацијата е многу подобра отколку кога Бране беше на власт.Не реков дека е се супер и розово па затоа те молам не ми продавај ирнија и сарказам.Реков дека е ПОДОБРО од порано тоа ти е комператив а не суперлатив.И ќе те замолам да не ме цитираш веќе ако не ти се допаѓа сегашната власт напиши си го тоа во сопствен пост а не да ме убедуваш дека моето мислење е погрешно.[/quote]


    Ај да не се карате Лебедче молим те и неа а и мене еве објасни ни во што е подобро сега за разлика од тогаш? Одговори го прашањево па да видиме од каде извира Вардар!?
    ?????????

    А бе Жапче грешка си, грешно те информирале. Тогаш кога Кљусев беше премиер беше еднопартиски систем ( она на кое цели Груевски сега ама мало сутра ) и таа влада беше техничка ради распадот на СФРЈ и да и Кљусев еден Кљусев беше комуњар како што сакаат овие патриотиве таканаречени што ги лажат како мали деца, и сите беа комуњари. Кога се создаде плирализам или повеќепартиски систем прво мандат за влада му беше понуден на Љубчо т.е. ВМРО ДПМНЕ кој што го одби па на Гошев и тој одби и Бранко прифати. Ова не е пред 2000 год как оАлександар и може лесно да го провериш и лесно да се потврди.
    Приватизацијата и транзицијата не ги измисли Бранко и само едно нешто ќе те прашам: Кои се најголеми фирми од времето на Бранко што се приватизираа? Знаеш!? Е вака: Скопска пивара која работи профитабилно и супер, Комерцијална Банка - Супер, Фершпед...Беше супер дури Лопатаров не го мавна.... Тиквеш, Алкалоид Макпетрол...кажи ми која од овие фирми пропадна? Ниедна, сите работеа профитабилно и луѓето имаа работа. Има фирми што потонаа не велам не...ама не е Бранко крив за тоа.... тие беа премногу мали и пошто државниот имот преминуваше во приватен за жал директорите немаа капацитет а и фирмите само по себе да работат без капат на државата затоа се си отиде. И не е така како што читаат и кажуваат ДПМНЕ на секое. А гледаш и сама за Ѕинго пошто ти го спомна- тој работи профитабилно...сепак. Така да...не ги знаете работите не знаете колку фамилии леб јадат и егзистираат од овие фирми за кој што имате крива перцепција затоа што некој така пласирал.
    И не реков дека Бранко е цвеќе ама не можете се на неговиот грб да му товарите оти ВМРО има подолг рок на владеење во овие 20 години од СДСМ и кој е сега покрив?! И се дури не престане ова......никаде не одиме. Како што кажа една форумџика во споредба со Груевски, Бранко е мамино синче!
     
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Ај да не се карате Лебедче молим те и неа а и мене еве објасни ни во што е подобро сега за разлика од тогаш? Одговори го прашањево па да видиме од каде извира Вардар!?
    ?????????[/quote]
    Парична помош за трето дете,казни за прекршоци,градови кој личат на нешто,споменици,задолжително средно образование да набројувам уште или ова ти е доволно?
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Парична помош која и да ја нема или секогаш доцни а да биде иронијата поголема социјална помош им е потребна на се поголем број граѓани, секако доцнат и со исплатата на плати, пензии...
    ОГРОМНИ казни за банални работи со кои го пумпаат буџетот кој се повеќе се празни на грандиозни зданија кои го сменија личниот опис на нашата метропола за 360с. каде контаст на сето ова малку подалеку се дупки по улици, недостиг на канализациони и водоводни мрежи во 21 век, училишта со распукани ѕидови и растечени покриви, задолжително средно со неквалитетно образование каде се напикани деца со посебни потреби, деца силеџии кои треба да се сместени во поправни домови (се изнаслушавме за борбите со ножеви, со наставници и банди а тука имаше и едно убиство) и деца со посебни квалитети на кои не се обрнува поголемо внимание за да се искористи нивниот интелект и од каде излегуваат деца со расипани очи од компјутери кои се користат само за тетрис, наставна програма од која неможеш ништо да разбереш заради недостиг на помошни помагала како и учебници кои доцнат и се сомнителен квалитет...
    Јас би набројувала уште :^)
     
