Поранешниот премиер на РМ - Никола Груевски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од OzzyAngel, 11 јуни 2010.

?

Какво мислење имате за Никола Груевски како премиер на РМ?

  1. Позитивно

    469 глас(а)
    42,4%
  2. Негативно

    636 глас(а)
    57,6%
  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ози уште во 2006 велеа европејците дека сите услови се исполнети, останува само името. Во 2008 кога Грција ни стави вето, исто кажаа дека условите се исполнети, ама проблемот е името, еве сега пак.
    Зборот ми беше дека не може исполнувањето на условите да е заслуга само на една власт.
    Од моментот кога Македонија ја потпиша Сопгодбата за стабилизација и асоцијација се работи на исполнување на условите за влез ви ЕУ и Нато. Оваа спогодба е потпишана некаде 2000 или 2001 година(а преговорите за Спогодбата се водат уште од 1996 година), и од тогаш се давани насоки во кои сегменти треба да се спроведат реформи. Затоа исполнувањето на условите, никако ама баш никако не може да се препише само на една власт или еден политичар ;)
    Едит-И како за потсетување во 2005 година Македонија стана земја кандидат за влез во ЕУ. Еве од тогаш поминаа скоро 6 години а ние не сме мрднале ни чекор напред кон евроинтеграциите, сеуште сме си со кандидатски статус, за жал :)
     
    На Phyramide, JuLleE и Danilela им се допаѓа ова.
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.227
    Се согласувам со тебе Боа, но сакам да кажам дека НИЕ како земја не сме криви што не влеговме во европските интеграции, дека нас не` кочи нашиот јужен сосед, а никој македонски државник не би се осудил да го промени името. Значи, не може да плукаме кон моменталниот Премиер што се труди да ги исполнува условите за влез во Нато и ЕУ. Не може да речеме дека “државата оди наназад“ кога упорно не уверуваат дека сите услови се исполнети, нели? Смачено ми е да се проколнуваме себеси како земја дека не вредиме за ништо, кога другите ни го прават сето ова!
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ајдеееееееееееееееееееееееееее сега немал и речник,пред тоа за спомениците зборувате,само да се кажало нешто :lol: Џабе ви е,човекот уште ке биде на власт а вам ви останува да гледате од страна.
     
    На BlackSwan5, softqueen, LittleDevil и 2 други им се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    хахахаха абе ајде ти се молам.. Бранко има говор..да,да. Го докажа тоа на митинзите..на што личеше тоа што го зборуваше за тој стечаецот- немозам секаде да постигнам.БРУКА Ако треба да има следниот премиер таков речник што да кажам освен Господ нека ни е на помош. Јад и бед!
     
    На BlackSwan5, OzzyAngel и softqueen им се допаѓа ова.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јас реков само тоа што успеа да воведе визна либерализација ми е доволно макар седел на фотеља 5 години без да мрдне со прст .
    Да го направеше тоа Бранко кој знае сега ќе беше народен херој |( , чекај да не им падна на сдсмовциве лошо патувањето без визи а од сега и поефтин зелен картон ? ! :wasntme:

    Што да кажам еднаш рекле

    Пред фактите и Боговите молчат ...
     
    На starbucks, LittleDevil, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Најдобриот премиер досега без сомнение. Особено мора да се признае дека одлично ја раководи надворешната политика, далеку подобро од било кој претходно. Националното достоинство не смее да се изгуби продавајќи го името и историјата.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Ве читам, ве читам, и ај што ми се повраќа буквално од фактот што еден народ е поделен на два дела ради банална ствар као политичка партија, или како некој го гледа Господ Бог лично и персонално во еден премиер, политичар, шо и да е, ЧОВЕК е мислам, ало! па не би се ни чудела да се крстат во име сина и духа и Груја сватего, амин |( и ова ми е комплетно несфатливо, али ај...па уште и дискусијата на моменти ми заличува на прикаската за Снежана и седумте џуџиња. Ви текнува кралицата кога се гледаше пред огледало и во недостиг на самодоверба велеше - огледалце, огледалце мое, кажи на светот најубав кој е? И огледалцево постојано и велеше - ти нооо зад седум планини и мориња има една Снежана.

