Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Тоа ќе го дознаеме на следните избори. Јас вака можам да ти кажам само лично за себе дали би го изгласала или не, а во име на цел народ.. ќе видиме на следните избори. Јас зборувам за конкретната ситуација, имаше мнозинство кое сакаше тој да владее, му дадоа доверба на изборите, тој остана на власт, му даде права, да. Но остана ТОЈ на главна позиција, во спротивно, сега ќе имавме Албански Премиер, ако веќе хипотетички зборуваме.
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Да, му даде права!!! 100% при тоа мислеле на правото на амнестирањето на убијците, простување на Непроштено и слични гомнарии. Браво. :clap: Ама, добро, многупати тука се покажа дека Гвујовистите пред човечки живот ја ставаат партијата, сите политички теми и дискусии го потврдија тоа. и поради тоа секоја понатамошна дискусија не би ја продолжила, јас ти реплицирав на делот дека ќе било трагично неговото повлекување по мнозинството кое го избрало. Јас кажав дека не би било, слободно нека фаќа патот, се надевам дека чекорите кои ги повлече, тоа мнозинство длабоко ги осудува, со што би добила надеж дека луѓе кои се грижат за други луѓе се уште постојат.
    И да...Бране немаше да дозволи Премиер албанец, тогаш јас прва ќе го осудев и ќе барав да си оди, како што и после ова вие треба од фирерот да барате, ако ве боли и малку за нечиј друг живот освен вашиот!
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Енца не е Гвуески, туку е Груески ;)

    Никој ни сакам, ни бранам, сите ми се :Down: ама ова ми е мн. ниско.

    И да се пронајдов во постот ;)
     
    На LittleDevil, Stam и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Мене не ми е ;)
    Мене други работи ми се многу ниски.
    А ова, напротив, и многу високо за човек кој ми ја уништи сегашноста и иднината на моите деца ;)
     
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Не сум буквалист ама морам да кажам дека никаде на го спомнав зборот ТРАГИЧНО при повлекувањето на Грујо. Ако има некој поспособен, нека дојде, нека се кандидира, радо би го гласала. Ама Бране.. Никогаш! Доста време беше на кормилото на Македонија, резултатите сеуште се видливи. Мене, доста ми е, а тебе и сите други Бранкови симпатизери не ве осудувам, ниту ми сметате, секогаш сум за фер битка.

    И како што веќе кажав, дали принудното амнестирање(како што и впрочем беше и Рамковниот Договор), ќе се одрази лошо врз рејтингот на Груевски или на граѓанската доверба што веќе неколку години ја ужива, ќе се види на следните избори, до тогаш ќе чекаме исполнување на ветеното.

    пс Навистина е непријатно и ниско цело време да се потенцира нечија говорна маана, ги има толку многу во сите политичари, па никогаш досега не сум се подбивала со тоа.
     
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Епа јас сакам да се подбивам со тоа, со никој друг човек во животот не сум го направила истотот, буквално со НИКОЈ, напротив, секогаш сум застанувала и стојам во одбрана на добрите луѓе со било каков, и најмал недостаток, ама со овој со задоволство се подбивам, со сите(премногу) негови фалинки.
    А знаете зошто?
    Затоа што тој се подбива со се што мене ми е од бога дадено, потенцијал, амбиции, памет колку толку, и со се што сум стекнала трудољубиво, дипломи, способности, вештини итн, уствари се подбива целосно со мојот живот кој од бога ми е доделен, како и нему фалинките. Сите имаме некакви фалинки, ама бидејќи никој друг не се подбива со мене и јас се подбивам единствено со пингвинов.
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Твое право! Ама ниско е. А не верувам дека лично ТЕБЕ Груевски ти сторил било што, па да се подбиваш. А колку и да си стоела на страната на оние што имаат било какви маани, ова твоево го кажува спротивното. Смешно е во секој пост да се чита ГВујо, не дава баш добра слика за тебе. Почитувај го противникот.
     
  8. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Го почитувам ;) кога е достоен за тоа.
    А тоа дали лично ми сторил, не, не ме удрил или слично, ако тоа е лично, ама ми сторил лошо повеќе од било кој, кој е во ЛИЧЕН контакт со мене.
    Можеби и не дава добра слика за мене, само што мислиш каква слика за нечија личност ствара идеопоклонството и бранењето на човек кој оправдува и подржува убиство и убијци на секој чекор?
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Ти да не си жена му на Велија? :rofl:
    Шала на страна, на муабетов само ќе додадам едно прашање во споменатиот стил:
    Дали ќе го избереа б.ц. да знаеја дека ќе стави албанец за премиер? Упс... па него не го избраа и кога не го знаеја ова, нели? ;)
    Ова е индиректен одговор во една друга тема исмејување на туѓите недостатоци
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    :clap: Ме провали..таа сум...жена му на Велија, пуста среќа па само нашата фамилија ја запусте, на остатокот ружи цветаат. |(
    Јас се изјаснив зошто сметам дека имам право да се исмејувам со него, а ти слободно ставај линкови како што ти одговара, мене, нема да ми прикачиш никаква етикета, јас убаво, ама најубаво си објаснив, што и како имам.
    Туку прашањето би било за каде тебе да ти поставам линк, што подржуваш некој што амнестира убијци на секој чекор? Што би му дошла тогаш ти? :?:
    Можеби кај убиството на Мартин, или простеното Непрштено, линк до зацрнетите мајки македонски на кои им се испоганивте на солзите? линк до вечните почивалишта на оние на кои се бореа за вас а им се пос*авте на гробовите?

