Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Епа цело време што направил,што направил ај кажи што направиле другите.Не се вади со тоа дека не е за другите темава зошто не ти држи вода.Сакаш да кажеш дека не помагал на сиромашни семејства? :wasntme: Нема грешка.Не помагал.Другите помагале тој не.
    краде?си го видела да го прави тоа?Внимавај,не осудувај без докази. :!:
    Што и фали на шмизлата?И за нејзе се плукало а едвај чека некој да се слика до нејзе.Само лошите работи се паметеле,а добрите ги забораваат.
    Не бранеш да ама премногу зборуваш ко тие другите да се богови
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Вртите се едни исти муабети...Јохан е сеуште во Хаг благодарение на дотичната личност-сите знаеме која...а и сите знаеме кој се потруди и го извади Љубе од Хаг. А тоа дека има деца што немаат што да јадат па тоа го има секаде во светот бе, и во времето на сите други влади..неможе тој да оди од куќа до куќа и да им носи..па и во најјаките држави има невработени. Треба да се вложува и во градовите за да тие изгледаат поубаво и помодерно..ама за нашиот народ ништо не е..никогаш не е задоволен. Пак ке повторам според мене од 20 години независност најдобро се живее последниве пет години откако не просветли оваа влада. Пред тоа бевме никој и ништо, немавме ништо а и тоа што го имаше го уништија.
     
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Пеликуна не величам никој, и не велам дека некој е бог, само велам дека вака никогаш не било! А башка и не верувам во бог ;)
    Темата е Премиерот на РМ затоа си давам мислење за него. И не, нема да зборувам за другите. Ако наидам на тема за некој друг и таму ке плукам ако сакам и ако така мислам, а кога некој ќе ги заслужи моите пофалби и величења тогаш ќе си пишам, без разлика дали е од вмро, дали е од сдсм, дури и од дуи!!! Засега нема таков...
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не ти држи вода,ти велиш што со шмизлите?Ама барем има нешто направено за разлика од другите.Штом молчиш за другите сама си свесна дека немаат ништо сторено
     
  5. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Не, туку сама сум свесна дека ми е поважен еден човечки живот одколку една глупава скулптура!!! Така да ни вашето не држи вода. Направил- па секако дека ќе направи кога и тој има корист од тоа. Ако не ти се допаѓа моето мислење ок, ни мене не ми се допаѓа твоето ама го почитувам, како и секое туѓо мислење. Почитувај го и ти моето. И еве по стоти пат кажувам, нема да зборувам за други, зошто темата е за груевски и не очекувајте само пофалби, не се сите слепи како некои, секогаш ќе има некој што ќе го сака и што нема да го сака премиерот. Моето мислење го дадов и повеќе немам што да кажам, само ќе чекам да видиме до каде ќе одиме со премиерот.....а да, и би сакала фацичките да ви ги видам тогаш ;)
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.011
    Искрено, ми е гајле мене дали Скопјани ќе имале споменици, дали Скопските пензионери ќе јадат на камен мост, дали Скопските пензионери ќе се возат без пари во вторник и петок. Ама ме заболе што сето тоа не е платено само со парите на Скопјани и Скопските пензионери, тоа е платено и со парите на баба ми која е пензионерка од Велес и не ужива ниедна таква привилегија. Затоа што баба ми пензионерка плаќа даноци, Скопските пензионери ќе се гоштеваат на камен мост. Ми е гајле дали улица Македонија е стара 100 години, па да си прават таму забави некои. И баба ми да се вози без пари и таа ќе заштеди бе, зошто само Скопските пензионери да заштедуваат? Зошто пак баба ми да оди пеш до пазар бе? Во ред, ќе молчам доколку сите тие забавичиња, појадоци споменици итн си се платени од Скопје за Скопје, ама да се вади од џебот на моите за во Скопје да личело, е тоа мало морген. Кој полов орган не ги ставија Гемиџиите во Велес? Зошто да бидат во Скопје, оти така им текнало?
    И прекинете со муабетот и Бранко да беше... Да беше ама ете не е, и немаше да биде Бранко ќе беше Рада. Ајт по ѓаволите. Ме боли половиов орган мене за Скопјани кога живеам у беда.
     