    На JuLleE, lolyta777, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Не ги читав другите постови, не сакам ни да ги читам !!! Значи дефинитивно си го трошите времето со коментариње во оваа тема,незнам и јас како се осудив да ја отворам!!!! Неможам да се начудам на лугето кои што никогаш ништо не добиле ни од СДСМ ни пак од ВМРО поточно од вашите сакани или омразени Груевски и Бранко а се трескаат од земјата дека тој бил таков тој онакав. Абе луге и тие и тие си гледаат за џебот кај живеете престанете да се глупирате дека тој ного арно направил тој лошо направил според мене и овие и другине нека си ја сечат главата . Државата дефинитивно оди кон пропас !! Поздрав и живејте си го животот не се замарајте со политика од нив аир нема!!!!

    :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Кој бе тоа Масноли мене грешно ме информирал, да се јавиме во моено правно средно Борис Кидрич, пошто информациите прв пат таму почнав да ги учам, од учебници побогу, не од ВМРО-вците...ај оние во Бугарија ме учеа повеќе на светска политика и историја и да подлажуваа бе за нас, кога се збореше.
    Знаеш само што си у право, за делот дека беше техничка владата на Кљусев :)
    Па вака, тогаш пред Кљусев да стане првиот премиер инаку беа првите повеќепартиски ПАРЛАМЕНТАРНИ избори во земјава, а кои беа одржани во не така далечната 1990та година, номври.. да не пребарувам точна дата.. пошто да можеш да си прочиташ и во книги, ако сакаш една библиографија да ти излистам, слободно... може ќе ги најдеш ВМРО-овците меѓу нив, па нема да ти се веродостојни информациите.
    И во овој според тебе еднопартиски систем, каков што велиш, денеска сака и Груевски да воведе, прв пат на избори во земјава се јавија ЦЕЛИ ОСУМНАЕСЕТ ПАРТИИ, плус една организација и дури 43ца независни кандидати.. замисли 18 политички партии, вклучително и првите во земјава формирани партии на малцинствата wow! ако не било така, тогаш генерации, генерации што излегле од тоа средно школо пред и по мене биле осакатени, а и сите оние кои читале од истите книги што ги читав јас.
    Значи ова е време надвор од владеење на БЦ, колку за потсетување,... како прва во тоа време политичка партија - движење мада се нарекуваше, освен СКМ, која во тоа време беше преобразена во СКМ-ПДП тогашна
    партијата на овој вредниот за клањање, која дури во ’91 од комунистичка стана социјалдемократска и која дотогаш го имаше апсолутниот монопол врз се движечко и недвижечко во земјава, партијата чии членови денеска љубат да ги нарекуваат комуњари... или термин познат за црвената аристократија, претставници на левичарските партии, кои во име на братството, единството, еднаквоста, правдата и дрн-мрн. водеа битки за свое лично обогатување, преку присвојување на имотот на народот, пролетаријатот, рајата, како љуби секој да го нарече...и веројатно затоа и ВМРО-вците ги нарекуваат БЦ и неговите следбеници комуњари, просто повикувајќи се на периодот на приватизацијата чиј автор, креатор, модератор и се по ред, лично и персонално беше БЦ и неговата левица.. ок и партиите што беа во влада не можат да се изземат од одговорноста де.. ИАКО да,комуњар е различно од комунист, пошто треба да има разграничување помеѓу оние кои вистински се бореле за превласт на пролетеријатот-работниците и оние кои се бореле за превласт НАД работниците.. фино е да се разграничи, пошто инаку има генерализација за сите левичари.. а сепак меѓу нив има и такви кои допринеле со нешто позитивно во историјата
    ) беше основана партијата: Движењето за македонска акција или МААК на Гане Тодоровски, кои се формираат уште во февруари 1990 година и целиот период на ’90та имаш цел еден процес на разцут на македонскиот за прв пат воспоставен плурализам, документиран со регистрација на политички парти, кои до изборите во ноември бројат се на се 26 партии и организации (за ова можеш и од руски автори да прочиташ ако сакаш). А, можеш да си го разлисташ и Уставот од ’91 да видиш како каква се декларира Македонија... во поглед на системот на владеење, донесен баш во време на првиот многупартиски состав на Парламентот во кој влегуваат цели ДЕВЕТ политички партии, вклучително и на малцинставата... а ’94 е донесен во време на БЦ посебен Закон за политичките партии со кој подетално се определува што и како за нив.. да заслужен е за тој дел од плурализмот.
    Борба за власт на овие избори инаку водат три блока: левиот - на чело со СКМ-ПДП, националниот - ВМРО-ДПМНЕ и блокот на албанските партии ПДП и НДП...