    Ви текнува на што алудирам? Да? Не?

    Како бре не ви здосади кога некој критикува или едноставно оценува еден човек, во случајот - премиерот, постојано бре да го вадите Бранко у муабет - даааа ноооо! Бране! Ргабууу! Пуцај мајсторе.
    Може овој не напраил ништо нооо Бране, ргабуууу уште еднаш.

    Дискусија на нивоУ, стварно :|

    Интересно е како луѓето ја гледаат моменталната состојба а не размислуваат малку пошироко во пошироки економско - општествени рамки. Поглобални малку. Работава е фино ми е што си купив на кредитче и кола и куќа и стан, али коа ќе ме фркне една криза за година - две од многу пари позајмување, ќе бидам среќна ако имам барем за леб.
    За жал луѓето не размислуваат вака, само им е фино како прска фонтаната. На пример. Затоа популисти лесно ги придобиваат гласовите на мнозинството од обичниот, просечен плебс. Во Македонија, во светот, насекаде.
    А македонскиот премиер води популистичка политика и е токму еден од нив.
     
    На BoaVista, enca.69, crazyinlove19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Ке морам да реплицирам на неколку феминки.
    1. Антилла- малиов диктатор можеби за тебе е најдобар премиер досега,но реално тој е далеку од најдобар ;) ,а доказ за истово,е самото твое коментарче, односно неговата супериорност во надворешната политика...Навистина генијалец е,среќа што постои и го создал некој,па седна во фотељата и додека седи во истата ,конкретно, името наше НИКОГАШ,значи уште еднаш читни НИКОГАШ нема да биде решено,а на негова среќа постојат такви ко тебе што се убедени во неговиот смешен и изглумен национализам.Времето ке покаже колку само сум во право за ова. :!:
    2.Драга колешке Венди-морам да ти кажам дека зелените картони во другите земји се бесплатни,па сега оставам на тебе,сама да ја пронајдеш разликата од минус во твоето џепче и да ја додадеш на салтото на Господинот ни премиер,и понатаму биди му лојална и благодарна на твојот Господ и молчи пред неговите дела,секако докажани со факти. :D
    3.Мања666- За разлика од дотичниов на власт,Бранко е цар! Никогаш не го ОПЉАЧКА до овој степен народов,и да не се засити сеуште,а неговиот памет и искуство,диктаторов нема никогаш да го има,јадејки секој ден по цела фурна леб!Па, да му го одземат тонот хартии,Грујо остана без збор и ке бидеме сведоци на секојдневни изјави од него или изјави на митинзите, од типот,го цитирам:"И така се собравме на празников,со лепчето и вртевме вртевме и кога ете оп кај мене падна". :x Каква интелектуална изјава,со каков речник воодушевувачки....WOW! Ура за говорите на хартија,спремени и исценирани до збор,инаку тешко на народот.
    4.Пеликуна-Секако дека ни останува од страна да гледаме и да се задоволуваме со испод просек живеачка,па што ке ни се нас патувања низ Европа(бидејки патувања низ светот се огромен залак за нас),школувања на нас и нашите деца во странство,полни трпези,мирен сон,платени сметки,Боже па што ке ни е тоа?Доволни се полните џебови на господите на власт,и секако нивноте гламурозни џинови низ Скопјево,кои секако ке останат и ке сведочат дека на оваа територија некогаш имало и население. :!:
    Поздрав и секое добро. :)
     
    На Danilela и enca.69 им се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A мислите во странство е поубаво?Не бре,исто е,сосема исто.Радувајте се што колку толку се мрднавме од местото и што можеме без виза да патуваме а не да чекаме со месеци пред амбасади за една измочана виза |( Радувајте се што Скопје е среден и има што да видат туристите,што иам нови автобуси,што партиципацијата е намалена,што е воведено компјутер за секое дете.нешто кое пред Груевски немаше шанси да се спроведе.Што уште сакате?
     