    На Buttterfly, BoaVista и enca.69 им се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Е конечно некој да каже мислење со кое апсолутно се сложувам.
    Значи постојано се критикува владата била ваква,владата била онаква а јас мислам дека споредено со СДСМ оваа влада е далеку подобра.Не,не вела дека живееме бајка,дека се ни е прекрасно но барем мрднавме од местото каде што не остави Бране.
    Така да радувајте се на спомениците кои се нашата гордост и секој вистински Македонец би се гордеел со тоа.
     
    На manja666, macysh и Pelikuna им се допаѓа ова.
  8. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Ок, ок, како што ќе кажете :emo:
    Еве се гордеам со скулптурата човек што чисти чевли :rofl: :rofl: :rofl:
     
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Даниелка наместо да се смееш просветли не што направиле Рада,Бранко и компанија освен што знаат да излезат на телевизија и да ја пљукаат владејачката партија?Просветли не баш ме интересира.
    Не ми е гајле дали е темава за него или за некој друг.Мене ми требаат информации за тие горе што ги спомнав.Ако кажеш еве јас ветувам дека нема повеке да навивам за Груевски,напротив ке го пљукам.А тебе ако ти е најважен еден човечки живот наместо да седиш овде и да зборуваш оди спаси еден.
    Kaко кажа и Офи,јас не уживам во тие скулптури и живее во беда ама има колку толку направено,мене право ме интересира тоа што го прашав.Барем да имаш некакви докази а не само да зборуваш.
     
    На LittleDevil и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Навистина не ми се впушта повторно во дискусија со подржувачи на СДСМ затоа што зборувате без аргументи.Само да се навредувало и да се плукало по владата.Еве признавам не се ни ВМРО безгрешни,далеко било од тоа но кога ќе направиш една компарација со СДСМ и те како се гледа кој повеќе изградил или направил.
    Така да наредниот пат кога ќе имаш нешто да кажеш направи го тоа со аргументи и со одговор на вечното прашање Што направиле СДСМ? Затоа што јас сеуште не можам да најдам одговор на тоа прашање.
    А не ми е јасно како може Македонец да не се гордее со споменикот на Александар? Или можеби од инает зборите затоа што Груевски го изгради.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не и барај џабе одговор,темата е за Груевски не за другите :lol: какво вадење а и самата знае дека нема што да каже.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па нормално дека е така.Си знае дека нема одговор на тоа па ќе си се вади со сарказам и иронија.
    Темата била за Груевски |( .А со кого да го споредуваме Груевски ? Со Мик Џегер?
     
    На softqueen и Abeja им се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Колку го сметав за паметен порано,толку последниве 4 години ми е идиот! Сите крадат, но овој се заборави :!: Буквално е диктатор,и цела влада и држава,на чело со Иванов, се е под негова палка,одлично му е сигурно. Да има искрени намери за подобро утро како што ветува брда и планини,долини и котлини, барем една четрвртина ке го оствареше,а не тука со страшно огромни цифри на укредени наши пари,ни замачкува очи со споменициве и фонтатите.Не велам не,градов доби нов лик ,се измени малку од малку,но во екот на најголемата криза,кога земјтите од Европа смислуваат стратегии за заштита од кризава,и за нејзино што помало почистување врз ѓраѓаните,нашиов гради ли гради :x А впрочем,секој може да изгради со укредените пари,само што досега неговите претходници не се окуражиле да чапнат толкави цифри,а за тоа сведочи се посиромашниов народ,па само излезете низ центарот и видете кој како е облечен или во маркетите и пазарите, освен најбитното не е можно да си дозволи повеке народов...Да,прославивме 20 години независност,на спектакуларен начин,а предлагам да прославиме најсиромашни 2-3 години!
    И најпаметна инвестиција им е опремувањето на затворите и нивно реконстуирање,за да си имаат занимација Грујо,фамилијата и пријателите,кога ке ги поминуваат деновите таму,а мој предлог е да им се приреди спектакуларни апсења како оние кои тие ги преферираат,па макар тоа било и со намештаљка...Како вика Ена во песната-Учам од најдобриот!
     
