Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Најдобриот премиер до сега..потполно го подржувам.
     
    На Pelikuna, LittleDevil и Rozich им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Фала. Ние очајни вие прскате од задоволство и среќа гледам, ваше време е сепак.
    Само ќе ти кажам, мене не ме читај буквално. ;) Ајт
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Кој ми го дира Грујо ке гори во пеколот :devil:

    Не знам што му фали на човекот искрено.Си ја врши работата како што треба,лажел или не лажел тоа не е битно.Битно е што кога доага време за гласање повеке од гласовите се за него,тоа сите знаеме.А да дојде некој друг на негово место поарно ке е ? :|
     
    На manja666, LittleDevil и starbucks им се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Кои бре аргументи :rofl: луѓето си кажаа дека им се свиѓал говорот на премиерот вие запнавте дека не го напишал сам (само колку да се каже нешто контра, јак аргумент, издржан :D )
    Никој не навредил никого, вие го правите тоа цело време. Оставете ги нека си кажат што им се допаѓа, а што не. Не мора на секој да му одите со контра реплика само затоа што не ви се свиѓа на вас одговорот.
    Бидете малку по расположени за дружење а не само за кавги.

    Хахаха, викаш? Пеколот од Данте или некој друг, политички пекол можеби? Ме насмеа..
    Ај смири се, и на вакви теми пред да дојде дечко ти, премногу се возбудуваш а тоа е добро ;) , се зезам немој и мене да ме отераш у некој круг а види како добро сум расположена и сите ве сакам :*
     
  5. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123

    А , што ти е поентата , м ? Кој и да го пишувал , тоа не го менува фактот дека говорот беше издржан , и вистинит , како што наведов погоре . ;) И не се сеќавам досега некој друг македонски државник онака отворено да истапил пред меѓународната јавност . Ако некој сака да ми го освежи паметењето нека повели , само се сомневам дека ќе има со што .


    И научете се да се носите со туѓи мислења . Не може ако нечиј став не се совпаѓа со вашата партиска агенда и веднаш со |( , а аргументи и образложение никаде .
     
    На manja666, LittleDevil, Stam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не бре Абеја јас сум смирена ама смешно е што зборуваат за човеков а нека идат и нека работат место него да видиме дали ке бидат подобри :geek:
     
  7. Dannyella

    Dannyella Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    17
    Политика не сакам ... Не сум ни партиски определена ... Но премиероов некако ми е окк ... Немам ни поплаки до него , ниту пак фалбии ... =)
     
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Еј полека малку и не ги вртете работите онака како ви одговараат вам. Кој што рече за говорот на Грујо па толку се напаливте бре? Џули си пиша дека друг му го има напишано и што е тука трагично и очајно? Па факт е дека други им ги пишуваат говорите на политичарите, и што сега? Ама не, некои форумџики се дрзнаа да напишат колку е некој очаен зошто кажал чиста вистина. И после ќе си ја префрламе топката кој само напаѓал и што ти знам ја таму. Пред некое време некој напиша нешто за бркот на министерката и тогаш скокнаа некој да се препираат демек не било во ред на тоа да се тера шала |( . Еве денес и на Енца и се нафрлија зошто пишувала Гвујо место Грујо. Нејзино право бре, што има да скокаат некој и да пишуваат дека била нечовек :o И сето тоа кулминраше на крај со говорот на Грујо дали бил напишан или што ти знам ја таму. Па се прашувам луѓе мои вие да не сте ги помешале нешто лончињата? Да не биле Грујо и цела влада прогласени за светци па да не смееме да кажеме нешто против нив, а ја да незнам?