    На Hopeful и starbucks им се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Бране не го оплачка народот? Офф мори, незнаеш што зборуваш. Кој затвори толку фабрики, кој? Конкретно во мојот град во времето на твојот Бране се затворија најмалку 2 големи фабрики. Ако сакаш верувај, ако не- не верувај, твое е тоа. Ама, ова е вистината, овде сите знаат кој им ги затвори фабриките и ги остави на улица. Патем јас не знам на кој објаснувам, зашто вие освен да вреѓате немате друго што да кажете. ;)
    А, заборавив, секаде во светот визата е бесплатна, а зошто твојот Бране не ја направил бесплатна, туку Груевски? Колку повеќе ве читам, толку повеќе ми се оде во тоалет од вашите мислења.

    Абе, ќути, народот во време на твој Бране цел свет прошета, јадеше секој ден во ресторани, спиеше мирно по 12 часа на ден, секој ден му беше како мед и млеко.

    А, ако ти кажам дека во време на твој Бране мама немала пари млеко да ни купе, нема да веруваш нели? Сите роднини ни купувале на мене и сестра ми смоки, чоколино, такви работи, поради тоа што дома немале пари ни за храна моите. Татко ми работел во државна фирма и земал само 1000 ден. а што со нив? Ете, така беше во време на твој Бране. Ние трпевме за леб и млеко, затоа не ми кажувај какво било тогаш.
     
    На kate21, OzzyAngel, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Извини ама никој нерече дека јас сум за Бране,туку го спомнав бидејки претходно беше направена споредба мегу него и Грујо,а не дека во него го гледам излезот.И он крадеше,апсолутно,ама никој ко овој,и секако за да ги оправда парите кои фалат во државава купи автобуси,го смислија проектот компјутер за секое дете,иако тоа нема врска од реализација,бидејки и мене ме фати тој проект,и само плакавме за расипаните кинески компјутери,никаков ќар невидовме.А тоа дека во странство е исто,не се сложувам,а можам и да се потпрам на податоците што оваа година х-број на првачиња не се запишаа во прво одд,бидејки се оттселени од државава со родителите,понатаму,се поголем е бројот на оние околу мене,кои се борат за стипендии и заминуваат на студирање во ЕУ,а за посдипломски да не зборам,непознавам некој кој е оваа година посдипломец во Скопјево,бидејки наместо 1300 евра да плати тука,ке плака 2000 и ке студира европски.Да го спомнам и ова,дека во мојата населба се оттселени 5 семејства во последнава година,а на што се должи сево ова,незнам искрено.
    И навистина,зашто би шетале некаде,кога Грујо кај и да е,се ке ни стави во центарот на метрополата наша,од порти за кои ке мислиме сме во Франција,за статуитке расфрлани за кои ке мислиме сме во Будимпешта,за воин на коњ за кои нема да се сомневаме дека сме во Солун,само ке не збуни морето во ова,уште некоја ајфелова да збрца и ке направиме и статуа за него од благодарност.
    И да,старбакс,мене ми се поврака кога гледам колку е безизлезна ситуацијава,а ние сме ишармирани и при свои очи сме слепи,ни се пере мозокот и уживаат оние кои се во корелација некаква со владава,а останатите што немаат ќар а се нивни подржувачи,ене им го камени нека се џитнат,бидејки пренаселени сме со прост народ,доволно е.
    пс. си го имаш уличарскиот речник ко грујо,па се служиш со мори и сл :D ..Европо Европо
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    A сето тоа ако не го направил пак ке плукавте,оди де разбери.Како да се погоди веке не се знае.Бране не направи ништо освен што се пијанчеше и се покажуваше пред тв.Само тоа му е успех.