    ВМРО на овие избори излегоа со антикомунистичка предизборна кампања, обединување на Македонија во нејзините етнички граници т.е териториите што ја сочинуваа МК во 1913 година и прилично сериозна омраза кон албанското малцинство во земјава. Освоија 38 места, наспроти 31 место СКМ-ПДП.. и БЦ меѓу нив да :) , а поради политичките говори на Љубчо во кои пропагираше македонски национализам и отворена нетрпеливост кон Албанците, тие баш масовно излегоа на овие први многупартиски избори и гласаа за своите албански партии.. замисли 22 места за ПДП и плус едно местенце за НДП. Поради овие резултати и апла лошите релации на победнициве со сите, како што веќе реков горе никој не можеше да се спогоди за формирање на влада. Па после неколку месечното нагаѓање кој да е мандатарот на првата влада на плуралистичка Македонија беше формирана техничката влада на Кљусев, која беше експертска влада, бар така ја викаа иако според многумина, владава беше далеку поблиска до ВМРО, макар што нејзините членови (со исклучок на двајца) се декларираа за политички неопределени.. Фрчко беше тогаш главен на МВР ^_^ .

    И СЕГА ЗА ЗАСЛУГИТЕ НА КЉУСЕВ И ГЛИГОРОВ !!!
    Оваа влада и претседателот на земјава успеаја да го прекинат служењето на македонските војници во ЈНА, кој живееше во тоа време го помни Сашо Гешоски од Кавадарци кој загина ради Југословенската кауза во ’91 год. јас кај мене во одделение имав негова братучетка па ми се има врежано прилично силно нејзиното плачење...
    Со оваа одлука, наши војници повеќе не можеа да бидат регуртирани за војните на ЈНА.
    ЈНА ЦЕЛОСНО СЕ ПОВЛЕЧЕ, БЕЗ БИЛО КАКВА ИНТЕРВЕНЦИЈА, ШТО НЕ БЕШЕ СЛУЧАЈ СО ДРУГИТЕ РЕПУБЛИКИ, каде имаше интервенции на ЈНА кои започнаа уште во почетокот на ’91 година.. ВО МАРТ 1992 ГОДИНА, дури порано од предвидениот рок април ’92, што беше договорено инаку помеѓу Глигоров и Благое Анџиќ, претставник на Министерството за одбрана на ЈНА... значи БЦ го нема тука во ова време, он си е во парламент, не во влада.. пошто неговата влада ја формира дури во септември ’92 година, по изгласаната недоверба на владата на Кљусев во јули ’92.... а рачунај плус во април 1992 година, во касарните во Скопје, Битола, Штип и во Охрид почнува првата масовна регуртација на првата генерација војници на АРМ. Дело на Кљусев и Глигоров... мада ја не би ги запоставила членовите на владата, пратениците, меѓу кои и БЦ и народот на земјава.... прочитај му ги книгите на Кирца, ако не веруваш во други, тој бар си знаеш не е ВМРО де....