    Барав едно видео каде што претседателот Борис Трајковски убаво им кажа на европејците за бегалците, нешто во стил да си ги носат дома ако толку ги сакаат, ама не го најдов, па ако некој го најде нека го постира.
    Случајно наидов на ова видео, па чисто да го постирам за да ви го освежам сеќавањето, некаде после 35 секунда ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=beoPklvZ ... re=related
     
    На Phyramide, enca.69 и esperanca им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    хахаха абе пак си ја сврте топката како што ти одговара. Сега демек вие кажувавте факт дека говорот не бил напишан од Груевски, а не тоа дека сакавте да реплицирате со цел да омаловажите. Ама нека ви биде, ако тоа ве храни одете му на секој контра, само веќе провидни станавте со тоа се едно исто, само вие вреѓате само вие одите контра секој, и цело време се вадите во сличен стил како споменатиот
    ,никој не рекол дека не смеете да зборите против некого туку веќе патетично делува тоа што на секој што ќе каже позитивен збор за власта му одите контра, вие сте се изјасниле против нив, оставете и другите да го кажат своето мислење без да се правите паметни и да го оцрнувате секој пост, претеравте!
    Нормално, сега не се очекува дека ќе го цените туѓото мислење, и сосема очекувано е дека ќе продолжите да напаѓате и вреѓате и мора на секој да му реплицирате нешто, без разлика дали е веќе нешто кажано и интересно.

    Пред малку во друга тема џули77 имаше ставено линк http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-b ... chituvaat/ прочитајте за што станува збор и уживајте повеќе во животот.
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  10. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    BoaVista »Барав едно видео каде што претседателот Борис Трајковски убаво им кажа на европејците за бегалците, нешто во стил да си ги носат дома ако толку ги сакаат, ама не го најдов, па ако некој го најде нека го постира.
    Случајно наидов на ова видео, па чисто да го постирам за да ви го освежам сеќавањето, некаде после 35 секунда ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=beoPklvZ ... re=related

    За Трајковски и за бегалската криза можам да се согласам , а за другото ... Хм ... поентата ми беше некој толку отворено да истапил , за интересите на Македонија , ако не беше јасно , а не само да истапил , значи не е она што го барав ... А за тоа My name ... упс ... the name of my country , како и за ликот и делото на Б . Ц , не сакам да навлегувам , овде не е местото , и онака си има фан - клуб на форумот како што гледам , па , отворете си нова тема , таму ќе дискутираме , има и материјал .
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Хахахахахаха :rofl: :rofl: :rofl:
    Баш ваков одговор очекував :D
    Ајт нека ти биде така :D ;)
    Едит-ова кај нас го викаат ,, сам себе се убил,,
    Мојата дискусија со вас на оваа тема завршува овде ;)
     
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Реално Никола Груевски направи мн за Македонија..мн повеќе од сите други кои беа на власт..јас лично го обожавам човекот...само така нека продолжи ја има нашата поддршка..всушност во последните неколку години народот покажува во кој има доверба а НАРОДОТ Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    ^^Нешто си се збунила со болдираното . Не гледам што не ти е јасно , толку отворено па и издржано како што истапи актуелниот премиер , ти постирашe нешто што јас воопшто не го барав .

    И навистина немаше . ;)
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хммм а што тоа направил, споменици???
    - Да, во право си никој друг што бил на власт фала богу не направил толку споменици :D
    И што сега да идам да ги гледам и тоа ќе ме нахрани, пари ќе ми пушти споменикот, што...?????
    За говорот не знам зошто воопшто дискутирате, познато е дека не само на него туку и на сите други политичари друг им пишува! Ама финтата е во тоа дека не се битни зборовите туку делата. А јас освен споменици и беда од груевски ништо друго не видов.
    За гласовите и за довербата во последниве неколку години немам коментар. Сите многу убаво знаеме какви матни работи се прават и исто така знаеме дека луѓето од зор ги гласаат, за да не загубат работа, затоа што мораат (почнувам од моите роднини, а има уште милиони такви луѓе)!
    Инаку сакајте си го немам ништо против, јас не го сакам, одвратен ми е :puke:
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A кога сме веке кај спомениците арно ви е да одите и да го гледате Ацко големиот и да се сликате |(
     