    Ако немаше автобуси,пеш ке одевте?Секој ке работи каде што сака,и кај што мус е допага,туак никој ништо не може.

    Сите плукате за статуата а едвај чекате да се фотнете со нејзе па и на фејсбук да се ставете.Не ви е мерак што е моментално без вижен режим?Ако ви бешше подобро поинаку секоја чест.

    Јас уште чекам одговор што направил Бране?
     
  13. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Е значи не можам да се изначудам на некои коментари од типот дека Груевски бил диктатор :yawn: Добро, бе луѓе, знаете ли вие воопшто што значи диктатор и диктатура? Се сомневам |(
    Втора работа на која не можам да се изначудам е како тоа мислите дека ако некој искажал пофални зборови за премиерот, пример јас за неговата надворешна политика, го смета за божество и дека се крсти во него? :x Па ако тоа е ритуал кај одреден опозициски блок, да се клања или да се крсти на одредена персона, не значи дека и остатокот од народот ги применува истите ритуали кај останатите политичари кои не припаѓаат на тој опозиционен блок.
    Трета работа, вие мислите или верувате за некоја година ќе зафатела голема криза, така? Ама само Македонија ќе биде погодена, бре, чудна работа...
    Рубииииии со не знам колку и, си се обидела да просветлиш со твоето набилдано коментариште, само малку безуспешно, бидејќи кажаното не ти држи вода. Груевски можеби глуми патриотизам ете да речеме дека е така, ама името го промени, ли? Не. Имаше шанси досега да го промени? Имаше. А твојот цар Бранче кој никогаш не го крадел од народот, изјава која оди контра со секој здрав памет и со сите можни факти,последици од неговото владеење и ден денес трпи моето семејство и досега да беше на власт името ќе беше сменето, продадено, исплукано и што ли уште не. Мене ми е важно тоа да не се случи и затоа во случајов го поддржувам премиерот.
    И луѓе не споменувајте го Бранко и опозицијата , демократија е, па во нејзиниот дух дозволено е да се укажува не грешките (читај плука) само на една политичка гарнитура. |( Ма колку сакаат фактите да говорат нешто друго...
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Их Бране крадел ама Грујо крадел повеќе |( .Ти случајно да не си им сметководител па за да знаеш кој колку крадел.Од Бранета поголем ајдук не е имало нити ќе има.
    А што и Бране како што велиш не ни ги "замачка" очите со споменици и друго.Го мрзеше да го дигне гзот од премиерската фотелја и да направи нешто за овој народ.Па уште вонредни избори ќе барал.За што? Пак ли да краде?
    И немојте веќе да зборите дека не сте подржувачи на Бранко,туку само не ви се свиѓа што прави Грујо затоа што и малите деца не веруват во тоа.
    Тоа се типични сдсмовски муабети и престаните да се жалите кога Скопје стана метропола,да ти е кеф да шеташ,да разгледуваш на кој тоа му пречи со должна почит не е нормален или нешто му фали.
     
    На Hopeful, Pelikuna и antilla им се допаѓа ова.
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Пеликуна,од Грујо се очекувал подобар живот,затоа и била сменета компанијата на Бране.По една логика од една страна е дека со годините треба да имаме се по добри услови за живот,а од друга страна е незадоволството од Бране е изразено со негова смена.Јас нигде неспомнав дека во тоа време се шетало или се идело по ресторани и слично,само разликата е во тоа што од времето на Бране поминаа 5 години,а освен култрурно разубавување на градот не гледам промени.
    А што се однесува до времето на Бране и неговите заслуги,неможам да зборам,бидејки сум била помала и не сум имала појма ни кој е премиер или претседател,ама она за кое бев свесна беше хармонијата во домот,смеењето,облеката брендирана,ручеците,зимувањата и летувањата,3000 евра месечно на сметка на татко ми и 1000 на мајками,додека сега е попара.Таа разлика можам да ја констатирам,додека за оваа ситуација во државава сега,и некои си 4 години наназад сум апсолутно разочарана.
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aхахахахахах ахахахахах ахахахаха,помала била па не знаела,а сега си голема и се знаеш за Грујо како крадел колку крадел и.т.н .Братучед ми од Струга кој е подржувач на СДСМ 8 факинг години не дојде до работа а има завршено царина(а таму СДСМ е на власт во градот)а потоа благодарение на Груески тој работи,може да си ја издржува фамилијата за разлика што СДСМ не му овозможи ништо Грујо овозможи.