    На enca.69, Danilela и Hellen им се допаѓа ова.
  14. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Злато споменикот на плоштад не се вика Алекдандар Македонски туку Воин на коњ ;)

    Јас се гордеам со мудорста, визионеството и космополитизмот на Александар Македонски и верувам дека сите го делат тоа чувство.

    А оној фраерон на плоштад нека го именуваат па ќе го почитуваме и него и тие што го поставија во меѓувреме можеме да уживаме во перформансот на фонтаната и да се прскаме со децата таму

    Поздрав
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    незнам зошто упорно се трудите да го оцрните човекот и да го плукате факт е дека е еден од најдокажаните политичари засега му било тоа доволно на некого или не и незнам со кого може да се спроредува па ако вредеа или вредеше некој друг повеќе и можеше ќе беше на негово место мн.јасно...
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Миме, па никој не вика дека ке биде на власт засекогаш :!: Ова е неговото време,нека го доискористи,бидејки ако претпоследниот избор имал огромна доверба,сега на последниов видовме дека едвај победија(иако го немаат мнозинството и моќта ко претходно),а тоа само кажува дека се повеке оди надоле,и веке на наредните избори,ке падне уште толку!Причина? Губи се повеке кај народот,а нормално дека со него ке останат оние кои имаат корист од него :)
     
  17. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Извини вака....ама Груевски е све друго освен политичар. Политичар е Киро, Бранко, Фрчко, Љубчо Милошовски....Грујо е коњ!
    Неможеш да бидеш политичар никако не камо ли најдокажан ако немаш речник...а Грујо златна за жал една проста реченица не знае да сврзи. Може е најдокажан премиер ( тоа ќе покаже времето а само за информација ќе се разочарате од исходот сите кој го обожавате, оти со сопствените деца ќе го платите неговото владеење) а не политичар. Политичар никогаш нема да биде...тоа да ти е јасно..ако е во политика и премиер и што знам јас што.
     
    На Annath и Rubiii им се допаѓа ова.
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    За тебе можеби не е политичар ама за мене е
    и да ако ги ставаме во групата на политичари дотичните господа Киро, Бранко, Фрчко и незнам кој друг хулиган од тие редови бидејќи за мене погоре напоменатите тоа и се незнам зошто не се сеќавам во последните 15 години можеби повеќе дека направиле некоја корисна работа за државата :?: чекај да се сетам :?: не неможам за жал...
     
    На BlackSwan5, softqueen и LittleDevil им се допаѓа ова.
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Имам нешто ново да кажам :) Денес како што слушнав на вестите, “батките“ од НАТО кажаа дека уште спорот со името да се реши и Македонија ќе добие покана за влез во НАТО и ЕУ. Кажаа дека сите други услови се исполнети, а сега да прашам- КОЈ ги исполни? КОЈ е на власт веќе 5 години?
     
    На BlackSwan5, softqueen, mime87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Гордост,гордост,гордост ! аман више ! Што сте се фатиле за таа гордост толку ?!
    Од гордост ли ќе живеете ?! ќе се храните ?! Со гордоста ќе ги плаќате сметките ?!
    Ќе немам дома леб да јадам ама на плоштадот имам споменик на Александар Македонски !
    Yаyyyyyy !
    И да немојте да ме корегирате дека е воин на коњ кога веќе и врапчињата знаат дека е споменик на Александар !

    Едит :

    ^Уште тоа ни фали,да влеземе во ЕУ ! Европски цени,европски казни ( впрочем и сега наликуваат на европски замислете тогаш ) а платите исти ! Ама важно во ЕУ сме така плус признаени под уставното име !
    Е*бати работата :fubar:
     
    На JuLleE и julie77 им се допаѓа ова.