    Оваа влада инаку воведе паричен систем за монетарно осамостојување на Македонија!!!! ова ти е уште една придобивка на тогашната власт, која ја игнорираш, а која е дел од процесот на дефинирање на македонскиот суверенитет, а кој се дефинира во тоа време кое ти го негираш. Можда дури и си го гледала документарецот, каде ги има и Киро и Кљусев и многу други, каде зборуваат кога се печатат првите македонски валути додека стоеле гледале и плачеле од радост :wasntme: патетично звучеше, но факт де се случило прва банкнота македонска излегла во тоа време и со тоа сме се спасиле од галопирачката инфлација, што ја тресеше Југославија во време на интервенциите на ЈНА.. одлуката ја носи владата на Кљусев и покрај противењето на Народна банка на Македонија, која сака уште стокови резерви да си набилдаме во трезорот пред ваквиот чекор. Оп-цуп април ’92 излегува од печат првиот денар, по низата закони со кои се обезбедува чичка новиот самостоен монетарен систем на државата, кој продолжува и по Кљусев.


    Друго, нешто претходно, во август ’91 година Собранието на РМ, во кое БЦ е само пратеник, на седница донесе одлука за распишување на референдум за осамостојување.. во време кога ЈНА е сеуште кај нас, на наша територија, а истата ЈНА веќе имаше интервенирано во републиките (недела дена интервенција на ЈНА во Словенија ’91, интервенција во Хрватска ’91, од април ’92 Босна... не беше некоја сјајна состојба и тогаш богами, освен ако грешно сум учела јас.
    По овој референдум, 8 септ. го прогласија за ден на независност, беше донесена Декларацијата за сувереност (септември ’91) на база на неа и Уставот на РМ во ноември ’91 .. значи де факто и де јуре формирана држава, терен подготвен со сите претпоставки и услови создаден за Македонија да може да се развива потполно независно од од Југослави... и сево ова повторно во време кога БЦ се уште е само пратеник, Кљусев е на чело на влада, Глигоров е претседател, Љубчо со мнозинство во парламент.. значи го имаме победникот кому да му благодариме пред се, а не да пљукаме.. пошто, брига ме мене Масноли кој од која партија е.. нема да си негирам дел од мојата историја, бидејќи не ми одговара, пошто не го пишува мојот политички нумеро уно.. каков и немам.

    И сега.... бидејќи беше техничка владата на Кљусев, поради внатрешни конфликти и спротивставени интереси и мислења со пратеничкиот состав дрн дрн.. да не навлегувам, ’92 и е изгласана недоверба, а за ова гласаа не само левичарите, но и десницата.. иако се сметаше дека се блиски до ВМРО!
    Тука сега веќе доаѓа периодот кој ти љубиш да го споменуваш. Глигоров сега го дава мандатот на ВМРО како најголемата политичка група, кои повторно не успеваат да формираат влада, пардон не сакаат да формираат влада со ПДП партијата на Албанците, по што настапува БЦ.. инаку тогаш момче од неполни 30 години, кој ја прави првата влада во која се вклучени албанците. БРАВОС за одличниот старт на кариерата, бидејќи потоа ни стана традиција во политиката да наспроти светските премиери со образование по Харвард или што знам си каде, дебело искуство, ние имаме премиери со воопшто тенко искуство, а камоли политичко... извади биографија на БЦ кому треба да му се клањаме и ете Грујо и споредија со ова http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0% ... E%D1%82%29 и кажи ми колку луѓе ти познаваш со далеку подобра биографија, далеку повеќе во себе си на возраст од 30 години, а сепак работат за вошливи 200-250 евра непријавени.. јас бар ги знам премногу. ;) и да се клањам некому ТОТЕМИ НЕМА ДА ГРАДАМ, храмови... жртви да принесувам за некој... ма :wasntme: можам само на протест против секој од нив да појдам.


    е сега, за остатокот .. односно владеењето на БЦ утре, доколку чувствуваш потреба да некој друг исто ти ги воочи пропустите во внатрешно-надворешната политика... мада од твојата реплика и објаснување за Кљусев.. ја мислам ова ми е доволно... нема потреба дисертации да правам.
     