    Биди сигурна дека ке имаме подобри услови за живеење со негова власт.Затоја ја добива довербата на гарганите во Мкд и секогаш победува на изборите со едно чудо разлика.

     

    Прикачени фајлови:

  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    хахаха Антила ме изнасмеа,да си жива и здрава.Па ваков пост ни внуками од 7 години нема да напише,сигурно е посвесна и пореална од тебе :D
    Прво,драга,јас знам што е диктатура и диктатор,ако незнаеш ке ти просветлам и тебе.
    Второ,коментарот за крстење и божество беше кажан во друг контекст,како реплика на кажаното од Венди(читни си поназад),разбери па коментирај.
    Трето,јас немислам дека ке фати криза во МК годинава,бидејки криза веке владее и во светот и во мк ако не си во тек и тука ;)
    Четврто,нормално дека името не го смени,тоа е излезот за негово прекривање во спорот,кој никогаш грујо нема да го реши додека е на власт,а зад ова има триста причини,поради кои он тоа го крие и од јавност и од се,кои доколку се отрркијат мн ме интересира што ке коментирате и за него и за името.Ама несмеат да излезат,он се погрижи за тоа(да ти упростам,не атакувам на информации за А1,туку за едни од неговите подржувачи канал 5).Е и за ова претпоставувам не си била во тек,па си пишуваш свашта по форумов . :D
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Грујо нема да го реши,слаб е бе,диктатор,што зборите вие,не краде веке со години а ние го браниме како да е на смртна осуда |(

    Само Бwaне може да го реши спорот со името.Големо У(р)аааааааааа за него :P
     
    На BlackSwan5 и LittleDevil им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    3000 евра??? :o се надевам дека имаш по една нула вишок. Е тука мала моја е проблемот. Што во времето на бц кога твоите имале по илјада евра на сметка обичниот народ имал по 100-300 евра (конвертирано во марки). Ете зошто сакаш да се врати б.ц. Додека едни краделе и имале на сметка на луѓето, луѓето се обидувале да преживеат. Немој да се вадите со она во тоа време беше подобро, имавме ова имавме она. Самите почнавте да се издавате кој колку имал.
    А за постигнувањата на претходниот премиер ништо не изнесовте а баш тоа ме интересираше. Ама не сакам да ве мачам да копате залудно. Џабе ви е и некој професор од економски факултет да ви објасни за промените на подобро, вие со врзани очи ќе се држите за избледените идеи на б.ц. Ама секогаш има тврдоглавост кај одредени групи, колку и да знаат дека има напредок.
    Нај смешно е што секогаш се јавувате кога ќе каже некој нешто позитивно за премиерот.
    Зошто кога веќе критикувате не наведете факти по кои достигнувања б.ц. бил подобар од сегашниов премиер.
    Или пак ќе продолжите да коментирате во познатиот празен и бесмислен стил.
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Извини,ама ако ти се пораснала наеднаш,јас не сум,веројатно е некое чудо во прашање :?: Јас искрено се надевам дека ке ги дочекаме тие години кога ке ги почуствуваме благодетите од владеењето на вашиот избраник,искрено се надевам ке дочекаме,па ко што сме прости,ке си владеее до крај на животот он,ма да ке морам да ти кажам дека небаш му идеше се од рака на последниве избори,за влакно куртули,што не беше и претходно,а тоа мислам дека иде во твоја спротивност од кажаното,односно да те исправам ПОЛЕКА ЈА ГУБИ ДОВЕРБАТА! ;)