  16. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Големиот Ацко ми се допаѓа ок, мада не сум се сликала до него а и немам намера :D Би било поубаво малку пониско да го ставеле, ама и вака е добро, иако ме фаќа мака кога ќе помислам колку пари се исперени со него и што се можело да се направи со тие пари....
    Ајде за Ацко ок, ама другите смешки (споменици) што претставуваат ви се молам??? :D
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Па човекот направи илјадници спортски сали, улици, булевари..спомениците му се добредојдени на ск..не сваќам како еден македонец не е горд на споменикот Воин на коњ тоа е македонската историја а потоа се жалите зошто грција ни ја презема историјата ..епа баш поради тие такви кои што наместо да се радуваат, тие плукаат по тоа што нашиот Аце е во центарот на ск а не во грција. Го направи аеродромот по најсовремени стандарди..ја намали партипацијата за државните факултети-сега речиси секој има шанса да студира. Воведе задолжително средно а исто така на децата им даваат бесплатен превоз, бесплатни учебници. Старите лица имаат бесплатно одење во бањи..воведе компјутер за секое дете во училиштата и уште мн рабопти кои не ми текнуваат во моментот но може некој да ме надополни..сите останати влади пред оваа искрено не се сеќавам што имаа направено затоа што не направија ништо друго освен затварање на фабрики. Да дефинитивно си го сакам премиерот а има и зошто.
     
    На BlackSwan5 и Pelikuna им се допаѓа ова.
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aбе ај.Само да се плукало.Е ајде кажи ти другите што повеке направија? |(Се не чинело.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    :o :o :o

    И ова го дочекав во мој досегешни живот да слушнам за прв пат Бранче да каже нешто исправно :clap: .
    Невероватно ...
    Инаку сум се изјаснила мал милион пати за Груевски , не е најдобар ама досега не се понудило ни се нуди нешто подобро .
    За разлика од другиве мрднавме од мртва точка .
    Гради човекот , се труди , ни олеснува со давачки .Јас лично само добро сум видела од владеењево на Груевски . Дали пари се переле хмм... Можеби ама за разлика од некогаш барем и ние уживаме во нив . Благодарение на него...

    *плаќам помала партиципација на факултет ,
    *намален имотен лист ,
    *зголемена плата ,
    *повеќе државни празници (што значи повеќе одмарам дома :rofl: )
    *зема баба ми поголема пензија :D
    *Скопје ми е поубав град .
    *Не се возиме во траскалици автобуси -Сувенири на 20 век |(
    *Подобро здравство .
    И има уште да не ја затупам по многу .

    Она што ми е за поздрав за Груески е што не НАВРЕДУВА !!!
    И за разлика од Бранко не кажува што е домазет . Не иде пијан на митинг , и достоинствено прифаќа пораз . Барем така мислам досега не доживеал :wasntme: ама мислам по човек е .
     
    На OzzyAngel и manja666 им се допаѓа ова.
  20. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Еве јас ќе те надополнам. Прогласи закон за амнестија, наш народ гинеше, веќе еднаш прашав, каде се тука патриотите и патриотизмот на господинот ви гРуевски?! Сите шеткаат слободни само Јохан скапува во затвор, а онаа глупавата Соња уште му пее! Еве реков, Аце е ок. А можете ли да ми кажете што претставува шмизлата, таа мачка што претставува, бикот и уште многуте други глупости??? Гледате ли телевизија и гледате ли колку болни деца има во Македонија што треба да се лекуваат во странство а немаат пари. И бараат донација од хуманитарни луѓе, а што очекуваат кога државата ништо не дава? Со еден е*ан споменик две деца може да испрати на лекување. За семејствата што немаат што да јадат,кај да живеат, тоа гледате ли? Зошто не им помогне(иако семејствата со по 15 деца искрено не ги подржувам, кога немаат пари не мора по 15 деца да прават)??? Фебрики се затварале порано, а што сега груевски нови отворил а јас не знам??? Мислам дека доста те надополнував, еве тоа е она што најмногу ме боли.
    Инаку пеликуна, не ми наметнувај да зборувам за другите затоа што ниту кажав дека некој друг е подобар, ниту кажав дека бранам некого. Еве читај каде сум спомнала име? Темава си е за груевски. Јас се разбирам, си се наместил во фотеља и нека краде, зошто СИТЕ КРАДАТ, тоа е факт. Ама па овој претера. Повторувам, не бранам никого, ама полошо од сега никогаш не било!!!