    На stella83 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    :x :x :x Изгледа мн слободно време имаш хуху ама ако нели сепак форум е секој може да си каже што мисли, а пак ке кажам абе нема аир ни од тие ни од тие !!! :D
     
    На enca.69 и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Парична помош за трето дете,казни за прекршоци,градови кој личат на нешто,споменици,задолжително средно образование да набројувам уште или ова ти е доволно?[/quote]


    Лебедче- Парична помош за трето дете- НЕМА- им падна на уставен, казните превисоки за нашиот стандард и многу непотребни казни а и за голем дел треба прво други работи да направат па да ги воведат Пример: За фрлање отпадок 50 евра! Ами канти има сегде? Нема! Има еден куп вакви работи неможам да се сетам сега.
    Задолжително средно или тие што нема да ги запишат децата казни! Гледај пак казна!? А зашто не ги запишуваат децата знаеш? Затоа што грото немаат пари за живот и децата работаат аргатуваат. Направи ми ти основни услови за живот зајакни ја економски државава па после праи казни!
    Шо ми ги ставаш споменицине? Што економски профит има земјата од нив освен тоа дека јас ти и сите други ќе треба допрва да ги плаќаме со тие твоите казни што ќе ги зголемат оти за едно чудо споменици ни ја задолжија земјава? Немам против спомениците, и градење и дотерување...меѓутоа неможеш ти да туриваш темели за куќа а прво слики да купиш за во дневна. Па ние светска сила ли сме? Сме ги решиле сите проблеми, економски социјални сите сме богати ја опраивме државата па ајде сега ќе се дотерувме со споменици? Срамота, жалосно.
    И за детето трето да ти се навратам- викаш парична помош- од старт ете ти го проблемот- па од дете ли ќе профитирам? Да раѓам дете за да ми даваат пари....? Самотот тоа кажува све. Ако јас имам услови не 3, 10 деца ќе родам а не лугето да се лажат ајде да праиме дете ќе ни даваат пари.....тоа е СРАМНО и ЖАЛНО не е за фалење. И да, овој а и сите други закони им испопаѓаа на уставен.
    Е сега те прашувам и тебе и јас се прашувам ова: Во 5 години еден закон да не ти помини на уставен суд нешто не е во ред тука! И да- Бранко не рече НЕ за трето дете како што пропагираа на нивните билборди и реклами- Уставниот суд го поништи законот како и сите други оти Држава и водење на Држава е сериозна работа а не е некоја експериментална паралелка каде што децава ( Министриве) ќе играат со судбината на 2 000 000 народ. А си играат, жалосно ама вистинито......
     
    На SunFlower94 и nesa им се допаѓа ова.
  10. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    А бе Жапче, хехеех ко ке видиш вака Анабела е во право тупиме јас и ти тука кој е поголем апаш! Е искрено тоа збориме..... ке исправиме сега криви Дрини, јас знам родена бев памтам како беше не читав во учебник по историја се тоа што напиша ти него се сеќевам гледав и слушав значи сведок бев. Бранко го зеде цел ризик да праи држава, Кирчо да е здрав и жив не спаси од војна, Кљусев Бог да го прости арен беше ама овие сега да ти кажам право сите ги заебале: и Хитлер и Чаушеску и Енвер Хоџа и Милошевиќ....не ме зезај. Они си ја сменија историјата на партијата за друго ќе се мислат? Па ако Љубчо и Доста не се основачи на ВМРО ондак јас го имам измислено Пеницилинот. Така да, џабе дробиме тука, кој знае да препознае црно од бело знае, кој е ќорав со портокалови очила блазе му, кој па гледа јасно и чисто црно му се пиши. Е тоа е Македонија. И после не не признавале! Па нормално кога еден со еден не се сакаме а бараме другите да не сакаат. Е нема!
     