    Верувам моето е многу помалку страшно, во секој случај.
    И ајт терајте си на темава.
    За мене Гвујо е Гвујо, ништо поише!
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Их бре ни шала да не се прифатело. Кај прочита ти дека јас го поддржувам амнестирањето на убијците да не кажам учк-аши? До сега никаде не сум коментирала за тоа, особено не за Мартин и сл.За разлика од некои кои цело време и во секоја политичка тема се вклучуваат за да ги одбранат б.ц. и неговите, јас не гледам причина за се и сешто да бранам некого, туку само таму каде што е нешто очигледно и за кое постојат факти, јас самата не измислувам.

    :tmi: А ти да не имаш говорна мана, па цело време гвујо ова гвујо она.
    И тука да не те провалив :D
    Уаууу земјотрес и земја почна да се тресе бе, ова не да го здрма страв ме фати. И ова може некој сателит на НАСА паднал, сите сателити во мк им паднаа, каква штета :D
     
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.455
    Да, и за говорната мана ме провали. Имаш надреални способности, така да си знаеш ;)
    Не реков дека си пишала дека ги подржуваш учк-ашите, ама го подржуваш и гласаш човекот кој ги ослободува и подржува истите. И не само нив. Еве сега ќе ослободи уште еден убиец. На Мартин. И? Одите по форумов ми го проповедате Гвујо (мене тоа многу ми говори за одреден човек и за неговата личност), што нанесува невидени штети и неправди, а сте се фатиле за моето Гвујо ко слепи за стап, и ме анализирате каква личност сум и што тоа зборувало за мене. |(
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Јес, па јас сигурно можам и иднината да си ја предвидам со мојата надреална способност, никогаш не сум пробала :D

    Јас кого поддржувам е мое право и имам причини поради кои го поддржувам, за секого може да се најдат позитивни и негативни карактеристики. Исто така и ти поддржуваш човек кој уништи цела Македонија кој со ништо не придонесе за развојот на земјава и уништи до корен толку многу семејства, па јас а и било кој друг не те напаѓа така жестоко како што го правиш ти тоа. А тоа со убиецот на Мартин има судска процедура, незадоволните може да се жалат, да бараат вонредни правни лекови па дури да се обратат и до Стразбур. Не е мое да изигравам судија и да проповедам кој што требало да направи, правдата на крај ќе излезе на виделина.
    И ако треба да поднесувам сметка кого поддржувам и зошто не треба тогаш и оние кои го поддржуваат б.ц. треба да кажат зошто да и зошто не, ама сигурно кај неговото не-ќе има подолга историја.
    Затоа не ми се почнува, за секого има многу да се дискутира од лична гледна точка. Од владеењето на б.ц. никој не виде ништо, освен оние лоповите кои ја присвоија пола држава и од кои ми се блуе :puke: и сеуште ги трпиме по кафичите на ленинова и покрај кеј, не работат зашто имаат недвижности од кои се хранат. За жал тие негативни последици од тоа време никогаш нема да се искоренат. И за тоа не ми се кара со други за политика, зашто напразно се бранат едни па други а сите ја знаеме вистината, нема леб ни од едните ни од другите. Ај да не заглавам на работа ќе треба прекувремено да ми платат :rofl: ,да не треба после да прават ребаланс на Буџетот.
     
  14. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    2.465
    Тоа ти го покажа со споредбата, а нормално дека ќе продолжам ако сакам.
     
  15. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Што сака може да се зборува и да се оди оф топик , мене ми се допадна говорот на премиерот пред Генералното собрание на ОН , пријатно ме изненади затоа што факт е дека беше издржано , отворено и вистинито се што кажа . За ова последново премиерот од мене има еден :up: .
     
    На starbucks, LittleDevil и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Уште сам да го напишал ќе беше совршено, м?! |(
     
  17. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    И да не го напишал сам ништо не менува, м?!
     
    На LittleDevil и softqueen им се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Очајни сте. Како до сега сите политичари сами да си ги пишуват текстовите што ги читаат. |(
     
    На kate21, softqueen, LittleDevil и 3 други им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Темата не е кој е очаен, а кој не |( ама тоа е веќе одраз на ,,култура,, ;)
    Ако не знаете да коментирате бре со аргумети, не почнувајте со вреѓење на одредени форумџики и со дирекно напаѓање на истите.
    Ајт сега останете ми поздравени и продолжете со муабетите кој колку е очаен |(
     
    На esperanca и julie77 им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Да де, се покажаа кои се ‘културни‘ и кои вреѓаат постојано. ;) Кога немаш што да пишеш поарно не продавај морал и култура.
    А, да и темата не е дали Груевски сам си ги пишувал текстовите, така да..
     
    На softqueen и Rozich им се допаѓа ова.