    На SunFlower94 и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Грешка си за тоа какви Дрини ние исправаме. Јас ти велам твојот е исто апаш, како и овој што не го сакаш, ми велиш со други зборови, „поарно мојов апаш, отколку овој сега апаш“ па и ме убедуваш твојот создал држава.
    Јас ти велам, државата ја создадоа други, ти ми велиш е не е така, знам јас бев тогаш видов. Ти си година помала од мене 1990та година, двете у тоа време сме биле помали од 10 години, :) сеа освен ако ти си била на повисоко ниво на свесност и развиен интелект тогаш, пошто ако ти си видела нешто, јас ќе сум видела повеќе. Јас не видов тогаш ништо, не разбирав, него се образував, истражував, учев на темиве.. па сеа не знам, секој за себе изгледа во што си сака да си верува.
    За БЦ воопшто не ти направив дисертација, пошто не ми се занимава, кога гледам дека си цврсто убедена во вредностите на БЦ и неговото владеење, мене ми доаѓа исто како и овие на форумов кои се за Грујо, буквално исто, пошто они исто сега живеат, сведоци се на ова сега, згора на се се постари од 18 години, затоа ваљда и си го сакаат, гледаат дека има нешто вредно за сакање... ли што знам... изгледа ми така ќе му дојде.
    Па пошто си видела што си видела, верувај во што сакаш. Книгите, читањето и образувањето секако не се дотолку битни де, баш политичарите ни покажаа дека ништо тоа не е битно.
    Па, како што ти сакаш да го видиш БЦ како креатор на Македонија, сакаш да веруваш дека во 92г. имало избори, дека претходно бил eднопартиски систем... тогаш МСкорпионка си има право да верува во она што таа си го гледа со нејзините портокалови очила.

    едит: И Црниов лебед исто така под мене има право да си верува во што сака :rofl:
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Јас предлагам да му издигнеме споменик на Бране :D
     
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Прво:Бранко не е мој , да се разбереме. Тука ми грешиш.
    Второ: За него зборам т.е. сум на негова страна затоа што и тебе и на таа Скорпионката и Лебедот и на сите треба да ни е јасно- не можеш ти еден човек доживотн да обвинуваш за се затоа што секој има и маани и доблести. Јас не реков да не веруваат во тоа што сакаат тие ...за Лебедчето не го ни пипкам се гледа девојчето дека не зема плата за да постира тука на форумот за разлика од Скорпионка која што Жапче не ме зезај прочитај ги репликите што ми ги упатила мене а замисли јас нигде не ја спомнав него си се пронајде сама па ќе видиш и ти сама колку вода и држи муабетот и дали нормален човек без било какви интереси или испрано мозоче би го рекол тоа...али да не навлегувам таму.
    Трето: Бранко грешел не викам не, има грешки ама неможе бре тој да е крив за се? Мислете малце! Грујо направи 100 пати потешки грешки што поскапо ке не чинат сите нас и како викаат србите преџи бригу другоме и уште си вика - Бранко е крив! Чекај бре малце ало кој за презадолжи државава? Кој ја изолира? Кој ја искраде и тоа од корен без усул? Кој си го тортурира народот? А и овие младите што гледаат денес и што знаат да праат разлика и тн ти штонаброја...верувај дека на грото им е страв да писнат затоа што сигурно од дома им викаат родителите: Ќути или ќе летаме од работа па за леб ќе немаме! Во ова сум 100% сигурна.
    Четврто: Бил каков бил Бранко ама барем на никој не му се тресеа коските тогаш имавме слобода со овој имаме домашен окупатор и во робство сме. Па луге умираат Жапче од тој притисок од што го донесе народот на питачки стап и да зависи од државата т.е. од него. Па тоа е болно бре, греота е.
    Не ме зезај во спордба со ова Бранко е јагне оти тогаш никојне одеше во затвор затоа што рекол БРАНКО АЛКОХОЛИЧАР...а виааа и денес викаат. Ама никој у затвор не отиде. Затоа, тишина.

    И да Лебедче за твоја информација Бранко има споменик на плоштад и тоа вие ВМРО милувате да го викате Воин на коњ..пардон Александар Македонски....и лично Николкче Груевски му го изгради на Бранко споменикот оти самото име Александар од етимолошко потекло значи - БРАНИ, ЧУВА- а доаѓа од грчкиот збор Александрос - alex- БРАНИ- andros- Човек- значи човек што брани или -БРАНКО!
    :D :D :D :D :D
     
    На enca.69, SunFlower94 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.140
    Допаѓања:
    2.722
    Пол:
    Женски
    Реплика за болдираново: не, никако не одеа во затвор тогаш луѓето- тогаш ги кратеа нивните глави.Се разбира има разлика нели? Како за Киро Глигоров кој за негова среќа преживеа, или за безброј неразјаснети ,,самоубивства ,, или за Поштарот што го утепаа на сред село.Е ДА има разлика од тогаш до сега и тоа голема се разбира.
     
  15. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    ^^^
    Прашање за репликава: Докажано е нешто некаде дека е така или ти можеби си некој платен убиец од тоа време што знаеш толку многу?
    А бре аман излечете го тој комплекс Бранко....ете ги гледам сите без глави шетаат! Додуша точно е ова до некаде дека се без глави оти кутар народ се изгуби од стегите на оваа тиранска власт.
    Ајде молим те сте се се научиле како што ви баат така да кажувате. Е нешто докажано? Не е! И атентатот на Борис се случи во време на ВМРО ...па сега Љубчо е крив и ВМРО? Ајде те молам не треси глупости...глави летале...бре бре бре. Ти им ги сечеше па знаеш. Е од ова не мрдаме нигде оти се знаеме.
    А за разлика од твоето моето држи место затоа што ВЛАСТА АПСИ не исто мисленици...и не можете никој со ништо да го побиете тоа а наспроти вашите налудничави изјави има ГОЛЕМИ ФАКТИ кои јасно докажуваат дека ВЛАСТА ГИ АПСИ СИТЕ КОИ НЕ МИСЛАТ КАКО НЕА И КОИ ГИ КРИТИКУВААТ. Е тоа е болно и тоа ептен. Се надевам ќе сфатите еден ден.
     
    На crazyinlove19, enca.69 и nesa им се допаѓа ова.
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Да, да со натпис КРИВ ЗА СЕ :rofl: :rofl: :rofl: :lol:
     
    На TennisBabe и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Море па сега многу ќе биде и букви да се трошат за него.
     
  18. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    131
    Колку што се сеќавам во тоа време беа СДСМ на власт (од 2002 до 2006 година, и она фамозното на "15 септември бла бла бла" од БЦ, како и неколкокуте внатре-партиски превирања од тоа време), а Борис Трајковски загина во февруари 2004 година.

    Во ред си е ако сметаш дека Бране е покомпетентен да води држава, твое право си е, ама барем не нафрлај податоци тукутака. Да се прашувам јас, ниту на едниот ниту на другиот не би им дала веќе да си играат водење држава, стварање кланови и лично богатење.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Атентатот се случил во време на СДСМ :?: Во тоа време тие биле на влас четири години за потоа да изгубат и ден денес после не цели шест години овие да не се погрижат за тоа... Ако тогаш биле СДСМ на власт кој ли ќе имал корист од тоа :?: Сеедно тука некој се погрижил ова ептен да го скрие па сега изгледа не постои човек што знае било што, само што сега сите знаеме кој ја има моќта за тоа :tmi:
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Борис Т. е загинат 2004, во време на сдсм (не ми е јасно what's with this face :?: ), такоѓе и атентатот на Ќиро Г. е во време на сдсм (ако веќе гледаме кој во кое), е ондак то ти иде Capo de tutti Capi Бранко Ц. кој за чудо помина без ни една гребнатинка, се прашувам зошто :^) нели и он беше на ред за Ако веќе бараш логика во ова тогаш и повеќе од јасно е на која страна 'тегне' логиката...
    А, да, кога му се случи атентатот на Ќире тогаш министер за внатрешни беше Фрчко, кој си даде оставка-НЕ...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.